Фановите на Вардар удрија по фудбалерите.

Фановите на Вардар удрија по фудбалерите.
a-pin-dim
 


* Во соблекувалните на "црвено-црните" физички нападнати Ертан Демири, кој добил удар со нога во главата, како и младиот Дејан Костуранов, и двајцата фудбалери кои во пролетниот дел немаат настапено ниту една минута за клубот.

* Потежок инцидент спречиле капитенот Љупчо Кметовски, Арбен Нухији и уште неколку фудбалери а подоцна и припадниците на МВР кои го испитуваа целиот случај.


Вчера, десеттина минути пред почетокот на редовниот попладневен тренинг на Вардар група од дваесеттина членови на најверните вардарови навивачи упаднала во соблекувалната на "црвено-црните" при што во обидот да се пресметаат со своите миленици физички ги нападнале фудбалерите Ертан Демири, кој добил удар со нога во главата, како и 19-годишниот трет голман во клубот Дејан Костуранов. Потежок инцидент е спречен, а целиот случај е евидентиран во Министерството за внатрешни работи.

Незадоволни од катастрофално лошите игри на својот тим кои кулминираа по неделниот пораз од Ренова фановите на нашиот најтрофеен клуб (според очевидците мешана група од "Комити" и "Лојал Фанс") се одлучиле со радикални мерки да им укажат на "вардарци" дека веќе нема да го толерираат нивниот однос кон клубот. Упаѓајќи во соблекувалните на Вардар, во поттрибинскиот простор на "Градски", еден од "навивачите" веднаш со нога во лицето го удрил Демири. Паралелно во тие неколку секунди бил нападнат и Дејан Костуранов. Во моментот, иако збунети и уплашени од целата ситуација, интервенирале пред с$ капитенот Љупчо Кметовски, Арбен Нухији и уште неколку фудбалери кои спречиле и потежок инцидент. Во соблекувалната биле поголемиот дел од вардаровите првотимци како и членови на стручниот штаб и на управата на клубот при што секој од нив се обидувал да се извлече како знае и умее. За среќа, ако е тоа воопшто среќа, останало само на "полесните" удари кон Демири и Костуранов притоа нормално пропратено со серија дополнителни навреди и закани... Откако ги "посетиле" фудбалерите, напаѓачите се упатиле и кон соседната просторија каде биле присутни неколку членови на раководните структури во клубот при што и таму поделиле неколку "совети", меѓутоа без физички мерки...

Во таа мешаница веднаш биле повикани и припадниците на МВР кои само по кратко време со две комбиња дошле на Градскиот стадион каде официјално се земени изјави од сите учесници во инцидентот... Од целиот случај ќе произлезе официјален државен записник, меѓутоа ќе остане запишан уште еден немил настан во и околу нашиот најтрофеен клуб. И да не се штрајковите на фудбалерите... И да не се јавните расправии на двете раководни "струи", секако од тимот од Градски секогаш ќе се најде нешто што ќе ја анимира домашната спортска јавност.

Инаку, од раководството на Вардар вчера не сакаа да коментираат за случајот...

Преземено од Весникот Македонски Спорт.
ZOTE Овде можете да гласате дали е исправна одлуката иле не била исправна. Јас не знам ама денес Вардар победи со 3 - о против Беласица.

http://www.geocities.com/novachki/anketa.htm
wolf_pack Да се знае кои се прави фенови Диме!