Бугарите не дозволија помен за Сандански |
|||||
tomislav1978 | Гробот на Јане Сандански пред Роженскиот манастир, на 91-вата годишнина од неговото убиство од бугарските врховисти, вчера беше прекриен со бугарското знаме и со транспарентот „Македонија е бугарска“. Околу гробот, припадниците на бугарската националистичка партија ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов не им дозволија на Македонците од Бугарија да одржат чествување за големиот македонски син. Додека пристигнуваа, бугарските националисти им дофрлуваа: „И порано и сега Македонија е бугарска“. Наместо пред гробот, Македонците чествувањето мораа да го одржат на паркингот оддалечен околу 200 метри од почивалиштето на „Пиринскиот цар“. Пред тоа се случи и помал инцидент, откако бугарските националисти се обидоа да го одземат и да го искинат знамето со сонцето од Вергина. Дојде до туркање, имаше пцости, но, за среќа, полицијата ги раздвои луѓето. Комеморацијата на Македонците им беше оневозможена поради одлуката на општинските власти на градот Сандански. Општинскиот кмет прво им дал дозвола на македонските организации да чествуваат од 10.30 до 15.30 часот. Само неколку дена потоа им дозволил на ВМРО-БНД да го прослават христијанскиот празник Цветници и 65-годишнината од „ослободувањето на Македонија од бугарските сили на 20 април 1941 година“. Досега ВМРО-БНД никогаш немала чествувањето со ваков повод пред гробот на Јане Сандански. - Она што се прави секоја година се случи и сега. Кметот на Сандански, Андон Тотев, како и другите бугарски функционери, од нас побараа да се тргнеме од гробот. Не сакавме инциденти и затоа прифативме манифестацијата да ја одржиме подалеку - изјави Стојко Стојков, претседател на македонската организација ОМО „ПИРИН“. Во своето обраќање пред неколку стотици Македонци, тој рече дека Македонците мора да им се спротивстават на провокациите на бугарските ултранационалисти. - На гробот на Сандански сега чествуваат оние што се духовни наследници на неговите убијци. Не смееме да дозволиме властите секоја година да се поигруваат со чувствата на Македонците - рече Стојков. Провокаторите од ВМРО-БНД се обидоа и да ја расипат свеченоста. Група од околу 20 момчиња дојдоа кај Македонците пеејќи националистички песни со цел да направат инцидент. Но, полицијата го спречи тоа. Претходно, тие се обидоа да го уништат агрегатот од кој се обезбедуваше струјата за културно-уметничката програма. Иван Сингарписки, лидер на ОМО „Илинден-ПИРИН“, рече дека по одлуката на Судот за човекови права во Стразбур, тие се подготвуваат да формираат партија. - Сега проблемот е што ниту еден весник во Бугарија не сака да објави наш оглас за собирање потписи на членовите. Тоа нема да не' запре и за шест месеци ќе ги собереме потребните 5.000 потписи и ќе го направиме тоа што од Бугарија го бара демократска Европа - рече тој. Кирил Вангелов, Македонец од Софија, рече дека ова е стара практика на бугарските власти со цел „Македонците да се прикажат како радикални елементи“. - Нема да наседнеме на тој трик. Ние си ги сакаме само нашите демократски права - нагласи Вангелов. Македонците од повеќе организации рекоа дека сепак, при крајот на денот, ќе се обидат да положат цвеќе на гробот на Сандански. Красимир Каракачанов, лидер на националистичка ВМРО-БНД, ни рече дека тие тоа ќе им го дозволат откако сите негови приврзаници ќе заминат. |
||||
Homer MakeDonski | ovaa vlada mozit ke rece "eve postavivme cvekje znaete li kolku izdvoivme za nego,pa uste imate i ej IZJAVA deka se raboti za sovinizam pa trosocite okolu ambasadorot dodeka da izjavi.." |
||||
tomislav1978 |
Vladata na Makedonija ne smee da finansira partii u tugji drzavi. No sto pravi narodot u Makedonija za tie od OMO Pirin? Osven nekolkumina(tuka spagjame i nie) so pisuvaat po forumi ja ne gledam nekoja golema zelba da se pomogne. Istoto vazi i za tie u Grcija. |
||||
mitko2848 | погледни пак :-) |
||||
Pro Patria 2 |
|
||||
Makedon | Mite more, abe tie od VMRO RUSE, rusi gi spopadnale, sto cizmi nosat be? Da ne se KONjUSARI more? | ||||
