Пештерите во Македонија

Пештерите во Македонија
rina
 
Во Македонија се регистрирани 346 пештери од кои стотина се јами или таканаречени пропусти, а останатите се хоризонтални објекти. Најдлабок објект во Македонија е на Солунска Глава кој е длабок 450 метри. Станува збор за објект во кој првите 200 метри се чиста вертикала, а потоа се шири во голема сала со висина на сводовите од 50 метри. Овој објект е еден од најголемите на Балканот. Во оваа пештера постојат извонредни украси од зелен мраз и сталагнити високи до 2 метри. Најдолг хоризонтаелен спелеолошки објект е пештерата “Бела Вода” кај Демир Капија која има должина од 955 метри. На крајот на пештерата има езерце, околу кое исто така има многу убави украси. Најубав објект и втор по големина во нашата држава е “Слатински Извор”.


Оваа пештера е тешко достапна за луѓето, затоа и најмногу е сочувана. Посебно треба да се спомене пештерата Змејовец кај селото Крапа за која има легенда што ја запишал Марко Цепенков. Се раскажува дека од далеку доаѓале луѓе за да се напијат од водата која била лековита.



Еве ја табелата на пештери и јами во Македонија:

Пештера Должина Општина



Извор на река Бабуна 159 Богомила
Дамајница 88 Богомила
Вевчански Извори Вевчани
Пештерски Камен 360 Витолишта
Клен 232 Витолишта
Темна Пештера 210 Витолишта
Горен Змејовец 220 Демир Капија
Бела Вода 950 Демир Капија Еврејка 24 Демир Хисар Змеова 28 Демир Хисар Убавица /Ѓоновичка/ 580 Долна Баница
Калина Дупка 48 Другово
Самоска Дупка 274 Охрид Јаорец 76 Охрид
Наумова 27 Охрид
Галишка 120 Кавадарци Ратовица 60 Кавадарци Лилјарница 80 Кавадарци Арамиска 165 Кавадарци Будимирица 72 Кавадарци Црквиче 86 Кавадарци Каменолом 40 Кичево Млечник 40 Лабуниште
Шаркова Дупка 108 Маврово Симка 500 Маврово
Слатински Извори 805 Брод
Змејовица 76 Брод
Крапски Понор Брод
Пешна 50 Брод
Горна Слатинска 400 Брод
Слатинска 2 80 Брод Мраморечка 46 Прилеп
Дуова Вода 58 Прилеп Алилица 615 Ростуше
Калина Дупка 408 Ростуше
Врело 160 Скопје Крштална 121 Скопје
Дона Дупка 600 Скопје Момичек 110 Самоков Лапарник 125 Самоков Голубарник 50 Самоков
Шпела Бозгуни 82 Сопиште Велигденска 84 Сопиште
Светла и Брлог 40 Сопиште Драчевска 130 Сопиште
Пешта 90 Сопиште Гољапеш 26 Сопотница
Ар.Михаил Струга Макаровец 310 Чашка Крајници 210 Чашка
Монашка Чашка Маркова Црква 69 Чашка


Пропаст /Јама/ Длабочина Општина

Солунска 5 -450 Богомила Ледник -150 Богомила
Јакупица 2 -60 Богомила
Јакупица 3 -80 Богомила
Јакупица 4 -115 Богомила
Вилинска Дупка -80 Витолишта Гинчејца -35 Другово Златопропаст -40 Другово Задпропаст -46 Другово
Рблак -48 Охрид
Капки -30 Кавадарци
Орлов камен -95 Кавадарци Чавкарник -50 Маврово
Долен Биеж -52 Брод
Голем Козјак -115 Прилеп Никодински -36 Прилеп Соколица -38 Ростуше Чавкарник -114 Ростуше
Крчин Сло КО -100 Ростуше
Крчин Сло К1 -59 Ростуше
Крчин Сло К4 -53 Ростуше
Крчин Сло К11 -53 Ростуше Белички -50 Самоков Кајорев -35 Самоков Ситоица -18 Скопје Габрулица -30 Сопиште
Пеони 4 -70 Сопиште
Пеони 6 -22 Сопиште
Чавкарник 1 -45 Сопиште
Чавкарник 3 -56 Сопиште
Титов Пропаст -96 Сопиште

rina Утробата на Слатински Извор

Низ тесна дупка со длабочина од 1,5 метри, по која мора да се ползи во вода, се влегува во засега најголемата македонска пештера Слатински Извор која се наоѓа во атарот на село Слатина, оддалечено петнаесетина километри од Македонски Брод. Влезот во пештерата, за која досега се знае дека е долга 3.000 метри, е лоциран од левата страна на сливот на Слатинска Река во Треска, на надморска височина од 495 метри.





