Pelagoniskite zemjodelci baraat azil vo Grcija |
||||
Makedon | -------------------------------------------------------------------------------- Битола, 27 април (МИА) - Прилепските земјоделци денеска во Основното јавно обвинителство во Битола се сретнаа со јавниот обвинител Стевче Тасевски, од кого побарале одговор зошто ништо не се презема против 'Жито Битола' поради издадените чекови без покритие што Комбинатот им ги подели наместо пари во готово за пченицата. 'Средбата со јавниот обвинител не беше успешна и тој само ни кажа дека нема ингеренции да посредува во овој случај”, изјави Благојче Коруновски, претставник на земјоделците. Претседателот на Регионалниот сојуз 'Клас' Петре Стојковски рече дека земјоделците уште еднаш ќе се консултираат меѓу себе за натамошните чекори, бидејќи не се задоволни од мерките што се преземаат против нив. 'Ние не сме против институциите. Овде сме да ги побараме нашите пари. Сега ни останува само да побараме азил во Грчкиот конзулат во Битола или на грчката граница”, додаде Стојковски. Од пред јавното обвинителство стотина земјоделци се упатија кон Грчкиот конзулат во Битола, но полициски кордон ги спречи да се приближат на 50 метри до конзуларното претставништво. По ова земјоделците решија да се вратат пред Мелничкиот комбинат 'Жито Битола', каде очекуваат да се сретнат со директорот Петар Илиевски. (27.04.2006) Автор: Деск http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=11751&mid=1500&tabId=1&tabindex=0 |
|||
Makedon | Млечната криза се повеќе го намалува сточниот фонд Александра Максимовска 30.04.2006 Незадоволни од одлуката на битолската млекарница да не откупува млеко од ситните производители, сточарите од кумановско Романовце ги продаваат кравите. Велат дека ќе бараат друга работа, затоа што не можат да се справат со променливата откупна цена на млекото и минималните стимулации од државата. „Поради нерентабилната откупна цена, нема сметка, нема откупување на млеко, мала цена, скапа храна, ги продадовме кравите, завршивме со тоа. Сега бараме друга работа“, рече Ивица Миладиновски. „Јас го давав во Битола млекото, сега ми останаа 30 килограми. Останав за нигде“, вели Аки Абази. Производителите кои се уште продаваат дел од млекото стравуваат од најавеното намалување на откупната цена. Производството на млеко ќе се сведе на минимум доколку цената од 18 се намали на 15, па дури и на 13 денари за литар. „Зборуваат нешто за 13 денари. Ние и порано со 18 денари не се покривавме, а камоли сега со 13 или 15. Не се знае точно, но има податоци дека и до 13 денари. Приватните откупувачи и до 13 денари го плаќаат во Романовце“, изјави Есад Есади, млекопроизводител - с.Романовце. Во Македонија се регистрирани 160.000 молзни крави, 50.000 семејства живеат од одгледување крави. Најголемиот дел од нив, дури 75% од одгледувачите, поседуваат од две до три грла. Лошите услови за одгледување крупен добиток, ниските стимулативни средства, високата цена на храната, ситното сточарство резултираат со низок процент по грло, кој годишно изнесува 2.000 литри млеко по крава. Во земјите членки на ЕУ најслабиот процент е 2,5 пати повисок од македонскиот и изнесува 5.000 литри млеко годишно. http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=62053 |
|||
трендафил | Земјоделците предизвикаа заложничка драма во „Жито Битола“Макфакс 03.05.2006 Околу сто земјоделци од битолско и прилепско денеска во мензата на комбинатот „Жито Битола“ го задржаа како заложник заменик директорот Драги Стефановски во обид да издејствуваат исплата на предадената пченица од минатогодишната реколта. Стефановски е извлечен од мензата со полициска интервенција, откако претходно по телефон разговарал со директорот на „Жито Битола“, Петар Илиевски, кој ветил дека денеска до еден часот ќе им даде информација на земјоделците во врска со исплатата. „Не е во ред да