ИСТОРИЈАТ НА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА ВО ФУДБАЛ |
||||
a-pin-dim | Иако фудбалот официјално "се роди" во 1904 година со основањето на ФИФА, се чекаше дури до 1924 година и Олимпискиот турнир во Париз за едно меѓународно натпреварување во овој спорт. Сепак, кога на следните Олимписки игри во Амстердам поголемиот дел од репрезентациите го откажаа своето учество, стана очигледна потребата за едно независно елитно фудбалско натпреварување. Така, на конгресот на ФИФА на 26 мај 1928 година во Амстердам беше одлучено да се организира ново натпреварување, во кое ќе учествуваат најквалитетните светски репрезентации. На 18 мај 1929 година беше решено првиот мундијал да се одржи во Уругвај. Уругвајците ја добија организацијата на ова СП бидејќи беа актуелни бранители на олимписката титула во фудбал, а во 1930 година оваа земја ја прославуваше и стогодишнината од својата независност. Изборот на Уругвај не наиде на одобрување кај европските репрезентации, кои долго време одбиваа да учествува во натпреварувањето бидејќи нивните фудбалери требаше долго да патуваат со брод. На два месеци до почетокот на мундијалот ниту една европска селекција го немаше потврдено своето учество, но по личните напори што ги вложи претседателот на ФИФА, Жил Риме, Белгија, Франција, Романија и Југославија се согласија да отпатуваат за Уругвај. Мундијалските контроверзии почнаа веќе во првата рунда, кога на натпреварот меѓу Аргентина и Франција судијата упорно навиваше за "Гаучосите". Кога им помогна на Аргентинците да поведат со 1:0, главниот судија ја прекина иницијативата на "триколорите" досудувајќи крај шест минути пред истекот на регуларните 90 минути. Во полуфиналните пресметки Аргентина и Уругвај ги декласираа репрезентациите на САД, односно Југославија, па на "Сентенарио" стадионот можеше да се проследи латино-финале. Уругвајците по првото полувреме беа во негатива од 1:2, но со фантастична игра во вторите 45 минути направија целосен пресврт и дојдоа до 30 см високиот и четири килограми тешкиот златен пехар "Жил Риме". Прославата за титулата траеше три дена и ноќи, а 31 јули беше прогласен за државен празник во Уругвај. РЕЗУЛТАТИ ПРВА РУНДА ГРУПА 1 Аргентина - Чиле 3:1 Аргентина - Мексико 6:3 Чиле - Франција 1:0 Чиле - Мексико 3:0 Аргентина - Франција 1:0 Франција - Мексико 4:1 ТАБЕЛА 1. Аргентина 3 3 0 0 10:4 6 2. Чиле 3 2 0 1 5:3 4 3. Франција 3 1 0 2 4:3 2 4. Мексико 3 0 0 3 4:13 0 ГРУПА 2 Бразил - Боливија 4:0 Југославија - Боливија 4:0 Југославија - Бразил 2:1 ТАБЕЛА 1. Југославија 2 2 0 0 6:1 4 2. Бразил 2 1 0 1 5:2 2 3. Боливија 2 0 0 2 0:8 0 ГРУПА 3 Уругвај - Романија 4:0 Уругвај - Перу 1:0 Романија - Перу 3:1 ТАБЕЛА 1. Уругвај 2 2 0 0 5:0 4 2. Романија 2 1 0 1 3:5 2 3. Перу 2 0 0 2 1:4 0 ГРУПА 4 Парагвај - Белгија 1:0 САД - Парагвај 3:0 САД - Белгија 3:0 ТАБЕЛА 1. САД 2 2 0 0 6:0 4 2. Парагвај 2 1 0 1 1:3 2 3. Белгија 2 0 0 2 0:4 0 ПОЛУФИНАЛЕ УРУГВАЈ - ЈУГОСЛАВИЈА 6:1 АРГЕНТИНА - САД 6:1 ФИНАЛЕ УРУГВАЈ - АРГЕНТИНА 4:2 Стрелци: Дорадо 12', Чеа 57', Ириарте 68', Кастро 89' - Пусел 20', Стабиле 37' Стадион: "Сентенарио" во Монтевидео Гледачи: 80.000 Судија: Јан Лангенус (Белгија) УРУГВАЈ: Балестерос, Андраде, Чеа, Дорадо, Гестидо, Маскерони, Скароне, Ириарте, Фернандез, Кастро, Насази АРГЕНТИНА: Ботасо, Варало, Пусел, Монти, Дела Торе, Х. Еваристо, Патерностер, Стабиле, М. Еваристо, Суарез, Фереира ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? За овој мундијал не се играа никакви квалификации. Учесниците беа повикани за настап во Уругвај со специјални покани. Романскиот крал Карол им даде тримесечен одмор на своите фудбалери и им гарантираше работа кога ќе се вратат во татковината по мундијалот. Кралот беше селектор на романската репрезентација, која веќе на првиот меч доживеа фијаско на дуелот со домаќинот Уругвај (4:0). И 76 години по ова СП, уште постојат двоумења околу стрелецот на првиот хет-трик на мундијалите. ФИФА и уште неколку проверени извори тврдат дека прв три гола на еден мундијалски меч постигнат Бетрам Патенауде (на 17 јули 1930, против Парагвај). Според други извори, првиот хет-трик на мундијалите е дело на Аргентинецот Гиљермо Стабиле, два дена подоцна, на мечот со Мексико. Стабиле беше најдобар стрелец на овој мундијал со осум постигнато погодоци. Сите натпревари од овој мундијал се одиграа на три стадиони (Сентенарио, Поситос и Парк Сентрал) во еден град - Монтевидео. |
|||
a-pin-dim | САД 1994 Самба во Америка Светското Првенство што во 1994 година се одигра во САД донесе големи возбудувања и крајно интересни натпревари, но и едно од најздодевните финалиња во историјата на мундијалите. На крајот се радуваа фудбалерите на Бразил, кои по подобро изведување на пенали ја совладаа Италија. Уште во текот на квалификациите се случија доста изненадувања. Бугарија со голот на Емил Костадинов во последната минута ја шокираше селекцијата на Франција. Колумбија приреди изненадување откако заврши на првото место во квалификациите за Јужна Америка. Аргентинците разочараа, па мораа да играат бараж-меч со Австралија за да си го осигураат пласманот на ова Светско Првенство. Најинтересно во првата фаза беше во групата "Е", каде сите четири селекции завршија со по четири освоени бода. Сепак, на крајот "извиси" Норвешка бидејќи имаше најслаба гол-разлика (1:1), додека Мексико, Италија и Република Ирска обезбедија пласман во натамошните борби. Саудиска Арабија шокираше многумина откако заврши на првото место во групата "Ф", но оваа селекција во осминафиналето беше елиминирана од Шведска. Роберто Баџо беше херој на Италија на поголемиот дел од овој мундијал. "Малиот буда" постигна гол во самиот финиш против Нигерија, одведувајќи го овој меч во продолженија (каде Баџо повторно даде гол, за пласман на "азурите" во четвртфиналето). Баџо