Влегувањето во пештерата е многу тешко и ризично. Тоа е изводливо само во летниот период, кога активноста на подземните водотеци е сведена на минимум. Но дури и тогаш може да се случи влезот да е полн со вода, па мора да се ползи едно триста метри по водно корито. Внатре е мошне студено и има големи струења на воздухот, така што цело време низ пештерата се движите мокри. Пештерата била создадена пред повеќе од милијарда години, со таложење на карбонитна маса во карстниот поречки предел, кој изобилува со доламитски мермер. Во нејзиното формирање голема улога одиграле механичката речна ерозија, како и силните тектонски движења. Слатински Извор, всушност е долг подземен канал кој на бранови се дели на помали каналчиња и на одредени места се проширува, при што се создаваат прекрасни сали. По одредена должина, пештерата повторно се стеснува и така се до нејзиниот крај кој се уште не е прецизно утврден.
Влезот на пештерата се дели на два крака, при што левиот крак е одводен канал на Слатинска Река, која понира во подолните слоеви на почвата. Откако ќе се поминат 260 метри од влезот во пештерата, таа полека се шири и се доаѓа до поголема сала, која има должина од 10 метри, широчина од 2 метра и височина меѓу 40 и 60 сантиметри. Се до оваа сала каналот има североисточен правец на движење, а потоа лактесто завртува кон југоисток. Уште шеесетина метри понатаму каналот повторно се проширува и се покажува прекрасана сала, долга 55 метри, широка 25 метри и висока 15 метри, исполнета е со најразлични варовнички украси и форми. Целата сала е исполнета со сталактити, сталагмити и ситни бели украси кои висат од таванот, макарончиња. На некои делови калциумкарбонатот кристализирал во форма на печурка или на корал, а, пак, на други делови формира вистински лепези. Кај некои се познаваат кристалните форми, други се целосно бели, а трети, пак, имаат чоколадна боја, во зависност од составот на материјалот кој се таложел.
Пештерата е преполна со мали езерца, со кристално чиста вода чија температура се движи меќу 4 и 5 степени. На 700 метри од влезот може да се забележат песочни наноси и шкрилци, донесени со понирање на Крапска или Слатинска Река, чие подрачје е богато со кварц. На 850 метри од влезот пештерата се стеснува во речиси непрооден канал каде што спелеолозите пред триесетина години откриле еден мал отвор низ кој не можел да помине возрасен човек. Целата пештера е сплет од канали и сали каде што порано течеле подземните води, кои со текот на времето се спуштиле на пониско ниво и каналите останале суви. Потоа настапила втора фаза, односно фаза на таложење на калциумкарбонат. Постојат претпоставки дека каналот се движи паралелно на Крапска Река која понира и дека нејзината подземна должина изнесува околу 6 километри. Но засега тоа се само претпоставки.

Оваа пештера минатата година е прогласена за национално природно наследство, односно законски е заштитена како споменик на природата. Според последната одлука на Владата на Република Македонија, Слатински Извор, заедно со локалитетот Маркови Кули во Прилепско, нашите власти ќе се обидат да ја стават на прелиминарната листа на заштита на УНЕСКО.


rina Во близина на селото Слатина и на пештерата се наоѓа извор со солена вода. Освен овој жителите на Слатина кажуваат дека има уште еден солен извор. По солената вода што извира овде и Слатина го добила своето име. Изворите со солена вода се од големите наслаги на сол што ги има на ова место под земјата.

Селаните во Слатина раскажуваат дека водата од изворот за време на војните кога немало сол жените ја користеле за месење леб. Но, како што раскажуваат таа вода е толку многу солена што мора да се става еден дел солена вода и три дела слатка.

rina Скоро триесетина години спелеолозите мислеле дека Слатински Извор е долга само 850 метри, што и не била некоја голема должина, бидејќи уште тогаш биле познати повеќе пештери подолги од 1.000 метри, а најдолгата Бела Вода, кај Демир Капија достигнувала и 1.200 метри.
"Пред две години се обидовме таа шуплина да ја прошириме, и дел од нашата екипа успеа да влезе внатре. Тој премин го нарековме Јоцов премин, по името на еден од основачите на 'Пеони', кој беше најупорен во настојувањето да продолжиме понатаму. Тогаш успеавме да поминеме уште 300 метри во должина, па со претходните 850 веќе правеа должина од 1.250 метри. Дотогаш најдолгата пештера имаше 1.200 метри, сега Слатински Извор стана најдолгата пештера", додава Жежовски член на спелеолошкото друштво „Пеони“.
Овие истражувања спелеолозите од "Пеони" ги спровеле заедно со група француски спелеолози од Ница, при што во вториот дел од пештерата откриле поголемо езеро, веднаш под самиот канал. Го нарекле Езерото на Брит, по името на една Французинка од тимот спелеолози од Ница.
"Езерцето се наоѓа под самиот канал, кој во тој дел е мошне тенок и мора многу да се внимава, бидејќи многу лесно може да се скрши и да пропаднеме во водата", раскажуваат спелеолозите.
Соработката меѓу македонскиот и францускиот тим спелеолози продолжила и минатата година, при што откриле нови 1.750 метри од пештерата, така што таа досега има 3.000 метри, а, според научниците, е многу поголема.
"Целата пештера е сплет од канали и сали каде што порано течеле подземните води, кои со текот на времето се спуштиле на пониско ниво и каналите останале суви. Потоа настапила втора фаза, односно фаза на таложење на калциумкарбонат", вели претседателот на "Пеони".
Спелеолозите предупредуваат дека движењето низ пештерата мора да биде многу претпазливо, не само поради карактеристиката на самиот терен туку и поради опасноста од повторно избивање на подземните води во каналите на пештерата. Тие велат дека ако дојде поголемо количество вода во моментот додека се внатре, може да останат заробени меѓу карпите и никогаш да не излезат на светлината на денот. Поради тоа, годинава истражувањата на пештерата ќе продолжат експедициски, а самиот престој во пештерата ќе биде многу подолг, бидејќи за да се влезе во пештерата, да се поминат 3 километри и да се вратат назад потребни се околу 20 часа.
"Сега во видно поле имаме 4 километри, но пештерата може да излезе многу подолга. Постојат претпоставки дека каналот се движи паралелно на Крапска Река која понира и дека нејзината подземна должина изнесува околу 6 километри. Но засега тоа се само претпоставки. Поради тоа годинава ќе мора да преноќиме во пештерата, односоно да направиме камп во една од поголемите сали", вели Жежовски.