нема никој тука кога нема пари за исплаќање. Ние единствено контактираме со полицијата и со никој друг. Директорот треба да дојде и кога нема пари да ни каже кога мисли да не исплати, за еден час, еден ден, пет дена“, рече претседателот на регионалниот сојуз на земјоделци, Петре Стојковски. Земјоделците кои веќе подолго време протестираат барајќи исплата на предадената пченица, која се проценува дека има вкупна вредност од 600.000 евра, се прилично нервозни и нетрпеливи, особено откако директорот на „Жито Битола“им издаде чекови без покритие, за кои наводно гарантирало и Министерството за земјоделство. Дел од земјоделците минатата недела сакаа да бараат азил во грчкиот конзулат во Битола, но од полицијата беа спречени. Најочајните, денеска се заканија со самозапалување нагласувајќи дека нема перспективи за нивна егзистенција. |
|||
Makedon | Sega mi e jasno zosto nikoj ne investira vo Makedonija. Pa vlasta gi stiti nivnite clenovi (kako direktorot na Zito Bitola) koi ne si gi plakaat obvrskite, a pritoa ne e kaznet, nit firmata mu e otidena vo stecaj! Veke ne mi e cudno zasto site stranski investitori ne izbegavaat. Drzavava ovaa vlast ja napravi haos! Ako si clen na SDSM, mozes da pravis sto sakas! Duri i da falsifikuvas finansiski sredstva, a da ne bides kaznet! Da zemes stoka i da ne ja platis! Bruka! |
|||
nukleus | Izgleda deka e vreme site da go storime toa shto Prilepskite zemjodelci imaat namera da go storat.Vo vreme koga vlasta gi shtiti direktorite i oligarsite da mozat da izdavaat cekovi bez pokritie ili da im delat pari od budjetot za da go platat grozjeto edinstven spas za obicniot Makedonec e ili da pobara azil vo druga zemja kade ke bidat zashtiteni negovite minimalni prava ili da ja "nurne" vladata shto gi poddrzuva oligarsite i direktorite i angazira policija da gi zashtituva od gnevniot narod koj si gi bara krvavo zarabotenite pari. | |||
nukleus | Ova vtorovo go odbiram za svoe sopstveno mislenje kako solucija shto ne znaci deka potiknuvam nekogo na akcija protiv vlasta. | |||
Makedon | Tesko na narodot. Prodale zito, zitoto go prerabotile i prodale od Zito Bitola, a za toa zele pari. No, ne go plakaat zitoto na zemjodelcite od ednostavna pricina, sto direktorot na Zito Bitola e visok fun. na SDSM i pravi sto saka. Tesko na Makedonija so vakva vlast koja licniot interes go stava prvo! | |||
intel | A sto ako dojde Dpmne na vlast kje go gleda interesot na narodot kako sto go gledase od 98 do 2002. Aj be oladi so toa Dpmnovskoto propagiranje. Dosaden si. |
|||
Makedon |
FOrumov se vika politika i se diskutiraat aktuelni temi. Ne se zanimavam so nastanite od pred 4 godini. Inaku, do 2002 godina nemase demonstracii na zemjodelcite, znaci bea zadovolni od vlasta. |
|||
intel | Bea zadovolni ama koi? Vmrovskata grupa koja profitirase vo toa vreme.Tie se denesnite demonstranti 3% od zemjodelcite.Tolku. |
|||
Makedon |
Izgleda deka site zemjodelci se vmrovci, oti nikoj ne se bunese protiv agrarnata politika na VMRO od toa vreme. A sega, samo tutunarite gi napolnija skopskite ulici i toa vo kilometarski koloni Strajkuvaat lozarite, cela Tikvesija, celo Kavadarci i Negotino izlegoa na ulica! Strajkuvaat vo Sv. Nikolsko site! Site pelagonski zitoproizvoditeli strajkuvaat. Bog da cuva od vakva nesposobna vlada. |
|||
Makedon | Za problemite vo zemjodelstvoto, eve eden topik: http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=15319 |
|||
intel |
Ti dete gledas so vakvi naocari. |
|||
nukleus | He,he abe sega ne bea bash kilometarski ama navistina bea koloni.Zatoa azil mu e majkata,pa neka si ostanat koj sakaat na vlast vo Makedonija cii gragani ke bidat azilanti vo nekoja drzava na EU. | |||
f9 | I ovie zapnale pari ta pari...pa sekoj znae deka i od vozduh se zivee posebno koga si ulav i ne ja sledish pogovorkata PARI NA RAKA MARA ZA RAKA! |