Честити Велигденски празници |
||||
Strelec | Воскресението Христово нека внесе нови сили во нашите тела успешно да им оддолееме на искушенијата и да продолжиме по патот на успехот. ЧЕСТИТИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ |
|||
wolf_pack | За многу години нека ни е, ќе се к'цаме ли | |||
RaGeAnGeL | za mnogu godini na site i se najubo super da si pominite i pomalce chukanje |
|||
slasa | za mnogu godini napomos neka e kaj site | |||
ArIeS | За многу години нека е... | |||
Homer MakeDonski | честит велигденски празници и од мене за Христовото воскресение до сите верни во Христа |
|||
DonVito | Chestit praznik, kamo jajce? | |||
dalila | Srekjni praznici na site !!! |
|||
mafisKumA | Hristos Voskresna od mrtvite so smrta smrta je pobedi i na tije sto beja vo grobovite zivot im dade vistina voskrese |
|||
V irginia | Hristos Voskrese ! | |||
zlotty_co_380 | Happy Easter Holidays to everyone | |||
Whitebaby | Hristos Voskrese, za mnogu godini da e! | |||
Sunshine | Navistina voskrese! Srekjen praznik na site. | |||
MeGaSTaR | Na site Srekni veligdenski praznici.. | |||
dada Sani | Hristos Voskrese! Srekjen praznik na site | |||
dejan | Ajde cestito:) | |||
PaBLo` | Chestito neka vi e Praznikot | |||
dalila | Neka ni e chestit praznikov | |||
LIDIJA - SKorpija | Virtuelni Makedonci! Neka ni e chestit i vechen praznikot Veligden |
|||
GiTaRiSt | Sreken praznik. | |||
ozonce | Za mnogu godini Veligden. | |||
Lidija | Cestit Veligden na site, super da si proslavite!!! & Ristos voskrese! | |||
Jakov | Велигденското послание на Неговото Блаженство гдин гдин Стефан Возљубени велигденци, Да пееме и да се радуваме, славејќи Го Христа - Воскреснатиот Господ. Да го воспеваме Неговото воскресение, зашто Он, откако претрпе страданија, со смртта смртта ја победи. А и ние сме победници заедно со Воскреснатиот. Преку Христа ни е дарувана најголемата победа – победата над смртта! Во ова воскресенско торжество, да се потсетиме на предвечната Божја Промисла за нашето спасение. Воплотениот Син Божји дојде меѓу нас, за да н#1104; упати на спасоносниот пат, беше распнат и воскресна. Воскреснатиот Спасител е единствениот пат, вистина и живот! Затоа, Го следиме ли Христа, тогаш сме на вистинскиот пат, што ослободува и води кон богоугоден и спасоносен живот. Но, да не заборавиме дека Христовиот пат е пат на Крстот, пат на распнувањето! А и нашиот живот е распнување, за да се оттргнеме од она што влече кон земното и временото, зашто вистински вредно е само небесното и вечното. Затоа, најнапред, да го бараме Царството Божјо, а с#1104; друго ќе ни се придаде! Возљубени празникољупци, На овој Големден, човештвото ја слушна најрадосната вест - Христос воскресна! Со тоа чудо над чудата ни се отворија небесните врати за да преминеме кон Бога, да бидеме таму каде што Он подготви место за оние коишто веруваат и се надеваат на Него. Со раширените раце на крстот, Он н#1104; собра во Својата прегратка и н#1104; поведе таму каде што му вети и на разбојникот. Тоа е преминот - тоа е нашата Пасха! Воскресението Христово е мост од временото кон вечното, преод од смрт кон живот. Затоа Спасителот рече: „Одам да ви приготвам место. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам, и ќе ве земам вас при Себе за да бидете и вие каде што сум Јас” (Јован 14, 2 - 3). Господ Исус Христос затоа и дојде: да ни ја дарува небесната слава и вечниот живот. Он е „воскресение и живот”, кој верува во Него „и ако умре, ќе живее” (Јован 11, 25). Нашиот „Бог не е Бог на мртвите, туку Бог на живите” (Матеј 22, 32). Возљубени чеда во Господа, Воскреснатиот Христос ја востанови Eдната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Нашата, пак, Македонска Православна Црква е дел од неа, од целоста на Христовата Црква. Бог не ги остава оние што веруваат и се надеваат на Него. Не постои сила на светот што може да Му се спротивстави на Оној Кој го создал светот. Со Божја помош, и по молитвите на светиот апостол Павле и на свети Климент Охридски, се возобнови Охридската Архиепископија во лицето на нашата Македонска Православна Црква. И еве, веќе четири