Homer MakeDonski | Пирински Македонски Информативен Центар известува Семакедонски собор крај Рожден Неколку дена пред одбележувањето на 91 годишнината од убијството на македонскиот револуционер Јане Сандански, бугарските власти поново го покажаа своето недемократско лице во однос на Македонците што живеат во оваа земја. И покрај тоа што македонскиот собор имаше добиено сосема редовна дозвола од локалните општински власти тие наеднаш во последниот момент и издадоа дозвола и на антимакедонската VМРО БНД на истиот ден и истото место да направи свој собор во чест на празникот цветници и на обединувањето на Бугарија. За разрешувањето на настаната апсурдна ситуација два собора да се проведат на исто место во исто време се водени преговори во тек на два дена при што од едната страна учествувале претеставници на ОМО ПИРИН, а од друга на локаната и окружната полиција. Сигурни извори соопштуваат дека се замешал и лично се јавил и Министерот на внатрешните работи. Карактерен е фактот што властите воделе преговори за промена имено со Македонците, но никако со ВМРО БНД и инсистирале имено Македонците да го отстапат традиционото место на одбележување – ливадата крај гробот на Јане Сандански. Притоа не помогнал ниту фактот што македонските организации имале добиено први дозвола, ниту тоа што нивниот собор е во памет на Јане Сандански и е природно да се одржи крај гробот. Властите инсистирале местото да биде отстапено на другиот собор макар тој да немал ништо општо со Јане Сандански. Накрајот случајот бил препуштен од полицијата во рацете на општината, која пак одлучила да го отстапи местото имено на ВМРО БНД со изговор дека тие имале и ансамбал и им требала сцена. Протестите на Македонците дека тие имаат исто ансамбал, пеачки групи и десетина врвни пеачи од Македонија и Бугарија не бил земен во предвид. Така Македонците биле приморани спротивно со секоја логика и право исто како и минатата година да се откажат од традиционото место и соборот да го одржат на еден паркинг подалеку од гробот на војводата. Во последните два дена пред 16 април во бугарските медиуми се јавија соопштенија дека се очекувааат судири и насилства крај манастирот (макар искуството од поселдните 6 години да не дава основа за таква прогноза). Оваа околност сериозно ја попречи масовостта на македонскиот собор, бидејки спомените за насилствата извршени овде од страна на бугарската полиција во 1992 – 1994 г. се сеуште многу живи. И покрај тоа 2 автобуса, 14 микробуси и повеќе автомобили дојдоа организирано на соборот, а кон тоа се придружија и автобус од Р Македонија и неколку делегации и гости од Р Грција и Р Македонија. Луѓето на VМРО чиј број и покрај бесплатниот превоз и храна беше прилично малуброен се имаа собрано околу гробот на Јане Сандански и ги навредуваа и провоцираа Македонците што мораа да поминуваат покрај нив и преку нив за да стигнат до местото на својот собор. Последниот официјално беше отворен околу 11 часот на импровизирана во последниот момент трибина. Официјалниот дел започна со поздрави од гостите. Прв се обрати Павле Воскопулос член на раковотдството на ”Виножито”. По него соборот поздравија – Тодор Петров (Светски македонски конгрес), Никола Костурски (Друштво на Македонците од Егејска Македонија – Битола), проф. Петар Башески (поет), Димитар Иванов (од името на Македоницте во Северна Бугарија). Поздрави до соборот испратија Движењето за македонски човекови права – Канада, Македонската заедница во Канада, патриоти од Австралија и др. За време на поздравите двајца членови на ВМРО БНД се обидоа да го турнат агрегатот од кој соборот мораше да се снабдува со струја. Полицијата се замеша и ги уапси провокаторите. Потоа беше прочитано слово за Јане Сандански од копретседателот на ОМО ПИРИН Стојко Стојко и протесна декларација за држењето на црквата изградена од Јане Сандански (до која е и закопан) затворена веќе 15 години. Забавниот дел го отвори популарниор пирински пеач Емил Ристосков. Следеше четиричасовна програма главно место во која зазедоа изведбите на ансамбалот ”Гоце Делчев” од Скопје и пеачите Војо Стојановски, Ванчо Тарабунов, Виолета Среброва, Стефче Стојковски и др. Учествуваа и групи и пеачи од Пиринска Македонија. Во времето кога вдахновено од песните на Ванчо Тарабунов на паркингот се виеше огромно макеоднско оро околу 15 припадници на ВМРО БНД со бричени глави се обидоа да извршат провокација, но беа запрени од полицијата. Застанати на крајот на паркингот тие извесно време пееја песни, но ништо од нив не можеше да се слушне на фонот на гласната музика. Одкако извесно време пееја без некој д аим обрати некакво внимание полицијата ги истурка од паркингот. Соборот заврши по 15 часот без некакви сериозни инциденти нешто, што како изјавуваат организаторите се должи на професионалната и забележително коректна работа на полицијата во овој случај, као и на зрелата и воздржана реакција на македонските