rina ВРЕЛО" ВО КАЊОНОТ МАТКА - ПЕШТЕРСКА СИМФОНИЈА
Спелеолошкото друштво "Пеони", кое со децении крстари во подземните пространства низ Македонија и во утробата на земјата и ја открива специфичната архитектоника на природните форми од камен, ја подготви за прием на туристи пештерата "Врело" во спелеолошкиот парк "Јовица Гроздановски" во споменикот на природата, кањонот Матка.

Долго се чекаше на оваа прва туристички уредена пештера во Македонија. На свеченоста беа За обичниот турист, кој не практикува планинарство, единствениот пристап до "Врело" е водениот пат, кој се совладува со чамци. Почетна станица е планинарскиот дом "Матка", во непосредна близина на манастирот Свети Андреја од 14 век, задужбина на последниот монарх на просторите на Македонија, кралот Марко.



Акумулационото езеро Матка, кое се протега неколку километри низводно по реката Треска, дури до Кичево, е величенствено со својата метално сиво - зелена боја. Стрмните сиви седиментни трошни карпи, омилена рута и вечен предизвик на алпинистите - авантуристи, се издигаат високо над езерото, а со своите крајбрежја остро ја засекуваат мистериозната водена површина на езерото.Понекоја врба и околното ниско зеленило на листопадни дрва го облагородуваат околниот пејзаж.

Во пештерата, чија должина изнесува триста метри, постои агрегат и електрична инсталација за осветлување изградена со средства од ФАРЕ - програмата за развој на културата, во висина од 20 илјади марки. Влегувањето е хоризонтално, а вредните спелеолози се погрижиле да изградат скали, кои се симнуваат и качуваат по подот на пештерата. Другите две пештери од "светото тројство" во спелеолошкиот парк се "Крштална" и "Убава", наредени една над друга, речиси во иста вертикална линија. Тоа не им пречи во нивните "сакра конверзационе", а "дијалогот" го воспоставуваат понорите на Патишка река преку капиларни врски, се до четвртата подводна пештера, чиј влез е на ниво на езерото Матка.

rina

Веднаш до влезот на пештерата е концертната сала, еден поширок простор, кој е искористен за неколку музички концерти. Така, останало и името "концертна сала", од чија лева страна се таканаречените "пишани камења". Станува збор за систем од знаци, можеби и за писмо, за чие дешифрирање и толкување треба стручна помош.

На средината на пештерата се наоѓа огромен сталактит во вид на шишарка и во таа чест, просторот околу неа е наречен "сала на шишарката". Секундарни сали се шират лево и десно, до кои не е можен пристап за туристите, но се предмет на истражување на спелеолозите. Пештерата има сталактити и сталагмити, калцитни форми во вид на "тикви". Заоблени, меки форми се шират по целата таваница. Нивната бела површина е исшарана со црвенкасти и жолтеникави жили, вградени во геоморфната структура на карпите. Растењето на пештерските украси зависи од процентот на варовник во водата, како и од количината на водата која капе од таванот, која со тоа носи помало или поголемо количество калциум карбонат. Сепак, со сигурност може да се каже дека создавањето на една калцитна капка не може да се забележи во текот на еден човечки живот. Оттука и треба да произлезе и свеста за грижа за овие чудесни вајарски дела на природата, создавани во текот на милијарди години.

Во длабочината на пештерата, таму каде што таа завршува, се наоѓаат две езера, Малото и Големото езеро, кое има и своја руска плажа. Интересно е да се слушне како плажата го добила ова име. Најголема посета пештерата досега имала од руските пилоти, вработени во македонското воздухопловство. Во една прилика еден од пилотите се избањал во студената вода и оттогаш "руската плажа" е преселена од брегот на Вардар во Градскиот парк во Скопје, каде што некогаш се наоѓаше, во пештерата "Врело".

Малото езеро има форма на осмица. Во најширокиот дел има димензија од 8 метри, а должината и длабочината му се 15 метри, додека Големото езеро има должина од 35 метри, широчина од 15 метри, а длабочина од 15 до 18 метри. Присуството на сталактитите во водата упатува на заклучок дека некогаш во пештерата немало вода. Оваа констатација ни ја потврдува еден спелеолог и не информира дека езерата се создадени по изградбата на акумулацијата Матка во 1936 година.