постигна победнички гол и на три минути до крајот на четвртфиналето против Шпанија, а беше двоен стрелец на "азурите" и на полуфиналето против Бугарија. Бразил допатува во САД решен да ја потврди својата доминација на светската фудбалска сцена, и успеа во тоа. Предводени од Дунга на средината од теренот, и фантастичните Ромарио и Бебето во нападот, "кариоките" лесно стигнаа до првото место во групата. Во осминафиналето и победа од 1:0 им беше сосема доволно за да ја елиминираат домашната селекција на САД, а во четвртфиналето одиграа фантастичен меч против Холандија. "Лалињата" се вратија од негатива од 0:2 и дојдоа до израмнување, но Бранко со прекрасен гол од слободен удар го трасираше патот на Бразил до полуфиналето. Голот на Ромарио во 80. минута од полуфиналето против Шведска беше сосема доволен за триумф над "викинзите", со што "кариоките" се изборија за финале против Италија, реприза од завршниот меч од 1970 година. Идентично како и пред 24 години, повторно Бразил беше селекцијата што се радуваше на победата. Овојпат за да дојдат до трофеј на "кариоките" им беше потребен пенал-рулетот, каде потфрли најдобриот италијански фудбалер, Роберто Баџо, кој решавачкиот удар од белата точка го упати над голот на Тафарел. Со ова Бразил стигна до својата четврта титула светски првак, со што стана најуспешна селекција на мундијалите. ГРУПА "А" САД - Романија 0:1 Швајцарија - Колумбија 0:2 САД - Колумбија 2:1 Романија - Швајцарија 1:4 Колумбија - Романија 1:3 САД - Швајцарија 1:1 ТАБЕЛА 1. Романија 3 2 0 1 5:5 6 2. Швајцарија 3 1 1 1 5:4 4 3. САД 3 1 1 1 3:3 4 4. Колумбија 3 1 0 2 4:5 3 ГРУПА "Б" Камерун - Шведска 2:2 Бразил - Русија 2:0 Бразил - Камерун 3:0 Шведска - Русија 3:1 Русија - Камерун 6:1 Бразил - Шведска 1:1 ТАБЕЛА 1. Бразил 3 2 1 0 6:1 7 2. Шведска 3 1 2 0 6:4 5 3. Русија 3 1 0 2 7:6 3 4. Камерун 3 0 1 2 3:11 1 ГРУПА "Ц" Германија - Боливија 1:0 Шпанија - Кореа 2:2 Германија - Шпанија 1:1 Кореа - Боливија 0:0 Боливија - Шпанија 1:3 Германија - Кореа 3:2 ТАБЕЛА 1. Германија 3 2 1 0 5:3 7 2. Шпанија 3 1 2 0 6:4 5 3. Кореа 3 0 2 1 4:5 2 4. Боливија 3 0 1 2 1:4 1 ГРУПА "Д" Аргентина - Грција 4:0 Нигерија - Бугарија 3:0 Аргентина - Нигерија 2:1 Бугарија - Грција 4:0 Аргентина - Бугарија 0:2 Грција - Нигерија 0:2 ТАБЕЛА 1. Нигерија 3 2 0 1 6:2 6 2. Аргентина 3 2 0 1 6:3 6 3. Бугарија 3 2 0 1 6:3 6 4. Грција 3 0 0 3 0:10 0 ГРУПА "Е" Италија - Р. Ирска 0:1 Норвешка - Мексико 1:0 Италија - Норвешка 1:0 Мексико - Р. Ирска 2:1 Италија - Мексико 1:1 Р. Ирска - Норвешка 0:0 ТАБЕЛА 1. Мексико 3 1 1 1 3:3 4 2. Италија 3 1 1 1 2:2 4 3. Р. Ирска 3 1 1 1 2:2 4 4. Норвешка 3 1 1 1 1:1 4 ГРУПА "Ф" Белгија - Мароко 1:0 Холандија - С. Арабија 2:1 С. Арабија - Мароко 2:1 Белгија - Холандија 1:0 Белгија - С. Арабија 0:1 Мароко - Холандија 1:2 ТАБЕЛА 1. С. Арабија 3 2 0 1 4:3 6 2. Холандија 3 2 0 1 4:3 6 3. Белгија 3 2 0 1 2:1 6 4. Мароко 3 0 0 3 2:5 0 ОСМИНАФИНАЛЕ Германија - Белгија 3:2 Шпанија - Швајцарија 3:0 С. Арабија - Шведска 1:3 Романија - Аргентина 3:2 Холандија - Р. Ирска 2:0 Бразил - САД 1:0 Нигерија - Италија 1:1; 1:2 по прод. Мексико - Бугарија 1:1; 1:3 на пен. ЧЕТВРТФИНАЛЕ Италија - Шпанија 2:1 Холандија - Бразил 2:3 Бугарија - Германија 2:1 Романија - Шведска 1:1; 2:2; 4:5 на пен. ПОЛУФИНАЛЕ Шведска - Бразил 0:1 Бугарија - Италија 1:2 МЕЧ ЗА 3. МЕСТО Шведска - Бугарија 4:0 ФИНАЛЕ Бразил - Италија 0:0; 3:2 на пен. ФИНАЛЕ БРАЗИЛ - ИТАЛИЈА 0:0; 3:2 на пен. Стрелци: / Стадион: "Роуз Боул" во Пасадена Гледачи: 94.194 Судија: Шандор Пул (Унгарија) БРАЗИЛ: Тафарел, Жоргињо (Кафу 21'), Алдаир, Бранко, Дунга, Мауро Силва, Мазињо, Марсио Сантос, Зињо (Виола 106'), Бебето, Ромарио ИТАЛИЈА: Паљука, Бенариво, Барези, Малдини, Берти, Албертини, Дино Баџо (Евани 95'), Донадони, Муси (Аполони 35'), Роберто Баџо, Масаро ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Христо Стоичков од Бугарија и Олег Саленко од Русија ја добија наградата за најдобар стрелец на мундијалот. И двајцата постигнаа по шест погодоци на овој светски шампионат. Олег Саленко влезе во историјата на мундијалите откако на натпреварот против Камерун дури петпати успеа да ја затресе противничката мрежа. Со погодокот постигнат против Русија, Камерунецот Роже Мила го "поправи" својот рекорд како најстар стрелец на мундијалите. Мила имаше 42 години, еден месец и осум дена при одигрувањето на овој натпревар. Селекцијата на Бугарија немаше забележано победа на претходните 16 мундијалски средби. Сепак, Бугарите беа вистинска сензација на овој мундијал, успевајќи да го елиминираат актуелниот светски првак Германија за да обезбедат пласман во полуфиналето, каде загубија од Италија. Светското Првенство во САД важи за најпосетен мундијал. Средбите на стадионите во САД ги проследија вкупно 3.587.538 гледачи. Давид Гуалтиери од Сан Марино постигна гол по само девет секунди игра на квалификацискиот натпревар против Англија што се одигра во ноември 1993 година. Ова е најбрзиот гол што воопшто некогаш е постигнат во мундијалските квалификации. |
|||
