od moj agol |
||||
Sirius | Како да се издржи спектаклот на власта на сметка на своите избирачи и сограѓани - светот почнува да личи на Бивис & Батхед претстава. На апсурден подбив со логиката и со етиката! Ако, на пример, Бивис го прашате: „како си?“, тој ќе ви одговори: „не“. Или, Бивис и другар му, сите впечатоци во светот ги сведуваат на два: cool (генијално) и скапано (глупаво). Омилена (стилска) фигура, од повеќе причини, им е - задникот (како и недобројните можности за негово тетовирање). Така е некако и на нашата јавна сцена. Прашањата, по правило, се разминуваат со ним соодветните одговори. Или, додека да стигнат одговорите - прашањата се веќе заборавени. Политиката и власта се оценува како cool или скапана, зависно од тоа дали сте на власт или во опозиција. Благодарение на блескавите реторичко-аферашки конструкции и взаемно подметнати скандали, одговорноста се замачкува со различни тетоважи на заднината. На крајот, сите се колективно релаксирани, камуфлирани, невини. Како во најомилените порно-фантазми. Подготовките се во акутна фаза. Се подготвувам, значи постојам! Луѓето прераснуваат во двоножни подготовки. Омилено јадење на нашиве (мултикултурни) простори, и понатаму, е супата со (king-size) кнедли. А, голтањето треба да се вежба. „Толку си мрднат - што си забеган“ - му вели Бивис, на својот другар Батхед, додека спокојно си седат на каучот, пред неизбежниот ТВ екран. Додека нивната бурна адолесцентска енергија се таложи на купиштето младешки фрустрации (неможности, блокади, граници) - нивната единствена реалност е виртуелноста. Така, и ние, балканските „западњаци“ - толку сме одземени, што не забележуваме дали постоиме? Сите сме „навлечени.“ Како во еден, деновиве актуелен виц, никој не е виновен - сите се навлечени! Некој друг ги навлекол и така, ете, постојано, ги навлекува. Нема некој, што е имун на перфидните „навлекувања“. Навлечени сме до коска, толку сме хипнотички одземени, што воопшто не забележуваме, дека постоиме. А, и што ќе ни е толкав луксуз? |
|||
Sirius | 6. Како на лента, полека но сигурно социјализмот си замина, живееме во периодот на бескрајна транзиција, период на пермутација, период на мутација. Но дали таа мутација е блиска до деградација. Ма дај, за какви тоа дегенративни процеси тука се зборува....??? Нејсе, ние секогаш сме се заебувале да гласаме за ~арамии и измамници~. Главната балканска болка е постојната потрага по лидер и идеал. По секоја цена, би сакале цврста рака и мирен сон: убавината на овој порок е во тоа што секогаш некој друг одлучува, секогаш е некој друг одговорен. Стално имаме потреба од трет…. А ние, ние немаме ништо со тоа. Ние ~само~ си гласамe. Не измамија ~малкуцка~ онака без везе, едноставно не бевме свесни за лошите овчари кои го водеа стадото. Воглавно вака одеше оправдувањето на народот ( какво алиби само), а особено интелектуалците и уметниците кои, како и секогаш, претставуваат сочен и прелесен залак за политичката и медиумската машинерија. Оние другите, помалку креативните, помалку успешните, помалку храбрите, ги најдоа своите јасли во пазувите на новите “демократски” власти koи бea најгласни во критиките на претходниот ~тоталитаризам~... го кудеа на цел глас. Ете ти сега едно ново нетоталитарно друштво кое еволуира во една лепа демократска маска, достојна да конкурира за висок пласман каде има јака конкуренција - на организираниот латин.американски пазар.....aма главите горе, празници се ближат, идат избори.... А во меѓувреме, не би било лошо малку да поработиме на себе: размена на идеи и уметнички дела, урбанизирање на градскивe сељаци ... |
|||
concrete | Sirius .....sto ti bidna?????....odlicno decko, odlicno....samo prodolzi mnooogu dobri postovi...!! | |||
lav |
СО КРОМИД ...или без него??? |
|||
Sirius | 2. Просторот на толпата во прв ред е затворен простор. Строго чуван простор, за да се спречат упади, мешања, контаминација. Просторот на толпата, значи, е зачмаен, задушлив и делумно дегенериран заради отсуството на влијанија и новости. Но, просторот на толпата наоѓа безброј начини да се шири дури и кога државната фасада е демократска или либерална. Понекогаш просторот на толпата добива застрашувачки и надреални димензии и се шири како маглата во истоимениот филм на Џон Карпентер. Дали човекот на толпата е луд? Според Паскал, и оној што не е луд всушност е луд на поинаков начин. Така што, можеби човекот на толпата не е болен, но уште помалку може да се каже дека е здрав. За да се развие лудилото на толпата, значи, групниот менталитет треба да стане апсолутно преовладувачко начело во животот на