Образовно - индикативен драјв |
||||
Sirius | Кого треба да видиме денес, Петар? - прашува славниот уметнички продуцент и галерист познат под името Артангел. -Ѓоле, чедото Јовановиќ, почитуван Арти - вели младиот ловец на таленти, во уметничките кругови познат под името Петар Панк. -Знаеш ли ти, пријателче, дека гледањето е пламен?! Тоа е теорија на Емпедокле: окото е составено од вода и оган, кои се одвоени со бескрајно нежна опна која на огнот не му дозволува да влезе во водата но му дозволува да излезе надвор, што всушност е гледањето. -Затоа ние сме во галерискиот бизнис, Арти, за да ги спржиме сликите што ни доаѓаат во пресрет, да ги претвориме во уметност-роба-камен, т.е. лова, ко Мида, ко Медуза... -Така е. Башка, имаме и подвижни очи ко од египетската митологија, Атумовото око што шета, или ко тие летечките оси што сканираа очи во Мајнорити Рипорт, се сеќаваш, Петар?! -Се сеќавам, Арти, и на друг еден филм, Хангр... Заебана е нашава работа, истовремено дила со деструкција и бесмртност, чинам... -А младото уметничко месо секогаш е добродојдено... Вреди ли нешто момчакот Ѓоле? - прашува Артангел, но повеќе реторички, бидејќи никогаш не се сомневал во изборот на својот помлад колега и агент. -Глеј, Арти, играта секогаш е двојна, и ние исто секогаш сме под одреден ризик на гледање иако, фала богу, сме маскирани. И момчаков исто гази на два континента, евроазија, би рекол, т.е. концептот што треба да го видиме така му се вика: Прошетката на господинот Џовек низ преполовениот континент. -Преполовен на оган и вода, така? Џовек, велиш, да ми се ниша на стапов довек... -Добро што го спомна тоа, Арти, ми текнува и друга работа кога вака се фураме на бреин сторминг, оган-вода, маска-тело ти реков ми рече, а и прибидејќи сме ко некакви макроа во арт бизнисот: окото е и фалус, почитуван пријателе. -Знам. Постои и нешто ко животно, саде фалус, хетерокотил, а и Озирис го има негде загубено тринаесеттиот дел од себе, кој се осамостоил, а не е око... -Е па, момчакот исто има стратегија да не биде спржен под погледите; ем произведува слики ем е интересен ко маска, да ти одговорам на прашањето, почитуван пријателе. -А има ли стратегија, ако веќе не сака да биде спржен, да биде меѓу оние што пржат? -Тавтолошки прашања, Арти... Јасно дека има, чедото е, ебате, уметник... Со самото изложување напаѓа, тоа ти се стари борбени вештини, ко да не знаеш, пријателе, па само за тоа и збориме, за камуфлажи, борба и џунгла, зарем не?! -Така е, Петар. Криволак е зафркнато место, криволов и заебанции во секое време... Таман му се пуштиш на некое крваво купченце стуткано во тревата кога од него ти изрипува борбено бојосаниот пигмеец кој почнува да ти се заканува со тоа копјенцето... А од кај го знаеш, Петар, чедото Џовек? -Од тука, од криволачко... Заедно окапуеме во “Лезет”, дење-ноќе, таму се дружиме со чудната дружина на Лукаш, Љубиша, Тамара, Јане, Гане Тодоровски и Светлана Христова Јоциќ, ги гледаме глупите филмови, ги посетуваме опскурните дувла ко “Точка” кои се супер тест за разоткривање на секакви уметнички патологии бидејќи тамошната галерија изложува саде роршахови флеки... И се држи момчаков, мора да се признае, низ целото лудило, гипко е створењцето, можеби и битно, не знам, пластично, заебано, со еден збор, под превезите. -Се согласувам, Петар, тоа е нашата вообичаена тема, камуфлажата и спасот од гладните глутници во ужасов во кој живееме, а кој се одѕива на името Криволак. -Не се знае кој кого гони, така, во Криволак, ловците ѕверовите ил обратно, огнот погледот?! -А крив ли му е лакот на криволаков, драг мој Петар?! -Претерахмо, Арти, со