Razvrska na slucajot BACILO II

Razvrska na slucajot BACILO II
Makedon
 
Владата призна дека парите на Џемаили биле дадени без основа
Маја Јовановска


20.04.2006



Од граѓански судски спор, „Бачилото“ прерасна во случај на организиран криминал и корупција. Владата последна призна дека 727-те илјади евра на овчарот Џемаили биле дадени без основа.

Ќе се барале начини за да има повторно судење. Во расветлување на случајот ќе се ангажираат МВР и одделението за организиран криминал во Јавното обвинителство.

Владата ќе ја утврдува одговорноста на правобранителката Зоја Лега Станоевска, која од Антикорупциската комисија и Врховниот суд беше посочена како главен виновник за исплатата на огромната отштета.

За несовесното работење на судијката Снежана Попчевска постапката веќе е во тек. А1 од извори во Републичкиот судски совет дознава дека седницата на која ќе се утврдува нејзината одговорност е закажана веќе в среда.

И антикорупционерите денеска повторно го разгледувале случајот „Бачило“. Претседателот на комисијата Маневски ни изјави дека Врховниот суд ги потврдил нивните сомневања дека случајот е конструиран, а бачилото воопшто не било гранатирано.

Потврда за тоа доаѓа и од министерот за одбрана Манасиевски.

„Во тие документи стои јасно, доколку биле земени предвид, сосема јасно ќе било дека таква пресуда не може да биде донесена“, изјави Јован Манасијевски, министер за одбрана.


Јован Манасијевски


„Меѓутоа, добро е што Врховниот суд и претходно Антикорупциската комисија по деталното разгледување на случајот ги согледа сите овие елементи и јас очекувам после ова правдата да биде задоволена“, додаде Манасијевски.

Во Владата попладнево веќе започна истрагата. Таму дојде Јован Илиевски, првиот човек на одделението за организиран криминал во Јавното обвинителство.

Но, засега сите институции најдоа две жртви за преплатеното стадо - судијката и Правобранителката.

Името на премиерот Бучковски го нема во ниту еден документ од досието „Бачило“, иако тој ги исплатил парите во време кога беше министер за одбрана. Сега улогите се сменети и тој ќе одлучува дали ќе падне Правобранителката.


tmoro Dobro e koga nekoj si gi priznavat greskite,zasluzuvat pofalba megjutoa treba sega site koi se involvirani vo slucajot da letaat od funkciite,da im se zabranit bilo kakva ponatamosna rabota na slicna funkcija i kazna sekako.Toa ke bidit primer za drugite da ne se ogresat.Togas vladata ke dobiet pozitivna ocenka za rabotata od celokupnata javnost.

OBS,dali ste zaprimetile, Makedon ne mislam samo na tebe nemoj pogresno da svatis, i mnogu drugi otvaraat tema Copy od vesnik,i tolku,dajte be i vas komentar za toa sto go otvarate....
Makedon
quote:
Originally posted by tmoro

Dobro e koga nekoj si gi priznavat greskite,zasluzuvat pofalba megjutoa treba sega site koi se involvirani vo slucajot da letaat od funkciite,da im se zabranit bilo kakva ponatamosna rabota na slicna funkcija i kazna sekako.Toa ke bidit primer za drugite da ne se ogresat.Togas vladata ke dobiet pozitivna ocenka za rabotata od celokupnata javnost.

OBS,dali ste zaprimetile, Makedon ne mislam samo na tebe nemoj pogresno da svatis, i mnogu drugi otvaraat tema Copy od vesnik,i tolku,dajte be i vas komentar za toa sto go otvarate....


Pa moite komentari tuka ne se dobredojdeni; sekoj komentar mora da e povrzan so SDSM, bidejki se tie na vlast, a kako forumov postoi da se ogovara politickata elita, ke bidam razbran deka sekoj koj ja kritikuva vlasta e DPMNEovec.
tmoro Pa mora da napisis za segasnava vlast tie treba da go ispitaat slucajot,sigurno ne si ti vinoven za toa.
Belomorec Упссс кочи.

750000 евра дадени за овци.
Настанот се случува кога Бучко е Министер за одбрана.
Министерството за одбрана излегува со документ кој вели хелихоптерите не биле вооружени.
Кој е крив ?
Овците, логиката на Бучко.

Ова премина во перверзија.