Овие езера се капиларно поврзани со подводната пештера под нив, која пак во длабочината на земјата е поврзана со пропаст. Подводните истражувања ги вршеле Французи последново лето и со постојната опрема успеале да истражат 450 метри во должина и 57 метри во широчина. Истражувањата треба да продолжат идната година, кога француската екипа ќе набави пософистицирана опрема за истражување. Во "Врело" температурата на воздухот во зима е 12 степени, а во лето 9 степени. Температурата на водата е пониска, 5 степени во зима, 6 степени во лето.

Во водите на езерото живее еден вид на езерски рак, кој не е ендемски и е многу честа појава во пештерските езера.

Испитувањата покажале дека водата во езерата не е бактериолошки исправна. Загадувањето доаѓа од термоелектраната "Осломеј", градската канализација на Кичево, но и од евентуалните нечисти води на Патишка река. Затоа на оваа вешатачка акумулација има табла на која стои дека езерото е забрането за капење, со петти степен на загаденост на водата. Нашите водни ресурси со чиста вода полека се намалуваат.

Членовите на фамилијата лилјаци во "Врело" од неодамна повторно се вратиле во пештерата, откако сами заминале, вознемирени од музиката од оние неколку концерти, одржани во пештерата. "Ние", вели Жежовски, "сме свесни за нивната еколошка катастрофа" и објасни дека 'Врело' е жртвувана пештера". Во неа ќе се одржуваат културни настани, а лилјаците, како што рече Жежовски, "се преселија во пештерата 'Крштална', која нема да биде отворена за посетители, за да не се уништи повторно нивниот дом".

Македонија е релативно неистражено спелеолошко подрачје. До сега се регистрирани 400 пештери и залагањето на спелеолошкото друштво "Пеони" е неколку од нив да и ги препушти на туристичката понуда на земјава. "Поучени од искуството на другите земји", вели Жежовски, "нема да дозволиме голема понуда на пештерски туризам, зашто тоа придонесува за пропаѓање на пештерите".

Покрај спелеолошките истражувања, кои подразбираат топографско снимање и фотографирање на пештерите, потребни се и низа научни истражувања од биоспелеологија, климатологија, палеонтологија, спелеоархеологија, водоснабдување, како и истражувања од аспект на туризмот. Нашиот интерес беше насочен и кон археолошките пронајдоци во "Врело". Освен "пишаните камења", во "Врело" ништо друго не е пронајдено. Во "Убава", пак, се пронајдени остатоци од керамички садови, како и дебел слој пепел, кој му припаѓал на огниште во домот - пештерата на праисторискиот човек. Според нашите скромни познавања, може да претпоставуваме дека станува збор за пронајдоци од палеолитот, старото камено време.

rina


Според информациите од "Пеони", кои се грижат за посетата на пештерата и за културната едукација, режимот на посета ограничува прием на посетители во саботите и неделите, додека не се обезбеди превозно средство со поголем капацитет. За анимација на првата туристички уредена пештера во Македонија, "Врело", е подготвен и пропаганден материјал, постери и разгледници со мотиви од ентериерот на пештерата.



Slika od promocijata na noviot generator za osvetluvawe na pesterata Vrelo, Matka - Ministerkata za kultura, ambasadorot na EU i pretstavnici na Phare CDP



Vnatresnosta na pesterata Vrelo, Matka, skopsko



Pesternite ukrasi na Vrelo, Matka
rina Но, за жал, по сите подготовки на пештерата да биде достапна за туристите....се случува ова:

ЕСМ, за да си ја заврши својата работа, деградираше редок споменик на природата
Затрупан влезот на пештерата "Врело" во кањонот Матка





Единствената уредена пештера во Матка, „Врело“, од неодамна е недостапна за посетителите. Присилното затворање се должи на затрупувањето на влезот со земја, гранки и камења. Материјалот се свлекол до пештерата при пробивањето на патот, што оперативата на ГП „Маврово“ го изведува за „Електростопанство на Македонија“ почнувајќи со изградба на хидроцентралата „Света Петка„, односно „Матка 2“. По откривањето на деградацијата и експресната реакција на министерот за животна средина и просторно планирање, Владимир Џабирски, кој, како што дознаваме, веднаш се обратил до надлежните во ЕСМ и остро интервенирал, на самото место излегол и Државниот инспекторат за животна средина, по што работите се запрени. Директорот на инспекторатот, Владимир Черкезов, не информира дека е постигнат договор се да биде вратено во првобитна состојба, а ЕСМ да ги покрие трошоците на интервенцијата.

Според Законот за заштита на природните реткости, за какво било дејство, задолжително е потребна претходна дозвола од државен надлежен орган (Министерство за животна средина). Овој пат, очигледно инвеститорот, ЕСМ, не го сторил тоа.

По откривањето на овој еколошки инцидент, стручни лица од Службата за животна средина во почетокот на април извршија увид на теренот, при што е констатирано дека градбата е нелегална. Увидот покажал дека пробивањето на патот се врши со минирање, а материјалот со булдожери се истура по стрмнините и се натрупува во коритото на Треска. Затрупувањето на влезот на пештерата „Врело“ го потврдуваат и екипите на Спелеолошкото друштво „Пеони„. „Пеони„ со одлука на градот Скопје има обврска да се грижи за овој споменик на природата, веќе една година нема пристап во просторот, бидејќи тој сега има специфичен безбедносен третман.

