раскази |
||||
RaGeAnGeL | ЦИРКУС ПРИНТИПРАМ - Данил Хармс Само еден мал, обичен, сосем најобичен расказ. Не да се фалам, ама кога Волоѓа ме тресна по уво и ми плукна во чело, јас така го дофатив што тоа нема никогаш да го заборави. Дури подоцна го тепав со плинско решо, а со пегла го тепав навечер. Така што не умре веднаш. Тоа не е доказ дека ногата му ја одсеков уште денски. Тогаш сеуште беше жив. А Андрјуша го убив просто по инерција и поради тоа не се чувствувам виновен. Зошто Андрјуша и Јелизавета Антоновна се мотаа околу мене? Немаа тие зошто да скокаат зад врата. Ме обвинуваат поради крвожедност, зборат дека сум пиел крв, ама тоа не е вистина, јас сум лижел крвави локви и дамки, што е природна потреба на човекот да ги уништи трагите на своето, па дури и така ситно, злосторство. А ниту Јелизавета Антоновна не ја силував. Како прво, таа веќе не беше девица, а како второ, имав работа со леш, и таа навистина нема што да се жали. Па што тогаш ако баш била пред породување! Јас дури и детето го извадив. А тоа што воопшто не живееше на овој свет, не е моја вина. Не му ја откинав јас главата, детето едноставно имаше тенок врат. Што се може, не било создадено за овој живот! Вистина е дека со чизма го размачкав нивниот пес по подот. Ама, тоа е навистина цинизам да ме обвинуваат за убиство на пес, кога, да речеме така, веднаш покрај, се уништени три човечки животи. Детето не го сметам. Но добро, во сето тоа, признавам, има определена суровост од моја страна. Ама да се смета за злочин тоа што клекнав и вршев нужда над своите жртви - тоа е веќе, извинете, апсурд. Извршувањето нужда е веќе природна потреба и спрема тоа никако не може да биде злосторство. Природно, јас го разбирам стравот на својот бранител, но сепак се надевам дека во потполност ќе ме оправдате. |
|||
RaGeAnGeL | Последните зборови за еден век-Курт Вонегат По Втората светска војна решив да станам антрополог - дури и се стекнав со магистерска титула на тоа поле на Универзитетот во Чикаго. Тоа беше голема грешка. Не можев да ги поднесам примитивните луѓе. Тие беа толку глупави. Сепак јас с#232; уште имам омилено индијанско племе, Уку-р-ац, кое во суштина постоеше само во виц кој го слушнав од брат ми Берни (Bernie). Вицот: Кон крајот на 19. век, веројатно, имало некое индијанско племе коешто станало номадско. Тие биле принудени да заминат од нивните родни огништа од населениците, мировните преговарачи и коњицата на Соединетите Држави. Јасно? И така, Агентот на Бирото за индијански работи бил испратен да ги испита во еден од нивните привремени логори, за да дознае кои се и што се, или да бидам попрецизен, кои биле и што биле порано. Тој прашал за името на племето. Тие рекле: „Ние сме Уку-р-ац“. Агентот прашал дали тоа име има некое посебно значење. Тие рекле дека во стварност тоа име е прифатено од неодамна и дека е базирано на зборовите на нивниот тукушто умрен поглавар, којшто секоја вечер го оплакувал нивното бесцелно талкање: „Каде сме Уку-р-ац?” Старите Римјани не велеле „Каде сме Уку-р-ац“, но би можеле истото тоа и да го речат. А, тие велеле: „Quo Vadis?“. Да, и каде сме Уку-р-ац во моментот кога бројачот, којшто христијаните го прикачија на тркалото на историјата, треба да дојде до 2000? Тоа зависи од тоа кој си. Може да се помисли на знаците до лифтовите на многу хотели - коишто содржат мапа на спратот, стрелка и зборовите - ТИ СИ ТУКА. Опиши се: висина, тежина, боја на косата, боја на очите, возраст, раса или подраса, домашна адреса, брачен статус, број и возраст на децата, марка и година на колата, познати проблеми со срцето, сегашно вработување и кој треба да биде повикан во случај на несреќа. Освен тоа што чекаш на лифт во таа и таа година, каде си Уку-р-ац? Во нациите кои го применуваат христијанскиот календар, значи секако и во нашата, скоро сите