METEORA - Висечки Манастири |
||||
Mara | Едно од местата кои мора да се видат и изненадуваат со својата невообичаеност се секако МЕТЕОРИТЕ кои се наоѓаат во Тесалија (централна Грција), под кои се наоѓа градот Калампака. Она што ги прави посебни Метеорите се МАНАСТИРИТЕ кои се наоѓаат на врвот на огромните, непроодни карпи. Сигурно, како и сите туристи ќе се прашате како воопшто манастирите се изградени! Овде е снимен еден од филмовите со Џејмс Бонд и Роџер Мур бил воодушевен кога требало да се испентари на една од карпите при снимањето на филмот For Your Eyes Only. Овде има вкупно 24 манастири, но до некои манастири не може да се стигне воопшто. Нема скали, нема можност да се качите по стрмните карпи....а единствен начин е преку јажиња закачени помеѓу карпите. Јас кога бев таму баш преку јажиња пренесуваа нешто од еден до друг манастир. Метеорите се баш мека и медина за оние кои сакаат да се качуваат по карпи. Инаку монасите исто така ги користат количките кои се пренесуваат преку тие јажиња за да си одат дома во манастирот! Инаку во долината, монасите сами си одгледуваат грозје, пченка и компири....а тие кои се “побогати” групи (заедници) на манастири чуваат и мало земјиште, овци, кози. Она што е многу битно е да бидете облечени соодветно! Јас со мојата другарка Марина бевме со кратки сукњи, кратки блузички....и од таму ни дадоа долги сукњи за да ги облечеме и се шеткаме по манастирот. Значи облека без ракави и шорцеви не се дозволени. Ајде да се прошетаме низ поголемите манастири....... The Holy Monastery of Great Meteoron Светиот Манастир на Големиот Метеорон е најголем од сите манастири и овде се оди со автобус, но и со многу пешкандус по 20000000000 скали!. Овој манстир е познат по убавата Црква КАТОЛИКОН и е еден од манастирите претворен во музеј! Еве внатре што можете да видите....ама е музеј! Каде јаделе монасите, што јаделе, какво вино пиеле..... The Holy Monastery of Varlaam Втор по големина е токму овој Манастир на Варлаам, изграден во 16-от век. The Holy Monastery of St. Stephen. До овој манастир се стигнува лесно и се смета за НАЈЛЕСНО ДОСТАПЕН, без многу скали и скалила. На средината се наоѓа малата црква Св. Стефан која треба да се види, да! The Monastery of Holy Trinity Овој Манастир на Светото Тројство е најтешко достапен, речиси недостапен. Туристите, тие кои се поагилни, треба да ја поминат целата долина преку јаже и малку да се качуваат по карпите. The Holy Monastery of St. Nicholas Anapausas The Holy Monastery of Rousanou Други манастири, кои се без монаси се Ypapanti, St. George Mandilas и други. КАКО ДА СЕ СТИГНЕ ДО МЕТЕОРА? Метеорите се многу блиску до Калампака и Кастраки. До Калампака можете да дојдете преку Јоанина, Солун, Атина со автобус или воз. А еве ви и мапа за да не се изгубите.......само следете го патот до Калапмака. Се препорачува да се видат манастирите во мај и јуни заради прекрасново време, без магли, а во тоа време и цените се вонсезонски! |
|||
kristina | Ne, samo prasuvam? Jas se zapisav na teologija pa mama i tato me otpisaa... | |||
Mara | многу ми е жал.....ама еве ти СОВЕТ! Запиши се пак!!! извини...ама јас со теологијата сум скарана! Појма немам! И сега...............си била да ги видиш метеорите? |
|||
RaGeAnGeL | super maro sesro sum bila ko mala mi imet kazveno ama jas nisco ne pamtam mnogu sakam pak da gi vidam ,bravo za ova !!!! ej i da,ako mojt nesco za sveta gora |
|||
kristina | Super, mozes nesto i za Athos, da ni prezentiras mnogu pointeresen e dovolno e faktot deka zenka noga nema stapnato na polustrovot Sveta gora. pozdravce |
|||
Mara | фала Кристина, ќе биде. ќе биде! Една другарка ме замоли да ги презентирам Метеорите бидејќи ќе оди сега за Први мај....па сакав да види што ја очекува таму Инаку, мене ми се допаднаа Метеорите...иако малку ми се слоши од 100000000000000 кривини со автобусот! Не би повторно, не! |
|||
kristina | Imas nesto so teologijata? | |||
Mara | зш???????????????????????????????? ти личам на ПОПАДИКА?????? |