„Нам ни беше сигнализирано за сето ова, па веднаш отидовме на самото место и ги видовме двете пештери. Екипата се спушти со јажиња до долу. До пештерата 'Убава'воопшто не може да се дојде, приодот е целосно однесен и сега е само стрмна површина. Патеката што беше направена специјално, веќе не постои. За среќа, во внатрешноста нема нарушувања. Всушност, уште кога се проектираше патот ние реагиравме да биде од спротивната страна. Првичната идеја беше тој да минува многу подолу, практично низ пештерите, но по наша интервенција го кренаа погоре. Исто така, укажувавме дека не е пожелно да се врши минирање и тие ветија дека нема да употребуваат експлозив, но не излезе така", вели претседателот на СП „Пеони„, Иван Жежовски. Отстранувањето на камењата и земјата е отежнато поради неможноста да пријде механизација, што значи чистењето мора да се прави рачно. Од друга страна, постојано има опасност материјалот одозгора да почне да се свлекува, бидејќи не е стабилен и при помали врнежи може да почне да се лизга, па да настанат лавини од камења. Жежовски потенцира дека сега не е во прашање само откопување на влезот од пештерата, туку е потребно да се постават заштитни мрежи за да ги прифатат камењата што сами по себе ќе почнат да паѓаат.


извор: Утрински весник
rina Еве уште една репортажа за пештерите Врело, Крштелна и Над Врело, односно Убавица со слики што посебно ми се допаднаа!!!

Кањонот "Матка" - Музеј на отворено кој доволно не го почитуваме

МЛАДИТЕ ПЕШТЕРИ СПОМЕНИЦИ НА ПРИРОДАТА





Самото место е преубаво со една медитеранска клима и дава една воздушна бања, кратко кажано место кое секој би сакал да го има, а ние сето тоа не знаеме да го почитуваме.
Најпознатите три пештери - Врело, Крштена и Убава - се во младост, што значи дека се во еден период на созревање. Содржат прекрасни украси.
Подрачјето на кањонот "Матка" предвидено за заштита како споменик на природата,се наоѓа во долниот тек на реката Треска, оддалечено од Скопје 10-15 км. Матка е споменик на природата во вистинска смисла на зборот што во јавноста малку се потенцира. Таа претставува Музеј на отворено кој ние недоволно го почитуваме, ниту пак го познаваме. Покрај сите напори да се направи еден парк кој би се посетувал со почит, се е сведено само на излетничко место.

Покрај многуте неоткриени убавини кои го красат кањонот Матка, забележани се подземните карстни облици кои се претставени со десет пештери и две јами кои сега, за жал, се натрупани со огромен рид од камења "благодарејќи" на изградбата на патот кој поминува токму над нив.

rina ФАЗИ

Вредноста на Матка е што тоа е едно од најстарите места на Балканот, а во неа опстојуваат редок вид на животински и растителен свет. Пештерите кои се наоѓаат на овој терен исто така се од големо значење, а станува збор за десет вида пештери и две јами. Во глобала тие се поделени на три дела - старост, зрелост и младост. Пештерите кои се во фаза на младост, се наоѓаат во период на созревање, а тоа значи дека се се уште активни и се уште создаваат пештерските украси.







На 500 метри погоре се наоѓаат пештерите во зрелост кои се суви, но на нив се уште се видливи украсите и некаде на 1.000 метри се другите пештери кои се во старост и тие се во фаза на распаѓање.

Тие датираат некаде од пред три милијарди години кога во тој период ова подрачје било езеро. Со самото повлекување на езерото настанувале тие процепи кои поминувајќи години се формираат во пештери. Најпознатите три пештери - Врело, Крштена и Убава - се во младост, што значи дека се во еден период на созревање. Содржат прекрасни украси. Меѓутоа, со самата изградба на патот Матка 2 дојдено е до одрони, така што од невнимание и незнаење тие сега се затрупани.

rina ТРИТЕ ПЕШТЕРИ

Пештерата "Врело" се наоѓа на 20-тина метри над врелото Коритиште. Оваа пештера е наречена "Врело" поради еден извор кој е во близината во самото езеро и е раритет. Кај самото врело има еден канал во кој во 2000 година една француска експедиција спелеолози открила уште една поубава пештера која се наоѓа под вода и е богата со пештерски украси и со исклучиво редок животински и растителен свет.

Дното на пештерата е доста лигаво, што е предизвикано од водата прокапница. Со пештерски накит не изобилува, освен еден голем сталагмит кој се наоѓа на преградата помеѓу двете сали, еден помал и неколку сталактити коишто висат над езерото. Со поизразити украси се истакнува јужниот канал, на чии ѕидови се забележуваат и мали саливи.

Пештерата "Крштална" се наоѓа на околу 150 метри низводно по езерото од пештерата "Врело" (на 405 метри надморска висина), но за десетина метри повисоко од неа. Отворот на пештерата е предиспониран долж една вертикална пукнатина. Од самиот влез, па до длабочина од 40 метри човек може да се спушти само со употреба на јаже или специјални скали, бидејќи дното на каналот е доста лизгав. Дното е покриено со блокови паднати од таванот.