таа фалусоидна заебанција, но чувствувам дека ми изнудуваш информации за момчакот, не, го анализираме просто психоаналитичарски, чинам?! -Се согласувам, Петар, да се вратиме на јебаниот мотив на маската, клучен кај чедово, велиш... Маската е второ лице, всушност, кое го крие својот носител, го преобразува и засолнува... Маската е и како некакво второ име, не, кое е израз на надстварната личност на човекот, Петар? На нас?! -Имаш право, Арти, тоа е токму нашата приказна. Само што ние сме сосем камуфлирани, ко надстварна слика на џовек, што би се рекло. Па и повеќе од тоа: “нашите маски се кристализација на нашите без-личности”, ко да сме облаци, ебате, зарем не?!Знаеш што вели еден друг племенски пајташ на Хаким Беј: нашата маска не служи само за покривање на лицето и главата, туку на целото тело... -Знам Арти. Ние се фураме на концептот кога “целокупната личност на носителот на маската, прекриена со образина или капуљача, сочинува маска...” -Прав си, Петар. Треба да се преживее во Криволак, па макар под парталавите образини на монструм... -Не ја заборавај и фарбата, Арти, што ја спомна прееска, важен елемент, прибидејќи си имаме работа со молерско чедо, маскирано... -Така е, Петар: неретко, меѓу одредени племиња во криволачко, се случува боите, со кои е прекриено целото тело на носителот на маската, затскривајќи го, всушност да ја заменуваат маската-облека... На тој начин од носителот на маската ништо стварно не останува видливо... Така е или не е така, Петарчо?! -Така е, Арти. Во тоа и се состои нашиот уметнички драјв во јебанава селендра: во камуфлирањето и челичењето, истовремено. А малиов Ѓоле-Џовек е јак и на лудило, баш ко ритуалец, обредџија, племенски типац... -Супер. Уште подобро за трговија, не? За создавање митови, така? Со таа пролиферација на маски и обреди ние само го фураме бизнисот, така, капитализмот, т.е. уметноста, што е едно те исто, зарем не, робата-фетиш, која е уметнички предмет, добога, Петар! -Така е, Арти. Кој не го знае тоа магаре е, недвојбено. -А од друга страна, сепак, те запичуе метафизичкиот ужас, тој страшен провев, така, што фури низ многубројните завеси, сцени... Површното и пластичното на робата-стока, спакувана, да не речам маскирана, а зад тоа, зад велелепната источњачка вештина на дарот-празнина (феноменално спакуваната кутија во која нема ништо!), брррр, бездните на ништожеството, така? -Така, баш, ко да го знаеш чедово што ни доаѓа во храмот, Арти, си станал сосем видовит, ко лудак некаков, да те ебам! -Ќе ти речам уште една работа што може сум ја прочитал а може сум ја видел низ насетувањата на чедото што ни се придружува: непознатото, т.е. таинственото, забранетото, скриеното, ги маѓепсува таканаречените уметници. -Малиов е и скулптор. Може и оттаму доаѓа неговата зафркнатост: древните скулптори со помош на идоли и маски се обидувале да му дадат видливо обличје на непознатото за кое збориш, Арти... -Слоевит ко кромид! Да не е сепак некоја заебанција зад сево ова?! Да не ми местиш некоја подла игра, пак, Петар?! Постои ли воопшто тој Ѓоле Јовановиќ ил се стоунираме овде ко Владимир и Естрагон, ај да тргнеме, ај, еве само што не сме, и не мрдаат. -Ме плаши твојата недоверба, Арти, понекогаш. Ако си клучар на храмот на уметноста, ебате, не значи дека си лав! Го знаеш она: “Сите траги водат кон тебе, а ниедна од тебе!” Плаши тоа, нели?! -Е па плаши! Плаши еманацијата на уметноста длабока и мистериозна ко Алшар и Али Бабината пештера заедно, а која се врти со фиук на името АРТАНГЕЕЕЕЛ!!! -Каков его трип, Арти, ко стварно да се расшрафуваш... - вели Петар Панк.Во тој момент на вратата се појавува Ѓоле Јовановиќ, а на сите страни почнуваат да фрчат пламени погледи...П.Вулкански Отсечени од племето со дивјачка носталгија копаме и одиме низ тунелот следејќи ги изгубените зборови. Хаким Беј Маската е најрана форма на отуѓување. Во својата слабост и немоќ пред несфатливото и загадочно битие на космосот, соочен со опасноста на животот и неминовноста на смртта, човекот барал слики што будат надеж и симболи на заштита. |
