Компјутер во тастатура

Компјутер во тастатура
AlF0t
 
По примерот на Amiga и Atari компјутерите, и компанијата Cybernet го создаде својот компјутерски систем со ознака ZPC-9000, кај кого сите компоненти се сместени во тастатурата.
Спецификациите делуваат импресивно за вака осмислен уред. Се користи Intel Pentium 4 3.2GHz 800FSB процесор, 2GB 400MHz DDR меморија, Intel Extreme интегрирана графика, интегрирани звучници, touch-pad со скрол, Gigabit Ethernet, 4 x USB 2.0, PS/2, DVI и S-Video порти. Опционално за конфигурацијата можат да се порачаат и преносен 2.5” диск, DVD+/-RW, интегриран 7-во-1 читач на картички како и модем. Покрај сето ова, системот е карактеристичен по исклучително тивко работење. Се проценува дека овој уред одлично ќе помине во областа на уреди за јавни установи, како што се болници, училишта итн.