a-pin-dim | ФРАНЦИЈА 1938 "Два од три" за Италијанците Капитените на Швајцарија и Германија на отворањето на мундијалот ФИФА реши организацијата на третото Светско првенство да & го додели на Франција, најмногу поради модерните стадиони со кои располагаше оваа земја. Селекциите од Јужна Америка беа бесни по ваквата одлука на светската куќа на фудбалот, па поради тоа Уругвај и Аргентина го откажаа своето учество на мундијалот, па Бразил допатува како единствен претставник од овој континент. Шпанија не настапи поради граѓанската војна што се водеше во оваа земја, додека Австрија не допатува во Франција поради политичките проблеми што ги имаше со Германија и ширењето на нацизмот и на нејзино тло. Во вакви услови Италијанците ја продолжија својата доминација во светскиот фудбал и на третиот одржан мундијал стигнаа до својата втора титула. Најинтересниот натпревар во првата рунда го одиграа селекциите на Бразил и Полска. По регуларните 90 минути оваа средба заврши 4:4, а по продолженијата од двапати по 15 минути "кариоките" се радуваа на триумф од 6:5. Овој меч ќе остане запаметен по тоа што Леонидас од Бразил и Вилимовски по фантастични четирипати ги совладаа противничките голмани. Многу се очекуваше и од четвртфиналната пресметка меѓу Бразил и Чехословачка, но таа не ги оправда очекувањата. Најмногу работа на овој дуел имаше судијата, кој исклучи тројца фудбалери, а петмина поради повреда порано го завршија натпреварот (двајца од нив мораше да бидат пренесени во болница). На крајот, сепак, Бразилците се радуваа на победата, иако Чехословачка по првото полувреме имаше предност од 1:0. Франција стана првата репрезентација што не ја освоила титулата на свој терен откако "триколорите" во четвртфиналето загубија од Италија со 3:1. На полуфиналето меѓу Бразил и Италија селекторот на "азурите" реши да го одмори најдобриот фудбалер Леонидас за финалето, убеден дека неговите фудбалери ќе немаат проблеми да ги минат "азурите". Тоа им се одмазди, и Италијанците си го обезбедија пласманот во финалето по триумфот од 2:1. Финалето мина во неочекувана доминација на "азурите", кои предводени од Меаца и Ферари на средината од теренот не им дозволија на репрезентативците на Унгарија да ги покажат своите квалитети. Колауси и Пиола беа непогрешливи во нападот на "азурите", помагајќи оваа селекција да ја освои титулата освоена пред четири години на домашно тло. РЕЗУЛТАТИ Швајцарија - Германија 1:1 Повторен меч: Швајцарија - Германија 4:2 Куба - Романија 3:3 Повторен меч: Куба - Романија 2:1 Италија - Норвешка 1:1 (2:1 по прод.) Унгарија Ист. Индија 6:0 Чехословачка - Холандија 0:0 (3:0 по прод.) Бразил - Полска 4:4 (6:5 по прод.) Франција - Белгија 3:1 Шведска - Австрија 3:0 (служ.) ЧЕТВРТФИНАЛЕ Бразил - Чехословачка 1:1 Повторен меч: Бразил - Чехословачка 2:1 Шведска - Куба 8:0 Унгарија - Швајцарија 2:0 Италија - Франција 3:1 ПОЛУФИНАЛЕ Италија - Бразил 2:1 Унгарија - Шведска 5:1 МЕЧ ЗА 3. МЕСТО Бразил - Шведска 4:2 ФИНАЛЕ Италија - Унгарија 4:2 ФИНАЛЕ Италија - Унгарија 4:2 Стрелци: Колауси 6', 35', Пиола 19', 82' - Титкос 8', Сароши 70' Стадион: "Олимписки" во Париз Гледачи: 45.000 Судија: Жорж Капдевиљ (Франција) ИТАЛИЈА: Оливиери, Локатели, Ферари, Серантони, Фони, Рава, Пиола, Меаца, Колауси, Биавати, Андреоло УНГАРИЈА: Сабо, Биро, Секеш, Винце, Салај, Сас, Полгар, Сароши, Титкос, Лазар, Зенгелер ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Швеѓанецот Арне Ниберг го постигна најбрзиот гол дотогаш на Светските првенства. На средбата со Унгарија овој фудбалер се запиша во листата на стрелците по само 35 секунди игра. Најдобар стрелец на овој мундијал беше Бразилецот Леонидас, со осум постигнати погодоци. За време на полуфиналниот меч меѓу Италија и Бразил дојде до една многу интересна случка. Беше досуден пенал за "азурите", кој тргна да го изведе Џузепе Меаца. Сепак, додека тој притрчуваше кон топката, ластикот од шорцевите му се олабави и тие му паднаа под половината. Сепак, Меца ги крена шорцевите, и ги држеше со левата рака додека успешно го изведе ударот од белата точка со кој им донесе огромна радост на Италијанците. |
|||
a-pin-dim | ШВАЈЦАРИЈА 1954 Германија првак, шок за унгарските "ѕвезди" Петтиот мундијал по ред беше организиран во Швајцарија, а остана запаметен по огромната ефиксност на сите натпревари (на 26 средби беа постигнати вкупно 140 гола, во просек 5.38 по натпревар). Унгарија допатува на ова Светско првенство како голем фаворит. Унгарците беа актуелни олимписки шампиони и немаа претрпено пораз на последните 28 натпревари, но потклекнаа пред последната пречка, во големото финале загубија од селекцијата на Германија. Овој мундијал е првиот што добива навистина "светска димензија" бидејќи во квалификациите учествуваа и репрезентации од Азија (Кореа и Јапонија) и од Африка (Египет). Во Швајцарија силите си ги одмерија 16 репрезентација, четири повеќе отколку во Бразил на претходното Светско првенство. Уште во првата рунда Унгарија ја декласираше Кореја со 9:0, потврдувајќи ја својата сериозна кандидатура во трката за светската фудбалска круна. Најинтересно во првата рунда беше во групата 1, каде што Бразил само поради подобра гол-разлика се најде на првото место. Сепак, првото место значеше и дуел со Унгарија во четвртфиналето. И покрај добрата игра, "кариоките" претрпеа пораз од 4:2 (Кочиш беше најдобар поединец на мечот со два постигнати гола). Овој меч остана долго запаметен по големата тепачка што се случи во соблекувалните по последниот свиреж на судијата, кога разлутените Бразилци влетаа кај Унгарците. Овој инцидент не остави преголема трага кај Пушкаш, Кочиш и останатите унгарски "ѕвезди", кои во полуфиналето одиграа фантастичен меч со Уругвај и по продолженијата од двапати по 15 минути успеаја да ги елиминираат актуелните светски шампиони. И финалето меѓу Германија и Унгарија донесе огромни возбудувања. По само осум минути игра Унгарците водеа со 2:0 благодарение на головите на Цибор и Пушкаш. Сепак, германската упорност се покажа на дело бидејќи избраниците на Сеп Хербергер собраа сили и предводени од херојот Хелмут Ран направија целосен резултатски пресврт и дојдоа до својата прва титула светски шампиони. РЕЗУЛТАТИ: ГРУПА 1 Југославија - Франција 1:0 Бразил - Мексико 5:0 Бразил - Југославија 1:1 Франција - Мексико 3:2 ГРУПА 2 Германија - Турција 7:2 Турција - Р. Кореа 7:0 Унгарија - Германија 8:3 Унгарија Р. Кореа 9:0 Германија - Турција 4:1 ГРУПА 3 Уругвај - Чехословачка 2:0 Австрија - Шкотска 1:0 Уругвај - Шкотска 7:0 Австрија - Чехословачка 5:0 ГРУПА 4 Швајцарија - Италија 2:1 Англија - Белгија 3:3 (4:4 по прод.) Италија - Белгија 4:1 Англија - Швајцарија 2:0 Швајцарија - Италија 4:1 ЧЕТВРТФИНАЛЕ: Германија - Југославија 2:0 Унгарија - Бразил 2:0 Уругвај - Англија 4:2 Австрија - Швајцарија 7:5 ПОЛУФИНАЛЕ: Германија - Австрија 6:1 Унгарија - Уругвај 2:2 (4:2 по прод.) МЕЧ ЗА 3. МЕСТО: Австрија - Уругвај 3:1 ФИНАЛЕ: Германија - Унгарија 3:2 ФИНАЛЕ: ГЕРМАНИЈА - УНГАРИЈА 3:2 (2:2) Стрелци: Морлок 10', Ран 18', 84' - Пушкаш 6', Цибор 8' Стадион: "Ванкдорф" во Берн Гледачи: 60.000 Судија: Вилијам Линг (Англија) ГЕРМАНИЈА: Турек, Колмајер, Екел, Маи, Посипал, Либрих, Морлок, Ран, Шефер, О. Фриц, В. Фриц УНГАРИЈА: Гросич, Бузански, Лорант, Лантош, Божик, Захариаш, Тот, Кочиш, Хидекути, Пушкаш, Цибор ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Унгарецот Шандор Кочиш беше најдобар стрелец на овој мундијал постигнувајќи дури 11 погодоци за својата репрезентација. Четвртфиналниот меч на 26 јуни меѓу Австрија и Швајцарија заврши со триумф на Австријците од 7:5, иако Швајцарија на почетокот имаше водство од 3:0. Овој меч влезе во историјата како најефикасен дотогаш на Светските првенства. Уругвај допатува во Швајцарија како бранител на светската круна. Бидејќи не настапија на два од претходните четири мундијали, Уругвајците во пресрет на овој мундијал исто така беа и единствена селекција без претрпен пораз на меч од СП. Нивната серија заврши на полуфиналната пресметка со Унгарија, кога дури по продолженија загубија со 4:2. |
|||
a-pin-dim | АНГЛИЈА 1966 Останува дилемата, гол или не на Џеф Харст ФИФА покрена многу контроверзии со поделбата на местата за овој мундијал. Иако дури 70 селекции учествуваа во квалификациите, ФИФА реши дури 10 места да додели на Европа, четири на Јужна Америка, и по едно на Азија и Северна и Централна Америка. Ова предизвика огромни проблеми за организаторот бидејќи покрај целосниот бојкот на Африканците, своето учество го откажаа и неколку квалитетни селекции од Азика и Централна Америка. Ваквиот развој на настаните го искористи селекцијата на Кореа, која по убедливите победи над Австралија (6:1 и 3:1) си го визираше настапот на ова Светско првенство. Бразилците важеа за големи фаворити на мундијалот, но не успеаја да стигнат до третиот трофеј во серија. Главна причина за тоа сигурно беше повредата на Пеле. Најдобриот светски фудбалер се повреди на премиерниот меч со Бугарија. Поради ова Пеле не настапи за "кариоките" при поразот од Унгарија, а неговиот кам-бек во третото коло против Португалија траеше премногу кратко. Тој повторно се повреди и на носилки беше изнесен, а без негова помош "кариоките" го претрпеа вториот пораз во серија и не успеаја да се пласираат ниту во четвртфиналето од ова натпреварување. Англија шокираше многумина кога во првото коло одигра само 0:0 против селекцијата на Уругвај. Сепак, избраниците Алф Ремзи "воскреснаа" во преостанатиот дел од шампионатот бидејќи на следните три средби воопшто не примија гол. Еден од најнезаборавните дуели во историјата на Светските првенства се одигра на 23 јули на Гудисон Парк, кога во четвртфиналето се сретнаа Кореја и Португалија. Корејците шокираа многумина кога по само 25 минути поведоа со фантастични 3:0 и сите помислија дека оваа селекција ќе продолжи со сензационалните резултати. Сепак, така не мислеше Еузебио, кој со четири постигнати гола самиот направи целосен резултатски пресврт, пред Аугусто во 80. минута да ги постави конечните 5:3 на овој меч. Во големото финале на 30 јули на Вембли се сретнаа Англија и Германија, кои го одиграа најинтересното финале во историјата на Светските Првенства. Со голот на Волфганг Вебер на една минута до крајот Германците се изборија за реми (2:2) и го одведоа мечот во продолженија. Таму следеа уште поголеми возбудувања и фамозниот Гол на Џеф Харст. Иако видеоснимките и 40 години подоцна не ја оправдуваат судиската одлука овој гол да биде признаен (се чини дека топката откако удри во пречката, не заврши зад гол-линијата). Сепак, советскиот помошен судија Тофик Бахрамов му сугерираше на главниот арбитар Динст дека станува збор за гол носејќи огромна радост меѓу присутните на Вембли. Така, Англија со доста контроверзии стигна до титулата на едно големо натпреварување, единствена на "Гордиот албион" и до ден денеска. ГРУПА 1 Англија - Уругвај 0:0 Франција - Мексико 1:1 Уругвај - Франција 2:1 Англија - Мексико 2:0 Уругвај - Мексико 0:0 Англија - Франција 2:0 ТАБЕЛА 1. Англија 3 2 1 0 4:0 5 2. Уругвај 3 1 2 0 2:1 4 3. Мексико 3 0 2 1 1:3 2 4. Франција 3 0 1 2 2:5 1 ГРУПА 2 Германија - Швајцарија 5:0 Аргентина - Шпанија 2:1 Шпанија - Швајцарија 2:1 Германија - Аргентина 0:0 Аргентина - Швајцарија 2:0 Германија - Шпанија 2:1 ТАБЕЛА 1. Германија 3 2 1 0 7:1 5 2. Аргентина 3 2 1 0 4:1 5 3. Шпанија 3 1 0 2 4:5 2 4. Швајцарија 3 0 0 3 1:9 0 ГРУПА 3 Бразил - Бугарија 2:0 Португалија - Унгарија 3:1 Унгарија - Бразил 3:1 Португалија - Бугарија 3:0 Португалија - Бразил 3:1 Унгарија - Бугарија 3:1 ТАБЕЛА 1. Португалија 3 3 0 0 9:2 6 2. Унгарија 3 2 0 1 7:5 4 3. Бразил 3 1 0 2 4:6 2 4. Бугарија 3 0 0 3 1:8 0 ГРУПА 4 СССР - Кореа 3:0 Италија - Чиле 2:0 Р. Кореа - Чиле 1:1 СССР - Италија 1:0 Кореа - Италија 1:0 СССР - Чиле 2:1 ТАБЕЛА 1. СССР 3 3 0 0 6:1 6 2. Кореа 3 1 1 1 2:4 3 3. Италија 3 1 0 2 2:2 2 4. Чиле 3 0 1 2 2:5 1 ЧЕТВРТФИНАЛЕ Португалија - Кореа 5:3 Германија - Уругвај 4:0 СССР - Унгарија 2:1 Англија - Аргентина 1:0 ПОЛУФИНАЛЕ Англија - Португалија 2:1 Германија - СССР 2:1 МЕЧ ЗА 3. МЕСТО Португалија - СССР 2:1 ФИНАЛЕ: Англија - Германија 2:2 (4:2 по прод.) ФИНАЛЕ: АНГЛИЈА - ГЕРМАНИЈА 2:2 (4:2 по прод.) Стрелци: Харст 18', 101', 120', Питерс 78' - Халер 12', Вебер 89' Стадион: Вембли Гледачи: 93.000 Судија: Готфрид Динст (Швајцарија) АНГЛИЈА: Бенкс, Коен, Вилсон, Стајлс, Џ. Чарлтон, Мур, Бол, Б. Чарлтон, Харст, Питерс, Хант ГЕРМАНИЈА: Тилковски, Хетгес, Шнелингер, Бекенбауер, Шулц, Вебер, Халер, Зелер, Хелд, Емерих, Оверат ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Португалецот Еузебио беше најдобар стрелец на ова Светско првенство со вкупно девет постигнати погодоци. Африканските репрезентации го бојкотираа овој мундијал по одлуката на ФИФА најдобрата селекција од овој континент потоа да игра бараж-меч со претставникот на Азија или Океанија. Репрезентацијата на Југославија не се пласираше на овој мундијал откако во квалификациите не успеа да ја елиминира Франција. Селекторот на Јужна Кореја уште во 1962 година одведе 30 фудбалери од оваа земја во специјален тренинг камп. Четиригодишните подготовки дадоа плод, па Корејците беа едно од најголемите изненадувања на шампионатот успевајќи да се пласираат во четвртфиналето. |
