Vodopadite vo Makedonija

Vodopadite vo Makedonija
rina
 
Најпознати засега се водопадите на Беласица, струмичко. Тоа се Смоларските водопади и водопадите во Колешино.
rina Фала Рејџ

Јузер, се надевам дека со нас ќе го споделиш она што ќе ти го каже другар ти од Ростуше!

A, во продолжение уште нешто за водопадите во Македонија, но од аспект на се поактуелниот екстремен спорт - кањонинг!

Иван Жежовски, кањонинг, Спелеолошко друштво Пеони
„Овој екстремен спорт е во сe поголем подем кај нас. Се работи за спуштање по водопади кои течат слободно по природните кањони. Тука се промовираат нашите непознати природни убавини со тенденција да се привлечат и странски посетители, кои доаѓаат за да се занимаваат со овој спорт и бараат обука и опрема.
Јас и останатите членови на клубот веќе пет години се занимаваме со овој тип спортување. Кај нас има услови за развој на ваков спорт. Македонија е богата со кањони и места за спортување. Сме совладале кањони што воопшто не се видени кај нас. На Тресонечка Река на Бистра, над село Тресонче, опремивме еден од најубавите кањони долг 1.700 метри, со 12 водопади, тешко пристапен, специфичен... Прв пат кога го освојувавме овој кањон, ни беа потребни 12 часа за да го поминеме. Сега, откако го опремивме, времето на совладување се скратува на 2-3 часа. Набавивме специфични клинови, јажиња, неофран одела, бидејќи водата е најчесто 8 Целзиусови степени, а ние постојано сме во вода итн. Кога го опремувавме, не понесовме горни одела, бидејќи беше лето, па си мислевме дека нема да е студено. Но, кога се спуштивме долу, измрзнавме. Сепак, веќе сме научени да одговараме на предизвиците, да видиме како изгледа непознатото, па с#233; испадна в ред. И од грешките се учи."

Mara рина....денес те исчитав УБАВО....и прекрасни слики! Мене повеќе ми се допаѓаат овие водопадите од Колешино.....имаат раскош!


Убава тема и убави слики...и супер презентирање. Само...не се доволно експонирани и јавноста дури и во Македонија не знае за нив....штета!
rina Понесена од убавините на водопадите во Македонија, а од нив ги имав видено само оние струмичките....вчера бев на водопадот Дуф во Ростуше и тоа беше едно навистина прекрасно доживување!!!

Патеката до водопадите е многу живописна, воедно може да „падне“ и малку планинарење но, навистина здивот застанува....Додуша и патеката до самиот водопад може да биде малку подобро обележана, но сепак, навистина има мовчиња преку реката и клупи и места за одмор....

Посетата на водопадот, меѓу другото, ќе ве исполни и со многу кислород , а интересна беше и дружбата со останатите посетители на водопадот

Ќе се обидам што побрзо да ви покажам и некоја слика од сопствениот репертоар
rina

Смоларскиот водопад се наоѓа на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на Смоларска Река, десна притока на реката Струмица, на н. в. од 600 м.

Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот Водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска Река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.

rina Локација

Смолари, општина Ново Село, Струмичко, југоисточна Македонија

Селото Смолари е типична подбеласичка населба, каде што луѓето се занимаваат со земјоделство и овоштарство (побарајте ги локалните рибизли, киви, смокви и други овошки).
rina Како да дојдете до Смолари?

До селото Смолари се стигнува преку Струмица и Ново Село. Од Струмица е оддалечено 30 километри, а од Ново Село 8 километри. Автобуска врска со Смолари нема, но зачестено сообраќаат комбиња на релацијата Струмица - Ново Село - Смолари. Самиот водопад е оддалечен 1,2 километра од асфалтниот пат, којшто минува низ подбеласичките села. До него можете да стигнете поминувајќи низ селото. Патеката е поплочена со камен и има релативно блага нагорнина.

rina Каде да преноќите?