ние, онака за забава, ќе станеме нумеролози на почетокот на третиот милениум. Нумерологијата е забавно, дружељубиво суеверие слично на астрологијата - безопасна за сите, освен за параноидни шизофреничари. Таа тврди дека неживото, лесно претпоставливо, механичко однесување на арапските броеви затворени во децимален систем може, евентуално, да ни даде магична порака којашто не смее да се игнорира. Доколку годината со број 2000 не беше порака од небото, што беше тогаш? Доволен изговор за журка. Тоа дека бројачот е малце неточен, тоа дека Исус бил роден во 5, 6 или 7 година п.н.е., не треба да ја уништи журката. Исус бил роден неколку години пред себеси? Прогласете го тоа за дополнително чудо и продолжете со журката. Мојот покоен брат, Берни, кој ми кажа за Уку-р-ац, велеше дека непрекинливото манијачко тргување за време на божиќните празници го прави да се чувствува како кловнови да го удираат со балони по лицето. Претпоставувам дека целата 2000 година ќе направи многумина од нас да се почувствуваат така. Само заради тоа што го кажува календарот, не заради тоа што го кажува Исус. Господ знае дека ќе ни биде речено да излеземе и да купиме многу ѓубре за нас и за нашите деловни партнери и блиски: милениумски рачни часовници и коли, прслуци и боксерки, платна и кока-кола. Зошто не му купите на вашиот непријател безжичен милениумски телефон? Тоа ќе го охрабри да направи идеален морон од себе кога ќе стои сред гужва, не зборувајќи со никој од неа, да се кикоти и гука и фучи, да се радува, да се нервира и претерано да гестикулира, а можеби по малку и да танцува, додека му зборува на нешто со димензии на мало чоколадо или на сапун. Писателот на научна фантастика Килгор Траут (Kilgore Trout), мртов исто како и брат ми, и двајцата бог да ги прости, напиша приказна за луѓе кои со летечка чинија ја посетуваат Земјата. Тие беа збунети од две работи во САД: „Што има толку привлечно“, сакаа тие да знаат, „во фелациото и голфот?“. Траут ја напиша таа приказна долго време пред американските телевизиски спикери, преку добар дел од годината, а со цел да дојдат до најголем број возможни гледачи за нивните реклами - кои ги направија мултимилионери, да го прогласат за најголем проблем на државата прашањето дали претседателот на најмоќната светска нација имал вонбрачно фелацио во Овалната соба или не. Вистинскиот милениум дојде и си отиде, незабележан како кивавица. На здравје! Приказната на Траут, издадена во сега непостоечкиот магазин „Блек гартербелт“ (Black Gartelbelt), беше болно пророчна на друг начин. Неговите вонземјани го претскажаа тоа што се случува точно сега: дека земањето антибиотици по секоја гребнатинка или полошо, ќе доведе до тоа микробите да еволуираат во безбројни болести кои ќе бидат неизлечливи. Една идеално заразна болест, но сепак засега единствена, СИДАТА, беше идентификувана баш тогаш, многу брзо по изданието на „Блек гартербелт“. Малите зелени антрополози на Траут го кажаа следното за сидата: „По ’Силувањето на Нанкинг’, холокаустот и незаслуженото атомско бомбардирање на Нагасаки, а да не го спомнувам и загадувањето на воздухот, водата и почвата од страна на луѓето, имуниот систем на твојата планета сака да се ослободи од тебе“. Да, и планетата наскоро сигурно ќе ја потроши нафтата - па така нашите внуци ќе наследат неверојатна депонија. Но, слушајте: Во 1932 г. од н.