he said-she said

he said-she said
RaGeAnGeL
 
deka e dolgo dolgo e(iskreno jas 2 dena go citav poso ne mozam mnogu golemi textoj da citam na net) deka e onaka interesno...interesno e pa good luck

inace ova e prevod od "Talk in the intimate relationship: his and hers" вy Tim Juliet & Tom Holton



Конверзацијата меѓу мажите и жените е меѓукултурна комуникација. Културата е едноставно мрежа од навики и модели наталожени од минатото искуство, а жените и мажите имаат различни минати искуства. Од времето кога се раѓаат тие се третирани на различен начин, со нив се разговара различно и како резултат на таквиот однос тие разговараат поинаку. Момчињата и девојчињата растат во различни светови, дури и ако пораснат во иста куќа. Како возрасни тие патуваат во различни светови, ставајќи ги во сила шаблоните воспоставени во детството. Овие културни разлики вклучуваат различни очекувања за улогата на разговорот во врските и за нејзиното исполнување.

Секој знае дека како што станува врската долгорочна, условите во истата се менуваат. Сепак мажите и жените често се разликуваат во тоа како очекуваат тие да се сменат. Многу жени чувствуваат, „По сето ова време, треба да знаеш што сакам без да ти кажувам.“ Многу мажи чувствуваат, „По сето ова време би требало да можеме да си кажеме еден на друг што сакаме.“

Овие неистоветни очекувања доловуваат една од клучните разлики меѓу мажите и жените. Комуникацијата секогаш е прашање на баланс на спротивставените потреби за вклученост и независност. Иако секој ги има и двете вакви потреби, жените често имаат релативно поголема потреба за посветеност, а мажите релативно поголема потреба за независност. Бидејќи се подразбира без кажување дека она што го мислите се рефлектира и во тоа колку сте посветени, ете зошто жените го вреднуваат тоа толку многу.

Ако сакате да бидете разбрани без збор за тоа што експлицитно мислите да кажете, вие мора да го пренесете мислењето на друго место – во тоа како зборовите се изговорени, или преку мета-пораки. Па така, држи да се помисли дека жените често се понавикнати на метапораките во разговорот. Кога жените претпоставуваат значење на ваков начин на мажите им се чини мистериозно и го нарекуваат „женска интуиција“ (ако мислат дека е точно), или „читање меѓу редови“ (ако мислат дека е погрешно). Навистина, може да биде погрешно бидејќи метапораките не се регистрирани. И дури и ако тоа е точно се уште останува прашањето за одредување критериум: Колку се важни метапораките кои се таму?

Метапораките се форма на индиректност. Има повеќе шанси жените да бидат индиректни и да се обидат да постигнат согласност по пат на преговори. Друг начин да се разбере ова е дека преговорите дозволуваат изразување солидарност, која жените ја преферираат наспроти изразување моќ (иако и оваа цел може да биде иста – добивање на она што се сака). За жал моќта и солидарноста се купуваат со иста валута: Начините на кои се разговара кои имаат намера да креираат солидарност имаат симултан ефект да постават разлики во моќта. Кога мислат дека се фини жените често изгледаат дека се полни со почит и несигурни во себе или во она што го сакаат.

Кога стиловите се разликуваат, недоразбирањата секогаш се обемни. Бидејќи нивните различни стилови создаваат недоразбирања жените и мажите се обидуваат да ги расчистат со разговор. Овие стапици се зголемуваат при разговор меѓу мажите и жените бидејќи тие имаат различни начини за тоа како разговараат за работите и различни претпоставки за неговото значење.
Силвија и Хари ја слават педесетгодишнината од нивниот брак во планинско одмаралиште. Некои од гостите се во одмаралиштето цел викенд, други само за вечерта на прославата: коктел забава по која следи вечера. Менаџерот на ресторанот и приоѓа на Силвија за време на вечерата. „Со оглед на тоа што има толку многу храна вечерва“, вели тој, „хотелот подготви исклучителен десерт, а сите и онака јадеа на коктелот, како би било да се престане и да се послужи тортата по повод годишнината, на ручекот утре?“ Силвија бара совет од другите на нејзината маса. Сите мажи се согласуваат „Секако, тоа има смисол. Зачувајте ја тортата за утре.“ Сите жени не се согласуваат „Не, забавата е вечерва. Послужете ја тортата вечерва“. Мажите се фокусираат на пораката: тортата како храна. Жените мислат на метапораката: Служење на посебна торта дава рамка за славење на приликата.

