Berovo maleshevsko

Berovo maleshevsko
rina
 
A, sega....sledna destinacija e Berovo i negovata okolina!
Dolgo vreme slushav za Berovo i za ubavinata na Berovskoto Ezero i na prirodata naokolu.

Zatoa Berovo mi beshe neispolneta zelba....se dodeka ova leto konechno barem na eden den i barem nakratko ne mi se ispolni zhelbata!!! Eden topol, prilichno topol leten den stignavme vo Berovo, go razgledavme zhenskiot manastir shto se naogja vo samiot grad, muzejot za Maleshevijata i se za Dedo Iljo maleshevski i potoa pokraj Berovskoto Ezero pievme kafe.....

Bidejki toa bese samo na kratko, a ubavinata me voodushevi.....sega......sakam tamu PAK!!!!!

rina Малешевијата ја нарекуваат "Мала Швајцарија". Питома и мирна исто колку и дарежлива, таа сеуште е недоволно откриен дел од природата која истурила грст благодети, мелем за очите и рај за душата што само чекаат да бидат искористени.

Општина Берово е сместена во источниот дел на Република Македонија на површина од 595 км. кв. Богатство од букови, борови и дабови шуми го одредиле и нејзиното име "Малеш" - планина.

Берово е стара населба, можеби од римско време. Настанала кога околните села и населби почнале да се “берат” во Малешевската котлина, што е една од легендите за настанувањето на Берово.
rina Smesteno e vo Maleshevijata, na krajniot istochen del na Republikata, na dvata brega na rekata Bregalnica i na nadmorska visochina od 830-900 metri, Berovo gi nudi site svoi osobini na planinsko gratche, so izvonredna klima, koja osobeno godi vo letnite meseci.


A dokolku ste raspolozeni da vidite kako prirodata uspeala da sozdade nepovtorliva ubavina, togas pojdete vo negovata bliska okolina, vo shumite na Maleshevskite planini.

Ispravenite i visoki borovi drva, so svojot gord izgled, odlichno se slozuvaat so zanesniot miris i bogatata zelena boja na ovie shumi. Ke gi pochuvstvuvate debelite senki pokraj koi sonceto sramezlivo dzirka.
A na samiot izlez od shumata se otvora velichenstven vidik vo koj pogledot go zarobuva mirot, prodzirnosta i bezbrojnite prelivi na Berovskoto ezero, vo chii vodi odnovo ke gi vidite ogledani vrvovite na starite drva.

Drvoto i shumata otsekogash go privlekuvale vnimanieto na berovskiot zitel. Ottamu, veshtinata i umeshnosta na obrabotkata na drvoto e eden tradicionalen zanaet po koj se poznati berovskite majstori. Na ova se nadovrzuva i proizvodstvoto na prochuenoto berovsko sirenje koe pretstavuva vistinski specijalitet so prepoznatliv vkus.


rina



rina На оние коишто никогаш не биле во Берово нема да им биде лесно со помош на фотографиите да ја доловат убавината на ова место, особено богатството на природата во неговата околина. Столетни борови, ливади и пасишта, богатство од лековити билки и шумски плодови, изворишта и реки... Планинско сонце. Чист воздух. Еколошки здрава храна. Одличен шумски мед. Многу традиционални лекови од природни состојки, со коишто успешно се лечат болести на дишните органи, анемија, авитаминози. Самото гратче се наоѓа на скоро 1000 m надморска височина. Сместено како во гнездо, меѓу иглолисна шума, заедно со своите жители со векови тврдоглаво одолева на налетите на „прогресот“ и цивилизациските „придобивки“. Многумина од надвор тоа го гледаат како недостаток, но незаменливиот мир и спокојството на животот тука, поврзаноста на човекот со природата, е вистинска реткост во денешниот свет на загаденост и кризи. Барем уште извесно време... Кога си тука, имаш чувство дека се наоѓаш во тивко пристаниште некаде „на крајот на светот“, соочен единствено со себеси, небото над тебе и земјата на која стоиш...
rina Природните убавини на Берово ќе ви ја вратат физичката слика, а, манастирот "Св. Архангел Михаил" ќе ви помогне да најдете духовен мир. "Св. Архангел Михаил" е еден од ретките манастири во земјава во кој од основањето 1818 година па се до денес монашкиот живот не згаснал во ниеден момент. Во него работи и првото црковно училиште и познатиот македонски преродбеник Јоаким Крчовски.




Во манастирската библиотека се чуваат голем број на книги и текстови од 19 и 20 век, а во внатрешноста на црквата има 72 икони од 19 век. Со активностите на манастирот се тесно поврзани и Разловечкото (1876), Кресненското востание (1878). Денес во него е сместен Музејот каде се изложени фотографии, документи, географски карти и старо оружје од историското минато на Малешевијата и Македонија.





