Novosti

Novosti
AlF0t
 
Se shto e novo za i okolu hardverot
AlF0t Сите кои сакаат да го надградат својот систем со цел да добијат подобри перформанси во своите омилени 3D игри, наскоро ќе имаат можност да ја набават AGP варијантата на HIS X1600 Pro картичката на ATI. Ова е извонредна прилика за сите кои не сакаат или не се во можност да ја променат матичната плоча, процесорот и меморијата заради PCI-Express слотот кој што поддржува брзи графички картички. Добро познатото IceQ ладење ќе го намали загревањето и бучавата која што картичката ја прави на само 20dB. Започнувањето на продажбата се очекува кон почетокот на следниот месец.


AlF0t Seagate Technology go pretstavi Cheetah 15K.5 - poslednoto pokolenie vo svojata vrhovna kategorija hard diskovi.So svojata brzina i kratkoto vreme na baranje davaat vo rezultat 30% povekje I/O operacii vo sekunda i 20% pobrzo vreme na reakcija od tipichnite modeli od 10K RPM klasata. So do 300 GB kapacitet, Cheetah 15K.5 e hard diskot koj shto ima najdobar soodnos cena-proizvoditelnost.
Ovoj hard disk kje bide pushten vo prodazba vo vtorata polovina na ovaa godina.
AlF0t Дали знаете како работи хард дискот? Можете ли да претпоставите што се има во тој правоаголник на кој ги чуваме најважните документи слики или музика? Дали можете да претпоставите како изгледаат стандардните 7200 вртежи во минута? Со Raptor X нема веќе криење. Се е изложено на љубопитните очи на јавноста :-).

Повеќегодишното макотрпно истражување и комбинирање на материјали за изработка во Western Digital, конечно резултираше со најневеројатниот дизајн на хард диск - диск со прозорец. Овој диск кој ја има ознаката WD1500AHFD и уметничко име Raptor X е наменет за гејмерите додека неговиот посериозен и непрозирен брат, наменет за сервери е именуван како WD1500ADFD.

Raptor X од Western Digital овозможува поглед во внатрешноста на дискот.



Дизајнот на уникатниот Raptor X претставува вистинско достигнување од неколку аспекти. Најпрво со овој модел се руши стандардот за изгледот на хард дискот кој досега беше повеќе или помалку еднаков кај сите производители. За разлика од производството на куќишта, кабли, плочи графички картички, и сл. кое во изминатиов период доживеа вистинска модна револуција, дисковите секогаш претставувале сериозен сегмент кој треба да биде брз и стабилен а не џиџан и модерен. А од друга страна во овој модел е добиена револуционерна комбинација на специфичен проѕирен материјал (кристален поликарбонат, а не плексиглас како што многумина претпоставуваат) кој без проблем можат да го издржи притисокот и топлината и притоа да нема проблем со статичкиот електрицитет.

Проѕирната леќа од кристален поликарбонат која има облик на крушка е поставена на горната плоча на дискот и преку неа може да се следи неговото работење односно вртењето на плочите на дискот и главите за читање.

Но она што воодушевува кај овој диск е фактот што во случајов не се работи за обичен манекен кој изгледа добро.
Raptor X според своите перформанси е ѕвер! Има капацитет од 150 GB, што претставува дупло поголем капацитет од неговиот претходник, а и брзината од 10,000 вртежи во минута го прави апсолутен шампион. Големината на кешот изнесува 16 MB. Времето на пристап, за читање изнесува 4,6 милисекунди а за запишување 5,2 милисекунди. Интерфејсот на кој работи е Serial ATA-150.

Серверската верзија на овој модел претставува извонредно решение за изведба RAID со извонредни перформанси и значителен капацитет на складирање од 300 GB.

Од тестот кој го направивме на срверскиот модел (истиот диск само без проѕирни леќи), можеме слободно да кажеме дека овој модел е дефинитивно најбрзиот кој што некогаш сме го тестирале. На Nero компонента при нашиот WorldBench 5 тест, тој го порази својот најбрз конкурент за 80 секунди, односно 16 проценти.

Во моментов компанијата сеуште не ја има определено цената за малопродажниот комплет, во кој што ќе спаѓа упатство за поставување, Data Lifeguard алатки на WD и SecureConnect кабел кој што обезбедува извонредно јака конекција.

Засега се достапни само цените на дисковите и тие се 300 долари за серверската изведба и 350 долари за Raptor X.
Според нас апсолутно не е потребно да издвоите дополнителни 50 долари за да земете WD Raptor X со проѕирно куќиште, бидејќи за да истото има ефект би морале да имате и проѕирно куќиште на компјутерот.

Но како и да е, кој модел и да го одберете, воопшто нема да згрешите, бидејќи побрз десктоп диск нема да најдете.

Rex Farrance


Инфо:
Raptor X
Производител: Western Digital
Овој скап хард диск има капацитет од 150GB и нуди ултра големи брзини од 10,000-rpm.
Цена: 350$ (само уредот)