|||
Enigma | Ne se soglasuvam. Chovekot svesno ili nesvesno nametnuva maska poradi svojata nesigurnost ushte vo ranata mladost, poagjajki od vnatreshnoto soznanie za sopstvenata nishtozhnost (osamenost, izgubenost, nesrekjnost), dodeka ednovremeno se naogja pod pritisok na okolinata i opshtestvoto, deka lichnosta se vrednuva vo postignatiot uspeh (solidno obrazovanie, pari, slava itn.), t.e. da se bide nekoj i neshto. Zatoa, najchesto devojchinjata mechtaat da bidat slavni glumici, a momchinjata - izvesni fudbaleri, peachi i sl. No, toa e zabluda i zamka za mladite lichnosti, zashto vo sushtina, nezavisno od uspehot i slavata, chovekot e samo mala chestica na svetot, a siot svet, so seta negova velichina ne mozhe da ja ispolni chovechkata dusha. Neznaejki ja vistinata za sebe i za svetot (od kade dovagja i koj pat da go fati), chovekot bespolezno se obiduva da go najde svoeto mesto, poradi shto zaminuva od roditelskiot dom, menuva drushtva i prijateli, se zheni, razveduva, itn., no mesto ne naogja, ako pred se dushata negova ne e na svoe mesto, t.e. ne se chuvstvuva svoja vo sopstvenata kozha. Realno, maskata ne mu pomaga na choveka, tuku samo vremeno go zalazhuva, zatoa toj menuva maski. Toa e ropstvo na sopstveniot egoizam, laga, falshivost, neiskrenost, porochnost i zabludenost. Od svojata najrana mladost, dushata osoznava deka pripagja nekomu, poradi shto chovekot postojano e vo potraga po "srodna dusha", mislejki deka taa kje go nadopolni i ispolni. Vo sushtina, chovechkata dusha mu pripagja na svojot Tvorec, t.e. na Boga, i samo poznanieto na Vistinata mozhe da go oslobodi choveka. "Poznaj ja Vistinata i taa kje te oslobodi tebe". Vo Boga chovekot postanuva, toa shto treba da e, - sveshtenik - rab Bozhji i car na zemjata, koj bidejki vekje znae od kade dovagja, znae i kade treba da odi. Vo Boga, chovekot prestanuva da bide nishtozhno izgubeno sushtestvo, bidejki postanuva vistinski chovek, - unikatna i nepovtorliva lichnost vozljubena od svojot Tvorec, Koj na Svoeto tvoreshtvo mu dal zhivot - nagolemo postoechko chudo. Bog dava talenti i darovi, koi chovekot ne sekogash umee pravilno da gi iskoristi, zashto e neuveren vo vistinata za svoeto postoenje. Vo Boga nema nishto besmisleno, a chovekot ja naogja smislata na zhivotot vo vechnosta i sovrshenata polnota na Carstvoto Bozhje, kade e povikan da bide svet. Nezavisno od zemnite uspesi i slava, chovekot ima bitna zadacha (misija) na zemjata, da go ponese svojot krst i so silata Bozhja da go pobedi sopstveniot grev. Sovremenata umetnost jasno ja izrazuva nishtozhnosta na "bez lichnosta", koja nema obraz. Osobeno abstraktnata umetnost govori za sostajanieto na dushata na umetnikot, kade predmetite se bezpredmetni i formite se bez obraz, t.e. bezobrazni. Anonimnosta na virtuelnite forumi ne e maska, bidejki e toa shto e, - ANONIMNOST. Lichnite podatoci i fotografijata go potvrduvaat lichniot profil, t.e. identitetot na lichnosta, dodeka originalnosta ili falshivosta na chovekot se poznava po karakternite svojstva na odnesuvanje. |
|||