патриоти. Амбасадорот Алити и екипа на македонската амабасада дојдена да постави венец на гробот на Сандански го посети македонскиот собор. Vеќе е традиција властите да се служат со екстремни групации како ВМРО во обидите да ги дискриминираат и понижуваат Македонците, да им откажуваат јавни настапи и сл., а да избегнат нова пресуда во Страсбург. Упатени во проблематиката луѓе коментираат дека властите силно се имаат исплашено от учеството на пеачи од рангот на Vојо Стојаносвки (кој е еден од најомилените пеачи на населението во Пиринска Македонија), кои можат да го подигнат патриотизмот и борбеноста меѓу Макеоднците во Бугарија, како и да ги популаризираат македонските партии и организации. Да потсетиме дека е во тек обновувањето на ОМО ”Илинден” ПИРИН партијата на Македонците во Бугарија, која по забраната од страна на уставниот суд на Бугарија во 2000 г. лани ја осуди државата во Страсбург. Единственото што остави добар впечаток беше коректната работа на полицијата. Од ОМО ПИРИН изјавуваат дека овој скандал нема да биде оставен неказнет. По секоја веројатност општинските власти ке бидат дадени на суд и ќе се побара оставката на градоначалникот, а исто така ќе бидат известени и меѓународните институции и организации, како и Европскиот слободен алианс во кој ОМО ПИРИН е кандидат член. Однесувањето на локалните власти е не само скандалозно и недостоинствено, туку и го става во опасност населението преку дозволување собори на непомирливи непријатели да се одржуваат во исто време и на исто место. ”Целта на БНД е едноставно, да го окупираат местото, како и тоа ако може да ги измамат луѓето што ќе дојдат на нашиот собор, да останат на нивниот. Тоа им е единствената шанса да соберат луѓе. Од друга страна се обидуваат да ги заплашат луѓето да не го посетат нашиот собор”, коментираат од партијата. По соборот лидерите на ВМРО БНД се обидоа да ги оправдат своите провокативни дејствија префрлајки ја по традиција вината на другата страна. Нивната верзија е дека тие имале дозвола за собор додека ОМО ”Илинден” ПИРИН имала само дозвола да положи цвеќе. Тие не објаснија зошто токму полагањето на цвеќе се обидоа да го попречат. Организаторите ги отфрлија тврдењата на Каракачанов: ”Ние имаме уредна дозвола за собор добиена многу пред ВМРО да добие таква. Нивниот собор немаше ништо заедничко ниту со празникот цветници нито со обединувањето на Бугарија, туку само и единствено со нашиот собор, кој тие се обидоа да го попречат. Ова е традиција за нив – да се обидуваат да ги провоцираат нашите јавни настапи. Ако ние не направевме собор ниту тие немаше да направат таков.” За да биде провокацијата уште поголема на антимакедонскиот собор зеде учество ансамбалот ”Сите Бугари заедно” познат пред се по плагиатството на песни на Војо Стојановски и нивна изведба со фалсификуван текст. Покрај поигрувањето со чувствата и трпението на Македонците овој случај прететсавува и провокација и попречување на одржувањето на еден освен македонски исто и меѓудржавен концерт и собор во чест на човекот кој остана во сеќавање со својата девиза: ”Народите се браќа и како браќа треба да живеат”. пренесено од http://groups.yahoo.com/group/MacedonianMediaMonitor/ |
||||
Makedon | Osnovno covekovo pravo e pravoto na samoizjasnuvanje. Koj go krsi toa pravo, ne samo sto e NEdemokrata, tuku i fasist. Bugarija e tokmu toa, a za zal makedonskata vlada (i onaa prethodnata) so skrsteni race sedat i dozvoluvaat Makedoncite vo Bugarija da se negiraat, duri zabraneto e pri popisuvanjeto vo Bugarija da se popises kako Makedonec, duri nema ni grafa za takva nacionalnost! Bugarskata fasisticka politika prodolzuva, no kaj se nasite politicari? Kaj se da go pokrenat ova prasanje pred EU, kaj se da gi finansiraat barem malku 2 makedonski partii vo BG OMO ILINDEN PIRIN i OMO PIRIN, bidejki nasite tamu nemaat voopsto pari i ne mozat samo da seborat. Sramota i za Bugarija, no i za Makedonija. |
||||
Homer MakeDonski | a se cini ne smee nitu ova prasanje da go pokrene nitu pred E.U a i zosto da pokrene prasanjevo koga so toa nema da profitira |
||||
Haskovo | We have right to defend our sacred and our history. Where are in this moment government?Why they make nothing?They afraid of bulgarian goverment.In Bulgaria,don't have right etnic party-OMO ilinden and OMO Pirin. |
||||
dejan | lol you sound like a small child | ||||
Makedon |