заедницата. Она што нас нe засега, и како индикација за "просторот на толпата", и како причина за распадот на земјата во која живеевме до пред петнаесетина години, но и како наша "психолошка константа" од осамостојувањето на Македонија навака, е - етнонационализмот.... етнонационализмот е специфична форма на еден образец на однесување кој го карактеризираат следниве нешта: - синдромот ние-тие (пристрасност, пријателски чувства, некритичност спрема оние кои се припадници на истата група во која сме и ние, и критичност, одбивност, па и отворено непријателство спрема оние кои не и` припаѓаат на нашата група); - заговарањето на што поголема униформност на погледите и чувствата меѓу членовите на заедницата; - нетолерантноста; - деградирањето на рационалното; - ослободувањето од индивидуалната одговорност односно нејзино префрлање кон колективот; - склоноста кон конформизам односно потчинувањето спрема авторитетите...... |
|||
Sirius | Грозно е. Каде и да мрднеш вон границиве, по враќањето доживуваш културен шок. А немоќта и очајот раѓаат само уште поголема нестабилност....се шифрира, се создава илузија за да се создаде настан ???? ...енигматично се прави она што е јасно, непоимливо она што е премногу поимливо..... Имено, тука владее потполна прохибиција. “ Мислата” стана исклучително ретка стока, забранета и прохибитивна, која треба да се негува на тајни места, и по езотериски правила. И затоа, богати стаорци, државо, господа пиљари, велетрговци, социјалистичко-феудални директори, големосопственици, нафатирани комунисти, сите вие што купувате трети и шести станови и коли и кои децата, ко африкански министри, ги праќате надвор од ужасов да владеат ко најсупериорни дембели кога процесов на заглупување и пауперизација еден ден ќе се слегне ... Да има памет, пред секој дневник на македонецот треба да му се прикажува азбуката и по неа пораката: Глуп си! ... ма глупости....во демократијата секој има право да биде глупав ! - Енцесбергер, Two Cheers for Minority, 1994 |
|||
Sirius | 4. Како и секое детско четиво, и јас сум уверен дека злото никогаш нема да го победи доброто и дека таа весела поука мора да се пренесе на забавен начин, а што исто така е одредена критика на македонската култура како култура на намуртени мрачњаци и мракови.....станува збор за култура која никогаш не успеала да го надрасне своето сентиментално воспитување и која својот досаден и декадентен култур-песимизам, својата кобно провинцијална неинформираност, елементарниот недостиг на интелигенција, талент и духовитост секогаш одново се обидува да ги потстави како автентична аполониска длабочина...ние додуша не знаеме што има повеќе во цмиздраво заматените очи на македонската интелектуалност: резигнација, тапост или алкохол. Но сигурно знаеме што има премалку: бистрина, ведрина и смеа! „Нема подобро исходиште за мислењето од смеата", истакнуваше Walter Benjamin. За него потресот на дијафрагмата предизвикан од смеење секогаш бил подобар поттик за мислењето од таканаречените трепети на душата. Дека „еден остроумен виц може да биде позначаен од плиткостите што се наоѓаат меѓу кориците на многубројни книги“, е мисла на Marshall McLuhan која што треба содржински и стилски да се следи. |
|||
Sirius | 5. Народот вели: "Лекот чини пет пари"... Само треба да се знае. Одговорот мора да се бара во потеклото, природата и во значењето на она што сите го нарекуваме капитал. Практично, нема политичка партија која излезот од економските проблеми не го гледа во создавањето услови за привлекување на странски капитал. Зошто? Причината е едноставна: постои недостиг од капитал и тој треба да се бара онаму каде што го има во изобилие. А тоа се, секако, развиените земји на Запад. Додуша, кај нас се прави погрешна идентификација на парите со капиталот. А тие нешта се толку различни, што само по себе се поставува прашањето: каква е природата на тоа што ни треба толку многу за да го овозможиме економскиот просперитет на земјата (и на светот), а го нарекуваме капитал? Де Сото се прашува: "Зошто капитализмот триумфира на Запад, а пропадна на сите други места?". Зарем единствено разликите во менталитетот, навиките, културата и обичаите се причина за неуспехот на капитализмот на глобално ниво?! Неуспехот нема никаква врска со културното или со генетското наследство. Дали постои некаква културна или генетска истоветност меѓу Латиноамериканците и Русите? И едните и другите со децении залудно се обидуваат да изградат капитализам без капитал и имаат исти политички, економски и социјални проблеми: огромна социјална сегрегација, подземни економии, силни