ERNESTO "CHE" GUEVARA (Биографија и Фотографии)

ERNESTO "CHE" GUEVARA (Биографија и Фотографии)
Carpathian Lord
 
Дел I (морам во два дела...доста ме исцрпи додека го пишував ова, после ова следи Исчезнувањето од Куба, Другите револуции и смртта).

Друго ме интересира дали ќе побуди интерес кај нашата ни младина!



Ernesto Guevara de la Serna или попознат како Che Guevara или само како el Che, бил роден во Аргентина и бил доктор, Марксистички револуционер, политичар и водач на кубанската револуција. Како млад човек кој учел медицина, Гевара патуваше по „макотрпен“ пат низ Латинска Америка. На тоа патување тој ја откри сиромаштијата. Низ овие доживувања тој заклучи дека револуцијата е единствен излез за социјалната нееднаквост на овие региони, што го приближи до учењата на Маркс и пришто се приклучи во социјалната револуција во Гуатемала под водство на претседателот Jacobo Arbenz Guzman.

Нешто покасно станува член на движењето на Фидел Кастро т.н Движењето на 26 Јули, кое ја превзема власта во Куба 1959 година. Откако служеше низ различни важни позиции во новата влада и пишејки повеќе книги за теоријата и праксата на герилската војна, Гевара замина од Куба во 1965 година со замисла да направи сеопшта светска револуција, почнувајки од Конго-Киншаса(подоцна Демократска Република Конго) и потоа во Боливија, каде што беше фатен од ЦИА. Гевара загина во рацете на Боливиската армија во Ла Хигуера близу Валегранде на 9 Октомври 1967 година. Сведоците на последните мигови на смртта на Гевара, кажаа дека веднаш го убиле за да избегнат судење, а со тоа и да ја избегне смртта.

По неговата смрт, Гевара стана икона на социјалистичката револуција низ целиот свет, за правдата на обесправените, потчинетите, жртвите на олиграсите, на неправеднат власт, на младата генерација која треба да го издегне гласот над општествените стереотипи.

Che Guevara и Јосип Броз - Тито (Белград 1959)



ДЕТСТВОТО НА ЕРНЕСТО

Куќата каде бил роден:


