Интересна Географија- рекорди...и се нај, нај, нај |
||||
Mara | Прво ќе ги видиме Светските рекорди....а потоа рекордите по “локални” области.(Европа, Азија, Мазија.......) СВЕТСКИ РЕКОРДИ ПЛАНИНИ Највисока планина – Монт Еверест, 8.848 м Локација- Непал и Кина (Тибет) Интересен податок е што во Тибет ја нарекуваат Sagarmatha – Мајка на Универзумот! Највисока планина во нашиот Соларен систем – Планината Олимп (Olympus Mons, Mount Olympus) која се наоѓа на планетата Марс! РЕКИ Најголема река – Амазон, 219,000 m3/s Локација – Јужна Америка, се влева во Атлантски Океан (поминува низ Бразил, Перу, Боливија, Колумбија, Еквадор) Првата слика го покажува изворот на реката Амазаон од еден клиф кај Невадо Мисми и означен е со дрвен крст. Втората слика е сателитска слика од НАСА за тоа како изгледа рекиштево! Најдолга река е Нил, 6.695 км Локација – Африка (поминува низ Бурунди, Руанда, Танзанија, Кенија, Уганда, Етиопија, Судан, Египет) Најкратка река е Roe River, 61 метар Локација – САД (во близина на Големите водопади, Монтана) Најдолг канал – Големиот Канал од Кина, 1.794 км ЕЗЕРА СЛАТКИ ЕЗЕРА Најдлабоко – Бајкалско Езеро, 1.637 метри Локација – Јужен Сибир, Русија Познато како Синото Око на Сибир! Најголемо езеро по површина - Lake Superior, 82,000 km2; Локација – САД, ова е едно од Големите Мичигенски Езера СОЛЕНО ЕЗЕРО Најголемо солено езеро е Каспиското, 371,000 km2; Локација – меѓу Азија и Европа ОСТРОВИ Најголем остров – Гренланд, 2,166,086 km2; Локација – самоуправа на данска територија Главен град НУК Најдалечен населен остров - Tristan da Cunha Локација – Јужно-Атлантски Океан Главен град – Единбург на Седумте Мориња Статус – зависен од Света Елена (Британска територија) Интересни обележја, нели? Единбург на Седумте Мориња Поштенска марка од далекуууууууууууууууу.... |
|||
Mara | СВЕТСКИ РЕКОРДИ РАСТЕНИЈА Најголемо дрво е Големото Дрво ШЕРМАН Локација- Големата шума Секоја, САД Старост -до 2.200 години Најголем цвет е Rafflesia_arnoldii, 11 кг Локација-Суматра, Борнео, Индонезиски архипелаг Најголемо семе - Coco de mer Локација - Сејшели Најстаро дрво е bristlecone pine, 4700 years, Methuselah Локација - Аризона, Калифорнија Фамилија - Бор ЖИВОТНИ Најголемо животно воопшто е -Плавиот Кит Локација -Северно-источен Пацифик, Индиски Океан, Антартик 30 метри / 140 тони!!!!!!! Најголемо копнено животно - Слон, 7 тони Во Ангола бил убиен во 1974 година најголемиот слон од 12.000 кг |
|||
Mara | СВЕТСКИ РЕКОРДИ Знам дека е офффффффффф-топик....ама сакам баш тука да напишам за рекордите за ЧОВЕКОТ. НАЈТЕЖОК ЧОВЕК НА СВЕТОТ Jon Brower Minnoch, 362 кг, САД (а каде на друго место, а?) НАЈВИСОК ЧОВЕК НА СВЕТОТ Robert Pershing Wadlow, 272 см (скоро 3 метри!!!!) од Илиноис умрел 1940 година НАЈНИЗОК ЧОВЕК НА СВЕТОТ Gul Mohammed, 57 см, Индија, умрел 1997 година ЧОВЕК СО НАЈДОЛГ ЖИВОТ НА СВЕТОТ Најстариот човек кој воопшто живеел е Shigechiyo Izumi од Јапонија, кој умрел од пневмонија на 120 години и 237 дена!!!. |
|||
Mara | СВЕТСКИ РЕКОРДИ Листа на првите 10 најголеми градови во светот, со најголем број жители ШАНГАЈ, Кина - 15.017.783 жители БОМБАЈ, Индија - 12.883.645 жители КАРАЧИ, Пакистан - 11.969.284 жители БУЕНОС АЈРЕС, Аргентина - 11.595.183 жители ДЕЛХИ, Индија - 11.215.130 жители МАНИЛА, Филипини - 10.546.511 жители МОСКВА, Русија - 10.472.629 жители СЕУЛ, Јужна Кореја - 10.409.345 жители САО ПАОЛО, Бразил- 10.059.502 жители ИСТАНБУЛ, Турција- 10.034.830 жители |
|||
zlotty_co_380 | Najdolga avionska destinacija pomegu dva grada e od Hong Kong do London non stop. Letot traese 23 casa , letan od Boeing 777-200LR Worldliner rekord vo Noemvri 10, 2005 god. letot bese povejke od 20000km (12500 milji), so 35 patnici za vreme na letot. letot se odvivase od Hong Kong , Pacific Ocean, USA, Atlantic Ocean, London. Boeing postavi nov svetski rekord, ponistuvajki go stariot koj sto go postavi vo 1989 god na relacija London - Sydney so Boeing 747-400. |