Mlecna kriza, stocarstvoto vo Makedonija propagja!

Mlecna kriza, stocarstvoto vo Makedonija propagja!
Makedon
 
Млекопроизводителите притиснати до работ на исплатливоста
Борче Пауновски


07.04.2006
Млекопроизводителите се притиснати до работ на исплатливоста. Се повеќе сточари се откажуваат од чувањето крави. Ниската откупна цена не ги покрива трошоците за скапата добиточна храна, поради што се повеќе сточари ги запустија краварските фарми.

„Млекото е многу евтино, џабе. треба државата да даде премија барем од пет-шест денари од литар млеко, затоа што млекото е 10-12 денари. Ние со таа цена не можеме да опстанеме“, рече Панче Јакимов, сточар од с.Ерџелија.

Со откупна цена од 10 до 12 денари, за млекопроизводителите останува многу мал дел од разликата до 41 денар, колку што е малопродажната цена на литар млеко.

Во Хрватска разликата од откупната до малопродажната е речиси двојно помала. Таму откупната цена е 21 денар, а малопродажната е 42 денари за литар.

Освен што останува поголем дел од парите за фармерите, тие добиваат и плус пет денари за литар стимулација од државата, со што тамошните сточари добиваат по 26 денари за литар.

Македонските фармери со двојно пониска откупна цена не можат да бидат конкурентни ниту на домашниот, а камоли на странските пазари.

Секоја година во Македонија се увезуваат млеко и млечни производи во вредност од 18 милиони евра.
http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=61016

Makedon Vlasta go ubistuva stocarstvoto. Za nisto ne gi biva onie sto proslavija 15 godini od nivnoto postoenje. Za dobroto na Makedoncite, gospod da im dade posledna proslava na partijata da im bide

Млекопроизводителите без никаква помош од државата
Елена Дамовска


26.03.2006
Ораме со најскапа нафта во регионот, цените на ѓубрето и добиточната храна двојно се зголемија. Просечната откупна цена на млекото е ниска, а од државата не добиваме никаква помош.

Во вакви услови млекопроизводителите се помалку чуваат крави.

„Останавме уште малку поголеми сточари и продажбата е неминовна, работиме со минус сега“, изјави Вујадин Жигиќ, с.Кадино.

Од државата немаме никаква заштита“, рече млекопроизводител.

Во соседна Србија државата се грижи за исплатливоста на произведеното млеко.

Кај нас во Србија има стимулации за производителите на млеко. Производителите од рамничарските предели добиваат по 2,5 динари за литар, а оние од ридско-планинскиот по три динари за литар“, вели Милисав Савиќ, земјоделец - Србија.

Српските сточари имаат регресирана нафта, 30% субвенционирано ѓубриво за производство на поевтина храна за добитокот, додека млекарниците добиваат 20% извозна стимулација.

И во Хрватска млекопроизводителите добиваат стимулации за производство на млеко. Таму стимулациите се уште поблиску до европските. И тоа по пет денари за литар млеко и по осум денари за литар во местата со потешки услови за сточарење.

Освен директните стимулации по литар млеко, хрватските фармери добиваат по 100 евра за секоја молзна крава и по 220 евра за хектар произведена житарица за да имаат поевтина храна.

За разлика од српските и хрватските, македонските млекопроизводители добиваат само по 10 евра за молзна крава.


http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=60448
Makedon SDSM trebaat da gledaat kako se raboti domakinski, od nasite sosedi, a ne rasturikuki SDSMovski samo da lapaat od drzavata.

Хрватска комплетно ги исплати субвенциите за млекото
Игор Манасиевски


22.02.2006
Хрватска комплетно ги исплати субвенциите за млекото со кои се спречи млечна криза и млекото наместо рестрикции, намален откуп и истурање, се преработуваше во путер и млеко во прав.

„Во средината на 2005 година, во петти и шести месец, едноставно на пазарот дојде до зголемено производство на млеко и појава на одредени вишоци на млеко“, изјави Младен Павиќ, Министерство за земјоделство - Хрватска.

„Трите наши големи млечни индустрии „Лура“ од Загреб, „Виндија“ од Вараждин и „Ким“ од Карловац тогаш најавија дека ќе прекинат дел од откупот“, рече Павиќ.

„За да не дојде до ситуација земјоделските производители да останат без откуп на нивното млеко, започнавме со субвенциониран откуп“, вели Младен Павиќ.

„Значи, се одлучивме за една пазарна мерка, со која суфинансиравме дел од откупот, од која токму земјоделските производители би имале загарантиран откуп“, изјави Павиќ.