Ернесто Гевара де ла Серна бил роден во Росарио, Аргентина, најстариот од петте деца во мешана фамилија од Шпанци, Баскијци и Ирци. На неговото крштениче пишува дека бил роден на 14 Јуни,1928 година, но според некои бил роден на 14 Мај 1928 година. Причина за ова било за да се избегне скандалот дека неговата мајка била бремена пред да стапи во брак.
Еден од претците на Гевара, Патрик Линч (Patrick Lynch) , бил роден во Галвеј, Ирска(Galway, Ireland) во 1715 година. Тој ја напушти Ирска и заминал во Билбао, Шпанија, а потоа за Аргентина. Франциско Линч (Francisco Lynch) (Пра-прадедо на Che) бил роден во 1817 година, а Ана Линч (Ana Lynch) (неговата сакана баба) во 1861 година. Нејзиниот син Ернесто Гевара Линч (Ernesto Guevara Lynch) (таткото на Che) бил роден во 1900 година. Гевара Линч се оженил со Целиа де ла Серна и Лоса (Celia de la Serna y Llosa) во 1927 и тие имале три сина и две ќерки.
Во ова лево ориентирано политичко семејство, Гевара станал познат по својата динамичка и радикална перспектива уште како дете. Иако пател од напади на астма, напади кои ќе го измачуваат целиот живот, тој бил добар атлетичар. Играл добро рагби и покрај неговиот хендикеп и го добил прекарот Fuser што значи „бесниот“.
Гевара научил да игра шах од неговиот татко и започнал да учествува на наптревари на 12 години. За време на неговите тинејџерски години тој сакал многу поезија, осоебно Пабло Неруда. Не се знае смао дали ги знаеше поемите на Неруда кои го величеа Фулгенцио Неруда (Fulgencio Batista) кој подоцна станува антигонист на Гевара. Како што била општа практика во тоа време на Латино Американците и на неговата класа (Ернесто потекнувал од богата фамилија) и тој исто пишувал поеми во текот на целиот свој живот. Тој бил голем читател на книги, читајки од Џек Лондон до Жил Верн, есеите за сексуалноста на Сигмунд Фројд и теориите на социјалната филозофија на Бернард Расел. Тој истотака се интересирал во фотографијата и поминувал многу часови фотографирајки луѓе и места и за време на неговите патувања сликал и доста археолошки локалитети.
Во 1948 година се запишал на Универзитетот во Буенос Аирес да студира медицина. Медицинската практика во Латинска Америка траела 7 години и започнувала веднаш со завршетокот на средното образование. После неколку прекини, Гевара ги завршува студиите во Буенос Аирес во март 1953 година, без пракса, па неговата титула била лекар, а не доктор по медицина.
Како студент доста патувал по цела Латинска Америка. Во 1952 година неговиот постар пријател Алберто Гранадо (Alberto Granado), биохемичар, му предложил на Гевара да направат пауза една година од факултетот и да ја прошетаат Јужна Америка. Гевара и 29 годишниот Алберто тргнаа со својот Norton 500cc од 1939 година наречен La Podersa II (превод „Силниот 2“) од нивниот роден град Алта Грација, со идеја да поминат неколку недели како волонтери во колонијата за лепрозни во Сан Пабло во Перу покрај реката Амазон. Гевара започнал дневник кој го крстил „Дневникот на моторциклистот“, кој бил преведен на Англиски во 1996 година, а во 2004 година бил направен и филм.
Откако од прва рака ја погледнал сиромаштијата, потиснетите и безмоќните маси и неговата привлечност спрема марксистичките идеи, Гевара заклучил дека единствениот начин за промена е револуцијата. Неговите патувања го натерале да заклучи да не ја гледа Јужна Америка како множество на разни држави, туку како еден ентитет. Започнал да размислува за обединета Јужна Америка – Ibero-America , без граници, поврзани во т.н mestizo култура, идеја која силно ќе ја поддржува во неговите револуционерни активности. После неговото враќање од неговите патувања низ Јужна Америка , ги завршува студиите најбрзо што може, за да може да продолжи со своите патувања низ Јужна и Централна Америка

ГУАТЕМАЛА

По неговото дипломирање во 1953 година, Гевара заминува за Боливија, Перу, Еквадор, Панама, Коста Рика, Никарагва, Хондурас и Ел Салвадор, на крај да заврши во Гуатемала, каде претседателот Јакобо Арбенз Гузман водел популистичка влада која со разни реформи, посебно земјшни реформи, се трудел да ја доведе социјлистичката револуција. Во овај период Гевара го добил прекарот Che, поради неговото често користење на овој збор кое значело „пријателе“, „другар“, „човече“. Уругвај и Аргентина биле единствените кои го користеле овој збор Che па со текот на времето им станал како заштитен знак.
Според Џон Андерсон, главниот политички контакт во Гуатемала бил перуанскиот социјалист Хилда Гадеа, кој го преставил на врвните политичари во Арбензовата влада. Хилда бил член на АПРА политичкото движење водено од Викотр Раул Хаја де ла Торе. Тој истотака контактирал со Кубанските бегалци поврзани со Фидел Кастро вклучувајки го Антонио „Нико“ Лопез, поврзан со нападите на бараките „Карлос Мануел де Кеспедес“ во Бајамо во кубанската провинција Ориенте и кој загинал во Охо дел Торо мостот. Che им се приклучил во правилен момент, бидејки тие дена стигнало 2000 тони оружје од комунистичка Чешка на еден шведски брод.

КУБА

Гевара се сретнал со Фидел Кастро во Мексико Сити и се приклучил на неговото движење, чија цел била да го отфрли Кубанскиот капиталистички диктатор Фулгенцио Батиста. Покрај тоа што бил планиран само како доктор во групата, Гевара учествувал во воената обука покрај останатите членови на ова движење. На крајот бил пофален од неговиот инструктор полковник Алберто Бајо, како најдобар ученик. Меѓувреме, Хилда Гадеа стигнала од Гуатемала и таа со Гевара ја продолжиле својата врска. Летото 1955 година таа му кажала дека била бремена и тој веднаш предложил да се земат. Свадбата се одржала на 18 Август 1955 година и нивната ќерка која ја крстиле Хилда Веатриз се родила на 15 Февруари 1956 година.

