Има ли пат!? |
||||
Sirius | .......................... Дали човекот е должен да живее во согласност со своите убедувања, дали на патот треба да ги бара и потврдува темелите на својата определба - што и да е таа!? Шопенхауер, имено, го препорачуваат!? Запрашан како може, во улога на филозоф и човек, едно да зборува и советува, а сосема друго да практикува, овој мудрец рекол ‘патоказот не оди заедно со патот’. Едноставно и со тежина. И навистина, ниту еден патоказ нема функција да оди таму каде што самиот посочува. Функцијата на патоказот, неговата валидност, се проверува со точноста на неговите информации за целта, не со тоа дали и самиот оди до неа. Дури, напротив. Патоказот ја обавува коректно својата улога токму доколку самиот не се движи, туку само им кажува на тие што се движат, каде ќе стасаат ако продолжат во таа насока. Неговата одговорност се мери отпосле. Така овој филозоф објаснувал, а така и постапувал. Сторил како што и му доликувало: Наместо да го живее, решил животот да го помине во размисла за него. Наместо да патува, само да посочи каде патот води. И така, Муаз, еден патник, кој можеби ја знаел, а можеби и не ја знаел, барем не од самиот почеток, целата дилема околу патот и патоказот, беше тргнал на пат. Па се најде каде што се најде. Тргна в пролет, се свести во доцна есен. Пет дена патува веќе, залудно ли, каде ли? Патува ли или талка. Пат патува, или патокази следи? Самиот пат, или патоказ ли, не знае - што е?. Човекот, меѓутоа, ете мисли, верува дека знае каде тргнал. Решен таму и да стаса, еве го, како го бара последниот патоказ, во светлата од автомобилот, да не би барем некаков знак, ишарет пред него да светне, та да излезе од кошмарот петдневен. На крај - како што секогаш бидува, и оваа приказна се разрешува на самиот крај, ишаретот и’ светна. Среде еден крстопат, со секавица силна искорнат од мракот, еве го, пред очите на Муаз, патоказот. Но каков патоказ! Поголем од фигурата на Давид од Микеланѓело. И многу поубав дури и од тоа ремек дело, овој патоказ во форма на огромна човечка скулптура, со прстот покажувал токму кон патот по којшто човекот треабало да стаса до својата цел. И што да види: патоказот се чинел како да е направен од чисто злато - а можеби и бил. Беспрекорен во својата монументална естетика, како на сон светнат, од дождот силен, доцноесенски, јасно посочувал со испружената грациозна и силна машка рака, императивно посочуваше: Таму! Напред, само напред, па макар и во смртта! Се загледа Муаз: по целата површина од огромниот постамент. Патоказот, фасцинирачки и опсесивен, беше испишан со некои таинствени букви и цели низи алхемичарски знаци. Да запре ли, да остане ли тука, да ги одгатнува ли додека е жив? На прстот што посочуваше, с#232; уште во светлоста од фаровите на својот запрен автомобил, Муаз здогледа огромен прстен! Прстенот светкаше токму како да е дијамант, најголемиот дијамант воопшто виден од очите човекови - можеби тоа и беше. Муаз сосема заборави не само на својата цел, туку и на тоа дека воопшто некаде тргнал и дека, од самиот почеток, беше наумил некаде да стаса. |
|||
Sirius | 2. Непознато е што стори Муаз. Дали, таму каде што застана, го заврши патувањето и остана!? Запре ли, кај таа фигура што требаше да му биде патоказ, но заради чијашто што убавина, необичност и вонземска привлечност, тој потполно заборави дека е тоа сепак, само патоказ!? Ќе знае ли, ќе се сети ли дека требаше да патува кон својата цел, а не да запре и да остане покрај патоказите, тоа секој Муаз треба да го реши, и го решава за себе. Ги има многу коишто, на својот пат, се запираат да јадат, да пијат, да слушнат убава музика, или да гледаат убавини, да уживаат во сластите на телото, неспоредливите сласти, на единственото, незаборавното свое тело! - а тоа с#232; е потребно, оти секое од тие нешта е и патоказ, и поткрепа, одмор и прибирање сила - па зашеметени од силата, убавината и слаткоста на овие патокази, сосема го забораваат својот пат. Многу помалку, сосема малку, ги има оние што разбираат дека сиот овој живот, со сите свои неисцрпни убавини и восхитувачки чуда, е само Долина