Osnovno covekovo pravo vo Obedinetite Nacii e pravoto na SAMOOPREDELUVANJE NA ETNICNOSTA i SLOBODATA NA GOVOROT. Toa go nema vo Bugarija, a toa se vika fasizam- nekomu da zabranis da se deklarira kako saka, da zboruva na jazikot na koj saka da se izjasnuva, da se izrazuva slobodno. Bugarija, ne samo sto e daleku od EU, daleku e i od Uganda. Vinovna e Makedonija, sto ova ne go iznese javno pred EU. Kakva e taa fasisticka zemja sto ke vleze vo EU. Toa e sramota! |
||||
Pro Patria 2 |
a za toa kolku se plasime od vas vi pokazavme vo Vtorata svetska vojna,se sekjavas??? |
||||
Haskovo | I have only one mothers language-Bulgarian.For ME macedonian is only dialect. Makedon: “..., da zboruva na jazikot na koj saka da se izjasnuva, da se izrazuva slobodno.” If I speak Bulgarian in this forum I will become ban. Is it normal and lawful? Yes i know,that everyone have right to say :I'm Greek or Russian ...,but when the people in Macedonia don't have right,this is also fascism.Man can't say freely own opinion in forum.This is the true.This is Macedonia. |
||||
toni_a | kolku se ogranicheni bugarite samo...forum se sporeduva so drzhava se nadevam samo deka turcite ke go dokrivat vekje iskriveniot gen i ednash za sekogash da razberat vekje koj e kakov. haskovo koga ke dostavi oficijalen dokument od bugarija za priznavanje i pochituvanje na spornite prashanja so Makedonija,ke dobie pravo za pishuvanje na MK-dijalekt na forumot! sega za sega samo literaturno |
||||
tomislav1978 | Ovoj Karakacanov treba da se proglasi persona non grata Каракачанов: Во Бугарија нема место за Македонците Лидерот Красимир Каракачанов, вчера им даваше инструкции на своите членови по никоја цена да не дозволат Македонците да положат цвеќе на гробот на Сандански. Во говорот, тој ги повика младите генерации да се „исчистат од мислата дека постои некаква македонска нација и македонско национално малцинство во Бугарија“. - ВМРО е на своето место и нема да дозволи луѓето што се продаваат за печена кокошка, како што зборувал Рајко Жинзифов, да ја валкаат бугарската земја и гробот на Јане Сандански. Ние ја браниме каузата на бугарската држава на Македонија и сакаме сите Бугари да живеат заедно - рече тој. |
||||
tomislav1978 | Алити: Ова е шовинизам Не беше убава слика истакнатата парола на гробот на Јане Сандански дека „Македонија е бугарска“. Тоа не им служи на чест на тие што ја истакнале. Тоа не е цивилизациски потег. Тоа е најлош начин да се одбележи некој датум врзан за личност што потекнува од македонскиот народ. Ние немаме ништо против и Бугарите да го одбележуваат, но не е добро во таа пригода да се истакнуваат шовинистички пароли. Јане Сандански за време на својот живот кажал за што се чувствува - рече македонскиот амбасадор Абдурахман Алити, кој положил венец на гробот на Сандански. BRAVO ZA ALITI |
||||
dejan | Pa neli nie sme isti lugje?? kako taka? Sega na red e Makedonskata vlada da se sretne so Bugarskata vlada. |
||||
Haskovo | Who is Aliti? - shiptar.He dosn't have right to say that.When people from Macedonia can't guard Macedonia,then people from Pirin do it.we don't allow Jane's grave to desecrate. | ||||
Strelec |
Strelec: Ова е шовинизам |
||||
tomislav1978 |
Dali se dobiva ban ako pcujam ovoj debilov? |
||||
Haskovo | We don't allow Jane's grave to desecrate.This is not chauvinism.This is nation's will.This is right to defend our sacred and history. |
||||
Satanico Pandemonium |
Po istiot arshin ti nemash pravo da zboruvas za Jane Sandanski. No ne e toa poentata, poentata e da: religijski, etnicki , nacionalni navredi na ovoj forum ne se trpat. Smetaj go ova kako opomena. |
||||
marko_polog | Tomce, Odi napisi sega uste nekolku recenici po forumov za VMRO i "bugarasite" sto rakovodat so taa partija vo Makedonija, pa poslem krivi ti se bugarite sto prodolzuvaat so nivnata propaganda, a od koga im davate vie i takvite sto razmisluvaat kako tebe legimitet na taa propaganda, znaes li? Toa ne me chudi od bugarite i grcite bidejki oni den denes nelegalno imaat Makedonska teritorija vo nivnite granici, edinstveniot nacin za niv e negiranje na Makedonskata Nacija, toa ne e nikakva tajna, no sto da pravime so Makedoncite vo Republika Makedonija sto isto taka ja negiraat Makedonskata Nacija? Kako vie sto pravite sprema sekoj eden clen/simpatizer na VMRO. |
||||
vancom18 | ma tie bugarite se ustvari makedonci, samo se neosvesteni | ||||
Haskovo | And Sarbia say "neosvesteni" for croatians,but what happnend? | ||||
OooOo |
Vo sluchajov Aliti e nekoj koj povekje se sekira za Makedoncite nego tvoite tatari.
