Приходот од туризмот расте

Приходот од туризмот расте
Makedon
 
Приходот од туризмот расте, интересот на државата се намалува
Даниела Михајловска Василевска


21.04.2006
Се зголемува приходот од туризмот во буџетот, се намалува интересот на државата за негов развој. Девизниот прилив од туризмот за само три години пораснал за огромни 300%, државата во истиот период ги намалува и така минималните буџетски пари што ги двои за негова промоција.

Туризам - нето девизен прилив
2002 8.700.000 $
2004 17.300.000 $
2005 24.200.000 $
За годинава, во буџетот се предвидени едвај 110.000 евра, дури 25% помалку од лани. И со ваквата негрижа, туризмот бележи позитивен тренд.

Од 8,7 милиони долари нето девизен прилив, во 2002-та, лани, од туризмот земјава заработила 24 милиони долари.

Расте и бројот на странски туристи. Лани, близу 200.000 странци ја посетиле Македонија. Туристичките работници, сепак, не се задоволни.

Број на странски туристи
2003 157.692
2004 165.306
2005 197.216
„Во Македонија не се случува туризам. Многу работи треба да се случат во Македонија за да се случи туризмот“, изјавија од туристичка агенција „Компас“.

И експертите ја критикуваат Владата дека ништо не прави да го поттикне туризмот.

„Ние немаме дефиниран туристички производ. Имаме 45 дена полни капацитети, а останатиот дел од годината се е празно“, вели Зоран Тунтев, професор на факултетот за туризам во Охрид.

Одвоени пари од буџетот
2004 150.000 €
2005 150.000 €
2006 110.000 €
Скапи хотели, скап превоз. Во споредба со регионот, аранжманите во македонските туристички центи се најскапи. Поевтино е на море во Црна Гора, Бугарија или Албанија, отколку во нашиот Охрид.

Хотелиерите се правдаат.

„Скапо е спиењето затоа што искористеноста на капацитетите е мала“, изјави Сашо Џиковски, хотелска туристичка асоцијација.

Владата ги теши туристичките работници дека од в година ќе има повеќе пари за развој на туризмот. Поголем интерес од странските туристи очекува откако земјава ќе се промовира на СИ-ЕН-ЕН.

http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=61702