е., кога имав 10 години, татко ми, Берни, мојата сестра Ели (Allie) и јас се возевме некаде низ Индијана во нашиот голем стар стадбејкер седан (Studebaker Sedan) со 4 врати. Татко ми возеше. Не знам каде беше мама. Не знам каде е мама. Големата економска криза беше во тек. Тато, кој беше архитект, ја отпушти секретарката и другите вработени и ја затвори својата канцеларија во центарот на Индијанополис. Немаше работа. Берзата пропадна, банките закашкаа, а луѓето ги изгубија своите заштеди. Ние се тркалавме на нашиот пат за некаде. Не се сеќавам каде. И тогаш, неочекувано, без никаква конкретна причина, тато ја насочи колата настрана од патот и ја паркира сред пустелија. Каде сме Уку-р-ац? Но, тогаш тато ни рече нам тројцата да погледнеме во бројачот на колата. Покажуваше 99.999,9. Бевме на десетина милја од 100.000! Мигот беше неверојатен! Сакате ли да слушнете за голема авантура? Тоа беше како неочекувано да сме пристигнале на работ на Големиот Кањон! О, Господе боже! Оу вау! Оу јеа! Тато повторно тргна со колата. Кога стадбејкерот извози уште десетина милја бројачот ја испрати старата валканица на сите тие токсични деветки во ве-це шолјата на историјата. Катарза! На нивното место дојде невина, чиста малечка единица, по сите тие нули. Толку неизвалкани од животот - толку нови, толку идеално целосно нови. И нашиот татко беше толку среќен! Се смееше и се смееше. Неговите проблеми исчезнаа заедно со деветките. Бројачот го направи да се чувствува повторно како среќно дете - во свет кој беше негова школка. Табула раса. Така ќе биде и со мене, ако сум с#232; уште овде, и со сите останати воини и сквоа од племето Уку-р-ац кога христијанскиот бројач на историјата ќе покаже 1999 г. од н.е. И нашиот календар ќе покаже 31 декември. И нашите дигитални часовници ќе покажат 23:59. Човече! Не можам да дишам! И така смрдливото минато ќе исчезне во ве-це шолјата на историјата. И така ќе пристигне 2000 година, а Уку-р-ац-ите насекаде, без разлика колку години имаат, и дали нивните животи како возрасни биле за никаде, ќе го направат истото што и мојот татко за време на големата економска криза толку одамна: ќе се смеат како лудаци и повторно ќе се почувствуваат како среќни деца. А светот ќе биде нивна школка. |
|||
RaGeAnGeL | Антон Михајлович плукнал, рекол „ех“, повторно плукнал, повторно рекол „ех“ и отишол. И нека го. Да го оставиме тоа. Подобро да ви раскажам за Илија Павлович... Илија Павлович се родил 1893 година во Истамбул. Уште додека бил мало момче, неговите се преселиле во Петербург и тука завршил германско училиште во Кирочната улица. Потоа работел во некоја продавница, потоа уште нешто работел, а кога започнала револуцијата, емигрирал во странство. И нека го. Да го оставиме тоа. Подобро да ви раскажам за Ана Игњатевна. Ама да се раскажува за Ана Игњатевна не е така едноставно. Како прво, за неа не знам баш ништо, а како второ, тукушто паднав од столот и заборавив што сакав да раскажам. Подобро да ви зборувам за себе. Со висок раст сум, интелигентен, убаво и вкусно облечен, не пијам, не одам на трки, единствено што сум, ете, женскар. Ниту жените немаат ништо против. Дури, сакаат кога се забавувам со нив. Серафима Измајловна повеќе пати ме викала кај себе, Зинаида Јаковљевна рече дека секогаш ќе и биде мило да ме види. Ама со Марина Петровна, се случи интересна работа за која сакам да ви раскажам. Случката по с#232; е обична, ама сепак интересна, бидејќи благодарение на мене, Марина Петровна потполно оќелаве. Од чист мир. А се случи тоа вака: дојдов еднаш кај Марина Петровна, а таа пуф! - и оќелави! И тоа е с#232;. |
|||
RaGeAnGeL | Ме нарекуваат мајмун! Поради тоа, на оние кои тоа го заслужиле, ќе им ги искорнам ушите, а засега нешто ме копка славата на оној Жан Жак Русо. Што с#232; тој тип знаел? И како деца да се повиваат и како девојки да се земаат! И јас би сакал с#232; да знам. Ма, јас веќе с#232; знам, само не сум баш сигурен во своите знаења. Што се однесува до децата, тоа точно го знам - тие треба да се убијат. За таа цел би изградил во градот централна јама и во неа би ги фрлал децата. Јамата секој ден може да се полива со жива вар, за да не смрди. Во истата јама би ги фрлал сите германски овчари. А сега за тоа како би ги мажел девојките. Тоа по мое мислење е уште