Македонска духовна и црковна музика

Македонска духовна и црковна музика
RaGeAnGeL
 
Црковната и духовната музика во Македонија имаат долга традиција. Во Македонија настанале првите словенски музички дела. Такви дела создавале браќата Кирил и Методиј, а до ден денес најстаро зачувано и музички реконструирано е делото "Страданија Спасителни" од Св. Климент Охридски, од крајот на IX век.

Најголем реформатор на источното црковно пеење од XII век бил Св. Јован Кукузел, Македонец, роден во дебарскиот крај
. Таткото на Св. Јован бил воено лице во Византија, и благодарение на него успева да се школува во царската школа каде се школувале деца на Славјани кои подоцна ќе го шират византискиот дух. Во Цариград тој станува омилен псалт на царскиот двор. Откако ги сватил добрите и лошите страни, заминува за Света Гора, каде се претставува како овчар. Како овчар и монах тој инзвонредно се возвишил. Неговото најпознато дело е Златоустие Јованово.

Високопреподобен Архимандрит Калистрат Зографски е роден во Струга. Претставува инзвонредно образована личност. Работел како професор по музика и класичен грчки јазик. Ја напуштил професорската служба и примил монашки потстриг во манастир Зограф на Св. Гора. Во 1911 год. постанал игуман на Зографската монашка киновија и се стекнал со архимандритски чин. Архимандрит Калистрат (Крстан Санџак) Зографски претставува колосална појава во македонската наука и култура. Позната е како извонреден музиколог, композитор, псалт и лингвист. Како одличен познавач на старите византиски музички лествици, како онаа на Св. Јован Кукузел, вршел нивни дешифрации со јазикот на најновата музичка лествица на православното византиско црковно пеење, чиј реформатор бил токму Отец Калистрат. Познати се неговите оригинални композиции на литургиски музички песни чие значење за историјата на православното византиско пеење е антологиско (На пр. Достојно ест 6 глас). Старите и новите византиски музички творби ги исполнувал со својот ангелски и мистичко фундиран глас. Го составил Зографскиот антологиски петтотомен зборник на Византиско црковно пеење. Неговите лингвистички заслуги се очитуваат во преводите на црковната литургиска поезија, од старогрчки јазик на црквенословенски јазик по прв пат случени во историјата на православните старословенски народи. На пр. службата на Светите Седмочисленици, Св. Климент Охридски, Св. Наум Охридски и др. Починал во 1914 година во манастирот Зограф на Св. Гора Атоска.

Атанас Бадев, роден во Прилеп, имал можност да заврши Музичка академија во Петроград, кај познатиот руски композитор и педагог Николај Римски Корсаков. Тој го напишал првото повеќегласно црковно дело во Македонија "Златоустовата литургија" која е печатена во Лајпциг 1898 година. Со ова дело 1990 година се освети Соборната црква "Св. Климент Охридски" во Скопје.
Развојот на музичката наука овозможи продирање во подлабоките слоеви на македонското црковно музичко минато. Досега се регистрирани - опишани, а делумно и дешифрирани дел од македонските музички ракописи. Како резултат на оваа работа се печатени делата "Македонскиот осмогласник" (два тома) и "Златоустива литургија" - македонски традиционален црковен напев од Сотир Голабовски.

Преземено од ovde
dada Sani Vo sredno imav odlicen profesor po muzicka umetnost koj uspea nekako da mi ja doblizi vakvata makedonska muzika. Imav golema odbivnost, ama sega mislam deka Atanas Badev bil zakon!:)
igor Kade da najdamda simnam crkovna muzika ili kade da kupam
kristina Koj saka cd pravoslana crkovna muzika neka mi ostavi adresa na forumot pozdravce
pop pozdrav do site vas

Dejan2006 i speak english, like to learn makedonijan