|||
a-pin-dim | МЕКСИКО 1970 Хет-трик на "кариоките" Откако на последниот мундијал беа буквално претепани од противниците, Бразилците крајно мотивирано отпатуваа за Мексико. Селекторот Жоао Салдана се најде во центарот на вниманието со изјавите дека ќе ги учи своите играчи и на боречки вештини за да ги издржат противничките стартови. Сепак, за Салдана беше кобна изјавата дека нема да го повика Пеле во составот за мундијалот, по што тој експресно беше смене, и на негово место пристигна Марио Загало. Бразилецот Жаирзињо влезе во историјата како единствен фудбалер што постигнал гол на сите натпревари за својата селекција на еден мундијал. Домаќинот Мексико одигра 0:0 на отворањето против СССР, но на следните две средби од 1. група дојде до победи без примен гол и се пласираше во натамошните борби. Сепак, Мексиканците не можеа да ја запрат фантастичната селекција на Италија, која во четвртфиналето ги "прегази" со 4:1 (Рива беше стрелец на два погодоци). Од четвртфиналните пресметки најголемо внимание привлече репризата од последното финале, каде се сретнаа Германија и Англија. "Панцирите" успеаја да се одмаздат за поразот од Вембли од пред четири години, кога Герд Милер со гол во 108. минута го обезбеди нивниот пласман во полуфиналето. Таму Германците налетаа на селекцијата на Италија. "Жешката пресметка" заврши со 1:1 по 90 минути игра. Франц Бекенбауер си го измести рамото во второто полувреме, но сепак остана на теренот до последниот свиреж на судијата. Сепак, храброста и упорноста на Кајзер не беа доволни бидејќи Германците примија три гола во продолженијата и загубија со 4:3 (Герд Милер постигна два погодоци во дополнителните 30 минути, но ни тоа не помогна за Германците да се пласираат во финалето). Во второто латино-полуфинале, Бразил без поголеми проблеми го совлада Уругвај со 3:1. Во големото финале Италијанците им пружија невообичаено мал отпор на "кариоките", кои целосно доминираа и заслужено дојдоа до победа од 4:1. Пеле го постигна првиот гол на оваа средба и по нејзиното завршување се најде на рацете на соиграчите. Ова беше последниот натпревар што најдобриот светски фудбалер на сите времиња го одигра на мундијалите. РЕЗУЛТАТИ ГРУПА 1 Мексико - СССР 0:0 Белгија - Ел Салвадор 3:0 СССР - Белгија 4:1 Мексико - Ел Салвадор 4:0 СССР - Ел Салвадор 2:0 Мексико - Белгија 1:0 ТАБЕЛА 1. СССР 3 2 1 0 6:1 5 2. Мексико 3 2 1 0 5:0 5 3. Белгија 3 1 0 2 4:5 2 4. Ел Салвадор 3 0 0 3 0:9 0 ГРУПА 2 Уругвај - Израел 2:0 Италија - Шведска 1:0 Уругвај - Италија 0:0 Шведска - Израел 1:1 Шведска - Уругвај 1:0 Италија - Израел 0:0 ТАБЕЛА 1. Италија 3 1 2 0 1:0 4 2. Уругвај 3 1 1 1 2:1 3 3. Шведска 3 1 1 1 2:2 3 4. Израел 3 0 2 1 1:3 2 ГРУПА 3 Англија - Романија 1:0 Бразил - Чехословачка 4:1 Романија - Чехословачка 2:1 Бразил - Англија 1:0 Бразил - Романија 3:2 Англија - Чехословачка 1:0 ТАБЕЛА 1. Бразил 3 3 0 0 8:3 6 2. Англија 3 2 0 1 2:1 4 3. Романија 3 1 0 2 4:5 2 4. Чехословачка 3 0 0 3 2:7 0 ГРУПА 4 Перу - Бугарија 3:2 Германија - Мароко 2:1 Перу - Мароко 3:0 Германија - Бугарија 5:2 Германија - Перу 3:1 Бугарија - Мароко 1:1 ТАБЕЛА 1. Германија 3 3 0 0 10:4 6 2. Перу 3 2 0 1 7:5 4 3. Бугарија 3 0 1 2 5:9 1 4. Мароко 3 0 1 2 2:6 1 ЧЕТВРТФИНАЛЕ Германија - Англија 2:2 (3:2 по прод.) Бразил - Перу 4:2 Италија - Мексико 4:1 Уругвај - СССР 0:0 (1:0 по прод.) ПОЛУФИНАЛЕ Бразил - Уругвај 3:1 Италија - Германија 1:1 (4:3 по прод.) МЕЧ ЗА 3. МЕСТО Германија - Уругвај 1:0 ФИНАЛЕ Бразил - Италија 4:1 ФИНАЛЕ БРАЗИЛ - ИТАЛИЈА 4:1 Стрелци: Пеле 18', Жерсон 66', Жаирзињо 71', К. Алберто 86' - Бонинсења 37' Стадион: "Ацтека" во Мексико Сити Гледачи: 107.412 Судија: Рудолф Глекнер (Германија) БРАЗИЛ: Феликс, Брито, Пиаца, К. Алберто, Клодоалдо, Жаирзињо, Жерсон, Тостао, Пеле, Евералдо, Ривелињо ИТАЛИЈА: Албертоси, Бургнич, Факети, Чера, Росато, Бертини (Јулијано 74'), Рива, Доменгини, Мацола, Де Систи, Бонинсења (Ривера 84') ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Германецот Герд Милер беше најдобар стрелец на ова СП, со 10 постигнати погодоци. По третиот триумф на Светските првенства, ФИФА им го додели шампионскиот пехар во трајна сопственост на Бразилците. Сепак, пехарот наскоро беше украден во Бразил и никогаш не беше пронајден. На Бразилската фудбалска федерација & беше подарена копија од пехарот за витрината со трофеи. Во 1970 година за првпат беше воведена употребата на жолти и црвени картони. Сепак, првиот црвен картон беше доделен на мундијалите дури четири години подоцна. Уште во текот на квалификациите за овој мундијал се случија доста изненадувања: Аргентина беше елиминирана од аутсајдерот Перу, Португалија не се пласираше во групата со Романија, Грција и Швајцарија, додека изненадувањето од последното СП, селекцијата на Кореја, беше дисквалификувана по одбивањето да игра против репрезентацијата на Израел. |
|||