1. se pishuva doesn't 2. koj si ti da kazhuvash koj ima, a koj nema pravo da kazhuva? |
||||
mitko2848 | eве малку слики од "многоброиниот" митинг на омо илинден на паркингот :-) |
||||
Makedon |
Ama gledam pak kaj tie nacionalistite VMRO Krakacanska, na vlasite od Ruse, nema nitu eden covek |
||||
kardam | The following is first hand eyewitness account of the events at Rojen Monastery on 16/04/2006.Looking at what is happening today I regret that we don't have a person like Vance Mihailov with his strong will and devotion to the cause of Macedonia. Публикувано 17.04.06 22:51 На 16.04.2006г. в 8.50ч. тръгнахме от хотел "Мелник" в гр. Мелник. Преди нас вече бяха тръгнали няколко коли, а няколко десетки бяха спали до Роженския манастир на палатки. Най-тежките гемии дойдоха последни, щото пиха кафета. В село Рожен/7-8 къщи е цялото село/ ни спира полиция и ни замолва да продължим пеша нагоре към гроба на Яне Сандански и Роженския манастир. Пътят от селото до манастира е 4-5 минути. Изкачваме ги и в подножието на гроба виждаме сцената и нощувалите там ентусиасти. Полека-лека пристигат големите маси от хора на ВМРО от Пиринска Македония. Пловдивчани се изкачваме по-нагоре към манастира за да го разгледаме. Точно на паркингчето пред манастира съзряхме 3-4 хомовци. Сковаваха тяхната си сцена. Мотаеха се и някакви полицаи. Влязохме в манастира да разгледаме. Бавихме се около 30-40 минути. На излизане се поспряхме на поляната напосредствено пред манастира, защото си бяхме наумили да си останем на горната поляна при хомовците. Постепенно се придвижихме до сцената им. Там имаше вече няколко наши момчета, стоящи настрана. Бяха се събрали и хомовци. Специално заради Дундата и ботуша се захванах да ги изброя/абсолютно сериозно/. Бяха 43 човека, като вервайте ми, под 55 годишен нямаше. Та ние си се бяхме скупчили на една полянка и си киризехме хомовците. Мислехме им все хубави работи. Плътното полицейско присъствие обаче ни пречеше да изразим народната си любов спрямо хомовците. Затова взех и ги нащраках всичките хомовци с камерата на джиесема си. От скука. По едно време полицаите дойдоха и ни питаха какво правим. Казахме че си стом и си гледаме пейзажа. Помолиха ни да се махнем оттам. Отговорихме че няма да се махнем, защото не сме виждали манастира и искаме да го разгледаме. Като видяха че няма да се махнем, един реши да ни се пробва и ни вика "Момчета, ние вас пазим. После като ви чупят главите, вие ще дойдете да ни ревете със счупени глави". След бурния смях, ченгето се засрами и се махна. После още един се пробва да ни убеди, че началника на РДВР-Благоевград бил заповядал да отцепят района и да сме си ходили на нашата поляна по-долу. Пак отказхме да се махнем. Обаче тъй като стана ясно че няма да можем да си изразим народната любов, заради полицейското присътвие, се махнахме и си отидохме надолу. Горе останаха само двама, защото търсиха откъде да се сдобият с любимото им знаме с вентилатор. Междувременно броят на хомовците бе нараснал на около 80-90 човека, като някакви дядовци си бяха довели внучетата/4 внучета бяха/. Бяха се появили и няколко други 4-5 човека под 55г. възраст, като правеше впечатление изсуления им вид. Горе-долу към 11ч. си бях на долната поляна. Там вече думкаха певачите на Кольо Григоров, а се беше насъбрал и много народ. Ситуацията по едно време се разшумя. Някакъв хомовец, вървящ по пътя покрай нашата поляна и пълзящ нагоре към тяхната поляна, решил да се заяде. Заяждането му беше следното/това даваха по БиТиВи-то/, откъсна се иззад гърба на полицаите и нахлу към гроба на Яне Сандански. В ръката си държеше знаме с вентилатор, закачено на възможно най-кривата и къса пръчка, която би могла да послужи за кол за знаме. Нашите момчета първо му взеха знамето, а после взеха да го пляскат. Всичко това става за 1-2 минути. На втората минута полицаите го бяха отървали хомото, като му върнаха и знамето. Изпратиха го нагоре. Това беше "великата ситуация" и "великото сбиване" което въртяха по битивито. По-интересно беше да наблюдаваме цивилните ченгета, които се опитваха да се слеят с другите хора. Към 12ч. се зададе и македонският посланик от албански произход. спря му колата, човека излезе с някакви две брантии, застанаха мирно пред гроба, поднесоха венец и след 1 минута си влязоха в дипломатската кола и продължиха нагоре. Никой не го е освирквал. Не пипнхме и венеца му, а си го оставихме до края. Само накрая няколко момчета се развикаха "И преди и сега, Македония е българска", което е направило впечатление на неориентираните журналя. Междувременно Каракачана беше произнесъл реч, като гарантирам че македонските журналя ги нямаше на изказването и гарантирам че Каракачана не е говорил неща, като лъжите на ботуша. По едно време се чу, че някакви момчета се промъкнали през баирите и бутнали агрегата на хомовците. После пак настана скука, а и кольо Григоров раздига музиката и към 12.30ч. си тръгна. Постепенно и хората взеха да се разотиват. Пловдивчани в 13.30ч. си тръгнахме, защото вече беше безмислено да се стои. В 14.00ч. спряхме да си пием бира в Мелник. Решихме да звъннем "горе", да не сме изтървали нещо. Вяло ни отговориха че са ошамарили няколко заблудили се хомовци, пробващи се да се доберат до гроба на Яне Сандански. Нататък нищо интересно не е ставало. Като цяло хомовците успяха да съберат около 120-130 човека. Това е цялата историйка. Основното е че целият ден се характеризираше с една дума-СКУКА! |