Со својата ќерка



Со бродот Гранма кој тргнал од Тукспан, Веракруз за Куба во Ноември 1956 година, Гевара бил единствениот не-кубанец на бродот. Нападните веднаш по закотвувањето од страна на војската на Батиста, скоро половина од борците биле убиени или убиени откако биле фатени, па останале само 15-20 борци. Тие се прегрупираа и избегаа во планините на Сиера Маестра да ја започнат герилската борба против режимот на Батиста.
Гевара подоцна станува водач на бунтовниците, а чинот Comandante (Мајор) го добил во чест на неговата храброст од своите соборци и неговата безмилосност. Тој бил одговорен за егзекуцијата на многу луѓе кои биле доушници, дезертери и шпиони. Во последните денови . Во последните денови од 1958 година се одиграла решавачката битка на Санта Клара, битка кој тој ја испланирал со својот „самоубиствен полк“. По оваа и другите битки како Сиера Маестра, Гуиса и рамнините на Кауто, Генералот Кантиљо го посетил Кастро и потпишаа мировен договор. Батиста избегал во Доминиканската Република на 1 Јануари 1959 година.

Santa Clara:



На 7 Февруари 1959 година, победничката влада го прогласи Гевара за „роден Кубанец“. По кратко време се разведил со својата сопруга Хилда и се оженил со Алеида Марч која му била љубовница од крајот на 1958 година.
Тој бил назначен за командир на La Cabana – тврдина затвор и за време на неговото шест месечно работење на ова работно место, ги надгледувал судењата и егзекуциите на многу луѓе мегу кои и многу олигарси и членови на владата на Батиста, тајната полиција, воени криминалци и политички отпадници.

Пукајки од својот пиштол



Покасно, Гевара станал главен на Националниот Институт за Аграрна Реформа, претседател на Кубанската Банка (во ова имало голема иронија бидејки бил човек кој ги мразел парите).
За ова време му се вратила желбата за играње шах и очествувал во сите национални и интернационални турнири одржани во Куба. Тој се трудел да ги охрабри младите Кубанци да се заинтересираат во играта и измислувал начини како да им ја приближи.

Che & Castro



Дури во 1959 година, Гевара помагал во организирање на револуционерни активности, прво во Пнама, после тоа во Доминиканската Репбулика.
Во 1960 година е направена неговата позната фотографија која сега е заштитен знак на револуцијата. Фотографијата е сликана од Алберто Корда.


Гевара покасно бил и Министер за Индустрија со што станал еден од најважните личности за обновата на Куба. Ја напишал и книгата Герилска Борба, каде што ја опишал борбата на мала група дека е возможна против поголема од армија. Во книгита пак Човекот и социјализмот во Куба, каде што кажува за потребата да го оформи „новиот човек“ (hombre nuevo) во конјункција на социјалистичката држава. Некој го гледаа Гевара како симултан, гламурозен модел на новиот човек. Некои па го гледаа како несоодветен човек..
За време на инвазијата на Брегот на Свињите во 1961, Гевара не учествувал во борбите, по наредба на Кастро да командува на Пинар дел Рио провинцијата каде што била пратена мамка. Тој добил истрел од куршум во лицето, истрел кој го оправдал како грешка додека пукал со својот пиштол.
Гевара одиграл главна улога во донесувањето на СССР-ските нуклеарни проектили на Куба што ја предизвикало Кубанската криза во Октомври 1962. За време на едно интервју со Британскиот весник Daily Worker неколку месеци подоцна тој кажа дека ако проектилите биле под команда на Куба, самиот тој би ги испалил на поглавните градови во САД.

Со својата мајка и својот татко



BTW Имате Револуционерно Радио

http://www.che-lives.com/listen.pls
Lidija Lord, bravo, fala mnogu, se iznamaci ama vredi!!! Vcera go gledav filmot so motorot, interesen bese, ne poke mi se cini. Fuser :) Neznaev deka so Tito se imaa sretnato.