Локалните луѓе во Смолари повремено издаваат соби за ноќевање. Но, нема организирана форма на понуда на соби – за тоа треба да се договорите директно со локалните жители. Во Ново Село нема сместувачки капацитети, но во непосредна близина (10 км) се наоѓа бањскиот туристички центар Бања Банско, со неколку хотели кои нудат сместување по пристапни цени. Во близина на Струмица (околу 25 км) се наоѓа хотелот „Сириус”.

rina
rina ...Локалното население веќе го развива селскиот туризам. Тие почнале да издаваат соби во нивните огромни куќи. Се продаваат и сувенири. На патот кон Водопадот, на импровизирани тезги, може да се купат разгледници со Смоларскиот Водопад, овошје одгледано во селските дворови, шумски плодови и чаеви собрани од Беласица. Имало и огромен интерес за изградба на нови викендички, куќи и на ресторани. За инвестирање посебно биле расположени лица од Струмичко кои живеат во странство.

Ce вели дека Смоларскиот Водопад, заедно со водопадот во Колешино и изворите што се наоѓаат над него ќе бидат нова туристичка атракција во Македонија. Ce очекува туризмот да стане основен извор за егзистенција на локалното население.
rina "Живо наследство” е програма што има цел да поддржи локални иницијативи за заштита, користење и презентација на културното наследство, како ресурс за одржлив развој на заедниците. Во рамките на оваа програма е и проектот „Смоларски Водопад” кој имаше за цел една ретка природна убавина да ја направи достапна до пошироката јавност, а преку тоа да го афирмира природното и културното наследство на Смолари и неговата околина.
Беше пробиена патека долга околу 500 метри, се изградија скали, мост пред самиот водопад, видиковец, ограда и друга инфраструктура. Преку доброволни работни акции, во оваа акција учествуваше месното население. Беше покрената засилена медиумска кампања, по што Смоларскиот водопад стана една од најпосетуваните природни атракции во Македонија.
Проектниот тим, месното население и општина Ново Село, охрабрени од големата посета во текот на целата година, ги продолжија активности околу натамошното уредување на просторот, афирмирање на Смоларскиот Водопад и развој на селскиот и планинскиот туризам во општината.
rina







RaGeAnGeL alal da ti e rina
prv pat slusham za ova
daj pojke informacii za drugi lokacii ako imas
rina Ima i drugi lokacii....kako vtor neka bide vodopadot vo Kolesino!
rina Се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на н.в. од 500 м.Висок е 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни стени. Спротиводно од Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри.

rina Како да дојдете до Колешино?

До Колешино се стигнува преку Струмица. Од Скопје до Струмица можете да дојдете со автомобил или со автобус кој сообраќа секој час. Во летната сезона се одржува и автобуската линија Струмица - Охрид, а секојдневно сообраќаат автобуси и до другите поблиски градови.
Од Струмица до Колешино има автобус којшто тргнува во утринските часови, напладне во 12 и попладне во 18 часот. На локацијата до Автобуската станица во Струмица, за цена што е незначително повисока од автобуската, може да се користи превоз со комбиња коишто сообраќаат секој половина час. До Колешино води асфалтен пат во должина од 20 км. До водопадот се стигнува преку центарот на Колешино, по планински пат во должина од 1 км (прооден за автомобили).

rina Локални специфики

Колешино, како и повеќето други соседни села, има одлични услови за производство на смокви, киви, боровинки, рибизли, бостан… Ако го посетите налето, не пропуштајте да пробате некои од овие локални плодови, и, секако, уживајте во цветните градини коишто се наоѓаат околу секоја куќа. Во блиското село Мокрино посетете го ресторанот „Панорама”, уреден во традиционален стил, којшто нуди одлична храна специфична за овој крај.

rina Охрабрени од позитивното искуство со водопадот во соседното село Смолари, и жителите на Колешино уредија пристапна патека до природната реткост – Колешинскиот Водопад. Пробиен е шумски пат, изградени се скали од камен и видиковец, односно, дрвен мост пред самиот водопад. Покрената е и широка медиумска кампања за промоција на оваа природна убавина. Проектот „Колешински водопад - допир со убавините” има цел да поттиkне локален економски развој преку привлекување посетители.


rina Колешинскиот Водопад досега беше недопрена природна реткост. Се наоѓа над селото Колешино и е оддалечен само 5 километри од, веќе афирмираниот, смоларски водопад.