И овој отвор, како и во пештерата Врело, најверојатно имал излез на површина, бидејќи на иста висина, од спротивната страна (на површина), се наоѓа мала пештера (Спирова) која била (претпоставка) во врска со овој отвор. Единствено во оваа пештера, која не изобилува со пештерски накити, има појава на хелактити. Всушност, тоа се сталактити кои се формирале во спротивност со земјината тежа, односно се јавуваат во искривена форма, извиткана. Исто така, по таваницата на пештерата, посебно зимно време, има големи јата на лилјаци.

За пештерата "Над Врело" често го употребуваат името "Убава Пештера", затоа што навистина претставува вистинска убавица меѓу сите други пештери во Матка.

Се наоѓа на околу 100 метри над езерото, односно 75 метри висинска разлика од пештерата "Врело" по што и e дадеno името "Над Врело". Отворот на пештерата се наоѓа во подножјето на една вертикална карпа која претставува завршеток на јаругата којашто води од почетокот на езерото. Поради скалестото спуштање и присуството на неколку сталагмити кои се во фаза на фосилизација, можно е искачување по него и без некои поголеми знаења од алпинизмот. Кога малку ќе се навлезе во внатрешноста на салата и кога ќе се застане во "Шумата" од сталагмити, навистина глетката е импресивна. На таваницата е вистински "дожд" од сталактити, а не помалку зачудуваат неколкуте столбови. Посебно воодушевуваат "столбовите близнаци" кои се високи околу 6 метри и се со бела кристална боја. По благите нагиби има безброј каскади кои се исполнети со вода. Нив редовно по подот ги следат сталагмити. Овде имаме помалку пештерски накит, освен на десната западна страна каде по ѕидовите се неколку саливи, водопади и цветови од сталактити. Бојата на украсите е претежно бела со премини на црвеникава и жолтеникава нијанса.

Заедничко за сите три пештери (Врело, Крштална и Над Врело) е тоа што се наоѓаат на релативно кратко растојание една од друга, а и по должината на пештерските канали во многу не се разликуваат.



извор: Македонско сонце
Mara рина, многу добри репортажи.....а ние бараме да видиме пештери по странствата! Ме воодушевуваат пештерските украси, нивните бои.....ај, спремај се за Први Мај...да одиме до некоја пештера.

Дали пештерите се "населени" и со опасни животни?
rina Фала Маро за коментарот!

Инаку....пештериве се населени со вообичаените жители...лилјаците!!!

Еве, на пример во пештерата Врело тие избегале од гласната музика кога внатре во пештрата имало веќе неколку концерти! Но....сепак, откако се се смирило тие се вратиле! Така и треба!! Без разлика колку и да е добро тие да ни бидат достапни да можеме да ги посетуваме и да им се воодушевуваме, сепак не смееме да го нарушуваме еко системот и нормалниот тек на животинскиот свет!
rina Пешна, пештера со најголем отвор во Македонија

Големината на отворот на оваа пештера е навистина импозантна, легендите велат дека на нејзиниот влез и навнатре била изградена тврдината на втората сестра на Крали Марко. Сега има само остатоци од тврдината. Во пештерата, којашто не е длабока и која ги нема вообичаените пештерски украси, извира реката Пешна, зад ѕидот на пештерата има поголеми пештерски простории.





rina Пештерата се наоѓа од десната долинска страна на реката Треска, во Поречкиот Басен, недалеку од Македонски Брод.Иако има мошне мала должина, од само 50 метри,нејзиниот влез е со значителни димензии: 16,8х52,4 м. Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот избива силен вруток кој во сушните периоди од годината наполно пресушува. На влезниот дел на пештерата постои средновековна тврдина.


Пештерата „Пешна” се наоѓа во близина на мотелот „Пешна”, на патот помеѓу Македонски Брод и Самоков. Постои верување дека Пешна е една од сестрите на Крале Марко. Таа живеела во пештерата и оттаму можела да се гледа со својата сестра Дева, другата сестра на Крале Марко, којашто живеела во тврдината „Девини кули”, во непосредна близина на Пешна.
zlotty_co_380 Od site sto gi nabroja, samo vo ovaa Pesna sum bil, 2-3 pati za 1vi ili 2ri Maj, ubavo bese ,long long time ago, sega samo spomenite ostana, imase eden hotel, Pesna Hotel se vikase mislam i mnogu ubava riba davaa, mislam i ribnici imaa tamu, si biras riba ti ja kolat i po nkolku minuti u tajnir ti ja donele... mestoto e ubavo, ma da u pesterata samo pestera bese, ne se odese mnogu dlaboko, mi bese strav mecki da ne imalo , da ne mi skoknat. patot e vo red, za na kaj porece vodi taa ulica, mi teknuva gol se banjav vo rekata Treska :) , sum izmrznuval
rina Многу добро се сеќаваш злоти!! Пешна можеби е најлесно достапна поради тоа што отворот е навистина доста голем, а и ретко кој веројатно без стручен водич влегува подлабоко во пештерата.

Во мотелот, што го носи името Пешна има и рибник и подготвуваат прекрасна риба!



А, сега....уште пештерииииии!!!!


ДЕМИР КАПИЈА Пештера




Дали сте ја виделе или, пак, сте слушнале за камената убавица Демир Капија? Ја знаете приказната за нејзиното расцепување во дамнешните времиња ?