Зошто жените се повеќе наклонети кон метапораките? Бидејќи тие се пофокусирани на вклученоста, односно, на врските помеѓу луѓето, а метапораките се тие преку кои врските меѓу луѓето се воспоставуваат и одржуваат. Ако сакаш да ја измериш температурата и да ги провериш виталните знаци на врската, барометрите за таа проверка се метапораките: што е кажано и како.

Секој може да ги види овие сигнали, но дали или не обрнуваме внимание на нив е друга работа – работата е во тоа да се биде осетлив. Штом сте осетливи вие не може да ги вратите вашите антени назад, тие се заглавени во раширена положба.

Кога се интерпретира значењето можно е да се собираат сигнали што не биле намерно испратени, како невино јато птици на радарскиот екран. Птиците се таму – и сигналите кои жените ги собираат се таму – но тие може да не значат она што интерпретаторот смета дека значат. На пример Мериелен го погледнува Хари и прашува „Што не е в ред?“ бидејќи неговата веѓа е намрштена. Со оглед на тоа што тој само размислувал за ручекот, нејзиното изразување загриженост прави тој да се чувствува како да е на испитување.

Разликата во фокусот кај пораките и метапораките може да им даде на мажите и жените различни ставови скоро во секој коментар. Хариет му се жали на Мортон, „Зошто не ме прашуваш каков ми беше денот?“ Тој одговара, „Ако имаш нешто да ми кажеш, кажи ми. Зошто ти треба покана за тоа?“ Причината е што таа ја сака метапорака за интерес: доказ дека на него му е грижа каков и бил денот, без разлика на тоа дали или не таа има нешто да каже.

Од сите нешта кои предизвикуваат проблем помеѓу мажите и жените заменките се најголем извор на неволја. Жените често се чувствуваат повредени кога нивните партнери користат „јас“ или „мене“ во ситуација во која би требало да користат „ние“ или „нас“. Кога Мортон изјавува „Мислам дека ќе одам на прошетка“, Хариет се чувствува посебно непокането иако Мортон подоцна тврди дека таа ќе била добредојдена да му се придружи. Таа се почувствувала исфрлена поради неговата употреба на „јас“ и неговиот пропуст да ја покани „Би сакала ли да дојдеш?“ На метапораките може да се гледа во однос на тоа што не е кажано исто како и во однос на тоа што е кажано.

Тешко е да се изгладат такви недоразбирања бидејќи секој е убеден во логиката на неговиот или нејзиниот став и нелогичноста – или неодговорноста – на ставот на другиот или другата. Хариет знае дека таа секогаш го прашува Мортон како си го поминал денот, и дека таа никогаш не би изјавила, „Јас одам на прошетка“, без да го покани да и се придружи. Ако тој разговара различно со неа причината за тоа мора да е дека тој се чувствува поинаку од неа. Но Мортон не би се чувствувал несакано и ако Хариет не би го прашала за тоа како си го поминал денот и тој би се чувствувал слободен да каже „Може ли и јас да дојдам?“ ако таа изјави дека сака прошетка. Па тој не може да верува дека на нејзе и е оправдано тоа што таа чувствува реакции за кои тој знае дека ги нема.
Овие процеси дотолку повеќе се драматизираат во морничавата, па сепак апсурдно забавна во својата автентичност драма „Возрасни“ [Grown ups] на Џул Фајфер [Jules Feiffer]. За да добиеме поточна претстава за тоа што се случува кога мажите и жените се фокусираат на различни нивоа од разговорот при изгладување на несогласувањата, ајде да погледнеме за што станува збор во оваа драма.
Џејк ја критикува Луиз затоа што не одговорила кога нивната ќерка Еди ја викнала. Неговиот коментар доведува до кавга иако и двајцата се свесни дека овој инцидент не е важен.