a-pin-dim | АРГЕНТИНА 1978 Прва радост за "гаучосите" Овој мундијал лесно можеше да биде најконтроверзен во историјата на Светските првенства откако поголемиот дел од репрезентациите се заканија со бојкот поради тоталитаристичкиот режим на генералот Видела. Сепак, на крајот сите селекции допатуваа за да учествуваат на ова Светско првенство. Јохан Кројф остана доследен на своите верувања и поради политичката нестабилност во земјата-домаќин воопшто не отпатува за Аргентина. Без Кројф во тимот на Холанѓаните им недостигаше стабилност. Така, многу малу фалеше "лалињата" да испаднат уште во првата рунда. Решавачки беше мечот со Шкотска, на кој на Шкотите им беше потребна победа од три гола разлика за да стигнат до второто место во својата група. По 68 минути игра Шкотите предводени од Гемил и Далглиш имаа водство од 3:1 и им фалеше само уште еден гол за историски успх, но во финишот Џони Реп ги разреши сите дилеми постигнувајќи го вториот погодок за "лалињата", со кој оваа селекција се задржа на втората позиција на табелата. Селекцијата на Франција се врати на елитните натпреварувања по пауза од 12 години. Предводени од селекторот Хидалго, "триколорите" одиграа фантастични натпревари против Италија и Аргентина, на кои беа несреќно поразени со 3:1. За разлика од првата рунда, во следната фаза селекцијата на Холандија делуваше далеку посигурно. Роби Ренсенбринк прерасна во вистински лидер на оваа репрезентација и беше меѓу најзаслужните за победите над Италија (2:1) и Австрија (5:1). Далеку поинтересно беше во "Б" групата од втората рунда натпревари. Бразилците забележаа две победи и ремизираа во директната пресметка со Аргентина и со едната нога веќе се наоѓаа во големото финале. На Аргентинците им беше потребна победа од најмалку четири гола разлика за да ги нарушат плановите на "кариоките". Иако малкумина веруваа дека такво нешто е возможно, Аргентина славеше над Перу со 6:0 во меч кој предизвика многу контроверзи поради незалагањето на перуанските фудбалери на оваа средба. Во големото финале Аргентинците предводени од Пасарела и Кемпес успеаја да им донесат огромна радост на своите навивачи. Мечот по регуларните 90 минути заврши 1:1, но "гаучосите" постигнаа уште два гола во продолженијата од двапати по 15 минути и заслужено стигнаа до својата прва титула светски првак. РЕЗУЛТАТИ ПРВА РУНДА ГРУПА 1 Италија - Франција 2:1 Аргентина - Унгарија 2:1 Италија - Унгарија 3:1 Аргентина - Франција 2:1 Франција - Унгарија 3:1 Италија - Аргентина 1:0 ТАБЕЛА 1. Италија 3 3 0 0 6:2 6 2. Аргентина 3 2 0 1 4:3 4 3. Франција 3 1 0 2 5:5 2 4. Унгарија 3 0 0 3 3:8 0 ГРУПА 2 Германија - Полска 0:0 Тунис - Мексико 3:1 Германија - Мекдико 6:0 Полска - Тунис 1:0 Германија - Тунис 0:0 Полска - Мексико 3:1 ТАБЕЛА 1. Полска 3 2 1 0 4:1 5 2. Германија 3 1 2 0 6:0 4 3. Тунис 3 1 1 1 3:2 3 4. Мексико 3 0 0 3 2:12 0 ГРУПА 3 Австрија - Шпанија 2:1 Шведска - Бразил 1:1 Австрија - Шведска 1:0 Бразил - Шпанија 0:0 Шпанија - Шведска 1:0 Бразил - Австрија 1:0 ТАБЕЛА 1. Австрија 3 2 0 1 3:2 4 2. Бразил 3 1 2 0 2:1 4 3. Шпанија 3 1 1 1 2:2 3 4. Шведска 3 0 1 2 1:3 1 ГРУПА 4 Шкотска - Холандија 3:2 Перу - Иран 4:1 Холандија - Перу 0:0 Шкотска - Иран 1:1 Холандија - Иран 3:0 Перу - Шкотска 3:1 ТАБЕЛА 1. Перу 3 2 1 0 7:2 5 2. Холандија 3 1 1 1 5:3 3 3. Шкотска 3 1 1 1 5:6 3 4. Иран 3 0 1 2 2:8 1 ВТОРА РУНДА ГРУПА "А" Холандија - Австрија 5:1 Германија - Италија 0:0 Германија - Холандија 2:2 Италија - Австрија 1:0 Австрија - Германија 3:2 Холандија - Италија 2:1 ТАБЕЛА 1. Холандија 3 2 1 0 9:4 5 2. Италија 3 1 1 1 2:2 3 3. Германија 3 0 2 1 4:5 2 4. Австрија 3 1 0 2 4:8 2 ГРУПА "Б" Бразил - Перу 3:0 Аргентина - Полска 2:0 Полска - Перу 1:0 Аргентина - Бразил 0:0 Бразил - Полска 3:1 Аргентина - Перу 6:0 ТАБЕЛА 1. Аргентина 3 2 1 0 8:0 5 2. Бразил 3 2 1 0 6:1 5 3. Полска 3 1 0 2 2:5 2 4. Перу 3 0 0 3 0:10 0 МЕЧ ЗА 3. МЕСТО Бразил - Италија 2:1 ФИНАЛЕ Аргентина - Холандија 1:1; 3:1 по прод. ФИНАЛЕ Аргентина - Холандија 1:1; 3:1 по прод. Стрелци: Кемпес 38', 105', Бертони 116' - Нанинга 82' Стадион: "Ривер Плата" во Буенос Аирес Гледачи: 71.483 гледачи Судија: Серџо Гонела (Италија) АРГЕНТИНА: Филол, Гаљего, Галван, Ардиљес (Лароса 65'), Бертони, Олгуин, Пасарела, Тарантини, Луке, Ортиз (Хаусман 74'), Кемпес ХОЛАНДИЈА: Јангблад, Хан, Рене ван де Керкоф, Вили ван де Керкоф, Крол, Ренсебринк, Портвлит, Реп (Нанинга 59'), Нескенс, Брантс, Јансен (Сурбиер 72') ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Аргентинецот Марио Кемпес беше најдобар стрелец на овој мундијал со шест постигнати гола. Репрезентацијата на Англија загуби само еден натпревар во квалификациите, но поради послабата гол-разлика од Италија не се пласираше на ова Светско првенство. На 9 јануари 1977 година Тунис го доби квалификацискиот меч со Мароко со подобро изведување на пеналите. Оваа средба влезе во историјата како прва што во квалификациите од еден мундијал била решена со пенал-рулет |
|||
a-pin-dim | ШПАНИЈА 1982 Роси блесна во вистински момент Поради се поголемата популарност на Светските првенства, ФИФА се реши од овој мундијал да се зголеми бројот на земјите учеснички, од 16 на 24. Шпанците добија пофалби за фантастичната организација на мундијалот, кој донесе неколку незаборавни натпревари. Големо изненадување во квалификациите приреди селекцијата на Франција, која ја елиминираше Холандија, финалистот од последните две СП. Италијанците разочараа многумина со слабите игри во првата рунда. Сите три средби на "азурите" завршија нерешено, оваа селекција постигна само еден гол (против Камерун, стрелец беше Грациани), но, сепак, се пласираше во натамошните борби (како второпласирана, зад Полска). Ремито со Камерун во третото коло ги разбуди "азурите", кои во преостанатиот дел од шампионатот прикажаа фантастична игра. Особено прекрасен беше натпревар во втората фаза меѓу Италија и Бразил. "Кариоките" предводени од Зико, Сократес и Фалкао прикажаа фантастична