Некој прашања не заслужуваат одговор. |
||||
f9 | да по желбата од народот постои избрана власт.Така можеа да се слушнат паролите Вил оф пипл,Фром д пипл ту д пипл кој завршија и на филмско платно.Но содржината на тие пароли и беше двигателка на демократскиот поредок кој се вгнезди во постсоцијалистичките земји. Кај нас демократијата веке трае петнаесеттина години и редно е да се повратиме на почетните мотиви и пароли и да направиме едно резиме на резултатите од промената на системот.Демократијата во Република Македонија е еднонасочна улица.Сите избори беа од народот.Никој не дојде да гласа на негово место,ниту поставуваше власт место тој народ. Од едната страна бар мене работата ми изгледа јасна.Партиите и независните кандидати си се популаризираат,лидерите ги водат иизлегуваат на избори со свои кандидати за функции и народот ги избира врз база на тоа што ветиле и ...и...и народот чека на остварување на ветеното. Без разлика која партија освоила позиција или опозиција и двете страни на политиката се одговорни.Едната што била власт а другата што била лоша опозиција а не власт.Значи кај она ЗА НАРОДОТ некако го снема,а го снема затоа што резултатите покажуваат катастрофално ниво на економска сигурност кај мнозинството од населението.Така се случи партиите кој би требало да имаат успех во социјалната свера да се откажуваат и од самиот смисол за социјална правда,партиите кој би требало да градат национални единства произлегоа како најголемите делители на националното ткиво. Демократските избори представуваат давање на легимитет не само на имињата кој ке фигурираат како лица или партии туку и легимитет за она што било ветено дека било и направено или не било направено. Од резултатите произлегува дека народот бил до сега лажен со празни ветувања и пролонгирања на датите на остварувањата.И неостварувањата и пролонгирањата биле до сега само во функција на зграбување на власта и позиции во неа и опстанување на власт до највозможниот крај на мандатот. После петнаесет години лаги време е да се прашаме ... ...дали некој прашања заслужуваат одговор.Дали народот во Република Македонија ке биде на ниво да им каже на своите политичари и политички групации дека не им верува и дека е време за коренити промени во политичките партии. ДАЛИ Е ВРЕМЕ ЗА АПСТИНЕНЦИЈА? |
|||
трендафил | За волја на вистината сме имале многу малку демократски избори. Почнувајќи од информирањето кое секогаш било водено од една партија, која себе си се нарекува државотворна. Дека луѓето се разочарани во политичарите се гледа по рејтингот на политичките лидери. Еден Џорџ Буш кога има најнизок рејтинг е подржуван од повеќе граѓани отколку сите македонски политичари заедно. Само најпопуларниот македонски политичар кај нас има двоцифрена подршка (малку над 10%). Лидерот на најголемата партија, пак е близок до 0%. Постои голема разлика помеѓу популарноста на лидерите на партијата (со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ) и на самата партија. Значи ли тоа дека нема внатрепартијска демократија, односно дека лидерите се избрани спротивно на волјата на членовите. Или на секој му опаѓа популарноста ако дојде на власт. На пример, Васил Топурковски имаше многу висок рејтинг пред да влезе во власта со ДА. |
|||
Satanico Pandemonium | Dobar post F9! Prvo, zosto kaj nas se redat vlasti koj samo gledaat da grabaat a na primer vo drugite Istocno Evropski drzavi pogotovo kolku po na sever se odi toa ne se sluchuva e interesen fenomen. Kaj Bugarija i Romanija e slichno , no sepak malce poarno od kaj nas. Po mene se raboti za kultura , i vospituvanje i taa e ili prisatna ili ne kaj narodot. Ne veruvam deka megju narodot i vlasta ima golema razlika. Ne za dzabe se veli kakov narod takva vlast. Vsushnost od narodot vlasta doagja. Toa se tie lugje. Zosto na nekoj Danski general ne mu tekne so tenkovi da vleze i zazeme vlast? Znae deka toa nema da funkcionira, prvo narodot nema toa da go prifati a vtoro i nego ne mu pagjaat na pamet takvi resenija zatoa sto e naviknat da bara resenija na drug nacin, pokulturen, racionalen. Od druga strna vo Irak e nevozmozno da funkcionira takva demokratija zatoa sto narodot e prakticki poludiv koga ke se dojde do vladeenje na pravoto, zakonite i pocituvanje na drugite, ne nacuhen na demokratija i celta na sekogo e tamu da dojde na vlast i drugite da gi sotre i toj da bide lider. Vo takvi opstestva korupcijata e ogromna. Nie si imavme vo poslednite 15 godini vlasti kakvi sto zasluzivme. Da li sme promeneti i spremni za druga vlast? Malce po mene. Normalno so tekot na vremeto evolutivno i nie ke se promenime. Od tuka i odgovorot na tvoeto prasanje da li e vreme za apstinencija ili ne. Toa vreme odamna pomina, no kako sto velis i se prasuvas opravdano da li sme na nivo, se se plasam deka pak ke se izlazeme i pak ke izbereme nekoja meshavina od tie sto veke bea na vlast i uste 4 godini ke propagjame. |