Џејк: Види, мене не ми е гајле дали е важно или не, ама кога детето ја вика својата мајка, таа треба да одговори.
Луиз: А значи сега испаѓа дека јас сум лоша мајка.
Џејк: Не го реков тоа.
Луиз: Ти читам во очи.
Џејк: Тоа е уште една работа што ја знаеш? Да читаш од очи?

Луиз ја игнорира пораката на Џејк – прашањето дали таа одговорила или не кога Еди ја викнала – и ја напаѓа метапораката: неговата импликација дека таа е лоша мајка, што Џејк упорно ја отфрла. Кога Луиз ги објаснува сигналите на кои таа реагирала, Џејк не само што ги отфрла туку е налутен дека е одговорен не за тоа што го рекол туку за тоа како тој гледал – неговиот поглед.

Како што играта се одвива понатаму, Џејк и Луиз повторно ја играат и ги интензивираат нивните шаблони:

Луиз: Ако сум јас така страшна мајка, дали сакаш развод?
Џејк: Јас не мислам дека си ти страшна мајка и не, фала, јас не сакам развод. Зошто секогаш кога ќе истакнам некаква разлика меѓу нас ти ме прашуваш дали сакам развод?
Колку повеќе тој отфрла да прифати секакво значење зад пораката, толку таа го надувува, а тој уште понепопустливо го отфрла, и така натаму:
Џејк: Јас изнесов една работа којашто ти ја правиш со Еди која не мислам дека ја забележуваш, а ја имам забележано веќе некое време, но намерно не ја изнесував претходно бидејќи се надевав дека ти сама ќе забележиш и ќе престанеш да ја правиш и исто така – искрено ќе го кажам ова, срце, – јас знаев дека ако го изнесев ќе се најдевме во истиот вид кружна кавга во која сме сега, а сакав да ја избегнам. Но не ја избегнав и сега сме во неа, па, со твоја дозвола, би сакал да поразговараме за тоа.
Луиз: Зарем не гледаш како тоа ме унижува?
Џејк: Што?
Луиз: Ако ти мислиш дека јас сум толку глупава зошто продолжуваш да живееш со мене?
Џејк: По ѓаволите! Зошто ништо не може да биде едноставно тука?

Не може да биде едноставно бидејќи Луиз и Џејк реагираат на различни нивоа од [нивната] комуникација. Како во случајот со Батесон на електрично ќебе со споени жици кое има двојна контрола, секоја жица ја интензивира енергијата која оди во различни аспекти на проблемот. Џејк се обидува да го разјасни неговиот став на тој начин што предетално го изложува што и дава на Луиз понатамошен доказ дека тој ја мафта и со тоа помалце е веројатно дека таа ќе алудира на неговиот став отколку на неговото мафтање.
Она што ги турка Џејк и Луиз да ја надминат лутината и да прејдат во бес се нивните различни перспективи на метапораките. Неговото одбивање да признае дека неговите изјави имаат импликации и додатно значење го отфрла нејзиниот авторитет врз нејзините чувства. Нејзините обиди да го интерпретира она што тој не го рекол и да ја претвори метапораката во порака прави тој да се чувствува дека таа става зборови во неговата уста – отфрлајќи го неговиот авторитет врз неговото сопствено значење.

