Лаптопи

Лаптопи
AlF0t
 
Доколку со интерес ги следите движењата на пазарот на лаптопи, ќе се сложите дека тенденцијата -моќно а мало и лесно продолжува. Минатата година како одговор на овие пазарни барање Fujitsu Siemens го промовираше моделот LIFEBOOK P7010 кој претставуваше солидна бизнис конфигурација сместена во тенко и лесно куќиште. Годинава на пазарот се појави неговиот наследник LIFEBOOK P7120 кој ја продолжува приказната оттаму каде што е таа застаната.

Во новиот лаптоп се вградени многу корисни функции кои ќе ги израдуваат мобилните професионалци. Ова пред се, се однесува на тежината на лаптопот, која изнесува само 1,280 кг без оптички уред, и со тоа на овој модел му ја донесе титулата најлесен лаптоп кој може да се најде на пазарот. Друга многу важна карактеристика која ги засега мобилните корисници е батеријата, односно нејзиниот капацитет. Е овде LIFEBOOK P 7120 е неприкосновен. Почнувајќи од овој модел сите понатамошни модели од серијата LIFEBOOK, ќе го содржат Еко копчето (EcoButton). Со ова интегрирано софтверско решение значително се унапредува управувањето со потрошувачката на електрична енергија и значително се продолжува траењето на батеријата. Само со еден клик на копчето, лаптопот автоматски се префрла во еко мод, односно се менуваат сите поставки кои се однесуваат на батеријата, без притоа да се направи било каква промена на тековното работење. Во еко модот се исклучуваат оптичките уреди, се намалува осветлувањето на екранот и сл. Според првичните искуства, во зависност од конфигурацијата на лаптопот и апликациите кои се користат, батеријата во еко мод може да трае и до неверојатни 10 часови.

Со оглед на тоа дека овој модел е бизнис ориентиран тој е базиран на Centrino архитектура, различните варијации може да имаат 512MB или 256 DDR2 RAM, и има диск од 60GB. Лаптопот ги содржи сите потребни модули за конекција као што се USB2.0, FireWire, Ethernet,Wireless 2915a/b/g LAN, Bluetooth и сл.

Се разбира една ваква машина мора да има и добар екран, затоа што тој многу често се користи и како презентациски уред. Тргнувајќи од овие потреби P 7120 е опремен со 10.6” SXGA екран со Crystal View технологија кој има и LED позадинско светло, со што се овозможува скоро идеално прикажување на боите. Поголемиот контраст пак овозможува и поостра слика. Бидејќи екранот го апсорбира најголемиот дел од позадинското осветлување, на овој лаптоп е овозможен многу поширок агол на гледање во споредба со екраните на стандардните лаптопи.

Од аспект на сигурноста, P 7120 е наоружан со биометриски читач на отпечаток на прст, а ја содржи и TPM (Trusted Platform Module) платформата која претставува некој вид на сеф за шифри и криптирани клучеви. Како дополнување од аспект на физичката сигурност, овој модел има вградени абсорбери на удари кои ги намалуваат вибрациите и на тој начин го заштитуваат дискот од физички оштетувања.

За жал ваквите перформанси имаат и една негативна карактеристика, а тоа е високата цена која ја има овој лаптоп.

Инфо: Intec System
AlF0t AMD и официјално потврди дека нивниот прв мобилен процесор со две јадра ќе се појави на пазарот во мај годинава. Оваа нова серија процесори на AMD ќе ја има истата ознака како и двојадрените десктоп процесори – X2, па така и официјалното име на новите Turion процесори ќе биде “Turion 64 X2”. Не се знае точно кога на пазарот ќе бидат достапни првите лаптопи со овие процесори, но некои прогнози велат дека истите ќе се појават веќе во јули годинава. David Rooney од AMD потврди дека Turion 64 X2 моделите ќе имаат иста потрошувачка на енергија како и нивните претходници со едно јадро. Се надеваме дека покрај истата потрошувачка на енергија, новите X2 Turion ќе ослободуваат помала количина на топлина од своите претходници, бидејќи еден од најголемите недостатоци на Turion 64 базираните лаптопи беше токму претераното загревање.
За сега не се знае колку Turion 64 X2 моделите ќе бидат побрзи од Turion 64 процесорите на исти фреквенции, ниту како според перформансите ќе се споредат со неодамна претставените 32-битни Yonah и идните 64-битни Merom процесори на Intel.
AlF0t Сите кои ги променија своите копчиња на лаптоп компјутерите поради тоа што на нив истуриле кафе или сок, сега веќе може слободно да наздрават или да истурат пијалок врз новите водоотпорни копчиња.
Јапонската компјутерска компанија, Matshushita Electric го лансираа новиот "Let's note CF-Y5", лаптоп компјутер со копчиња кои слободно може да ги ставите под вода.
Компанијата најавува дека овој компјутер на пазарот ќе пристигне оваа година, а проценето е дека ќе се продава по цена од 2.200 долари.
Нажалост, компјутерската компанија од Токио не најавила и самостојна тастатура.