||||
mafisKumA | kardam znam makedonski angleski latinski malce kineski i itlianski (dovolno samo za da dobiam cotek od nekoj tajlan ) a bugarski neznam samo nemoj da ste tolku ljubomorni vije bugarite deka nikoj ve nejci i zato nese borat za vas a nas makedonci site nesakat i nebarat zato se borat za nas P.S. and the point of your post is |
||||
toni_a |
ne sum znael deka me biva vo povikuvanje na "loshi duhovi"! ekspres i toa, neli kardam? inaku Mafis,nema point!dokazhuva kolku se primitivni tie od bnd! ne samo sto lazhat deka otishle da chestvuvaat,tuku si kazhuvaat i deka chekale samo na tepachki i provocirale.barem so dzandarite se razbrale kako sto treba. eeeee "bugarski patrioti" nemam zborovi za da ve opisham vo realna svetlina.barem da se chitate sto ste i kakvi ste koga nemozhete da razberete od sopstven napor! posle tuka na forum ke zborite za istorija... sto dokazhavte? deka vi znachi neshto Jane Sandanski? |
||||
Makedon | VMRO BND e so centar vo Ruse, a nejziniot Predsedatel e po poteklo Vlav, g-n Karakacanov. Partijata e so izrazito mal rejting vo BG, a koaliciraat so ATAKA. Glavno, clenovite im se vlasi i kumani od Ruse. | ||||
tomislav1978 | Македонското МНР протестира кај бугарскиот амбасадор Македонското Министерство за надворешни работи вчера попладне побара објаснување и протестира кај бугарскиот амбасадор во Македонија, Михо Михов, поради постојаниот негативен однос кон Македонците во Бугарија. Од Михов се бара да ги објасни случувањата во Роженскиот манастир и односот кон Македонците, кој е спротивен на Конвенцијата за човекови права. Ниту еден медиум во Бугарија вчера во своите извештаи од настанот не го постави прашањето зошто општинските власти на Сандански ги присилиле Македонците да чествуваат на друго место, а не на местото за кое првично им дале дозвола. Наместо тоа, тие известуваа за судирот меѓу припадниците на ОМО и на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов. Весникот „24 часа“ под наслов „Бој пред гробот на Јане“ го цитира Каракачанов, кој го повика бугарското МНР да реагира прашувајќи се што би се случило „ако бугарскиот амбасадор во Скопје се сретне со албански сепаратисти“. Уште прексиноќа бугарскиот државен телевизиски канал емитуваше извештај во кој за конфликтот ги обвини припадниците на ОМО „Илинден“. Во речиси сите извештаи Македонците се нарекуваат „македонисти од нерегистрираната ОМО - Пирин“. (Б.Ѓ.) |
||||
tomislav1978 | Македонците исчезнуваат на европскиот пат на Бугарија Ние само сакаме да создадеме подемократска и потолерантна Бугарија, во која ќе бидат признаени македонското и сите други малцинства и ќе се исчисти темната дамка од демократијата, пишува во апелот што македонските организации завчера го делеа пред Роженскиот манастир, чествувајќи го споменот на Јане Сандански. Апелот претставува и почеток на новата битка на Македонците во Бугарија за признавање на нивниот национален идентитет со обновата на забранетата политичка партија ОМО „Илинден-Пирин“. Поткрепени со одлуката на Европскиот суд за човекови права од Стразбур, кој ги осуди бугарските власти поради забраната, Македонците треба да соберат пет илјади пристапници во услови на жестока негација на се' што е македонско. Општинскиот кмет на градот Сандански вчера не сакаше да објасни зошто решил да и' даде дозвола на ултранационалистичката бугарска партија ВМРО-БНД пред гробот на македонскиот револуционер Јане Сандански да чествува 65-годишнина од „бугарското ослободување на Македонија во 1941 година“ и на верскиот празник Цветници. Со таквата одлука, кметот Андон Тотев практично го поништил решението со кое на Македонците им беше дозволено да му оддадат почит на Сандански, па чествувањето мораше да се одржи на паркинг. - Тоа е само уште еден доказ дека ништо суштинско не се менува во бугарската политика кон Македонците. Целта беше да се исценира инцидент за да не' прикажат како насилници, радикали, кои сакаат да се одвојат од Бугарија. Тоа нема да им успее. Ваквото однесување не може да ја однесе Бугарија во Европската Унија - изјави вчера Иван Сингартиски, лидер на ОМО „Илинден - Пирин“. |