игра, постигнаа два гола, но не успеаја да го запрат Паоло Роси. Фантастичниот напаѓач постигна хет-трик на оваа средба, и им овозможи на Италијанците да го освојат првото место во групата и да се пласираат во полуфиналето. Домаќинот Шпанија на овој мундијал без поголеми проблеми се пласираше во втората рунда, но таму налета на Германија и Англија, и го освои последното место во групата. Германците го освоија првото место во оваа група, а во полуфиналето налетаа на фантастичните Французи предводени од Мишел Платини. Мечот во регуларните 90 минути заврши 1:1, а на самиот почеток од продолженијата "триколорите" поведоа со 3:1 и беа на прагот на своето прв финале во историјата. Сепак, Германците се вратија во живот и со головите на Румениге (102') и Фишер (108') се изборија за пенал-рулет. Таму царуваше германскиот голман Харалд Шумахер, кој е најзаслужен што "панцирите" го крунисаа овој фантастичен меч со пласман во финалето. Сепак, фудбалерите на Германија како да се истрошија против Французите, па во големото финале беа буквално прегазени од Италија. "Азурите" почнаа фуриозно, на самиот почеток Кабрини не реализираше пенал, но потоа Роси, Тардели и Алтобели го совладаа Шумахер и ја осигураа третата титула светски првак за Италија. РЕЗУЛТАТИ: ПРВА РУНДА ГРУПА 1 Италија - Полска 0:0 Перу - Камерун 0:0 Италија - Перу 1:1 Полска - Камерун 0:0 Полска - Перу 5:1 Италија - Камерун 1:1 ТАБЕЛА 1. Полска 3 1 2 0 5:1 4 2. Италија 3 0 3 0 2:2 3 3. Камерун 3 0 3 0 1:1 3 4. Перу 3 0 2 1 2:6 2 ГРУПА 2 Германија - Алжир 1:2 Чиле - Австрија 0:1 Германија - Чиле 4:1 Алжир - Австрија 0:2 Алжир - Чиле 3:2 Германија - Австрија 1:0 ТАБЕЛА 1. Германија 3 2 0 1 6:3 4 2. Австрија 3 2 0 1 3:1 4 3. Алжир 3 2 0 1 5:5 4 4. Чиле 3 0 0 3 3:8 0 ГРУПА 3 Аргентина - Белгија 0:1 Унгарија - Ел Салвадор 10:1 Аргентина - Унгарија 4:1 Белгија - Ел Салвадор 1:0 Белгија - Унгарија 1:1 Аргентина - Ел Салвадор 2:0 ТАБЕЛА 1. Белгија 3 2 1 0 3:1 5 2. Аргентина 3 2 0 1 6:2 4 3. Унгарија 3 1 1 1 12:6 3 4. Ел Салвадор 3 0 0 3 1:13 0 ГРУПА 4 Англија - Франција 3:1 Чехословачка - Кувајт 1:1 Англија - Чехословачка 2:0 Франција - Кувајт 4:1 Франција - Чехословачка 1:1 Англија - Кувајт 1:0 ТАБЕЛА 1. Англија 3 3 0 0 6:1 6 2. Франција 3 1 1 1 6:5 3 3. Чехословачка 3 0 2 1 2:4 2 4. Кувајт 3 0 1 2 2:6 1 ГРУПА 5 Шпанија - хондурас 1:1 Југославија - С. Ирска 0:0 Шпанија - Југославија 2:1 Хондурас - С. Ирска 1:1 Хондурас - Југославија 0:1 С. Ирска - Шпанија 1:0 ТАБЕЛА 1. С. Ирска 3 1 2 0 2:1 4 2. Шпанија 3 1 1 1 3:3 3 3. Југославија 3 1 1 1 2:2 3 4. Хондурас 3 0 2 1 2:3 2 ГРУПА 6 Бразил - СССР 2:1 Шкотска - Нов Зеланд 5:2 Бразил - Шкотска 4:1 СССР - Нов Зеланд 3:0 СССР - Шкотска 2:2 Бразил - Нов Зеланд 4:0 ТАБЕЛА 1. Бразил 3 3 0 0 10:2 6 2. СССР 3 1 1 1 6:4 3 3. Шкотска 3 1 1 1 8:8 3 4. Нов Зеланд 3 0 0 3 2:12 0 ВТОРА РУНДА ГРУПА 1 Полска - Белгија 3:0 Белгија - СССР 0:1 Полска - СССР 0:0 ТАБЕЛА 1. Полска 2 1 1 0 3:0 3 2. СССР 2 1 1 0 1:0 3 3. Белгија 2 0 0 2 0:4 0 ГРУПА 2 Шпанија - Англија 0:0 Германија - Шпанија 2:1 Германија - Англија 0:0 ТАБЕЛА 1. Германија 2 1 1 0 2:1 3 2. Англија 2 0 2 0 0:0 2 3. Шпанија 2 0 1 1 1:2 1 ГРУПА 3 Италија - Аргентина 2:1 Аргентина - Бразил 1:3 Италија - Бразил 3:2 ТАБЕЛА 1. Италија 2 2 0 0 5:3 4 2. Бразил 2 1 0 1 5:4 2 3. Аргентина 2 0 0 2 2:5 0 ГРУПА 4 Австрија - Франција 0:1 Австрија - С. Ирска 2:2 Франција - С. Ирска 4:1 ТАБЕЛА 1. Франција 2 2 0 0 5:1 4 2. Австрија 2 0 1 1 2:3 1 3. С. Ирска 2 0 1 1 3:6 1 ПОЛУФИНАЛЕ Полска - Италија 0:2 Германија - Франција 1:1; 3:3; 5:4 на пен. МЕЧ ЗА 3. МЕСТО Полска - Франција 3:2 ФИНАЛЕ ИТАЛИЈА - ГЕРМАНИЈА 3:1 ФИНАЛЕ ИТАЛИЈА - ГЕРМАНИЈА 3:1 Стрелци: Роси 57', Тардели 69', Алтобели 81' - Брајтнер 83' Стадион: Сантијаго Бернабе во Мадрид Гледачи: 90.000 Судија: Арналдо Куељо (Бразил) ИТАЛИЈА Ѕоф, Бергоми, Кабрини, Коловати, Џентиле, Ширеа, Ориали, Тардели, Конти, Грациани (Алтобели 7', Каузио 89'), Роси ГЕРМАНИЈА: Шумахер, Бригел, Брајтнер, Карл-Хајнц Форстер, Бернд Форстер, Литбарски, Фишер, Дремлер (Хрубеш 62'), Калц, Штилике, Румениге (Милер 70') ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Италијанецот Паоло Роси со шест постигнати погодоци беше најдобар стрелец на ова Светско првенство. По дури 15 одиграни натпревари, селекцијата на Нов Зеланд, конечно, успеа да си обезбеди место на мундијалот. Во бараж-средбата оваа селекција ја совлада Кина. Нов Зеланд постави неколку рекорди во овие квалификации, славејќи со 13:0 над Фиџи, составувајќи серија од девет средби без примен гол и постигнувајќи 44 погодоци во овој квалификациски циклус. Репрезентативецот на Северна Ирска, Норман Вајтсајд, настапи на мечот со Југославија на возраст од 17 години и 42 дена. Со ова Вајтсајд е најмладиот фудбалер што некогаш настапил на еден мундијалски меч. Победата од 10:1 што Унгарија ја забележа на дуелот со Ел Салвадор е најубедлива на еден мундијалски натпревар. Унгарците го урнаа сопствениот рекорд (триумфот од 9:0 над Кореа во 1954 година), кој претходно беше израмнет од репрезентацијата на Југославија (со 9:0 славеше над Заир во 1974 година). |
|||
