Насилството на ТВ има долготрајно влијание врз дец

Насилството на ТВ има долготрајно влијание врз дец
RaGeAnGeL
 
ne e bash nova nekade pred godina dena ama mislam deka e interesna za citkanje i eventualno diskutiranje


Нова психолошка студија утврдила дека и момчињата и девојчињата што гледаат многу насилство на телевизија, кога ќе пораснат имаат повишен ризик од агресивно однесување, како тепање на сопружниците и кривични дела, без разлика на тоа како се однесуваат во детството.


Иако резултатите не се изненадувачки, експертите велат дека студијата е важна поради тоа што е спроведена со стотици учесници и ги разоткрива влијанијата врз женските, покрај оние врз машките.

Учесниците прво биле интервјуирани на 6 до 9-годишна возраст, а потоа повторно во нивните рани дваесетти години. Со тоа, оваа студија станала една од ретките што ги следела децата и кога станале возрасни, со цел да ги одреди долготрајните ефекти на насилството прикажано на телевизија.

Откритијата до кои дошле психолозите Л. Роуел Хјусмaн (R. Rowell Huesmann) и неговите колеги од Институтот за оштествени истражувања на Универзитетот на Мичиген се прикажани во мартовскиот број на научното списание „Девелопментал Сајколоџи“ (ориг. „Developmental Psuchology“, во превод „Развојна психологија“ - прим.прев).

Хјусман изјави дека ТВ насилството им укажува на малите деца дека агресијата е соодветна во некои ситуации, особоено ако ја користат харизматични херои. Според него, тоа исто така ја еродира природната аверзија што луѓето ја имаат кон насилството.

Тој препорача родителите на мали деца и предалосценти колку што е можно повеќе да го ограничат гледањето на насилни ТВ програми и филмови.

Анализата се спротистави на идеите дека агресивните деца самите си бараат да гледаат насилство на ТВ, или дека нивните наоди се должат на социоекономскиот статус или интелигенцијата на испитаниците, како и на начинот на одгледување на деца што го употребувале родителите.

Студијата вклучувала 329 возрасни лица што првобитно биле испитани како деца во доцните седумдесетти години. Истражувачите повторно ги интервјуирале како полнолетни, заедно со нивните сопружници и пријатели, а и ги провериле нивните полициски досијеа.

Како деца, степенот на изложеност на ТВ насилство на учесниците бил одреден отккао одбрале осум омилени емисии (од 80 популарни програми наменети за нивна возраст) и навеле колку често ги гледале. Истражувачите ги оцениле и самите програми, одредувајќи колку физичко насилство се прикажува во нив. Програмите како „Старски и Хач“, „Човекот од 6 милиони долари“ и цртаните филмови со Брзата Птица Итрица и Којотот биле оценети како многу насилни.

Како млади возрасни лица, испитаните мажи што биле во најгорните 20% според изложеност како деца покажале двојно поголема веројатност во споредба со другите мажи дека ги турнале, зграбчиле или бутнале нивните жени при расправии во текот на претходната година. Жените од најгорните 20% покажале околу двојно поголема веројатност на фрлање на предмети кон нивните сопрузи.

За еден или обата пола, овие „гледачи на многу ТВ насилство“ исто така покажале поголема веројатност од останатите учесници за изведување на следните активности во претходните 12 месеци: буткање на друга личност поради лутина, штипење, тепање или давење на возрасна личност, изведување на злосторство или предизвикување на сообраќајна несреќа.

Покрај степенот на гледање на насилство на ТВ, учесниците како деца ги прашале и колку се идентификуваат со насилни ТВ јунаци, како и како го проценуваат степенот на реалистичност на различните насилни ТВ емисии.

Истражувачите откриле дека високите оценки на било која од овие три мерења во детството предвидувале повисок степен на општа агресија кај возрасните. Степенот на агресивност како деца не правел разлика.

Денис Вартон, потпаролот на Националната асоцијација на емитувачи, рече дека има и други студии што не го докажуваат односот помеѓу гледањето на телевизија и насилното однесување. „Јас мислам дека поротата сеуште нема донесено крајна пресуда на оваа тема,“ се вели во неговата изјава.

Американската психолошка асоцијација сепак има донесено заклучок дека гледањето на насилство на телевизија или друг масовен медиум поттикнува агресивно однесување, особено кај децата. И други групи на професионалци од областа на менталното здравје или медицината имаат заземено слични ставови.

Џоен КАнтор, редовна професорка по комуникации на Универзитетот на Висконсин во Медисон, изјави дека новата студија е „многу силна додавка кон она што јас го сметам големо количество податоци што покажува во иста насока.“