||||
tomislav1978 | Посебна етничка група Бугарија треба да вложи дополнителни напори за целосно и ефективно да ја спроведе Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, со тоа што ќе ги признае Македонците и Помаците како посебни етнички групи. Ова го препорачува Советодавниот комитет за Рамковната конвенција во последниот извештај, објавен на 5 април годинава. Комитетот изрази длабока загриженост поради третманот на Македонците во јавниот живот и ја повика бугарската држава да ги заштити. Комитетот се осврнува и на пописот при што истакнува дека треба да се признаат Македонците како посебна етничка група, а не да се ставаат под графата жители што „се нарекуваат Македонци“. |
||||
tomislav1978 |
Ne znam zasto gi branis bugarive? Sto sakas da kazes, demek ne se bugarite tie so gi predizvikuvaat ovie incidenti, tuku tvoite omileni vlasi?? Sramota |
||||
трендафил | Мислам дека е јасно дека ние со Рамковниот договор испаднавме будалетинки. Само си ги намаливе природните права, односно основниот принцип на демократијата дека одлучува мнозинството, за џабе. Нормално е дека не би сакал да паднеме на примитивното ниво на кое уште се наоѓа Бугарија, но факт е дека кршењето на човекови права и неисполнувањето на било кој услов не е поголем проблем доколку постои политичка одлука некоја земја да влезе во ЕУ. |
||||
makedonec | Ovoj cin od strana na bugarskite nacionalisti VMRO-BND prestavuva grubo krsenje na fundamentalnite osnovni covekovi slobodi i prava propisani so Evropskata konvencija za covekovi slobodi i prava. Onevozmozuvanjeto na cestvuvanjeto na grobot na Pirinskiot car Jane Sandanski od strana na Makedoncite sto ziveat vo Bugarija e dokaz deka bugarskata drzava e se uste daleku od dostignuvanjato na civilizaciskite i demokratski vrednosti. Na Bugarija i pretstoi priem za vlez vo EU vo 2007 godina.Se postavuva prasanjeto dali ovaa zemja zasluzuva da bide integrirana vo EU, ako se ima predvid deka eden od uslovite za priem e pocituvanje na osnovnite covekovi slobodi i prava, uslov sto Bugarija ni oddaleku ne go ispolnuva. Drzava protiv kogo e podnesena tuzba do Evropskiot sud za covekovi prava vo Strazbur zaradi ne davanje dozvola za registracija na politicka partija na makedonskoto nacionalno malcinstvo, voedno so toa i negovo nepriznavanje definitivno ne treba da bide del od evropskoto semejstvo. |
||||
kardam | Let me ask you a question. Do you really think that if "macedonian nation " really existed and Bulgaria was oppressing such a minority present day Europe would just stand aside and do nothing? Unfortunatelly for you the Europe knows the truth about the Macedonia and its population. Their diplomats and politicians read real history not the sci-fiction books created by the "historians" in FYRM. | ||||
mafisKumA | kardam, and your point is |
||||
tomislav1978 | Бугарија ќе го тужи ОМО Илинден Се најавува тужба против активистите на ОМО Илинден - Пирин, а на разговор бил повикан и амбасадорот Алити Инцидентот на чествувањето на годишнината од смртта на Јане Сандански на Рожен ги заостри односите помеѓу Софија и Скопје. Завчера во македонското Министерство за надворешни работи беше повикан бугарскиот амбасадор Михо Михов, кому му бил искажан протест за настанот. Речиси во исто време македонскиот амбасадор во Софија Абдурахман Алити бил повикан во бугарското министерство за надворешни работи на разговор за истиот настан. Бугарското обвинителство соопшти дека има намера да ги тужи активистите на ОМО Илинден - Пирин за настаните од неделата. Наредбата дошла од бугарскиот заменик-јавен обвинител Христо Манчев. Како што пренесува Макфакс, Манчев му наредил на окружниот обвинител во Благоевград да собере докази за настанот, за конфликтите, за паролите и за изјавите од активистите на ОМО Илинден - Пирин. „Собирањето докази е во врска со извршено дело по член 325 и член 162 од Кривичниот законик за извршени хулигански дејства и поттикнување национална навреда и омраза“, се истакнува во соопштението на бугарското обвинителство. - Ако воопшто се случил инцидент во манастирот, тоа било пред да заминеме од таму и го предизвикале групи неодговорни жители, кои поради лични убедувања се подготвени со сила да решаваат некои работи - изјави вчера во Софија македонскиот амбасадор Абдурахман Алити. Тој вели дека се' уште не ја добил нотата од македонското МНР испратена до бугарските власти по овој повод. - Треба да се направи разлика помеѓу официјалната политика на бугарската влада и повремените манифестации од поединци и групи. Најодговорно тврдам дека односите помеѓу Република Македонија и Република Бугарија се исклучително добри, што може да се поткрепи и со честите средби на највисоко ниво - вели амбасадорот Алити. Според него, има