Иста работа се случува кога Луиз ќе му каже на Џејк дека тој манипулира со нејзе преку Еди:

Луиз: Зошто никогаш не ја натераш да дојде да те види? Зошто ти секогаш одиш кај неа?
Џејк: Ти сакаш јас да си играм игри на моќ со деветогишно дете? Јас сакам таа да знае дека се интересирам за неа. Барем некој тука мора да покаже интерес за неа.
Луиз: Ја сакаш повеќе од мене.
Џејк: Не го реков тоа.
Луиз: Да, го рече.
Џејк: Ти не знаеш како да слушаш. Никогаш не научи како да слушаш. Како слушањето за тебе да е странски јазик.

Повторно, Луиз одговара на неговата импликација – овој пат дека тој ја сака Еди повеќе бидејќо отрчува кога таа ќе го викне. Па сепак, Џејк алудира на буквалното значење одбивајќи да признае дека мислел повеќе од она што го рекол.

Низ целата нивна расправа, поентата на Луиз се нејзините чувства – дека Џејк прави таа да се осети осудена – но за него поентата е во нејзиното однесување – дека таа не реагира секогаш кога Еди ќе ја викне:

Луиз: Ти зборуваш за она што јас и го правам на Еди, а што мислиш ти за она што ми го правиш мене?
Џејк: Сега не е време да навлегуваме во тоа што си го правиме еден на друг.

Бидејќи таа зборува само за метапораките, тој зборува само за пораките, никој од нив нема да добие сатисфакција од нивниот разговор и тие завршуваат онаму кадешто почнале – само поналутени.

Џејк: Не е во тоа поентата!
Луиз: Тоа е мојата поента!
Џејк: Безнадежно е!
Луиз: Тогаш побарај развод.
Американската конвенционална мудрост (а и многу од нашите родители и наставници) вели дека значењето се пренесува со зборови, па мажите кои имаат тенденција да бидат буквалисти во врска со зборовите се поддржани од конвенционалната мудрост. Тие не мора да ги отфрлат туку едноставно ги испуштаат знаците што се испратени со начинот на кој зборовите се изговорени. Ако тие осетат нешто во врска со тоа, тие може и покрај тоа да го отфрлат она што го осетиле. Најпосле, тоа нешто не е кажано. Понекогаш тоа е повеќе работа на избегнување – веродостојна одбрана отколку интуиција. Сепак тоа понекогаш е сериозно обвинување. Исто така е веројатно жените да се сомневаат во реалноста на она што го осеќаат. Ако тие немаат интуиција на нив, сепак им недостигаат аргументи да си го поддржат ставот и поради тоа се сведени на повторување, „Ти кажа така. Ти го стори тоа.“ Знаењето дека метапораките се вистински и фундаментаен дел од комуникацијата го олеснува разбирањето и оправдувањето на тоа како се чувствуваат тие.

Во една статија во тиражен весник имаше извештај дека една од петте најчести поплаки на сопругите за нивните сопрузи е „Тој не ме слуша повеќе.“ Друга поплака е „Тој не разговара со мене повеќе“. Еден политички научник Ендру Хакер [Andrew Hacker] забележа дека недостатокот комуникација, иако е високо на списокот на жените за причини за развод, е многу поретко спомнуван од мажите. Бидејќи паровите се различни страни во иста конверзација зошто жените се понезадоволни од нив отколку мажите? Бидејќи она што тие го очекуваат е поинакво, а исто така и она што тие го гледаат како важно во самиот разговор.

Најпрво, ајде да ја разгледаме поплаката „Тој не разговара со мене“.

Еден од највообичаените стереотипи кај американските мажи е силниот тивок тип. Џек Крол, [Jack Kroll] пишувајќи за Хенри Фонда по повод неговата смрт користеше фрази како „тивка сила“, „збунета тишина“, „запаллива кататонија“ [combustible catatonia], и чувство на „контролирана моќ“. Тој објасни дека целта на Фонда била никој да не види дека „тркалата се вртат“, да не дозволи „машинеријата“ да се покаже. Според Крол тишината којашто резултира од тоа беше ефикасна на сцена, но уништувачка за семејството на Фонда.