Inace od to so napisa, najcesto ko ke citam drugata strana za Guevara, za tie so ne gledat nesto vredno vo nego, sekogas idi toj eden ist argument, deka toj e odgovoren za mnogu ubistva od privarznicite na Batista. I posle toj fakt deka spored nego ednistven nacin da dojdis do promeni e revolucija. Aj da ne ti rasipvam topik poke, jas cekam vtor del.
Carpathian Lord 2 дел.


ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ОД КУБА

Во декември 1964 година, Че Гевара патувал за Њу Јорк на чело на Кубанската делегација да говори во ОН. Тој исто така јавно зборувал и на CBS Sunday news и се среќал со познати и важни луѓе во американската администрација како сенаторот Јуџин Мекарти, соработници на Малколм Х и ред други. На 17 декември заминал во Париз и започнал меѓунардона турнеја посетувајки ја Народна Република Кина, Египет, Алжир, Гана, Гвинеа, Мали, Конго, Дахомеј и Танзаниа со привремена посета на Ирска, Париз и Прага. Во Алжир на 24 фебруари 1965 година испаднало тоа да биде неговото последно јавно појавување на меѓународната сцена кога го оддржа говорот на „Вториот Економски Семинар на Афро-Азиската Солидарност“ во која тој кажал „Не постојат граници во оваа борба до смрт. Неможеме да останеме индеферентни спрема она што се случува во секој дел од светот. Победа за секоја земја против империјализмот е нашата победа, како што и поразот на секоја земја е и наш пораз.“ Тој тогаш ја изненадил целата публика кажувајки дека земјите од комунистичкиот блок треба да ги експлоатираат западните.
Тој се вратил на 14 Март во Куба примајки свечен дочек од Фидел и Раул Кастро, Освалдо Дортикос и Карлос Рафаел Родригуез на аеродромот во Хавана. Две недели подоцна, Гевара го снемало од јавниот живот и исчезнал. Никој не знаел каде се наоѓа во 1965 година.
Неговото исчезнување многу се почувствувало во економијата на Куба. Според некои дошло до кавга меѓу Гевара и Кастро. Гевара бил против Советското влијание на Куба, бил приврзаник со Кинезите, а според некои Кастро го гледал Гевара како потенцијална опасност и го тргнал. По Кубанската криза која ја гледал како Советско изневерување на Куба со повлекувањето на ракетите на Хрушчов, тој се повеќе ја намалил довербата спрема Советите. Тој истотака ја поддржувал борбата на Северен Виетнам и во неколку наврати кажувал да настанат „повеке Виетнами“
Притиснат од меѓународните шпекулации во врска со судбината на Гевара, Кастро на 16 Јуни 1965 година го прочитал пред меѓународната јавност прошталното писмо на Гевара во кое тој му кажува на својот пријател Кастро дека неговата цел не е завршена и дека постојат многу земји каде тој треба да успее. Се откажал од сите функции во Куба, партијата, армијата и го откажал Кубанското државјанство.

КОНГО

Заминувајки од Куба следејки ја својата кауза, Че заминал за Конго. Без некаква воена подготовка, но големо воено искуство (не бил во можност да отслужува војска заради својата астма), тој се надевал во локалните Симба борци да ги преобрати во комунисти и да ја издвојат победата. Но, како што минувало времето тој се разочарал од нивната неспособност, шест од неговите пријатели загинуваат и без своја волја морал да го напушти Конго. Размислувал да се врати на Куба, но поради тоа што Кастро го публиквуал неговото писмо, гледал дека не е морално тоа да го направил, па се преселил во Прага, па во Германија и во некои други земји. Во овој период напишал една филозофска книга и една од областа на економијата, како и го средил својот дневник од Конго.

