Kako se trosat drzavnite pari, moite, vasite...... |
|||||
Makedon | A1 Televizija Анета Додевска 20.04.2006 Кој и зошто дозволил министерско луксузирање на државна сметка? Владата и министерствата си ја префрлаат одговорноста по вчера објавената информација на А1 дека двајца министри, Дураку и Јакимовски, пред извесно време потрошиле близу 15.000 евра само за по еден авио билет. Летале службено, со високи класи. Портпаролот на Министерството за земјоделство тврди, Дураку не потрошил толку многу пари и дека на билетот е прикажана е сума што не одговара на реалната, но одбива да прецизира за колкава сума летал Министерот. Билетот на име Садула Дураку чини точно 8.641 евро. Од Министерството за социјала не беа достапни да објаснат зошто министерот Јакимовски за лет до Њујорк потрошил 4.719 евра. Владиниот портпарол Чолаковски вели, секое министерство само води сметка за тоа како и колку троши пари за службени патувања. Нема коментар за изборот на Дураку и Јакимовски. Вели, ретко се случува владини функционери да патуваат со толку високи класи. Министрите летале преку агенцијата „Орфеј“, од која Владата купува авио билети за службени патувања. Името на „Орфеј“ беше посочено од државната ревизија во 2004-та како агенција која од Министерството за одбрана раководено од Бучковски била избрана без тендер за набавка на билети, за што на нејзина сметка биле префрлени 300.000 евра. Познавачите од овој бизнис ја потврдуваат вредноста на билетите за летањето со висока класа. Велат, тие цени се вообичаени за луксузно летање. Ваквата практика на македонските делегации годишно државата ја чини и по 13 милиони евра. Толку пари има во буџетот за службени патувања. http://a1.com.mk/vesti/default.asp?vestid=61642 |
||||
OooOo | Vakva tema vekje postoi... | ||||
Makedon |
emi kade e? |
||||
OooOo | http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=15324 | ||||
Strelec |
На вебсајтот на А1 Телевизија, но во делот наменет за ’Економија’... Зошто на форумов не бил било тоа на делот наменет за ’Економија’? |
||||
Makedon | Strelec, trosenjeto budzetski sredstva e politicka rabota. Budzetot ne e privatna smetka, tuku javna, na site gragjani. Bi bilo poarno da si ostanes prodavac na kaskaval |
||||
Strelec | А какви теми според тебе треба да се отвораат на потфорумот за економија? Ајде кажи еден таков пример за економијата во Македонија што мислиш дека му е таму местото! |
||||
Makedon |
Dodusa, nie nemame takvi temi za podforumot Ekonomija. Nemame ekonomija, nisto ne raboti, osven svercot. |
||||
Satanico Pandemonium |
Ova za kaskavalov e neverojatno. Posle se sto ti se kaza ti se sluzis so vakvi navredi. Samo za toa ban treba da postoi za tebe. Se slagam so Ooo , vakva tema postoi veke , nema potreba ovaa da prodolzi delumno zaradi tvoeto odnesuvanje. |