Sirius | Enigma, relativno tocna, a po mene i ubava ti e, konstatacija za sovremenata umetnost koja ja otslikuva deneshnata sostojba ne samo na "umetnikot" tuku i na duhot na kiborshkiot svet ( Donna Haraway) koj se poveke i poveke se nametnuva kako realnost. No taa "praznina" i svoevidna bezlichnost, mislam e bash posledica na nasheto "maskiranje" iskazhano - prezentirano vo forma na "spektakl" ( Guy Debord ) odnosno svetot egzistira, ljugjeto komuniciraat tokmu so posredstvo na (ne)namerno veshtachki iskreirani sliki, koi dosta chesto se nesoodveten matematichki "izvod" od samite nas. Koga zhenata odi da kupuva “make up” , vsushnost kupuva nadezh za ubavina, kupuva maska koja ke ja napravi poubava, posigurna, poprivlechna . Vo primerov ne gledam nishto losho, kako i vo bezbroj drugi slichni, ( ah kolku samo Nitche bil vo pravo za Ubermensch), tuku samo edna konstatacija na pogore kazhanoto. Hipi pokretot vo 60 -te god bash kako light motive go imashe “otfrluvanjeto na maskite” i formite na sovremenoto “ladno” – lazhno komuniciranje pomedju ljugjeto....mozhebi slednive citati ke dadat dodatno objasnuvanje : Голото тело е безизразна маска што ја крие вистинската природа на секого од нас. (еден индијанец што го цитира Бодријар) Кај мене се е лице. (еден друг индијанец му одговара на еден белец зошто оди гол) цитирано според Бодријар Ние сме разлика... нашиот разум е разлика на дискурси, нашата историја е разлика на времето, Нашето Битие Е Разлика На МAСКИ. Мишел Фуко |
|||
Enigma |
Jas rekov deka chovekot svesno ili NESVESNO navlekuva maska, a chestopati ne e svesen deka e maskirana lichnost, t.e. voobrazuva od sebe nekoja poinakva lichnost od taa, shto vo sushtina e. Kozmetikata ne e maska. Zhenata se razubavuvala od najstari vreminja (depilirala, shminkala i sl.), koga taa i bilo dostapna na aristokratijata, a denes im e dostapna na site zheni. Vprochem, toa e vsadeno vo nejzinata priroda, poradi shto nezinite teleseni oblici se razlikuvaat od mashite formi. Zhenata e izrezban stolb, koj go krasi domot i svetot. Toj stolb ne e bezfunkcionalna maska, tuku ima bitna dolzhnost i finkcija. Taa e olicetvorenie na ubavinata, nezhnosta i zhenstvenosta, a nejzina dolzhnost e da ja podrzhuva svojata ubavina, ispolnuvajki ja zhenskata funkcija i uloga vo semejstvoto i opshtestvoto. Zhenata, sekogash treba da e pristojno sredena i doterana, a svoite nedostatoci da gi pokriva, ne od druga prichina, ami od pristojnost. "Make - up", znachi: da se dotera, shto ne e "nadezh" na ubavina, bidejki ne mozhe da ja napravi poubava odkolku shto e, no mozhe da ja pdcrta, t.e. izrazi nejzinata ubavina, i toa, dokolku umee subtilno i soodvetno da se crta (shminka). Vo sprotivno, vulgarnosta ja ogrubuva zhenskata priroda. Oblekata ne go maskira chovekot, tuku ja pokriva negovata golotija. Zamisli, shto bi bilo, koga lugjeto bi odele goli, bi prestanale da se mijat, cheshlaat i sl., t.e. ne bi ja doteruvale svojata priroda? Pa, taka ne zhiveele ni prvobitnite lugje! Dali e maska na prirodata, koga chovekot ja doteruva svojata gradina (gi poliva rastenijata so voda, ja strizhe trevata, gi seche isushenite i zarazeni granki, itn.)