Имиџот на тивок татко е вообичаен и честопати е модел за љубовник или татко. Но она што н#232; привлекува може да стане лепак кон кој постојано ќе бидеме привлечени. Многу жени сметаат дека силниот тивок тип може да биде примамлив како љубовник, но тапчо како сопруг. Ненси Шенбергер [Nancy Schoenberger] започна поема со стиховите „Твојата тишина беше таа на што се уловив, / исто како и тишината на татко ми“. Адриен Рич [Adrienne Rich] во една нејзина поема зборува за сопругот како за „фрустрирачки мутав“. И покрај почетната привлечност на таква важна машка тишина, жената во долга врска може да почне да се чувствува како ѕид од цигли во кој си ја удира главата.

Згора на тоа, овие слики на машко и женско однесување – и резултатот и причината за нив – се разлики кои укажуваат на тоа како жените и мажите гледаат на улогата на разговорите во врски како и тоа како разговорот ја исполнува својата цел. Овие разлики имаат корен во околината во која мажите и жените учат да разговараат со нивните пријатели, во процесот на растење.
RaGeAnGeL Децата чии родители имаат странски акцент не зборуваат со акцент. Тие научуваат да разговараат како нивните другарчиња. Малите девојчиња и момчиња учат како да разговараат додека учат како да ги изговараат зборовите изговорени од нивните другарчиња со кои си играат. Помеѓу петтата и петнаесеттата година од животот кога децата учат како да разговараат, тие си играат претежно со другарчиња од нивен пол, па не е изненадувачки тоа што учат различни начини на конверзација.

Антрополозите Даниел Мец [Daniel Matz] и Рут Боркер [Ruth Borker] истакнуваат дека момчињата и девојчињата се социјализираат на различни начини. Малите девојчиња имаат тенденција да играат во мали групи или дури, што е повообичаено, во парови. Нивниот социјален живот обично е центриран околу најдобрата другарка, а пријателствата се создаваат, одржуваат и прекинуваат со разговор – посебно „тајните“. Ако некое девојче му ја каже тајната на нејзината другарка на друго девојче, таа може да се фати себеси дека има друга најдобра другарка. Самите тајни можат, а и не мораат да се важни, но фактот од нивно кажување е многу поважен. Тешко е новодојденците да влезат во овие групи, но секој што е примен се третира како еднаков со другите. Девојчињата сакаат да играат кооперативно; ако тие не можат да соработуваат, групите се распаѓаат.

Момчињата имаат обичај да играат во поголеми групи, честопати надвор и тие поминуваат повеќе време во правење работи отколку во разговарање. Лесно им е на момчињата да влезат во група, но не секој е прифатен како еднаков со останатите. Штом влезат во групата тие мораат да се борат за нивниот статус во истата. Еден од најважните начини на кој тие го прават тоа е преку разговор: вербално прчење како што е кажување приказни и шеги ги предизвикува и ги тргнува од патот вербалните прчења на другите момчиња, а ги издржува предизвиците на другите момчиња со цел да се зачува сопствената приказна – и статус. Нивниот разговор често има натпреварувачки дух за тоа кој е најдобар во што.

Драмата на Фајфер е иронично наречена „Возрасни“ бидејќи возрасните мажи и жени кои се борат да комуницираат честопати звучат како деца: „Ти кажа така!“ „Не кажав така!“ Причината е таа што кога растат жените и мажите имаат дивергентни ставови и навики кои ги научиле како деца – што тие не ги признаваат како ставови и навики туку ги земаат здраво за готово како начини на разговор.