на Патокази. Дури и светот, и животот, во целина, само се еден единствен, најголем и најзаводлив патоказ - па сепак, само патоказ! Патоказот што посочува кон најважниот пат. Сосема се ретки тие што успеале да му одолеат на волшебниот магнетизам, на гласот со каков што ни една сирена, ниту сите сирени заедно не знаеле да се огласат, заводливиот, убиствен, нежен глас на овој, последниот патоказ; и што го здогледале правецот кон којшто тој посочува. А оние меѓу нив, кои успеале и да тргнат по тој пат, кон вистинската цел за сите луѓе и сите живи суштества, и сепак, не патоказот да го следат, туку себе самите патоказ да се сторат! - одвај да ги имало неколкумина во целата досегашна историја. Нив ги викаат - Гласници, носители на Пораката. Глува доба, застанат под огромниот патоказ, со реки дожд полеван, гледа Муаз во непроѕирната темнина кон која посочува прстот од неговиот последен патоказ. Никаде нема никој. Само тивко и ритмички се одгласуваат бришачите од празниот автомобил, ја истураат светлината фаровите. Штедро и без мерка, како што треба да се подарува добрината и љубовта. Молњите, повремено, ја расечуваат лажливата туника на ноќта. Има ли патокази!? Има ли пат!? Патоказот и патот ФЕРИД МУХИЌ |
|||
Sirius | Дали со следењето патокази, не се поништува сопствениот истражувачки дух, креативниот занес, накусо, дали воопшто се патува својот пат и живее сопствениот живот!? Не се губи ли сета смисла на патувањето со такви „пакет аранжмани“ - планирани за оние кои, по патувањето, ќе имаат каде да се вратат!? Од ова патување, наречено живот, Тао! - меѓутоа, нема веќе враќање. Ако тука патуваш по туѓи патокази, како воопшто да не си го поминал својот дел од патот! Доколку, сепак, се решиш да ги игнорираш, заборавиш патоказите и да тргнеш по тој некаков свој пат, патот без патокази, дали воопшто си патувал или само си талкал, заблуден и загубен, во предели што ниту си ги открил како свои, ниту себе, низ целото патување си успеал да се препознаеш. Оти, себе се откриваме, велат древните мудреци, дури откога патот свој ќе го изодиме! А кој е патот што како „патот наш“ со право може да се нарече!? Го има ли, воопшто!? Или тоа, само сенката од некаков сон паѓа, не врз тврдата земја по која чекориме, туку врз некаква тивка, таинствена река што со себе носи с#232;. Освен онаа сенка! |
|||
Enigma |
Vremeto na smislenata filosofija odamna izmina, zashto Hristos dojde na zemjata i so zhiv primer ja pokazha Ljubovta, krstot i patot na zhivotta. V Nedela kje go slavime najgoleniot Svetol Praznik - Hristovo Voskresenie (Veligden). So silata na Krtstot, Hristos ja pobedi smrtta, - voskresna od mrtvite i zhivot ni podari. "Posemu skazano: "vstany spjaschi, i voskresni iz mertvih, i osvetit tebya Hristos" (Efes.5:14). |
|||
Sirius | Enigma, "prashanjeto za patot" nekoj mozhe da go "naogja" da go perceptira i preku "instrumentite " na religiskoto uchenje. Na ovoj topik ne mi e namerata da sporam za prizmata na nashite pogledi za "patot" no apriori da se eleminira filozovskiot pristap ( iako i relig. e filozovski pogled) e prilichno skropmno viduvanje...eve vo prodolzenie eden citat koj veruvam e blisku do tvoite pogledi, kade se potencita vonremenskata poraka codirana vo nas..edna osnovna misla -idea ( ovde veke se doblizuvam do Hegel) koja e esencijata na site naredni: ............. Сите други загубени нешта, ги губиме без да знаеме како и кога ги загубивме. Сепак, за секогаш ги губиме само оние луѓе, глетки, предмети и привиденија, за кои никогаш не сме ни знаеле дека ги имаме. Сe што ни е дојдено од Непознатиот останува за секогаш со нас; и ништо од она што сме го допреле од Непознатото, не се губи никогаш. Непознатиот е онаа извесност која останува откако ќе го отфрлиме сето она што воопшто може да се отфрли. Тој е оној збор што ќе го речеме, откако сме ги премолчале сите зборови што можеле да останат неизречени! Тој те подучува токму во тоа: Исфрли го од домот свој сето она што може да се исфрли, сепак ќе остане самиот простор, празнината, која не може да биде исфрлена. Токму таа празнина, тој простор, тоа е твојот вистински