Benzinot poskapen za 3.5 den, a dizel 1.5 za litar |
||||
Aleksandra | И гасот со нови цени, за 5,5 отсто повисоки од оние во првиот квартал. На светските берзи вчера барел нафта чинеше 70 долар Од денеска драстичен скок на цената на бензините. Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на бензините се зголемува за три и пол денари, на дизелот за еден и пол денар за литар, а гасот поскапе 5,53 отсто, па сега кубен метар чини на 20,241 денар. Со одлука на регулаторите МБ-96 од 66 се зголемува на 69,50 денари за литар; БМБ 90 од 62,50 поскапува на 66 денари; БМБ-95 од 63 на 66,50 денари за литар, а дизелот поскапува од 54,50 на 56 денари за литар. Се зголемува и цената на мазутот М1 и М2. Цената на килограм М1 се зголемува од 22,7 на 23,4 денари, додека М2 ќе се продава по цена од 23,4, наместо по 22,6 денари за еден килограм. Ова е рекордно поскапување годинава, а најновите цени на дериватите ја преминаа и максималната граница од минатата година, кога цените не поминаа 66 денари за литар. Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати е во просек за 3,94 проценти, додека порастот на рафинериските цени изнесува во просек 6,05 проценти. Регулаторите го образложуваат поскапувањето со порастот на цената на суровата нафта на светскиот пазар. Во изминатите две недели барел нафта изнесуваше 67,9 долари, што е зголемување од 7,6 отсто. Цената на нафтата на светските берзи вчера скокна на 70 долари за барел, продолжувајќи го трендот на поскапување од минатата недела како последица на сў поголемата напнатост меѓу Иран и Запад поради иранската нуклеарна програма. Цената на нафтата во САД последен пат го надмина нивото од 70 долари за барел на 30 август 2005 година по ураганите "Катрина" и "Рита", кои ги оштетија нафтените постројки во Мексиканскиот Залив. На Берзата во Лондон нафтата "брент" достигна 71,40 долари, бидејќи се стравува дека нарушувањата на производството во Нигерија и во Иран повеќе може да ја погоди Европа отколку Америка. Во последните 14 дена бензините на светските берзи поскапеа во просек за 45,30 долари по тон, дизелот за 25 долари по тон, а мазутот за 13 долари по тон, поради што мораше да се направи приспособување и кај домашните цени, се вели во соопштението на Регулаторната комисија. Курсот на денарот во однос на доларот во последниве две недели изнесува 50,540 денари за долар и тој е за 0,50 проценти понизок од претходниот. Комисијата ја зголеми и крајната, највисока продажна цена на природниот гас за вториот квартал од 2006 година на 20,241 денар на кубен метар, што претставува зголемување за 5,53 отсто во однос на цената (19,180 денари на кубен метар) која се применуваше во првите три месеци годинава. Според регулаторите, зголемувањето на цената на природниот гас е условено од зголемувањето на цените на мазутот и на дизел-горивото на светскиот пазар, според кои, согласно со купопродажниот договор кој "Макпетрол" го има склучено со "Гасекспорт" - Москва, се формира набавната цена на природниот гас за секој квартал од годината. Во крајната цена на гасот е содржана и продажната цена во износ од 14,93 денари на метар кубен, во чии рамки е и цената за вршење на услугата трговија и снабдување со природен гас, во износ од 0,246 денари за кубен метар.(М.Т.) Vashe mislenje okolu ova.... |
|||
n/a | Ако направиш споредба со цената овде (USA), во МКД ти излегува поефтино дeka возиш, пошто помалку километри поминуваш отколку овде. | |||
TimeHacker | ovde sekoj 2 den se menuvat cenite. na benzin i nafta | |||
toni_a | isto e vo DE.duri i dnevno se menuva.se poskapuva pred raspusti ili praznici. pretezhno i pred vikendi,samo sto tuka sum zabelezhal deka ne sekogash e taka.dosta chesto stanuvalo i poeftino.prichinata e za da ne se naviknat potroshuvachite da polnat sekogash vo odredeni denovi. inaku poskapuvanje pred praznici e nepishan zakon! ps-poskapuvanjata im se nekako epten brzi i efikasni,poeftinuvanjeto za smetka na toa e malku tromavo i ublazheno. |
|||
The_Crow | od nokeska slusam deka cenite ke padnele za 1 denar pa im mackaat oci na lugevo ke go namalt eden denar a posle ke go kacat 3-4 denari :))) | |||
TimeHacker | hehehhe da be bash taka e! :) sekoj den ceni a ima kade so se menvet sekoj 3 cas |