Се знае кој е мастер мајндот на сите овие мафијашки операции.
Врвот на СДСМ во коалиција со олигарси+УЧКИ+лажни опозиционери.
marko_polog Da go ispitaat slucajot velis :))

Da ne sakas samite i lisicite da si gi stavat?
NACIONALIST mora Buckovski da priznae deka e toj organizator na krazbite, krajot mu se gleda, pa da lapne sto e mozno poveke
Aleksandra
quote:
Originally posted by NACIONALIST

mora Buckovski da priznae deka e toj organizator na krazbite, krajot mu se gleda, pa da lapne sto e mozno poveke


Ne ripaj kako prle pred magare.:)
dejan sramota http://217.16.70.245/?pBroj=2062&stID=67157&pR=2
f9 Ma trebalo da bara oshteta za dva milioni ovci,bar nekoj ke se omrseshe od tragedijata vo vistinski razmeri.
Makedon Џемаили гради деловна зграда во Старата чаршија

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=719&ArticleID=46152
Der_Beste 730.000 евра за 1000 овци. По мојот есап 730 евра по грло. Аман бе, па тие овци со златно руно да не се?
И како така пукнаа и ни помалку ни повеќе ги отепаа 1000 овци. Па на 1000 овци на пасиште им е потребна површина од најмалку две фудбалски игралишта.
Какво наоружување ли поседува нашата армија, штом е во можност така ефективно да спржи 1000 овци?
Или можеби јас сум глуп?

Ах кутриот овчар, што ќе беше само да немаше зграда и дуќани.
toni_a dali nekoj znae sto stanalo ponataka so ovcite? dali se zakopani,izgoreni,preraboteni itn.mora da ima nekakvi ostatoci ili tragi od "masakarot"! isto i nekakvi dokazi mora da ima na hartija,sliki,dokumenti...

koga dosega ne se pretstaveni vakvi dokazi,znachi mora da e mesteno.bidejki nasheto sudstvo nema realna mozhnost i "sila" da osudi eden golem "politichki"-glauch predlagam da se predade sluchajot na megjunaroden sud.
imame opozicija i X-organizacii vo MK koi mozhat da napravat neshto.ne samo "plukanje" po dnevnata shtampa i ostavanje na rabotite kako sto se....

inaku realno obesshtetuvanje ke beshe ako drzhavata mu kupeshe 1000 ovci na "ovcharot" i mu dadeshe nekojsi 1000-2000 evra "bonus".odlukata tuka sepak ja imal eden od onie sto se najvisoko vo hierarhijata.
nekojsi sto isto nedavashe naredba (te. blokirashe) da se puka koga beshe potrebno.
Makedon Najtragicno e sto vo toj den koga Dhemaili tvrdese deka mu gi granatirale ovcite, voopsto nemalo granatiranje. Togas, vo 2001 g. minister za odbrana bese Dr Vlado Buckovski, istoiot onoj koj gi isplati parite podocna. Covekot znael deka ne se granatiralo toj den, a prekutno, isplatil 730.000 eur.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=60999
Манасијевски призна дека бачилото не било гранатирано
Маја Јовановска


Министерот Манасијевски конечно призна - бачилото не било гранатирано. А1 веќе објави дека ниту овца од стадото на Иснифарис Џемаили не загинала од хеликоптерите на АРМ.

Кој го смислил целото сценарио за гранатираното бачило на овчарот од Камењане и по чија директива државата платила 727.000 евра за нешто што воопшто не се случило, засега нема одговор.

Парите се исплатиле со амин на Бучковски, како тогашен министер за одбрана. Но, одговорност засега се бара само од судиите и од Правобранителката.

И министерот Манасијевски го амнестираше својот шеф Бучковски, тврдејќи дека виновни се само судиите.

„Министерството за одбрана континуирано во текот на процесот ги давало сите потребни информации. Според моето лично мислење, судските органи кога одлучувале не ги земале во предвид информациите од Министерството за одбрана. Тоа е мојот став во однос на ова прашање и ставот на Министерството за одбрана“, изјави Јован Манасијевски, министер за одбрана.

Се потврдија сомневањата на Антикорупциската комисија дека целиот случај е конструиран, а настанот воопшто не се случил. Каде завршиле 727-те илјади евра, прашуваат антикорупционерите.

И кој е на врвот, а кој на дното на овој скандал покриен со парите на граѓаните? Врховниот суд и Републичкиот судски совет водат истрага за одговорност на судијката која го водела случајот и за судската постапка.
concrete Hmmmm...rabotava vo Makedonija izgleda e po matna i od moite najcrni pretpostavki...steta....