Познатото краткобрановото радио со кое контактирале со Куба


БОЛИВИЈА И НЕГОВАТА СМРТ

По неуспешните обиди во Конго, Че заминал во Боливија, сакајки да го оствари својот сон за обединета Јужна Америка. Во Боливија го налетал на уште потешка судбина од Конго. Неговото здравје видно влошено, станува омразен и од комунистичката партија во Боливија, напуштен од СССР, единствен сојузници му биле неговите соборци и краткобрановото радио со кое комуницирале со Куба, а снимените ленти кој требало да се декодираат паднале во некоја река. Среќата го напуштала. ЦИА разбрала за неговото присуство па пратила агенти и ренџери да го уловат. Претстедателот на Боливија наредил специјалци да трагаат по него и неговата глава да ја набијат на кол кога ќе го пронајделе.
На боливиските специјалци им било кажано каде се наоѓале герилата на Че од еден дезертер. На 8 Октомври 1967 година Гевара бил опколен додека водел патрола во околината на Ла Хигуера. Се понудил да се предаде откако бил ранет во нозете и неговата пушка уништена од куршум, а во пиштолот веќе нема муниција. Според очевдици кога се приближиле војниците до Гевара тој наводно извикал „Не пукајте! Ја сум Че Гевара и повеќе ви вредам жив отколку мртов“. Ова кажување подоцна се покажало како неточно бидејки боливиските војници сакале да рашират гласини дека Гевара се предал на понижувачки начин.
Има повеќе варијанти како загинал Че. Според некои војниците тргале сламка и тој што ја извлекол најмалата тој требало да го убие. Пробал, но бил уплашен од погледот на Че и се откажал. Но, една приказна е вистина. Војникот (или агентот на ЦИА) кој го убил , Че му ги кажал следниве зборови „Знам зошто си тука, пукај кукавицо, само ќе убиеш човек!!!“

Родригуез со Че Гевара


И во 1ч и 10 минути попладне на 9 Октомври 1967 година бил егзекутиран. Со тоа завршува животот на славниот револуционер Ернесто Че Гевара, човек кој засекогаш ќе остани во историјата како човек кој се борел со неправдата и на ништо не потклекнал во живот, човек со железна волја, човек спрема кого сите треба да го имаме како идол.

Che Guevara: "It is better to die standing than to live on your knees."

Hasta La Victoria, Siempre!
R.I.P Dear Friend


Михајло Стојановски
OooOo I za kraj poznatite sliki kade shto Che Guevara lezhi mrtov...



Lidija Mrtov e na ovie sliki ili pred da go ubijat!??! Zosto ne mi izgleda ko da umren. Ne mu gi sekoja isto racete posle, sakaa glata prvo, ama se odlucija za racete za da imat dokaz Bolivija deka go nema poke nego, psihopati!!!!

Dali ima nekoj razlicni teorii, da se procita malku poke zosto i kako si zaminia od Kuba, dobrovolno, prinuden od Kastro ili ili?
OooOo Toa se sliki pred amputacijata na racete kade shto lezhi mrtov, a ima pogled kako da e zhiv. Zatoa i se poznati tie sliki. Eve ushte nekolku sliki od autopsijata tuka i eve edna galerija so sliki od nego.
Carpathian Lord OoooOo фала ти за tribute-тот на post-ов.
BTW постот е за еден мој пријател. Се ви пишува овде. Од Вечер е извадоков. Румот од фамилијата на Che беше еден од највкусните што сум ги пробал (не знам дали дека од неговата фамилија или навистина - подарок од ќерката на Che)






БИТОЛЧАНЕЦ СО КНИГА ЗА ЧЕ КАЈ ФИДЕЛ КАСТРО


Велчо Дојчиновски, од Австралија, по кусиот престој во родната Битола ќе замине на Куба каде што на претседателот Фидел Кастро ќе му ја врачи книгата за познатиот револуционер Че Гевара. Дојчиновски, како раководител на фирмата "Мејби", во која се вработени и неговите партнери Ал Бигс и Стив Вајт, книгата ја објави во Мелбурн во тираж од 25.000 примероци од кои 15.000 на англиски, а 10.000 на шпански јазик. Во неа на 320 страници се поместени извадоци од дневникот на Че, писма, документи, интервјуа и фотографии низ кои се отсликува неговиот проблем и борба. Дојчиновски, со поддрш ка на СОРОС, средното образование го заврши во САД и веќе две години престојува во Мелбурн, каде се доусовршува, а минатата година ја основа фирмата "Мејби". Додека ја подготвувал книгата, тој се сретнал со ќерката на Гевара, Алеида, која била воодушевена од концепцијата на младите автори да го документираат ликот на нејзиниот татко. Книгата ја примила и вдовицата на Че Гевара, а неговиот син Камило во емаилот што го испратил до Дојчиновски, вели дека книгата му оставила силен впечаток. Оваа книга на младиот битолчанец позитивно е оценета во Австралија, а дури и во мелбурншкиот весник "The adge" конкурираше за книга на неделата.