? Nie ne zhiveeme vo divina, tuku vo civilizirano opshtestvo, kade doteruvanjeto e sosema normalna i prirodna pojava, a se odnesuva na pristojnosta, ne na nekakva maska. Znachi, maskata se odnesuva na LICHNOSTA, a ne na likot. Nasheto bitie ne e razlika na maski, bidejki ima sushtina, a maskata e bezsushtinska. Lugjeto koi ne ja poznavaat sushtinata i smislata na sopstvenoto bitie, stanuvaat zhrtva na abstraktniot bezlichen svet, koj izcheznuva vo nebitieto na ischeznatite svetovi. Toj svet e duhovnoto carstvo na satanata, vo koj vladeat bezobrazni gjavoli, demoni i zli duhovi. Tie se beztelesni duhovni sushtestva, - BEZ OBRAZ, no veshto kradat obrazi, - maski, pod koi mu se pretstavuvaat na chovekot, vnushuvajki mu sekakvi gluposti, pa i gluposta, deka za da bide priroden (originalen) treba da odi gol. Vo abstraktnata umetnost, kako i vo sovremenata literatura i muzika, toa e dobro izrazeno, kade nema sushtina, ni smisla, a obrazite na lugjeto i formite na predmetite se predstaveni kako bezlichni - prazni demoni. Toa ne proizleguva tuku - taka, ami e proizvod na obshtenjeto na chovekot so duhovniot svet na gjavolot, koj najchesto toj nesvesno go prima. Bozhjiot svet e KONKRETEN, a vo nego se ima svoj OBRAZ, IME i KONKRETNA SMISLA I SUSHTINA. Svesno ili nesvesno, chovekot sam zasebe izbira, komu kje sluzhi, no realnosta e deka ednovremeno ne mozhe da mu sluzhi na Gospoda i na gjavolot. Taka, ako podpagja pod vlijanieto na temnite gjavolski sili, toj se odalechuva od Gospoda i stanuva rob vo pekolot na sopstvenata dusha. Gjavolot mozhe da mu dade prividenie na chovekot, no ne i sushtina, zatoa toj e osamen i prazen, i kako svojot "uchitel" - gjavol, komu se predava, nametnuva maska vrz svojata lichnost, koja vo mrakot na temninata se povekje se deformira i raspagja, dodeka chovekot postanuva bezlichno sushtestvo, koe go gubi svojot obraz. Realnosta e, deka chovekot bez Boga e nezashtiten i nemokjen pred lukavite veshtini na gjavolskata temna duhovna sila. TAA E VISTINATA! P.S. "Hipi" dvizhenjeto samo posebe e maska i begstvo od realnosta, poradi shto mnogu "hipi" stanaa zhrtvi na narkotici. Vprochem, "New Age" uchenjeto e zasnovano vrz spiritizam, teosofijata na Elena Blavatska i narkotichnata kontrakultura od 60te godini na XX vek. |
|||
Enigma | http://verujem.org/forum/viewtopic.php?t=227 Nemam vreme da preveduvam, no ako nekoj saka i mozhe neka prevede na makedonski, ako ne, chitajte na srbski. |
|||
nevernik | Човекот носи маска на своето лице за да биде сакан. Таков каков што е, се плаши дека можеби оние околу него нема да го сакат и затоа си навлекува маска. Маската ни служи да ги прикриеме своите недостатоци и да се прикажеме идеални пред другите. Кога ќе се симнат маските, ќе се види дека најдобриот другар бил педофил, друг бил крадец, а сите го сметале за најголем поштењак, трет манијак итн. Кој ги сака тие луге? И не само тие. Сите имаме по нешто што сакаме да го скриеме. Затоа и носиме маски. | |||
Sirius | Иако претходниов пост е еден сатиричен пресек кој опфаќа повеќе аспекти, ке се задржам на главниот мотив а тоа се ~маските~. Колку е исправна тезата дека ние почнувајќи од најраното детство користиме ~маски~ ги носиме цел живот само за да се чувствуваме покомотни и посигурни, позаштитени...можеби најексплицитен пример за оваа теза е баш виртуелниов живот, каде затскриени зад имиња и слики се чувствуваме релативно посигурни во комуникациите ... односно со изборот на никовите и аватарите сакаме да се ~исфорсираме~ себеси во некоја друга ~димензија~ или пак да посочиме некоја од нашите елементарни или генерални карактеристики на самите нас... ПС. не ми е понетата да ги критикуваме и анализираме самите ncknames, ниту пак аватарите, туку отваранје на дискусија во поширока смисла... |
|||
Enigma | Chovekot ne navlekuva maska na svoeto lice, tuku ja maskira svojata lichnost, bidejki sam ne se poznava sebesi, t.e. neznae koj e. Inaku, nema shto da krie, zashto nikoj ne e dolzhen da odgovara pred drugite za negovite lichni grevovi, dokolku ne se odnesuvaat na istite. Zatoa, postoi Crkvata i Svetata Tajna na Pokajanie. |