дом! Останатото е свенато цвеќе и стопен снег. Избриши ги сите сеќавања од умот свој, со безмилосен сунѓер на заборавот прекриј ги! Умот стори си го повторно онаа празна табла, лист бел, неиспишан, каков што бил кога се роди! Сепак, ќе ти остане една мисла врежана пред да настане таблата на твојот ум, листот по кој ќе се испишува твоето помнење, постара од самиот тој лист. Токму тоа е твојата вистинска мисла! Останатото е пајажина и чадот од згаснатиот сон. Завет стори, да не збориш, молкот прогласи го за својот закон, тишината исцртај ја на штитот, како знак и знамен на својот сој! Со густ восок прелеј ја устата твоја, нека остане нема за секој збор што може да се премолчи. Ќе стасаш до зборот клучен, единствениот којшто треба токму од тебе да биде изречен, збор што ќе ги скрши печатите, ќе го стопи восокот, и ќе ја искаже твојата вистина. Тоа ќе биде твојот вистински збор. Останатото е прамен волна на трнот, и ветрот во скршен кавал. Треба само (само!?), макар повремено, во мигновенија, да научиме како цврсто да ги затвориме овие уши и овие очи, за до нас да не допре ништо од она што не сме ние самите, и да ги отвориме очите и ушите на душата, за да нe исполни само она што сме ние. Во некое од тие мигновенија, ќе го слушнеме и ќе го здогледаме Непознатиот. Така ќе се подготвиме за оној ден во кој конечно и ќе го - запознаеме! |
|||
Enigma |
Koj e "Nepoznatiot"? Kakva e ovaa abstraktna filosofija, ako ne e obichna igra na zborovi? Patishta ima mnogu (izbori), no samo eden pat e prav i vistinski, koj nesomneno e patot Hristov. Neznam, koj pat go barash ti: konkretniot i prav pat, koj vodi kon spasenie i vechen zhivot ili nekoj zamislen abstrakten pat na prividenija, praznina i absurd? |
|||
Enigma |
G-dinot profesor Ferid Muhikj ne e filosof, tuku sharlatan, koj veshto umee da igra so zborovi, dodeka povekjeto negovi esei i kritiki nemaat sodrzhina, t.e. tie se abstraktni, absurdni i pusti. P.S. Ushte vo prviot post na ovaa tema, no i prethodno vo postovi na drugi temi go prepoznav stilot na Muhikj i mnogupati pomisliv deka si bil negov student. |
|||
Enigma | Shamanizmot prosleden so narkotichni trevki go dovede Kastaneda do ciroza na dzhigerot, od koja pochina. Navistina me chudi, shto inteligentni lichnosti se poveduvaat po "mudrosta" na shamani i sekakvi sharlatani. Sepak, nivnite knigi se literatura, koja ne se odnesuva na realnosta na zhivotot. Ako chovekot go ispituva sekoj pat, teshko nego, zashto mozhe na pat da pogine i nikogash da ne stigne na praviot pat. Razumniot chovek ne bara patishta, zashto od dve vistini, ednata sekogash e laga, a od mnogu vistini, samo edna mozhe da bide vistinska. Taka, i vistinskiot - prav pat e samo eden. Pred se, za chovekot da go vidi (sogleda) patot po koj odi potrebna mu e SVETLINA, zashto vo duhovniot mrak nishto ne se gleda, zatoa se vrti vo krug, vo nadolen "spiralen pravec", chinejki mu se deka se dvizhi nekade, no vsushnost stoi vo istiot krug i tone vo bezdnata na mrakot. Ete, i Kastaneda se realiziral sebesi preku shamanizam i trevki, a sega ni traga od negovata "realizirana" lichnost nema, osven pepelta od kremiranoto telo i knigite, koi ne vredat ni pat pari, a dobri se za narkomani, hipi, shamani i zabludeni lichnosti. Znaesh li, shto e shamanizam? "Ovozemskiot" - zemen zhivot sam po sebe nema smisla, zashto proizleguva deka chovekot se ragja, raste, se trudi, raboti, boleduva, strada, staree i umira, za da se pretvori vo NISHTO. SMISLATA NA POSTOENJETO NA OVOJ ZHIVOT SE SOSTOI OD VECHNOSTA (CARSTVOTO NEBESNO). Hristos veli: "JAS SUM PAT I VISTINA I ZHIVOT". Ako toa ne e dovolno (jasno i glasno izrecheno i dostapno na sekoj chovek), togash proizleguva deka chovekot ne samo shto e duhovno slep i gluv, tuku i negovite telesni ochi i ushi nemaat funkcija, bidejki toj ne gi koristi, zatoa se gubi vo lavirinti i se vrti vo spirali. Koj e Kastaneda? I Koj e Hristos? Zarem "mudrosta" na eden smrtnik mozhe da bide pogolema od Hrista, Koj e zhiv Gospod?! Mnogumina se narekuvate pravoslavni hristijani, sepak se poveduvate po uchenja koi mu protivrechat na hristijanstvoto, dodeka zborovite na Hrista, koi vi se servirani pred vashite ochi, ne se ni obiduvate da gi chuete. Zoshto? |