мафии, политичка нестабилност, бегање на капиталот (преку илегални канали капиталот се сели во развиените земји) и флагрантно непочитување на законите. Случајно или не, овие проблеми ги делат сите земји од Третиот свет, како и бившите социјалистички држави. За сите нив е заедничко тоа што постои пораст на криминалот и на корупцијата, неефикасност и барање спас со смислување начини за привлекување на странски капитал. Се очекува странскиот капитал, како со волшебно стапче, да ги реши напластените проблеми во овие земји. Сите очекуваат чудо, а чудата се случуваат само во прикаските. Странскиот капитал доаѓа во овие земји, но тоа е - речиси без исклучок - претходно одлеаниот домашен капитал. Се очекува странците да дојдат, да воведат нови технологии, да донесат нови знаења, да отворат нови пазари. А странците, освен политички, еколошки, па и трошковно мотивирани причини, немаат којзнае колкав интерес да доаѓаат во земји во кои треба од корен да ги менуваат работните навики и менталитетот на вработените и на менаџментот, нивната животна филозофија, како и целните преференции на вработените, потрошувачите, добавувачите и на политичарите. Хернандо Де Сото е американски автор, во светски рамки познат како експерт кој, заедно со својот тим, практично ги воведува сивите или дивите економски сектори - или, како што тој ги нарекува, "екстра легалните", "над легалните" сектори - во секторот каде што владеат правото и законите. Кога ги читате неговите анализи, во нив како да е отсликана реалноста на Република Македонија. Она што вознемирува е фактот што решението што се нуди е толку блиско и толку едноставно, а сепак за нас толку далечно и сложено, како да станува збор за постоење на психолошки непремостлива бариера, затоа што треба да се измени неизменливото - вкоренетиот начин на размислување и на поимање на околната економска стварност! Де Сото допира до сржта на проблемот - мртвиот капитал во овие земји, кој настанува како последица од бегањето во "надзаконските" дејности (сива економија), кои се резултат на пререгулираноста, бирократизацијата, административните и фискалните бариери, но и на недоволните сознанија за начинот на формирање и за суштината на неговото величество - капиталот Имотот во нелегалниот сектор предизвикува активности во нелегалниот сектор. Тие активности, иако имаат огромни димензии, редовната статистика, сепак, не ги бележи. Вработеноста кај нив е непрепознатлива, тие генерираат дел од бруто-домашниот производ што не се регистрира, употребуваат кеш плаќања што не можат да се пресметаат, користат стопанска инфра и супраструктура за којашто не плаќаат ништо, не учествуваат во издржувањето на државниот апарат... Оттука, државните потреби уште повеќе растат, се зголемуваат даноците, нелегалниот сектор уште повеќе се шири, преминувајќи и на дел од легалниот сектор во зоната на непрепознатливоста, екстралегалноста, нелегалноста и сивата економија. Како во некој маѓепсан круг кој теоретски води кон тотална илегалност или кон дефинитивно формирање на нов општествен договор, на друго и поинакво социјално, економско и правно ниво. Зарем некому му е логично дека е можно да опстане држава со невработеност од близу 40%, без да се помисли дека огромен дел од легалниот сектор поминал во нелегалниот сектор?! Токму оттаму произлегуваат и големите и ненадејни падови во физичкиот обем на индустриското производство, без оглед на точноста на методите за нивно пресметување, огромните флуктуации и падови на БДП, па и големите величини на т.н. "грешки и пропусти" во билансите на плаќање на земјата. Зарем има логичен одговор на прашањето како е можно производството да паѓа, а извозот да расте, потрошувачката на електричната енергија да се зголемува, прометот во трговијата да расте, да се остварува висок пораст на продажбата на автомобили, луксузните објекти да "никнат како печурки по дожд" итн.?! Зарем се работи исклучиво за проблемот на т.н. статистичка грешка, или, можеби, поблиску е одговорот дека сивата економија, односно надлегалната економија, свесно ги надминува прифатените големини (дури и над 50% од БДП)?! Можеби токму тука лежи шансата за нашиот развој. Се разбира дека треба да се знае како овој недостаток, вкоренет во системот, да се искористи како предност, а не како негативна појава. Но, прво треба да се најде одговор на прашањето: Што е тоа што Западот го има и знае успешно да го користи, а што му недостига на остатокот од светот? Дали тоа може да се вгради и во другите економии во светот, па и кај нас? |
|||
Jakov | Ќе ја нарушам темава со еден ОФФ коментар Топиков е за 10ка. |