Жените сакаат нивните партнери да бидат нова и подобрена верзија од најдобра другарка. Поради тоа им се слабост мажи кои им кажуваат тајни. Како што Џек Николсон еднаш му даде совет на својот пријател во еден филм „Кажи и за твоето проблематично детство – тоа секогаш ги погодува в срце“. Мажите очекуваат да прават работи заедно и не мислат дека нешто недостига ако немаат искрени разговори цело време.

Ако тие сепак разговараат искрено, значењето на тие разговори може да биде различно за мажите и за жените. За многу жени врската функционира се додека може да се изгладат работите со разговор. За многу мажи врската не функционира ако тие постојано мора да ра изгладуваат со разговор. Ако таа упорно се обидува да разговара за да ја спаси врската, а тој упорно се обудува да ги избегне разговорите бидејќи на нив гледа како на ослабувачи на врската, тогаш сите напори на едниот за зачувување на врската на другиот му се чинат како безгрижно ставање во опасност.
Ако разговорите (од било каков вид) сепак се одвиваат, можеби се разликуваат идеите на мажите и жените за тоа како да ги спроведуваат. На пример, Дора се чувствува удобно и блиска е со Том. Таа се сместува во фотелја по вечерата и почнува да му раскажува за проблем на работа. Таа очекува тој да и поставува прашања за да покаже интерес; да ја убеди дека ја разбира и оти тоа што таа го чувствува е нормално; и да возврати на интимноста со тоа што ќе и каже негов проблем. Наместо тоа, Том ја свртува темата од нејзиниот проблем, се шегува за тоа, ја оспорува нејзината интерпретација на проблемот и дава совет за тоа како да го реши и да избегне такви проблеми во иднина.

Сите овие одговори, природни за мажите, се неочекувани за жените кои ги интерпретираат во согласност со нивните навики – негативно. Кога Том коментира за споредни теми или се шегува, Дора мисли дека тој не се гружи за тоа што таа го вели и не слуша вистински. Ако тој ја предизвикува нејзината интерпретација за тоа што се случило, таа се чувствува како да ја критикува и како да и кажува дека е луда, а она што таа го сака е да биде уверена дека не е луда. Ако тој и каже како да го реши проблемот, таа се чувствува како да е пациент, а тој доктор – метапорака на удостојување, која ја рефлектира машката предност споредена со женската етикета на еднаквост. Бидејќи тој не ги кажува доброволно информациите во врска со некои негови проблеми, таа чувствува дека тој имплицира оти ги нема.

Неговиот начин на одговор на нејзиниот обид за интимност ја прави да се чувствува далечна од него. Таа се обидува повеќе да ја поврати интимноста на единствениот начин што го знае – со откривање на повеќе и повеќе работи за неа. Тој се обидува повеќе со поупорно давање совети. Колку повеќе проблеми таа открива, толку понекомпетентно се чувствува, се додека и двајцата не видат дека таа е емоционално исцрпена и растргната од проблеми. Кога неговите напори да помогне не се ценат, тој се прашува зошто таа бара негов совет ако не сака да го послуша...

Кога жените зборуваат за она што им се чини очигледно интересно, во нивните конверзации често се вклучени извештаи за конверзации. Тонот на глас, тајмингот, интонацијата и изборот на зборови сите повторно се создаваат при раскажувањето за да го објаснат – всушност да го издраматизираат – искуството за кое станува збор. Ако мажите раскажуваат некаков инцидент и дадат кратко сиже наместо повторно да создаваат што било кажано и на кој начин, жените често чувствуваат дека суштината на искуството се испушта. Ако жената праша „Што всушност тој кажа?“ и „Како го кажа тоа?“, мажот најверојатно нема да може да се сети. Ако таа продолжи да му врши притисок, тој може да се осети како да е испрашуван.

