Polosho i od "Tursko"! |
||||
nukleus | -Полноќна драма во „Жито Битола“. Откако завчера земјоделците ги зазедоа објектите и највиталниот дел, пекарницата, во еден часот по полноќ нивните претставници ги повика основниот јавен обвинител Стевче Тасевски, заедно со полициските началници и со директорот на „Жито Битола“. Тој на земјоделците им се заканил дека мораат да ги напуштат објектите на „Жито Битола“ и да ја отстранат механизацијата. Доколку не го направат тоа, им се заканил дека ги приведат, а тракторите ќе им ги отстранат со кранови на РЕК „Битола“, за да се обезбеди производство на леб. Земјоделците револтирано ги напуштија објектите. - Цела ноќ вршеа притисок врз нас, а директорот од кафеана се јавуваше дека ќе ни донесат пари само за да ги напуштиме објектите. Ако треба, ќе штрајкуваме со глад, ама тука ќе останеме за Велигден. Тие сакаат да не разединат за протестите да пропаднат - рече Александар Илиески, земјоделец од Тополчани, Прилепско. Земјоделците бараат повратна информација во Владата за да одлучат какви чекори ќе преземат во наредните денови. Полицијата ја контролира состојбата во „Жито Битола“, а лебот се произведува и се дистрибуира непречено. |
|||
f9 | Ovaa vlada ne go donese zakonot za Bankrot i Likvidacija so vneseni ekspresno brzi klauzuli na izvrshuvanje so shto bi se efektuirala finansiskata disciplina na pravnite subjekti vo vnatreshnoto plakjanje. Zoshto? Zatoa shto ovaa vlada e zashtitnik na sopstvenosta na sopstvenici na kompanii koj nemaat obrtni sredstva.Vo normalna drzhava so normalna vlada sopstvenicite ekspresno bi bankrotirale,a sopstvenosta bi bila prenesena na komintentite. Ova e ushte eden dokaz deka vladata raboti pod socijalistichkata negativna nula so shto trupa vo firmite dubiozni dolgovi koj so pretrupuvanjeto ke eksplodiraat vo nechiij drug mandat od edna strana,a od druga gi stava komintentite vo pozicija na nesoodvetna pravna i sudska zashtita.Istoto se sluchuva niz celiot stopanski prostor... |