Ако некогаш до него, по тешкиот приод, доаѓаа само најупорните мештани за да уживаат во неговата убавина, од пред извесно време со помош од две странски фондации и локалната самоуправа на општина Ново село, тој е достапен за сите љубители на природата, а нив ги има од секаде особено во викендите.

Овој како и смоларскиот водопад, како природна реткост, не се доволни сами по себе да ги задржат посетителите, затоа во локалната самоуправа на Ново село веќе размислуваат дека е неопходно за урбанизација на просторот, изградба на угостителско-сместувачки капацитети и нивна заштита.

Во план е асвалтирање на патот до патеките кои водат до водопадите.
rina








rina На сликите може да забележите дека падот на водите на Смоларскиот водопад е 2-3 пати потесен, но скоро дупло повисок за разлика од Колешкиот, каде ширината е за околу 3 пати поголема, а висината изнесува околу 20 метри.
Факт е дека имаме природно богатство за кое не знаеме многу, а од кое може да профитираме доколку развиеме туризам на овие места.

rina Членовите на Спелеолошкото друштво ,,Пеони,, од Скопје,на Колешинскиот водопад, втор по големина во Струмичко, го промовираа кањон-спортот. Низ 16 метри високиот водопад на реката Баба на планината Беласица две екипи од ,,Пеони,, со јажиња и специјална опрема се спуштија низ водотекот на задоволство на посетителите и членови на повеќе спортски екипи од Струмица.
RaGeAnGeL odsekogas sum sakala pojke da shetam na vakvi mesta nego na veke poznati lokaci
da ne bese ti nikogas ne ke znaev ni deka ke postoet
keep going rina
rina Фала Rage!

Еве уште нешто поврзано со водопадите:

КАЊОНИНГ - НОВ РАФТИНГ ВО МАКЕДОНИЈА!

Членовите на инструкторскиот тим од Спелеолошкото друштво Пеони први во нашата држава ја популаризираат новата екстремна дисциплина - кањонинг.

Кањонинг е придружна спортска дисциплина на спелеологија и подразбира спуштање низ водопадите и кањоните на надојдените планински реки.

Оваа дисциплина не е ограничена со никаква старосна граница, но е потребна исклучителна физичка подготвеност, бидејќи спуштањето низ кањонот некогаш трае со часови. Од опремата е потребно нуркачко одело, лесни алпинистички патики, алпинистичко јаже и осмица.
LIDIJA - SKorpija Rina, sekoja chest za topikov!!!!
Slushnav pred nekolku godini za vodopadive,lani slushav reportaza na radio za Smolarskite vodopadi, a neshto i prochitav,imashe napis vo spisanieto za pretplatnicite na MobiMak.
Imav zelba da gi posetam no nemav dovolno info.
Vaka, so tvoja pomosh i detalni informacii kako da se stigne do tamu ,prva prilika vo Mk.odam na izlet
Bravo, ushte ednash!!
rina Фала и тебе Лидија!

Водопадиве навистина вреди да се видат! Преубави се!

Но.....има уште, некои од нив веќе откриени....а некои се уште чекаат да бидат откриени...

И за сите нив.....во продолжение!
rina Фала Маро!

Морам да кажам дека водопадите во Колешино први ги видов, тогаш се уште немаше патека и ознаки и моравме да ги бараме и малку кружевме додека да ги „откриеме“...и за мене имаат посебно значење...

Смоларските водопади ги видов откако патеката веќе беше направена и се чувствува допирот на цивилизацијата....но секако не губат од значење и убавина!!!
rina А, сега.....уште недоволно откриени водопади во МК!

Водопад на Кораб

Под врвот Кораб (2863 метри) се наоѓа мало зарамнување, кое се вика Кобилино поле. Од него извира длабока река, која прави најголем водопад во Македонија. Водопадот на длабочина од 100 метри односно според слободна процена, падот на водата е околу 130 метри. Најблиско село до него е Жужње, потоа Нистрово и така се до маврови Анови.

rina Водопади на Бабуна Солунска Глава

Првенец на Јакупица е реката Бабуна. Почетокот и е југоисточно под врвот Солунска Глава од големиот извор Бабина Рупа (дупка) на 1450 метри. По 53 км. се влева во Вардар на 5-6 км. јужно од Велес. На Јакупица има две глечерски високопланински езера. Се наоѓаат на околу 2000 метри надморска височина североиточно под врв Убава.