a-pin-dim | ЈАПОНИЈА И Ј. КОРЕА 2002 Мизерија на Кан, шоу на Роналдо Оливер Кан во текот на целиот мундијал заедно со Оливер Кан беше сметан за најдобар член на германскиот национален тим во Јапонија и Јужна Кореја. Сепак, искусниот голман направи катастрофална грешка во текот на второто полувреме од големото финале подарувајќи му погодок на Роналдо. Бразилскиот напаѓач своето гол-шоу го комплетираше во 79. минута носејќи им ја на "кариоките" петтата титула светски првак. Уште на свеченото отворање стана јасно дека ова ќе биде мундијал преполн со изненадувања. На првиот меч актуелниот светски првак Франција загуби од дебитантот Сенегал со минимални 1:0. Ова беше само најава за мизеријата на "триколорите" на Далечниот Исток. Иако им се даваа огромни шанси да ја одбранат титулата, избраниците на Роже Лемер се вратија дома посрамотени, без да постигнат ниту еден погодок на трите средби во групата. Огромно разочарување доживеаја и Аргентинците, кои и покрај победата во првото коло, на крајот завршија само трети во групата, зад Шведска и Англија. Домаќинот Јужна Кореја приреди сензација со триумфот над Португалија во првата рунда. Сепак, најдоброто од "пулените" на Гус Хидинк претстоеше во натамошните борби. Корејците прво во осминафиналниот меч славеа над Италија со 2:1 (натпревар на кој главниот судија имаше неколку контроверзни одлуки во корист на домаќините), за во четвртфиналето да елиминираат уште еден фаворит, селекцијата на Шпанија. Сепак, репрезентацијата на Кореја немаше сили и за нова сензација во полуфиналето, каде загуби од домаќинот Германија со минимални 1:0. Овој крајно израмнет меч го реши Михаел Балак во 75. минута, но најдобриот германски играч заработи жолт картон во финишот, што за него значеше и пропуштање на финалето. Без Балак во составот германскиот селектор Руди Фелер беше принуден целосно да ја смени формацијата и стилот на игра. Уште од самиот почеток беше јасно дека мечот ќе го реши еден единствен потег, и токму тоа се случи. Ривалдо упати еден навидум безопасен удар од дваесетина метри. И тогаш се случи мало чудо, Кан "киксна" и ја одби топката до Роналдо, а "феноменот" покажа зошто беше сметан за најдобар светски напаѓач лесно сместувајќи ја топката во мрежата на Германците. По ова "панцирите" целосно ја отворија играта, што им се одмазди пред сопствениот гол. Повторно стрелец беше Роналдо, кој со осум постигнати гола заслужено ја понесе наградата за најдобар стрелец, и но и за најдобар фудбалер на овој мундијал. ГРУПА "А" Франција - Сенегал 0:1 Уругвај - Данска 1:2 Данска - Сенегал 1:1 Франција - Уругвај 0:0 Данска - Франција 2:0 Сенегал - Уругвај 3:3 ТАБЕЛА 1. Данска 3 2 1 0 5:2 7 2. Сенегал 3 1 2 0 5:4 5 3. Уругвај 3 0 2 1 4:5 2 4. Франција 3 0 1 2 0:3 1 ГРУПА "Б" Парагвај - Ј. Африка 2:2 Шпанија - Словенија 3:1 Шпанија - Парагвај 3:1 Ј. Африка - Словенија 1:0 Ј. Африка - Шпанија 2:3 Словенија - Парагвај 1:3 ТАБЕЛА 1. Шпанија 3 3 0 0 9:4 9 2. Парагвај 3 1 1 1 6:6 4 3. Ј. Африка 3 1 1 1 5:5 4 4. Словенија 3 0 0 3 2:7 0 ГРУПА "Ц" Бразил - Турција 2:1 Кина - Костарика 0:2 Бразил - Кина 4:0 Костарика - Турција 1:1 Костарика - Бразил 2:5 Турција - Кина 3:0 ТАБЕЛА 1. Бразил 3 3 0 0 11:3 9 2. Турција 3 1 1 1 5:3 4 2. Костарика 3 1 1 1 5:6 4 3. Кина 3 0 0 3 0:9 0 ГРУПА "Д" Кореа - Полска 2:0 САД - Португалија 3:2 Кореа - САД 1:1 Португалија - Полска 4:0 Полска - САД 3:1 Португалија - Кореа 0:1 ТАБЕЛА 1. Кореа 3 2 1 0 4:1 7 2. САД 3 1 1 1 5:6 4 3. Португалија 3 1 0 2 6:4 3 4. Полска 3 1 0 2 3:7 3 ГРУПА "Е" Р. Ирска - Камерун 1:1 Германија - С. Арабија 8:0 Германија - Р. Ирска 1:1 Камерун - С. Арабија 1:0 Камерун - Германија 0:2 С. Арабија - Р. Ирска 0:3 ТАБЕЛА 1. Германија 3 2 1 0 11:1 7 2. Р. Ирска 3 1 2 0 5:2 5 3. Камерун 3 1 1 1 2:3 4 4. С. Арабија 3 0 0 3 0:12 0 ГРУПА "Ф" Аргентина - Нигерија 1:0 Англија - Шведска 1:1 Шведска - Нигерија 2:1 Аргентина - Англија 0:1 Шведска - Аргентина 1:1 Нигерија - Англија 0:0 ТАБЕЛА 1. Шведска 3 1 2 0 4:3 5 2. Англија 3 1 2 0 2:1 5 3. Аргентина 3 1 1 1 2:2 4 4. Нигерија 3 0 1 2 1:3 1 ГРУПА "Г" Хрватска - Мексико 0:1 Италија - Еквадор 2:0 Италија - Хрватска 1:2 Мексико - Еквадор 2:1 Еквадор - Хрватска 1:0 Мексико - Италија 1:1 ТАБЕЛА 1. Мексико 3 2 1 0 4:2 7 2. Италија 3 1 1 1 4:3 4 3. Хрватска 3 1 0 2 2:3 3 4. Еквадор 3 1 0 2 2:4 3 ГРУПА "Х" Јапонија - Белгија 2:2 Русија - Тунис 2:0 Јапонија - Русија 1:0 Тунис - Белгија 1:1 Белгија - Русија 3:2 Тунис - Јапонија 0:2 ТАБЕЛА 1. Јапонија 3 2 1 0 5:2 7 2. Белгија 3 1 2 0 6:5 5 3. Русија 3 1 0 2 4:4 3 4. Тунис 3 0 1 2 1:5 1 ОСМИНАФИНАЛЕ Германија - Парагвај 1:0 Данска - Англија 0:3 Шведска - Сенегал 1:1; 1:2 по прод. Шпанија - Р. Ирска 1:1; 3:2 на пен. Мексико - САД 0:2 Бразил - Белгија 2:0 Јпоанија - Турција 0:1 Кореа - Италија 1:1; 2:1 по прод. ЧЕТВРТФИНАЛЕ Англија - Бразил 1:2 Германија - САД 1:0 Шпанија - Кореа 0:0; 3:5 на пен. Сенегал - Турција 0:0; 0:1 по прод. ПОЛУФИНАЛЕ Германија - Кореа 1:0 Бразил - Турција 1:0 МЕЧ ЗА 3. МЕСТО Кореа - Турција 2:3 ФИНАЛЕ Бразил - Германија 2:0 ФИНАЛЕ Бразил - Германија 2:0 Стрелци: Роналдо 67', 79' Стадион: "Интернационален Стадион" - Јокохама Гледачи: 69.029 Судија: Пјерлуиџи Колина (Италија) БРАЗИЛ: Маркос, Кафу, Роке Жуниор, Лусио, Едмилсон, Р. Карлос, Ж. Силва, Клеберсон, Ривалдо, Роналдињо (Жунињо 85'), Роналдо (Денилсон 90') ГЕРМАНИЈА: Кан, Линке, Мецелдер, Рамелов, Хаман, Фрингс, Јеремис (Асамоа 77'), Шнајдер, Боде (Циге 84'), Нојвил, Клосе (Бироф 74') ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Роналдо беше најдобар стрелец на ова Светско првенство со осум постигнати погодоци. Капитенот на "кариоките", Кафу, стана прв фудбалер што настапил на три финални натпревари на мундијалите. Интересен куриозитет е што финалниот меч меѓу Германија и Бразил беше прв меѓусебен дуел на овие две селекции на мундијалите. Хакан Шукур постигна гол на мечот за 3. место меѓу Турција и Ј. Кореа по само 11 секунди игра, што е најбрз погодок во историјата на мундијалите. Репрезентативецот на Того Сулејман Маман, на мечот со Замбија, со 13 години и 310 дена стана најмлад фудбалер што настапил на еден квалификациски меч за СП. Во квалификациите Австралија славеше со неверојатни 31:0 против дебитантот Американска Самоа. Арчи Томпсон го урна рекордот за најефикасен играч на еден меч постигнувајќи дури 13 погодоци на оваа средба. Египќанецот Абдел Хамид го постигна најбзиот хет-трик во историјата на квалификациите на мундијалите. На Хамид му беа потребни само 177 секунди за трипати да ја затресе мрежата на Намибија. |