Кога Крале Марко и Господ шетале низ земјава како побратими? Клисурата не била отсекогаш така поделена на два дела, туку цела, како камен ѕид стоела помеѓу Тиквешката котлина на север и Бојмија на југ. Но, еден ден двата пријатела излегле на прошетка и занесени од убавините што ги опкружувале, почнале да размислуваат како да го направат народот посреќен, да му помогнат да биде позадоволен. И тогаш Господ се досетил и предложил водата од Малко море (денешно Мариово) да ја пренасочат кон Солунско поле и така да му помогнат на народот. Крале Марко ја подигнал својата сабја и со еден удар ја поделил карпата на два дела. После овој настан настапила голема суша и народот почнал да бега оттаму, заминувајќи најмногу во битолските и тиквешките краишта.


Уште од времето кога било пронајдено огненото оружје, Крале Марко живее во Демир Капија, тој се уште спие во длабок сон во една тамошна пештера. Во нејзината внатрешност тој силно ја забил сабјата во каменот, го симнал седлото од Шарец и пред да потоне во сон, рекол: “Кога сабјата ќе испадне од карпата и седлово ќе се качи на Шарца, на коњот, тогаш јас ќе се разбудам и пак ќе излезам да царувам во оваа македонска земја“.



rina Самотска Дупка

Дестинација ланинарската куќа “Асан Џура”, до која може да се стигне и со автомобил. Овој објект нуди освежување и одмор за посетителите, кои потоа можат да решат во кој правец ќе ја продолжат прошетката. Има неколку можни дестинации. Патеката што оди налево води кон пештерата Самотска Дупка, а другата кон панорамата Гога од каде што може да се ужива во неповторливата глетка на двете езера истовремено. Планирана тура може да биде и до локалитетот Лако Сигној, на надморска височина од околу 2.000 метри, до каде што се пешачи час и половина.



Од планинарскиот дом до пештерата води обележана патека. До неа се стигнува по повеќе од половина час пешачење, а се наоѓа на една стрмнина во шумата. Пештерата од мината година е осветлена и приспособена за посетители, а е направена и пристапна патека. За влегување во процепот во карпата, каде што температурата е многу пониска од таа надвор, се препорачливи затворени обувки и виндјакна.


rina Пешачка патека Асан Џура
Се наоѓа во централниот дел на Националниот парк „Галичица“ со должина од 15 км

Велосипедска патека ...

Пештера „Самoтска дупка“
Пештерата е широка 6 метри, а височината на таванот е од 2 до 10 метри. Во неа се застапени украсите “салви”, “драперии” и пештерски бисери. Саматска Дупка претставува фосилна речна пештера, од која истекувал подземен воден тек. По целата должина на дното е присутен акумулиран наносен материјал, додека во поедини делови се изградени мошне интересни пештерски украси. Во пештерата доминираат сталактити и пештерски завеси, а се забележува и животински свет, за кој има интерес да се истражи.

Видиковец „Гога“
Видиковец ,,Гога“. Се наоѓа на 1735 м надморска височина и од него може да се видат Охридското и Преспанското Езеро и планините кои ги опкружуваат.

„Бачило“ - Планинска куќа
,,Бачило“ Традиционален објект за летно високопланинско сточарење и преработка на овчо млеко

rina Пештерата „Саматска дупка” - патоказ кон рајот

Уште нешто....и пак за Саматска дупка / пештера.....

Многу неистражен простор крие прекрасната Галичица. Убавина во полн сјај се уште негибната од човекот. Импресивни утра, мир и тишина, спокој во кој го фаќаш и зуењето на пчелите, растот на тревата, танцот на снегулките. Со еден збор, изненадувања за реинкарнација на душата за вљубениците во природата. Пештерата “Саматска дупка” е можеби најекспресивното изненадување на Галичица, до кое се стасува по неколку километри пешачење од планинската куќа “Асан Џура”. Патот кој води кон врвот на планината Галичица всушност почнува од крстосницата зад селото Трпејца во правец на “Свети Наум”. До тука се стасува брзо, но нагоре оди бавно.

Прво нешто на кое ќе налетате е чешмата со бистра и студена изворска вода кај месноста Корита, а неколку километри над Корита, е сместено прекрасното манастирче “Свети Ѓорѓија”. По неколкучасовно возење по лош пат се стасува кај Двата Јавора од каде се продолжува кон месноста Асан Џура, и понатаму до истоимената планинска куќичка. Од таму до пештерската убавица “Саматска Дупка” патот е нерамен, посипан со остри камења. По кратко возење пред нас се распостила Џавра - непрегледното пространо поле.Тоа е последното одредиште до кое се стасува со автомобил. Од тука с#162; е шума, па пешачењето е поподносливо. Од врвот на првиот рид се гледа влезот на пештерата. Поради опасноста од температурен шок, се препорачува веднаш да не се влегува во пештерата.
Во внатрешноста на пештерата се влегува преку импровизирани скалила, а се осветлува со агрегат. Првиот впечаток е импресивен, ѓердан од бисери, салви, низи од сталагмити и сталактити. Налик на Постојна во Словенија. И уште нешто - внатре екстремно студенило. Без соодветна топла облека не се влегува.