Разделени се од мал праг на морени. На територијата на Јакупица има неколку цркви и манaстири кои можат да го привлечат вниманието на љубопитните. Можат да се споменат - Марков Манастир кај селото Маркова Сушица, на северното подножје на Китка, манастирот Зрзе над истоименото село на јужниот крај на Даутица, црквата Света Богородица над селото Согле на делницата Јакупица.

Интересни се и некои села кои ги запазиле до денес традициите, обичаите, несиите, фолклорот. Едно од нив е Папрадиште.

А, за некои од нив.....во некој од следните топици!



rina Моминска и Копришничка река Демир Капија со десет водопади

Во околината на селата Дрен и Копришница. Скриени во клисура кај Демир Капија реките Моминска и Копришничка изобилуваат со десет прекрасни водопади.

Највисокиот водопад е околу 35 метри, по него доаѓа оној од 30 метри, а останатите се високи околу 10 метри. Зеленилото од листопадните дрвја и шаренилото од разнобојни цвеќиња кои растат дури и на самите карпи ве оставаат без здив.

Се гледа дека човечка нога речиси и не стапнала на овој простор. Иако тешко и по малку ризично за поминување, може да се оди околу десет километри низ шума, низ стрмни песочни ридови и карпи.


rina Водопад Дуф с.Ростуше



Природата била несебична на регионот по долината на прекрасната река Радика, подарилa голем број убавини и реткости што можат да се сретнат на овие простори и никаде на друго место. Во Долнореканскиот регион има многу скриени убавини кои се далеку од очите на пошироката јавност. Меѓу нив, со својата неповторлива убавина се вбројува ростушкиот водопад Дуф.

Членовите на Младинското еколошко друштво "Радички бисериии од село Ростуше чинат напори да ги афирмираат овие убавини и да излезат од превезот на таинственоста и да станат достапни за сите љубители на природните убавини и реткости од земјата и од странство. За оваа цел реализирале и неколку акции.

Патеката од неколку километри што води до водопадот Дуф од село Ростуше ја уредиле и ја обележале, изградиле неколку дрвени мовчиња за да може безбедно да се минува низ малите рекички и потоци кои на неколку места ја пресекуваат патеката, поставиле клупи за одмор и кошници за отпадоци.



Од општинскиот центар Ростуше низ змиулеста патека што минува низ прекрасен карпест кањон со длабочина и до 50 метри за дваесетина минути се минуваат два-три километри, со сиот раскош и убавина се појавува водопадот Дуф, кој го создаваат водите на Голема Река и Мала Река, а се соединуваат на два километра пред водопадот.

Водите се спуштаат низ карпест засек со височина од околу триесетина метри. Притоа, се создава завеса од ситни капки што освежуваат од пешачењето и од тропските горештини. Тука температурата постојано е околу 15 Целзиусови степени.

Напролет, кога се топат снеговите од планината Крчин, водопадот е многу поголем и глетката е поимпресивна.

Домаќините со воодушевување ни зборуваат за овој дар на природата во кој наоѓаат спас од горештините и наедно уживаат во прекрасната глетка што ја прави водата со струполувањето низ карпите и височините.
Жените од Ростушкиот регион на бистрите води од водопадот пред неколку децении ги переле алиштата и рувото, се подготвувале за празниците и свадбите. Исто така, водите се користеле за производство на струја во првата електрична централа што била изградена во регионот.





RaGeAnGeL da znajs dek te citam sekoja vecer
super si cuce
јузер Imam eden drugar od Rostuse, ke go opitvam dali bil na vodopadite..
rina Незаборавна авантура во пештерата Алилица


Се колебав дали Алилица да ја ставам кај пештерите или кај водопадите....но, сепак во контекст на претходниот пост и крајниот впечаток.....сепак....водопади......







Дали некогаш сте слушнале за пештера во која има езера, водопади и огромни галерии преполни со сталактити и сталагмити? Звучи неверојатно, но вистинито. Во атарот на селото Тресонче кај Дебар, во прекрасната природа, обвиткана со густа листопадна шума, постои токму таква спелеолошка убавица. Ја нарекуваат Долна Алилица.