луѓе што на кои не им одговара таквиот развој на настаните и се обидуваат да го попречат. - Сметам дека нема да успеат во тоа. Нашата заедничка иднина е во европското семејство на држави - додава Алити. Македонското Министерство за надворешни работи завчера упати официјален протест до Бугарија поради инцидентот кај манастирот Рожен кога на Македонците од ОМО Илинден и на ОМО Илинден - Пирин не им беше дозволено да одржат собир за чествување на 91-годишнината од загинувањето на Јане Сандански. Бугарскиот амбасадор во Македонија Михо Михов беше повикан во Министерството за надворешни работи за да објасни зошто се попречува чествувањето на Сандански и зошто Бугарија не ја почитува Европската конвенција за човекови права со која се гарантираат правата на малцинствата. МНР и лани упати протест до официјална Софија поради проблемите со чествувањето на годишнината од смртта на војводата Јане Сандански. |
||||
tomislav1978 | Сингартиски: Нема да не' исплашат Ова што сега го прави бугарското обвинителство е само обид на државата да го исплаши народот поради нашата најава дека ќе собереме потписи за регистрација на партијата на Македонците во Бугарија. Тоа нема да им успее, нема да не' исплашат, изјави вчера лидерот на ОМО Илинден Пирин, Иван Сингартиски. - Во неделата добро се виде кој викаше и кој навредуваше со зборовите: „предавници“, „и порано и сега Македонија е Бугарска“... Ние сме навикнати на таквите закани од обвинителството. Кога се правеше пописот на населението, медиумите велеа дека ќе не' дадат на суд поради агитацијата меѓу Македонците. На крајот, не испадна ништо. Бугарската држава треба да сфати дека ние мораме да ги уживаме правата според европските стандарди - вели Сингартиски. |
||||
toni_a | treba Makedonija da ja tuzi bugarija! ima pravo i bi dobila na internacionalen sud.pred se postojat eden kup dokazi deka drzhavata (BG)ne prevzema nishto protiv lugje sto imaat teritorijalni pretenzii... toa e isto kako da marshiram niz odzemenite germanski teritorii (posle WW2) i da propagiram golema germanija... vo takov sluchaj odma bi me "reshile".treba ednash za sekogash da se zainteresira drzhavata (MK) za ovie problemi i da pochne da deluva. |
||||
tomislav1978 | Одбележување на 91 година од смртта на Сандански Не сакаме повеќе бугарски ќотек. Нехумани се вашите пресии и затворски казни со кои не измачувавте со децении. Само поради тоа што сме Македонци, секој трет тврдокорен од Пиринскиот дел, ја почувствува суровоста на еклатантното кршење на човековите права од страна на бугарската држава. Ова беше дел од пораката што ја упатија дел од присутните на Рожденскиот манастир, местото кадешто пред 91 година е убиен и погребан Јане Сандански. На неговиот гроб се поклонија неколку стотици Македонци од Пирин, Егеј и повеќе градови од РМ, претставници на Сојузот на здруженија на децата бегалци. Иако беше најавено, на официјалниот датум од смртта на Сандански не пристигна македонскиот амбасадор. „Да запалиме свеќи и за македонските жртви на бугарскиот државен тероризам“, вели Јордан Костадинов, претседател на ОМО-Илинден. Под силно обезбедување на неуниформирани полицајци кои беа во улога на набљудувачи, за прв пат во изминатите 16 години, овој 4 часовен настан помина без нарушување на безбедноста. a1.com.mk Сепак, меѓу присутните Македонци се чувствуваше страв од судир помеѓу ОМО-Илинден и ОМО-Илинден Пирин кои пред само една седмица од истиот простор ги избркаа луѓето кои сакаа да се поклонат пред моштите на Сандански. |
||||
ragnarok | Peace...and justice for all! | ||||
tomislav1978 | Baram prevod na Makedonski(ili Angliski)! NE go razbiram bugarcevo | ||||
Satanico Pandemonium |
Posto ova e edinstveno na angliski , togas toa moze da ostane. Ostanatoto e izbrisano (na strana toa sto Bugarija ne predstavuva nisto vo MK te nemame potreba so vasi problemi da se bavime). Posto si nov: Odsega samo na Makedonski pisuvaj, ili bar na Angliski. Blagodaram. |
||||
chuvashki |
сега омовците имат сериозен проблем..како да обjаснат дека не можат да соберат 5000 души за партиja они и 500 нема да соберат, това за секoj е jaсно |
||||
chuvashki |
Кметот Андон Тотев е местен човек, од Сандански, избран од жителите на општнина Сандански на слобобни мажоритарни демократски избори. Според наивните представи на некои Македонци жителите на општина Сандански не са Бугари..да се смее ли човек на подобна инфантилност Истото важи и за кметот Причкапов на Благоевград, и за сите други кметове во Благоевградска област. Омовците не ги е избирал никоj да зборит од името на сите. |
||||
chuvashki |
Joрдан Костадинов, бивш старшина од бугарската армиja, уволнен за кражба на нафта, жртва на бугарскиот државен тероризам... Боже господи, ела слезни на земьата да си прибереш вересиите.. |