децении таа го живее својот воскресенски живот, грижејќи се како вистинска мајка за нашиот народ, и овде - во Татковинава, а и насекаде по светот. Таа наша света Македонска Православна Црква - нашата Охридска Архиепископија - и покрај сите пречки, продолжува да сведочи за тоа кои сме и што сме! Возљубени, Без разлика дали живееме овде, или, пак, нашите прадедовски корења се од прекрасното парче земја на Балканот, кое ни го подарил Господ и го нарекол Македонија, треба да го сакаме и да го чуваме! За жал, некои и денес сакаат да ни го приграбат она што е наше. Но, не ќе можат! Ние сме народ со минато, сегашност и иднина; кој длабоко во себе ги носи верата и традициите од своите предци, народ со долга историја и вековно опстојување. Сведоци сме дека Вистината ослободува, дека Бог не остава никого од оние кои одат по Христовиот пат, туку ги крепи и води. Колку и да се обидуваат силните на светот да н#1104; скршат, да н#1104; одродат и однародат - Бог тоа не го дозволува, туку н#1104; држи, н#1104; води и утешува и не н#1104; заборава. Потврда за тоа ни е секојдневниот раст на нашата света Црква, како и враќањето на нашиот народ кон верата и живеењето според неа. Возљубени христољупци, И во ова време, повторно н#1104; продаваат, предаваат и распнуваат, но ние воскреснуваме! Колку повеќе н#1104; навредуваат и негираат, толку поцврсти стануваме. А силата, за да истраеме до крај, ја добиваме само преку благодатта на воскресението. Бог ни помага! Еве, по Божјата милост, напредуваме и со нови архиереи и со бројни дејности и активности во севкупниот живот на нашата света Црква. Велигденските празнувања нека ни бидат за наша духовна поткрепа, за наше духовно обновување. Ова ни е потребно за да ја зголемиме нашата љубов кон Бога и кон ближните; да го продлабочиме меѓусебното разбирање и да ја зацврстиме трпеливоста. Тоа, пак, ќе н#1104; води до поголемо единство, кое ни е многу потребно, особено сега, особено во нашево време. Велигденски е во секого да гледаме свој ближен, зашто секој човек е наш брат и наша сестра. Воскреснатиот Господ Исус Христос ни заповеда да го љубиме својот ближен, бидејќи сите сме браќа и сестри во Бога, нашиот Отец Небесен. Ако се сакаме, ако имаме меѓусебно разбирање и слога, ние сме исполнители на Словото Божјо, исполнители на Светото Евангелие. Затоа, во овие мигови на велигденска духовна радост, ја упатуваме Христовата порака: „Возљуби го својот ближен како себеси!” (Матеј 22, 39). Љубовта е духовната сила на секој побожен народ. Таа е и наша сила, сила на македонскиот народ - и овде, и насекаде каде што н#1104; има; таа е сила која ни помага да ги надминеме сите недоразбирања; таа е сила на соединувањето и гаранција за нашето напредување во с#1104;! Благочестиви чеда на нашата света Црква, Во духот на вековното македонско празнување, и годинава ги одбележуваме годишнините од животот на Црквата: 1700 години од мачеништвото на свети Димитриј Солунски (+ 306) и 210 години од мачеништвото на света Злата Мегленска (+ 1796). Потоа, 130 години од Разловечкото востание (1876 г.) и 60 години од Свештеничката конференција во Скопје (1946 г.), како и годишнините од блаженоупокојувањата на поглаварите на возобновената Охридска Архиепископија - Македонската Православна Црква: 25 години од упокојувањето на архиепископот Доситеј, 20 години од упокојувањето на архиепископот Ангелариј и 10 години од упокојувањето на архиепископот Гаврил. Тие, заедно со светиите и праведниците, се во радоста на Господа. Да Го прославиме Христа Воскреснатиот и сите, исполнети со воскресенска радост, да се поздравиме, гласно воскликнувајќи - ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ + С Т Е Ф А Н |
|||
јузер | "Црвено бело дебело" само што направивме низ куќи :) | |||
SpaceLily | Za mnogu godini da pomozit praznikov i site ubo da si go pominite! | |||
suschestvo | Srekni Praznik na site i ubavo i praznicno da si pominete. Hristos Voskresna od mrtvite i smrtta ja pobedi ! |
|||
StormAngel | Srekni praznici | |||
Krst | Hristos voskrese! Vistina voskrese. Cestit praznik na site. |
|||
TimeHacker | srecni veligdenski praznici |