До селото Тресонче се стасува по асфалтен пат што води кон Дебар. Ако ги следите патоказите што срамежливо ѕиркаат зад оградата на Бошков мост, невозможно е да го одминете идиличното селце Тресонче. До пештерата води нагорничав селски пат. Љубезните мештани ќе Ве упатат како да стасате, ако случајно заскитате во нивните дворови. Ако се решите да патувате со автомобил, поради специфичноста на селскиот пат, ќе мора да го паркирате возилото околу еден километар, пред пештерата. Пешачењето во непофторливиот амбиент, осликан во најубави бои, ќе Ве зашемети, а тоа е само парче од мозаикот на оваа интересна авантура. Со акумулираната надворешна само ќе треба да се впуштите во подземниот воден свет на Алилица. За да влезете во пештерата трба да ја минете малата река, која тече токму пред влезот. Спелеолозите и честите посетители веќе направиле мал импровизиран мост од тенки дрва.

rina Постојат Горна и Долна Алилица оддалечени на околу 100 метри. Во Горна Алилица пред неколку години спелеолозите пронашле скаменети коски од праисториски мечки. со систематско истражување постојат можности да се пронајдат и остатоци од праисториски луѓе, зошто околината и пештерските канали сигурно биле погодни за живеење.

Влезот во пештерата е тесен, во неа се влегува клечејќи. Но, тоа нека не Ве обесхрабрува. По само десетина чекори, пред Вас ќе се отвори огромна пештерска галерија, исполнета со прекрасни украси. Колку подлабоко навлегувате во пештерата, толку повеќе се слуша татнеж на водата што со години го засекува дното на карпестата пештера, како со секира. Во пештерата, која важи за една од најубавите во Македонија, има неколку големи ходници. Една од лизгавите патеки ќе Ве одведе до прекрасното пештерско езеро, а другата до водопадите.

Ако во пештерата влегувате првпат, без придружба на спелеолог или некој што веќе бил во неа, мора да внимавате и да запомните од каде сте влегле. Пештерата е огромна, така што слободно може да се движите исправени. На некои места таа стеснува, но сепак клечекќи лесно се минуваат тие неколку метри.

Се што Ви е потребно од реквизити се добра батериска светилка, воодоотпорна облека, спортски обувки и џемпер. Темпертурата во пештерата прку цела година изнесува од 5 до 8 степени Целзуисови. Во есен водостојот на подземните води е зголемен поради честите дождови. Мора да се внимава на лизгавото дно.

Прошетката по "подземниот свет" бездруго ќе Ве измори. Тоа е знак дека е време за добар оброк. Тресончани, пред пештерата, направиле дрвени клупи и маса, и посебно место за скара.





Но тука не е крајот. Оваа авантура има и второ полувреме. Посета на прекрасните водопади на Тресонечка река. малата река на трипати паѓа пресечените карпи, создавајќи мали езерца во кои посетителите можат и да се капат. До водопадите се стасува по десетминутно пешачење по тесниот брег на реката. Задолжително понесете фотоапарат - оваа авантура мора да се овековечи.

Реката извира под пазувите на Бистра и минува низ еколошки чист предел, а прави 11 поголеми и помали водопади, а највисокиот од нив е 40 метри. Реката тече низ прекрасниот природен амбиент, меѓу карпи, шума, трева како тепих и шумско цвеќе. По неколку километри се влева во Радика, веднаш под познатиот Бошков мост.
Aleksandra rina,

Bravo! Odlicen topic.
rina Фала Sasha!

rina Еве уште едно интересно место!!!