Стилот во кој е изградена црквата, како и широките чардаци и конаци ѕидани од камен се автентичен пример за македонската архитектура од 19 век. Македонските резбари го оставиле својот печат на дрвените платформи, на чардаците и на дрвените столбови од отворениот трем на црквата.





rina За градењето на црквата и манастирот нема посигурни историски податоци, но едно е сигурно: градењето на црквата се одвивало под многу тешки услови. Еве што ни кажува една од легендите:

Во почетокот на XIX век Берово било селска населба со околу двесте куќи и само со една мала и дотраена црква. Затоа тогашните поугледни беровчани решиле да изградат нова црква на местото наречено Могила. Парохискиот свештеник, поп Пецо, бил задолжен да обезбеди дозвола за градба од Уќуматот што се наоѓал во Радовиш. Валијата дал дозвола за градба, но под многу тешки, речиси неостварливи услови. Имено, црквата да биде изградена ниско под нивото на патот и да не се гледа, градењето да заврши за четириесет дена, а поп Пецо, најмалата своја ќерка, Султана, да ја даде во харемот. Условите не ги обесхрабриле беровчани во нивната намера. Со голем труд и пожртвуваност на верниците црквата била изѕидана и покриена со камени плочи за четириесет дена. За да не биде забележлива, надворешниот ѕид бил премачкан со саѓи и со вар. Кога видел валијата дека црквата е изградена над земјата по истекувањето на рокот, многу се налутил, и наредил тројцата црковни настојници веднаш да бидат убиени пред црквата, а бидејќи Султана избегала во Ќустендил, поп Пецо бил затворен. Тој бил пуштен од затвор по три години, а неговата ќерка се вратила во Берово кога разбрала дека комитите го убиле валијата.

rina Некогаш надвор од градот, денес женскиот манастир посветен на Свети Архангел Михаил се наоѓа на излезот од Берово, на патот што води кон браната и езерото. Главната порта гледа кон градот, а останатите две - кон реката и боровата шума. Самиот влез низ големата дрвена порта го внесува посетителот во еден поинаков свет.
Конакот е разигран. Привлекува со топлината на присуството на дрвото, обликувано во староградски стил од XIX век.

Сестринството во овој манастир изработува икони во византиски стил, за иконостаси, или по нарачка.



rina Vtorata legenda e slichna so prvata samo shto posledniot uslov bil postaven na selskiot kmet, a ne na popot Peco. Na prviot den od izgradbata na crkvata, pred portite na selskiot kmet navistina pristignale svatovite so zurli i tapani za da ja vodat ubavata moma vo turskiot harem vo Solun. Berovskata ubavica go javnala najubaviot konj shto postoel vo toj moment vo Berovsko i trgnala so turskata svatovska povorka za Solun preku Strumica i Dojran. Popat taa se mislela kako da se ottrgne od racete na Turcite za da ja spasi svojata i tatkovata chest. Moznosta na kmetovata kerka i se pruzila koga veselata pridruzba pominuvala pokraj ubavoto Dojransko Ezero i ja razgleduvale ubavinata shto ja sozdala prirodata. Vo zanesot od blesokot na ezerskite vodi, pridruzbata zaboravila na nevestata. Taa ne zalejki go svojot zivot, vo chest na tatkovata vera, skoknala vo vodite na Dojranskoto Ezero. Koga „svatovite" ja sogledale situacijata se uplashile i vo galop se upatile kon Solun za da ja prenesat loshata vest, kaurskata nevesta se udavila vo vodite na Dojranskoto Ezero.

Vo toj moment, pokraj Ezeroto svoeto stado go paselo edno mlado momche i dobar plivach. Koga turskata kolona otishla daleku, momcheto se frlilo vo vodite za da go spasi zivotot na ubavata moma, nesudenata turska anamka. Koga doplival do nea taa se ushte bila ziva, ezerskite vodi ne go progoltale ubavoto hristijansko, mominsko telo. Momata, kmetovata kerka bila spasena, no ne se vratila doma, tuku zaedno so mladiot ovchar - spasitel ja napushtile osmanliskata drzava za da ne padne povtorno vo turski race.

RaGeAnGeL mnogu go sakam mestovo i prvo odenje mk odam vamu zimi se
fala rina
GiTaRiSt Na vistina fin mesto jas sum prosetal skoro site gradovi na makedonia no tuka ne sum bil pa kako gi vidof slikite mislam deka moram da odam tamu i da vidam edna ali ubava ubavina :D