Сите овие различни навики имаат реперкусии кога мажот и жената разговараат за нивната врска. Тој се чувствува како да не е во своја кожа, како да е во подредена положба. Таа тврди дека точно се сеќава што рекол тој, а што рекла таа и по кој редослед и таа сака тој да се сети на она што го кажал. Тој едвај може да се сети бидејќи заборавил што точно кажал – а можно е да ја заборавил дури и цела конверзација. Таа тајно се сомнева оти тој само се преправа дека не се сеќава, а тој потајно се сомнева дека таа ги измислува деталите.
Една жена пријави таков проблем како да е прашање на слабата меморија на нејзиниот дечко. Како и да е, малку е веројатно дека неговиот проблем бил општа слаба меморија. Прашање е каков тип материјал секоја личност помни или заборава.

Франсис седи на масата во нејзината кујна и разговара со Едвард, токму кога тостерот прави нешто смешно. Едвард почнува да објаснува зошто тостерот го сторил тоа. Франсис се обидува да внимава, но многу рано во неговото објаснување таа сфаќа дека е сосема изгубена. Се чувствува многу глупаво. А сите индикации укажуваат на тоа дека и тој се чувствува така.

Подоцна тој ден тие излегуваат на прошетка. Тој и кажува за тешката ситуација во неговата канцеларија во која е вклучена комплексна мрежа односи меѓу голем број луѓе. Одеднаш тој запира и вели „Сигурен сум дека не можеш да им го фатиш крајот на сите овие луѓе“. „Секако дека можам“, вели таа, и повторно ја раскажува неговата приказна со сите ликови на свое место, сите детали како што треба. Тој е искрено импресиониран. Таа се чувствува паметно.

Како Франсис може да биде и паметна и глупава? Дали таа има добра меморија или лоша? Способностите на Франсис и на Едвард да следат, помнат и повторно да се навратат на некој настан зависи од темата – и е паралелна на способностите на нејзините родители да следат и да помнат. Кога Франсис и да им каже на нејзините родители за луѓето во нејзиниот живот, мајка и може да прати без проблем, но нејзиниот татко се губи што се воведе вториот лик. „Чекај сега, кој беше тоа?“, тој прашува. „Твојот шеф?“ „Не, мојот шеф е Сузана. Ова беше моја пријателка.“ Честопати тој се уште е во претходната приказна. Но кога и да им раскажува за нејзината работа, нејзината мајка е таа која се губи штом се спомне наредниот чекор: „Тоа беше твојот технички извештај?“ „Не, мојот технички извештај го предадов минатиот месец. Ова е специјален проект“

Мајка и татко на Франсис, како многу други мажи и жени, ги брусат нивните вештини за слушање и помнење во различни области. Нивното искуство во слушање на други мажи и жени им дало пракса да следат различни видови разговор.

Знаењето за тоа дали и како има шанси да известиме за некои настани подоцна влијае на тоа дали и како обрнуваме внимание кога тие се случуваат. Додека жените слушаат и учествуваат во конверзации, знаењето за тоа дека подоцна можат да зборуваат за нив прави поверојатно тие да обрнуваат внимание точно на она што е кажано и на кој начин е сторено тоа. Бидејќи поголем број мажи немаат навика да даваат такви извештаи, помалце е веројатно тие да обрнат внимание во такви случаи. Од друга страна многу жени не обрнуваат внимание на научното објаснување и факти бидејќи не очекуваат да мора да ги изведуваат истите во јавност со рецитирање – исто како што оние што немаат навика да ги забавуваат другите со кажување вицови „не можат“ да ги запомнат вицовите што ги чуле, иако ги слушнале доволно внимателно за да можат да уживаат во нив.

Па, конверзациите на жените со нивните пријателки им е обука за разговор за нивните врски со мажите, но многу мажи прават такви разговори без никаков тренинг – и имаат неудобно чувство дека ова баш и не е нивен терен.
Многу од нас ставаат огромен акцент на важноста на примарната врска. Ние ја сметаме способноста да се задржи таква врска знак за ментално здравје – наша современа метафора за тоа дека сме добра личност.