Црн камен Велес

Се издига десно од Вардар, неколку метри после манастирот Свети Димитрија, а до неа се стигнува само по екстремно стрмни козји патеки. Велешани, на местото каде што треба да се скршне од асфалтот, поставиле едно парче дрво, бело обоено, на кое со црни букви, некогаш читко, пишувало Црн камен, но тие денес се избледени и одвај се распознава што е напишано на своевидниот патоказ. На ова место почнуваат козјите патеки што водат до карпата. Ги има неколку, но по која и да тргнете патот ќе ве однесе до Црн Камен. Кога ќе ја забележите карпата од патот ви се чини дека е само на неколку чекори по угорнината, но ако навистина се одлучите да стигнете до неа ве очекува најмалку половина час мачно искачување. Се минува по голи карпи, камења, низ жбунови и трње, а како што велат велешани не е исклучена и можноста додека се искачувате патот да ви го пресекуваат и змии. Завивајќи по патеката и внимавајќи на се околу себе, нема ни да забележите кога сте стигнале на светото место. Прво станува чудно што патеката се шири, завива во десно зад еднен поголем камен и одеднаш се наоѓате во средината на една огромна карпа која всушност се вика Црн камен.

Патеката завршува пред огромната карпа висока повеќе од триесетина метри. Додека одмарате од искачувањето во ладовината што карпата ја пружа на дојденците, ве обзема невиден мир и спокојство и за миг заборавате на мачното искачување. А дури кога ќе земете здив ви станува јасно зошто луѓето веруваат дека местото е свето. Насекаде околу тече вода. На неколку места во подножјето на карпата има мали кладенчиња, од каде извира светата вода, а пак кога ќе ги погледнете високите sидови на карпата, кои на места се црни, забележувате дека вода тече од секаде.

Водата во големи млазови паѓа од врвот на карпата и кога ќе влезете под неа ако имате чиста душа ќе ве намокри до гола кожа, а ако не на вас нема да падне ниту капка. Оние кои не ги намокрила водата се верува дека треба посилно да веруваат во бога и чисто да живеат, бог да им ги прости гревовите, па следниот пат кога ќе дојдат водата да ги намокри, да ги благослови и да им помегне во маката што ја имаат.
Велешани љубоморно ја чуваат легендата за Црн камен. Со голема недоверба гледаат кон сите што прашуваат за неа и како да се плашат да кажат било што за ова свето место. Се верува дека местото е свето, бидејќи токму на тоа место, на врвот од карпата Турците крвнички погубиле 40 попа. Ги собрале од околните цркви и манастири уште во мугри, ги донеле на карпата и тука еден по еден ги заклале. Телата на поповите Турците ги фрлале во долот, а нивната крв се разлеала низ карпата. Разлеаната крв на поповите, според легендата, и денес се познава на карпата. Тоа се црните траги на камењата поради што местото било наречено Црн камен. На врвот од карпата, каде што биле заклани поповите почнала да извира вода и исто како што се разлевала нивната крв, сега се разлева водата. Иако со векови низ трагите од крвта на поповите тече вода, трагите не се измиваат. Тоа е водата која ги мокри само луѓето без гревови. Велешани веруваат дека душите на закланите попови се тие кои им помагаат на болните и несреќните ги прават среќни.

На Црн камен луѓето одат за секој поголем празник, се молат за здравје и за среќа. Од црквата Свети Димитрија служителите донесуваат свеќи и икони. Се пали свеќа, се пие од водичката, се остава пари на иконите, се поминува низ водата. Никој не може да објасни зошто се прави тоа. Традицијата се задржала и до ден денес. На Црн камен се оди секој четврток од Велигден, до Спасовден или спроти недела. Меѓутоа служителите во црквите што се во близина на Црн камен велат дека таму речиси секојдневно оди по некој барајќи си го своето чаре. Бидејќи е малку подзаскриено местото кај што се скршнува од асфалтот постојано луѓе доаѓаат и прашуваат како да стигнат до Црн камен. На Црн камен има траги од многуте посетители насекаде. Веднаш до кладенецот има мал олтар со место каде што може да запалите свеќа во камењата. Тие се исцрнети како со векови на тоа место да се палеле свеќи. Она што е мистично за ова место е обичајот секој што сака да му се исполни некоја желба, да закачи парталче на дрвјата што се таму. На гранките од смоквите и другите дрвја крај водата луѓето испозаврзале стотици партали. Најмногу има парчиња од детска облека кои се заврзани за гранките на смоквата која важи за дрво на плодноста, бидејќи надалеку е прочуена моќта на светата вода да им дарува деца на оние што немаат.