|||
Sirius | da se vratime na temata... patot po koj odime, dali mozheme da go definirame i na sl nachin: citat Секој пат е само - пат. Затоа, не двоуми се дали да го напуштиш доколку срцето ти каже така да сториш… Испитај го внимателно, секој пат. Појди по него колку пати сакаш и колку далеку ќе решиш, за да го испробаш. А потоа запрашај се себе - и само себе! - Има ли овој пат срце!? Доколку има, тој пат е добар, доколку нема, залудно е да го арчиш животот на таков пат.“ Карлос Кастанеда: Учењето на Дон Хуан dali poagajki od vakvoto stojalishte, mozeme da go prepoznaeme patot po koj samite nie, ke mozheme na najzadovolitelen i najkreativen nachin da se realizirame sebesi i pritoaka da ostavime tragi koi na nashite naslednici ke im sluzhat kako zdravi i validni patokazi koi ke im pomognat da go najdat nivniot pat po koj i tie samite sebesi ke se realiziraat pokreativno i na povisoko nivo...dali e toa i krajnata smisla* na nasheto postoenje...vechnoto kruzhno dvizhenje vo nagoren spiralen pravec... * smisol...se misli na nasheto postoenje vo ramki na ovozemaljskiot zhivot a ne smisol na nasheto postoenje vo ramkite na celata vselena, kreatori i vonvremenski dimenzii |
|||
Sirius | Enigma, ne go spomnav Castaneda za da gi reklamiram negovite razmisluvanja vo potraga po "nashiot pat" , nitu pak mozheme da gi otfrlime site drugi razmisli na ovaa tema, btw. negovata "sugestija" da go sledime “patokazot-glasot na srceto” ne zvuchi losho nitu pak e kontradiktorna so hristijanstvoto. Idejata mi beshe da se prezentiraat nekolku razno razni stavovi i koncepti bez namera nekoi od niv da bidat favorizirani kako edinstveno ispravni. Poveke pati rekov deka hristijanstvoto( za nas hristijanite) dava eden izdrzhan religiski pogled ( barem ti vo site postovi toa go prezentirash, i toa e OK) no zarem treba da zastaneme i voopshto da ne pogledneme i drugi razmisli - lpncepti za patot i patokazite kako na primer sledniov citat koj sodrzhi edna destruktivna nihilistichka konstrukcija: Ги Дебор следеше еден глас, наназад се до 12-от век, се до „Тајната на Стариот човек од планината“-Рашид ал Синан, водачот на асасините, илјадагодишните терористи од Левант. Рашид ал Синан, според преданието, го предал тој глас на чување дури во својот претсмртен час, а им го предал само на најверните од своите фанатични следбеници: „Ништо не е вистина; се е дозволено“ Последните зборови на Стариот Човек од планината исто така беа само досетка, игра со зборови, алузија на големите пресврти што се кријат во секојдневниот јазик и живот-токму затоа што Дебор претходно го имаше научено тој јазик, тој успеваше да да ги слушне своите идеи во сечија свест. И како што дневното мото на Дебор ги содржеше сите можности на нихилизмот, можноста што ја вклучуваа креацијата, таков беше и палиндромскиот наслов на неговиот филм:„древна фраза која во потполност се нафрла самата врз себе, изградена буква по буква налик на лавиринт од кој не може да се излезе, на начин којшто совршено ги соединува формата и содржината на вечното проклетство: In girum imus nocte et consummlur igni. Ние во круг се вртиме во ноќта и не голта огнот“. Во стварно испревртениот свет вистината е момент на лага. Guy Debord, La Societe du spectacle Za da bide pojasen citatot Debor vo Opshtestvo na spektaklot ima eden cinichno -kritichen stav kon segashnite trendovi i izvitoperenata signalizacija...kako predgovor go ima zemeno sl. citat koj vo globala go objasnuva negoviot koncept: Довршено одвојување "Нашето време недвосмислено и дава предност на сликата над стварта, на копијата над оригиналот, на претставата над стварноста, на привидот над битието. Она што во него е свето е сениште, а она што е профано е вистина. Подобро речено, светото во неговите очи расте во онаа мера во која раскрстува со вистината и и придава веродостојност на сенишноста, така што врвот на сенишност за него е врвна светото." Feuerbach (Предговор кон второто издание на Суштината на христијанството) |