поедноставно: би изградил општествен дом каде што, да речеме еднаш месечно, би се собирала сета младина. Сите, од 17 до 35 години, би морале да се соблечат голи и да шетаат по салата. Ако некој се допадне некому, тогаш тој пар оди во аголот и таму взаемно се прегледуваат подетално. Заборавив да кажам дека сите на вратот би морале да имаат картичка со име, презиме и адреса. Така што на оној кој ни се допаднал да можеме да му испратиме писмо и да воспоставиме поблизок контакт. Ако во тие работи се вмешаат родителите, треба веднаш да се убијат со секира и да се одвлечкаат на истото место каде и децата - во централната јама. Јас уште би напишал за некои свои знаења ама за жал морам на пазар по грашок. Кога излегувам на улица, јас секогаш земам со себе дебела гранка. Гранката ми треба да тепам деца што ќе ми се најдат на патот. Сигурно поради тоа ме нарекле мајмун. Чекајте, безобразници, ушите ќе ви ги искорнам! |
|||
јузер | Многу некултурни раскази, безобразни, страниците ќе им ги искорнам од корица! | |||
RaGeAnGeL | my fav one:))))))) ako sakate prevod slobodno...ke ukljucam mozoci muskuli i ke se pomacam Philosopher! 1. I am writing to you in reply to your letter, which you are intending to write to me in reply to my letter which I wrote to you. 2. A certain violinist bought himself a magnet and was taking it home. On the way some hooligans attacked the violinist and knocked his cap off. The wind caught his cap and carried it along the street. 3. The violinist put his magnet down and ran off after his cap. The cap landed in a puddle of nitric acid, where it decomposed. 4. And the hooligans had, by that time, grabbed the magnet and made off. 5. The violinist returned home without his coat and without his cap, because the cap had decomposed in the nitric acid and the violinist, distressed by the loss of his cap, had forgotten his coat on the tram. 6. The conductor of the tram in question took the coat to a second-hand shop and there he exchanged it for some sour cream, groats and tomatoes. 7. The conductor's father-in-law stuffed himself on the tomatoes and died. The conductor's father-in-law's body was placed in the morgue, but then things got mixed up and, instead of the conductor's father-in-law, they buried some old woman. 8. On the old woman's grave they placed a white post with the inscription: 'Anton Sergeyevich Kondrat'ev'. 9. Eleven years later, this post fell down, eaten through by worms. And the cemetery watchman sawed the post into four pieces and burned it in his stove. And the cemetery watchman's wife cooked cauliflower soup over this fire. 10. But, when the soup was just ready, the clock fell off the wall right into the saucepan full of soup. They got the clock out of the soup, but there had been bedbugs in the clock and now they were in the soup. They gave the soup to Timofey the beggar. 11. Timofey the beggar ate the soup, bugs and all, and told Nikolay the beggar of the cemetery watchman's generosity. 12. The next day Nikolay the beggar went to the cemetery watchman and started asking him for alms. But the cemetery watchman didn't give Nikolay the beggar anything and chased him away. 13. Nikolay the beggar took this very badly and burned down the house of the cemetery watchman. 14. The fire went from the house to the church and the church burned down. 15. A lengthy investigation took place, but the cause of the fire could not be established. 16. On the spot where the church had stood they built a club and on the club's opening day a concert was arranged at which performed the violinist who, fourteen years before, had lost his coat. 17. And amid the audience there sat the son of one of those hooligans who, fourteen years before, had knocked the cap off this violinist. 18. After the concert they travelled home in the same tram. But, in the tram which was following theirs, the tram-driver was that very conductor who had once sold the violinist's coat at the second-hand shop. 19. And so there they are, travelling across the city in the late evening: in front are the violinist and the hooligan's son, and behind them the tram-driver and former conductor. 20. They travel on and are not aware of what the connection is between them and this they will never learn until their dying day. |