Сепак, нашите очекувања за такви врски се скоро – можеби всушност – невозможни. Кога се остваруваат примарни врски меѓу мажите и жените, нивните разлики придонесуваат за таа неможност. Ние очекуваме партнерите да ни бидат и романтични и најдобри пријатели. Иако жените и мажите имаат прилично слични очекувања за романтични интереси, ги намалуваат нивните разлики кога започнуваат врските, но имаат многу различна претстава за тоа како да бидат пријатели, а овие разлики се зголемуваат со текот на времето.

Во разговорите меѓу пријатели кои не се љубовници, мало недоразбирање може да се надмине или да биде дифузирано со прекини во контакт. Но во контекст на примарна врска, разликите не можат да се игнорираат и под притисок на постојан контакт луѓето се крчкаат во сок од акумулирани мали недоразбирања. Разликите во стилот секако предизвикуваат недоразбирања – иронично, ама овие недоразбирања не настануваат во врска со споделба на вредности и интереси или разбирање на животната филозофија едни на други. За овие големи и важни, а сепак опипливи теми може да се разговара и да се постогне согласност. Многу е потешко да се постигне совпаѓање – што е многу поизненадувачки и вознемирувачки отколку што е тешко – за едноставни дневни прашања за автоматските ритми и нијанси на разговор. Ништо во нашето потекло или во медиумите (сегашен кореспондент на религијата или на учењата на бабите и дедовците) не н#232; подготвува за овој неуспех. Ако две лица делат толку многу во врска со ставови и основни вредности, како тие постојано можат да се расправаат за неважни работи?

Ако се најдете во таква ситуација и не знаете за разликите во стилот на разговор, вие претпоставувате дека нешто не е во ред со вашиот партнер или со вас поради изборот на партнерот. Во најдобар случај ако размислувате прогресивно и сте великодушни, вие може да им простите на индивидуалците и да ја обвинувате врската. Но ако знаете за разликите во стилот на конверзација, вие може да прифатите дека има разлики во навиките и претпоставките за тоа како да се разговара, да се покажува интерес, да се биде грижлив и т.н.

Не мора секогаш точно да ги интерпретирате намерите на вашиот партнер, но ќе знаете дека ако стекнете негативен впечаток, тоа може да не се случило со негативна намера – а ниту пак вашите реакции се неосновани. Ако тој вели дека навистина се интересира иако не изгледа така, можеби треба да верувате во она што тој го вели а не во она што вие го чувствувате.

Понекогаш објаснувањето на претпоставките може да помогне. Ако маж почнува да и кажува на жена што да стори за да реши проблем, таа би можела да каже, „Фала за советот, но јас навистина не сакам да ми се кажува што да правам. Јас само сакам ти да слушаш и да кажеш дека разбираш“. Мажот може да сака да објасни, „Ако те предизвикам, тоа не е за да докаже дека ти не си во право, тоа е само мој начин на обрнам внимание на тоа што ми го кажуваш.“ И двајцата може да си го кажат ова или да ги модифицираат начините на кои разговараат и да се обидат да прифатат што прави другиот. Важно е да се знае дека она што се чини како лоша намера може всушност да биде добра намера изразена на различен стил на конверзирање. Ние мора да се откажеме од нашето убедување дека, како што рече Робин Лакоф [Robin Lakoff] „Љубовта значи никогаш да не кажеш „Што сакаш да кажеш со тоа?“


Sunshine Prolistav nabrzina, ali tekstov izgleda interesen.
Tanja19 lele...mnogu ima za citanje:(((
RaGeAnGeL
quote:
Originally posted by Tanja19

lele...mnogu ima za citanje:(((


za malce stoka ke ti recev
am prvana moja recenica kaza deka imat nogu i dek ak sakas ke go citas ak sakas ne
i zos sea bezveza postoj vaka mesto nesco pametno da se kazit