„Трите големи компании вишокот го претвораа во путер и млеко во прав, а во откупот се вклучија и 15-тина помали млекарници. Па така, големите млекарници за секој откупен литар добија по 12 денари, а помалите млекарници кои немаа можност да го преработат добија по осум денари за литар откупено млеко“, додаде Младен Павиќ.

Со оваа мерка хрватската Влада го реши проблемот со вишокот на млеко. Преку поддршката на млечната индустрија, индиректно на сточарите им го осигура откупот на млеко.


http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=58830
Makedon Драстично намален извозот на јагнешко
Соња Јанковска


19.04.2006
Драстично намален извозот на јагнешко. Годинава во Италија, Грција и Хрватска е извезено 40% помалку од минатата година.

Производителите на јагнешко причината за намалувањето на извозот ја лоцираат во немањето на државни стимулации и намалувањето на бројот на овците.

„Основна причина за вакво рапидно намалување на извозот е намалување на бројната состојба на овците во Македонија. За жал, оваа година, наместо да се зголемат субвенциите, не се преполовија, туку се сведоа на една третина“, изјави Видое Зафировски, претседател на здружение „Кораб“ - Гостивар.

Поради лошата аграрна политика веќе 15 години бачилата се испустија. Од некогашните два милиони овци, останати се едвај 400.000. Без стимулации од државата сточарите веќе немаат сметка да чуваат овци.

„Наш став е дека државата мора да го стимулира овчарството. Со 1.500 денари стимулација за женско јагне, прво, ќе се спречи уништувањето на оваа наша извозно ориентирана гранка и ќе се овозможи враќање на бројката од два милиони овци, колку што некогаш имаше Македонија“, рече Ленче Николовска, ПЕО.

„Тоа, пак, ќе значи девизен прилив од над 50 милиони евра. Освен што ќе се намали трговскиот дефицит, ќе имаме и нови 10.000 семејства кои ќе обезбедуваат егзистенција токму од одгледувањето на овци“, вели Николовска.

Сите соседни земји даваат огромни стимулации за развој на овчарството. Хрватска дава стимулација од 48 евра по грло. Словенија дава 26 евра по грло. Само во Македонија овчарството заборавено од државата.

Одгледувачите на овци се жалат дека и онака минималните 150 денари по грло кои ги добија минатата година за оваа ќе бидат сведени на мизерни 50 денари по грло.

Zaklucok: ne i treba stocarstvo na Makedonija, stocarite neka stanat socijalni slucai; moze za obicni letovi na vladinite sluzbenici da se trosat 13 milioni evra godisno, koi ako bi letale so ecconimic class bi trosele po 2 mil. evra godisno, a razlika nema, samo sto nema da sedat na prvite mesta vo avionot i da jadat vo skap porcelan Ostatokot ete neka go razdelat na stecajci i stocari. Ama koj misli na narodot?
Makedon 800 сточари неколку дена не предале ниту литар млеко
Дејан Андонов


18.04.2006
Над 800 сточари веќе неколку дена не предале ниту литар млеко. Битолска млекара прекина со откупот. Млечната криза се проширува. Им се заканува уште на 6.000 млеко производители на кои сточарството им е единствена егзистенција.

Сточарите во паника; и оваа пролет не знаат што ќе прават со неоткупеното млеко.

„Не знам што ќе му правиме, ќе го истураме; ќе го собереме во канти и пред Собрание“, вели Виолета Панајотовиќ, млекопроизводител.

Една крава веќе продадов, сега мислам и другата да ја продадам“, изјави Стојче Здравковски, млекопроизводител.

„Нека дојде кај мене господинот Бучковски и нека ме помириса, не можам да се домијам“, раче Вукадин Ѓориќ, млекопроизводител.

Сточарите велат: откупната цена и онака е ниска. Но, сега се во ќорсокак. Прифаќаат и одложено плаќање само да не го фрлаат млекото.

Битолската млекарница, пак, најавува дека ќе престане да откупува во цели региони. Откупот на кравјото млеко веќе падна за 25%, додека на овчото се преполови.

Кој стои позади тоа? Владата, државата“, вели Вујадин Жигиќ, Национален сојуз на сточарите.

Скопските сточари револтирани, за в петок најавуваат протести. Од Битолската млекарница, пак, обвинуваат дека за надминување на кризата предизвикана од грчка страна, немаат никаква поддршка од Владата.

За разлика од македонската, хрватската влада лани ја надмина млечната криза со стимулации за млекарниците.

Вишокот млеко го преработуваа во путер и млеко во прав. Како надомест, големите млекарници добија по 12 денари за секој откупен и преработен литар млеко. Помалите млекарници добија по 8 денари, бидејќи немаа можност за преработка во млеко во прав.

Со оваа мерка се постигна целта: хрватските сточари добија загарантиран откуп на млекото, наместо да го истураат по улици како македонските сточари.

http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=61525