|||
Sirius | КАПКА ДОЖД Сите велат: дожд како дожд, ама, во се има ишарет, к’смет, бериќет - секоја убавина си ја има својата прва капка За долго патување се бев подготвил тој ден. И еве, за нецели 4 часа се извишувам кон Врвот Кобилица. Со секој чекор ми станува јасно дека Врвот не се освојува! Не е тоа непријателска територија, да се освои; не е душман, да се победи! Врвот е онаа точка во нас кон која се извишуваме. Кобилица ве извишува. Ве води кон таа внатрешна височина. И ви ја открива, на последниот чекор, горе, на самиот врв. Ви ја дарува! Тука, на Кобилица, знаете дека сте стасале, и дека сте заслужиле да стасате. Ако не сте сигурни дека сте го искусиле тоа чувство - појдете на Кобилица. Таа ќе ве направи и подобар и помудар. Ќе разберете дека вашето планинарско и животно искуство се поделило на епохата пред и на епохата по Кобилица! „Долго се готви дождот! Наскоро ќе заврне!“ Никогаш, ни пред тоа, ни потоа, не видов човек тука, на самиот Врв од Кобилица. Се почудив што прави!? Седи. Гледа. „Наскоро ќе заврне. Убав, летен дожд. „Секој дожд почнува со првата капка. Убаво е кога токму таа капка ќе те избере. Кога ќе ти се слизне низ образот; кога ќе ти запре на челото“. „Малкумина таа капка ја виделе, уште помалку и помислиле на неа. Сите велат: дожд како дожд. Ама, во се има ишарет, к’смет, бериќет. Секоја убавина си ја има својата прва капка“. Седиме. Гледаме. „Првата капка од ваков летен дожд носи голема љубов. Еднаш, во нашето село дошло момче. Од преку Планината. Да бара невеста. Заврна тивко, летно дожде; првата капка, право на челото на момчето. Не ја ни сети. И токму додека поминуваше покрај една порта. На портата, се згоди најубавата и најдобрата девојка, на далеку се слушаше за неа. Ја бараа многумина. Од добра рода, богати, учени. Сите ги одбиваше. Беше на влегување, ама се запре. Се загледа во момчето: Каде одиш? Појдов по девојка! Ја побара ли? Уште не. Земи ме мене! Не можеше да поверува момчето. Ни на сон не видел поубава. Ниту во овој живот друг пат ќе види. Ама, пак рече: Со ниет сум да ја барам другата. А не ја беше ни видел таа другата. Преку други слушна, преку други се договори. И ја зеде таа по која беше тргнал. По малку, кутрата таа, се поболе. Почина. Откога ја ожали, појде до истата капија. Од ум не му одеше таа порта - ни онаа од портата. Се згоди така. Пак ја најде таму. Тенка, стројна, висока. Преубава. Да седиш. Да гледаш. Како од Кобилица! Дојдов да те земам! Пак таа се загледа во него. Не, нема да дојдам. Да не си ветена на друг!? Не сум. Појди тогаш за мене. Јас сум оној истиот. Што го сакаше! Не си. Сум. Ништо не се смени! Ја немаш веќе капката. Капката!? Ти беше среде челото. Ја нема веќе. Ниту друг пат ќе ја имаш. Ти не си оној што беше. Појде за првиот што ја побара. Сеедно и беше; откога ја виде капката на челото, знаеше дека ниедно чело нема да биде она по кое срцето ќе и’ затрепери. Како што знаеш кога ќе излезеш на Кобилица и ќе погледнеш: нема таква друга глетка. И овој дожд ќе почне со таа капка. Секој дожд така почнува. „На малку чела заросува; уште помалку ги има што знаат да ја видат“. Седевме, гледавме. Облакот сосема се наднесе. Долу, длабоко низ зелената стрмнина, овците се враќаа кон бачилото. Тенко, бело поточе, од истурено млеко ли е? Или шарата занесено извезена во шарената шамија од пасиштето? Ме поздрави. „Убаво нека те изнаврне! Немај гајле, овој е од убавите дождови!