Во близина на пештерата поминувал римскиот пат наречен Калдависки, постар и од Виа Игнација. Патоа почнувал кај Корча, Албанија, минувал крај Љубаништа, па Петринска Кула од каде продолжувал кон Ресен.

rina Пештера Алилица

Следна е пештерата Алилица. Неа веќе ја споменав во топикот за водопадите, но сепак тука нешто повеќе за неа...





Пештерата се наоѓа на околу 4 километри од Тресонче во средината на планината Бистра, од десната страна на Тресонечка Река на доста непристапен терен. Овој пештерски систем го сочинуваат два пештерски отвора - канала: Долна и Горна Алилица кои меѓу себе се поврзани со вертикален и со кос канал. Овде долината е во форма на клисура и е симетрична. Помеѓу отворите на Долна и Горна Алилица се наоѓа огромен сипар составен од распаднат варовнички материјал. Крајните делови на сипарот достигнуваат до самиот речен тек. Во пошироката околина на овој пештерски систем преовладуваат варовници, чија моќност достигнува неколку стотици метри. Всушност, комплексот Алилица претставува комплексна и сложена пештера која се состои од два континуални канала, што се наоѓаат на различна надморска висина и кос канал што ги поврзува. Неа, ја сочинуваат Долна и Горна Алилица. Долната е подолга и од Горната. Влезот на пештерата Долна Алилица, којашто има елипсовидна форма, се наоѓа под стрмен варовнички отсек во нивото на Тресонечка Река на надморска височина од околу 1.450 метри надморска височина. Неговата експозиција е јужна. Висината на влезниот отвор е два метри, а ширината е 5,5 метри. На самиот влез се наоѓа ситен речен материјал, песок и чакал, наталожен од Тресонечка Река, што понекогаш го чини влезот целосно непристапен. За Долна Алилица е карактеристичен подземниот воден тек што се среќава по целата должина, со исклучок на почетокот на каналот, додека Горна Алилица е сува пештера. Каналот на Горна Алилица е инверзно наклонет, а на Долна - континуелно кон излезот, што значи дека првиот постепено се спушта кон внатрешноста, а вториот постепено се издига. Во Долна Алилица карактеристични се големи блокови камења урнати од таваницата, така што на дното од каналот се формирани разновидни акумулативни творби, а на таваницата ерозивни творби, кубиња, сводови и др. Во Горна Алилица од акумулативните творби се истакнуваат кади и каскади наредени една до друга. Најголемата има димензии 3 - 2 метри, а висината и е 40 см. И во едната и во другата се среќава наталожен речен материјал, чакал, кој по површината е карбонизиран, неговата дебелина, особено во долниот канал, изнесува 3 метри. Ова упатува на постоење пештерска акумулативна тераса, а и на подземен речен тек во Горна Алилица. Во Долна Алилица со регресивна ерозија добар дел од чакалите се однесени. Ова укажува и на зголемена механичка ерозија и корозија, што ја врши пред се, подземниот речен тек и водата прокапница, од една страна, а од друга страна, овие акумулативни тераси зборуваат дека и во Горна Алилица постоел посилен подземен водотек. Одводнувањето на планината Бистра во овој дел се врши преку површински водени текови на Тресонечка Река, а и подземно преку подземниот тек на Долна Алилица. Подземниот водотек во Алилица понира на местото кај точката 4, а бидејќи има повеќе извори во ниво на речните текови на Тресонечка Река, спелеолозите во неколку наврати пристапија кон боење на подземната вода. Целта беше да се констатира каде се движи водата од подземниот тек, односно да се утврдат подземните врски и можности за појавување на оваа вода низ околните планински извори. Констатирано е дека овде веројатно има смена на пропустливи и непропустливи карпи, на што укажуваат и големите акумулации чакал во горниот пештерски канал, што значи дека постојат и независни подземни текови и пукнатини во карстот и во планината. Независни подземни текови се јавуваат како резултат на смената на горните карпи во вертикала, така што овде примерот на загатен карст не е карактеристичен. Тој е претставен во пониските делови. Вкупната должина на пештерските канали во системот Алилица изнесува 590 метри.
rina Преданија за пештерата Алилица

Според првото предание, понапред си бил некој овчар по име Алил, кој во месноста Гуменце си ги чувал овците и шилежињата. Овците оттаму презимувале во солунско, крај реката Галик, а шилежињата останувале во Гуменце. Но, Алил се покажал голем арамија, па ги крадел јагнињата што останувале во планината. Ги колел едно по едно и ги пуштал кон Тресонче по реката, каде ги дочекувала сестра му. Сточарите го забележале, па и него го отепале и го фрлиле во пештерата, што подоцна ја завикале Алилица.


Според второто предание, во старо време си бил некој Алил Паша. Еден ден се враќал од собирање арач (данок), но во близина на пештерата го нападнале арамии. Тој го засолнил азното во пештерата, па според некои кажувања после се вратил и си го земал, а според други, азното сe уште е некаде во пештерата?!



Според третата легенда, си била некоја Лила која исчезнала. Селаните тргнале да ја бараат и викале: “Ооо, Лилице, ааа Лилице, а-лилице, Алилице!!!” Не се знае дали Лилица некој некогаш ја пронашол.