Илуминати - вечна тема |
||||
Sirius | Според некои тврдења светот од антички времиња па наваму е воден и свесно управуван од раса чии предци се генетички хибрид помеѓу вонземјански рептили и луѓе настанат пред илјадници години? Очигледно е дека ке се насмееме на ваквото тврдење но да ги разгледаме малку подлабоко овие "контрадикторни ставови". Илуминати (или "Illuminati Ones" како што се нарекуваат самите поради "просветленоста" од знаењето што само тие го поседуваат) е тајно светско здружение во кое е сконцентрирана целата светска моќ од антички времиња. Своето влијание започнуваат да го шират од Средниот и Блискиот Исток (Вавилон, Египет), а подоцна преземајќи контрола над Европа. Подоцна преку Британската и другите европски империи ја преземаат Америка, Африка, Австралија, Нов Зеланд и Азија. Кога моќта на овие империи ослабнала и тие се повлекле од овие региони, Илуминати оставаат зад себе добро разработена тајна мрежа и крвни линии кои се следат со децении. Се вели дека таа е одржувана преку речиси обсесивно вкрстување на европските кралски и аристократски фамилии, како што тоа го прават т.н. Источни Фамилии во САД, од кои произлегуваат лидерите на "слободна" Америка. На секои претседателски избори, почнувајќи од 1789 па наваму, победува кандидатот со најевропски-кралски гени. Од 42 претседатела на САД дури 33 имаат директна генетска врска со само ДВАЈЦА ЛУЃЕ - Alfred The Great (крал на Англија) и Charlemagne (француски монарх). Се шпекулира дека самата "независност" на USA е намерно изрежирана за да се забрза контролата на светот и Freemason-ите ја добија војната. Како потврда на ова тврдење се посочува на еден мал детал: класичните симболи на Илуминати, кои влечат корени од древниот Египет, се вметнати во дизајнот на Големиот Печат направен од основачите на независна Америка (ги има на некои од долар банкнотите). Се работи за симболите - пирамида и т.е. all-seeing eye. Вметнати се и 2 латински фрази: "Annuit Coeptis" и "Novus Ordo Seclorum". Или: "Прогласување на раѓањето, креацијата или доаѓањето" и "А New Order of Ages". Сами споите ги во целина. Ако се земе во предвид дека постојат 2 типа на диктаторство и тоа едното како директно (комунизам, фашизам) и второто за кое се вели дека е поефикасно - скриено диктаторство или "маскембал на слободата" (поефикасно е затоа што луѓето не се бунтуваат заради немање слобода кога мислат дека се слободни) илуминатите го контролираат светот преку една сосема едноставна шема позната како Проблем - Реакција-Решение. Тоа функционира отприлика вака: Да претпоставиме дека е потребно да се воведе нешто што луѓето нема да го сакаат, на пр.: поголема полициска контрола, понатамошна ерозија на основните права, па дури и војна. Ако отворено пристапат кон нивно спроведување луѓето ќе се побунат, затоа е потребно да се креира ПРОБЛЕМ Садам или Слобо. Потоа следува РЕАКЦИЈАТА од самите луѓе: "Еј! Ова не може вака, што ќе преземат ТИЕ!". ТИЕ нормално ќе понудат РЕШЕНИЕ на проблемот кои сами го креираат. Звучи познато, знам. Но, запомнете: решенијата се секогаш во нивна корист! Со ова нивно најмоќно оружје (контрола на настаните) Илуминати планираат да изрежираат настани во годините до 2012 год. кој ќе кулуминираат во Трета светска војна, потикната или преку стимулирање на Муслиманите да влезат во "света војна" или преку "употреба" на Кинезите да започнат глобален конфликт, или и двете. Три пророштва треба да се исполнат пред да се оствари оваа цел, и тоа (во оригинална форма): 1) The Creation and Destruction of Primordial Matter; 2) The Killing of the Divine King; 3) The Bringing of Prima Materia to Prima Terra. Исто така тие работаат кон остварување на т.н. Grеat Word of Ages или New World Order, т.е. глобална влада, централна светска банка, светска армија и светска популација поврзана на еден централен компјутер. Нешто од ова звучи познато во последно време, нели? Чекори кон оваа цел се: - Формирање на Европска Унија (веќе формирана ), Американска Унија (која треба да произлезе од постоечката NAFTA) и Пацифичка Унија (која треба да произлезе од постоечкиот APEC). - Соединување на NATO со UN мировните сили, кои треба да прераснат во светска армија за казнување на непослушните, на оние кои нема да сакаат да и се покорат на... - ...Светската Влада која треба да произлезе од Обединетите Нации. Иам некои тврдења дека и преку религијата, медицината, медиумите илуминатите ја контролираат масовната популација. Така да со помош на религијата лугето се откинати од вистинското знаење за тоа кои се, ги убедиуваш во нивната ограничена моќ да ја контролираат својата судбина и своите животи. Токму поради ова религијата е едно од најсилните оружја на Илуминати. Религијата го поттикнува стравот од судот Господов кој може да те снајде ако не веруваш во "вистината", "книгата" и "системот". Различните религии им дадоа на Илуминати оружје за поделба на луѓето, а главните пропагатори на религиозните догми, ве уверувам, не веруваат ни трошка од тоа што го проповедаат на своите следбеници. Еве неколку 'брзи' информации: - Стариот Завет зборува за "Синовите на Господ" кој се смешале со ќерките на луѓето и ја креирале расата Нефилим. - На глинените табли на античките Сумери најдени во 19тиот век се зборува за раса на "богови" именувани како Anunnaki или преведено "оние кои од рајот на земјата дојдоа". Адитиви во храната, fast food-от, флоурот во водата, отровите со кои ја полниме земјата, а ги внесуваме преку храната и водата, сето тоа не влијае само на нашето физичко здравје, туку и на функциите на мозокот и интелектот. Сето ова е потпомогнато со 'диета' од TV срања (да ме извините) во форма на идиотски TV Show-а (кои се разбира најмногу ги има во Америка). За сервираните вестите на светската популација од најголемите светски news куќи (CNN, BBC и сл.) мислам дека не треба ни да ви спомнувам, бидејќи на своја кожа го почувствувавме нивното "непристрасно" новинарство. Илуминатите имаат структура во многубројните Братства низ светот, и тоа: Bilderbergers, the Council on Foreign Relations, The Knights of the Garter, The Knights of Malta, The 33rd Degree Masons, the Rhodes Scholars, The Skull and Bones и the Trilateral Commission. Знаењето е моќ! Со оваа структура кај самите Илуминати се оделуваат неколкумина во кој е сконцентрирано целокупното знаење на работите што се случуваат. Тоа е т.н. Глобална Елита, која е контролирана од т.н. Prison Warders од 4-тата димензија, ентитети која ја имаат ултимативната контрола и знаење. И запомнете: Stay paranoid! :) |
|||
toni_a | http://video.google.com/videoplay?docid=2357448098911229950&pl=true | |||
toni_a | http://video.google.com/videoplay?docid=-8260059923762628848 vo moment ova gledam... |
|||
Kaneo |
Sirius, nema nikakov problem da ne' fati paranoja posle tvojov tekst, a osobeno ako vednas potoa go izgledame i prvoto filmce preporacano od toni_a (kako sto napraviv jas). A dali uste na nekogo ovde mu se cini deka "Kodot na Da Vinci" e "malkucka" reklama za masoncinjata? Aj otidov da ja siram paranojata ponatamu... |