“ Ме наврна убаво, вистина. Отпосле. Откога онаа капка дожд ми го ороси челото. Јасно ја сетив; милно падна токму над веѓите. И толку. До денес ме јаде јанѕата. Да не беше тој - оној!? Да не ја чекаше повторно истата капка!? Да не му ја одзедов онаа капка, без да посакам? И не посакав ли, навистина? Чии капки земаме? Кои се тие што ни ги земаат нашите капки? Не знам. Излегов многу пати оттогаш на Кобилица. Сам и со други. Никој никогаш не го виде. А мене, с#232; пред очи ми беше. Седи. Гледа. И - чека. ФЕРИД МУХИЌ: ПРАМЕН ВОЛНА Метафизичка географија |
|||
naomvraca | Ценоразпис за селски туризъм Те го и ценорасписо, като у скобите съм турил пояснениа за по наясно. ЦЕНОРАСПИС Спане У одаята с исглед накъмто барата - два лева на креват. У одаята с исглед накъмто дворо - един и педесе пак на креват. (и двете такси са независимо за мъжко ели за женско ама ако некоя ми фане окото моем да напрайм остъпка с некакви процентове) Ядане Закуска - пържени филий с кисело млеко една паничка. Обет - пържена лютеница, пръжки с боб, картофена чорба и компот (секи път различно само компота е секогаш) Вечера - яйцета на очи ели бъркани (секи път различно) и ена малечка шльокавица по желание на клиенто с мезе торшиа а летоска домат ели краставица. Сичко наедно - два и педесе секи ден. (ако неко ден ми ареса компаниата може да отпущим по ена голема кайсиева за бес пари) Хигиенски нужди Ако некой му се прикъпе слочайно, може летоска у барата а зимъска у цинково корито с ладка вода от котел. И у двата случая претвиждаме търкане на гръб с кисе от назе. Ако търка Глигорица, таксата е лев и осемдесе, ако търкам язе таксата става на лев и педесе що съм по- як. Ако некой си мие забите, да си носи паста, що у Добролево немаме. Ние заран като се нажабурчиме с шльокавица и не завъждаме микробе. Сапун нема нужда да се носи, ние имаме ператен он се не пеняви като грацкия ама отмива добре. Нужник си имаме у дворо и е екологически исправен. Секи път като се размерише та почне да люти на очите, му фъргам вар. За него таксата е двайсе стотинки на исхождане, става дума за голема нужда (леле а Натка расправа, че у градо зимат по педесе стотинки). Иначе пикането може и у дворо за бес пари ама гледай да не е у насадено. Торизам и други заебавки Отиване (и завръщане) до гората за гъби ели е тека, само за расодка, с придрожвач (язе) - един лев натам и един лев навам, става на въпрос за пеша. Ако е с яздене на магаре, таксата е секи път различно що требва да го пазарим от друк, що мойта магарица Живка е проклета и може да стане неко сакатлък. Ама нема да се върже повече от два лева нанатам и два лева нанавам сметам язе. Посештение на хоремаго с придрожвач (язе) - педесе стотинки сичко, ама кво си викнеш на Витка ели Благой си плащаш оделно. Ако викнеш нещо и на мене (ама да не е лемонада) таксата отпада. Апа ако тръгнеме сички тористе у група един е за бес пари ама вие че си се разберете кой. Издойване на коза (ели офца) с инструктор (Глигорица) - осемдесе стотинки. Издойване на крава пак тека - лев и двайсе. Цепене на дърва с манара и инструктор (язе) - два и педесе за кубик. Копане с малечко мотиче у дворо - един и десет на фитириа (по грацки май се вика леха). Копане със сащинска мотика на кукуруз ели лозе - два и двайсе на рет. Чистене на кочината на прасето Гошко - осемдесе стотинки. Изфъргане на тор от оборо до улицата - лев и четиресе на количка. Други - наспорет клиенто. (у други олизат Глигорица да ви пее като едете, ели язе да ви водим до казано да видите как се пече рикия, ели текива неща) Забелешка Ако дойде чожденец ели чожденка в независимос от каде е в смисал на даржава, таксата веднъга се преобръща у еврота по същите цени. И да си водат превеждач. Добре дошле у назе! |