LEORIC
http://www.sancristobal.cult.cu/sitios/che/Galeria1.HTM
http://www.sancristobal.cult.cu/sitios/che/canciones.htm
http://www.sancristobal.cult.cu/sitios/che/Videos.HTM
http://www.sancristobal.cult.cu/sitios/che/guerrilla.htm
http://www.sancristobal.cult.cu/sitios/che/biografia.htm
http://www.sancristobal.cult.cu/sitios/che/Carta%20de%20Despedida.htm
http://www.sancristobal.cult.cu/sitios/che/Versos.HTM
http://www.sancristobal.cult.cu/sitios/che/Frasesycitas.htm
http://www.sancristobal.cult.cu/sitios/che/deporte.htm
http://www.sancristobal.cult.cu/sitios/che/medicina.htm
http://www.sancristobal.cult.cu/sitios/che/epistolario.htm
http://www.sancristobal.cult.cu/sitios/che/diario00.htm
http://www.sancristobal.cult.cu/sitios/che/estadisticas.htm
http://www.sancristobal.cult.cu/sitios/che/Sitios.htm

LEORIC
Carpathian Lord WOW THANX!!!!
LEORIC No hay de que Carpathian, yo tambien soy cubano y todo lo que tenga que ver con el che me facina.

Webmaster
Che, Gu#237;a y Ejemplo
Carpathian Lord Todos nosotros amor Che, usted no tiene que ser cubano (ni de Argentina) querer Che!
#161;Y cambia por favor su retrato, nosotros parecemos est#250;pido... el mismo retrato en nuestro perfil!
Carpathian Lord Море никој не искоментира ништо...ве бендиса не ве бендиса
Lidija E aj so muabeti se ova, kako ne iskomentira, jas i procitav i prepocitav i ke citam, samo da mi stigni knigata :) Specijalno ona spanskoto (ako e spansko) to se iznacitav :))). Lord be i ova za komentiranje ne e mozi, za bendisvanje definitivno e, ama mozi ne go gledat drugite kako diskusija zatea.

Interesno za knigata od drugarti Bitolcanec, bas me interisa ko ke odam na leto dali ke ja najdam.
Carpathian Lord Добро Лиде се знај дека тебе не те рачунав. Ти си напиша.
Pro Patria 2 Guevara e edna od najinteresnite licnosti na 20-ot vek.Covek koj do posledniot zdiv veruval vo svoite ideali,covek koj edinstven ideal mu bila revolucijata i slobodata.
Kastro vo nikoj slucaj ne go prislilil da zamine od Kuba.Toj si zaminal dobrovolno zatoa sto sakal da ja oslobodi cela J.Amerika.Spored mene da ostanese Che na Kuba nemase da bide olku slaven denes.
Neka mu e lesna zemja na komandantot Che.
"No vox populis,vox revolucionaris"-Che
Lidija Guevara mozi nemase da bidi tolkav golem ko so e denes i ako ne zaginese na toj nacin kako so zagina, negovata smrt e definitvno nesto mnogu znacajno so go drzi i ke go drzi nego vo "zivot" posle tolku vreme. Ne velam deka to e edinstvenoto so nego, definitivno ne, toj coek imase takvi vrednosti so mnogu retko gi im, skoro i gi nema sega zasega.

A kako bese se to so Kuba, sigurno ima i ke ima teorii od dvete strani, negde na forumot citav deka duri Kastro e mozi zamesan vo negovata smrt, ama to nema da mozime nikogas da doznajma i potvridime, zosto istorijata ko i se drugo vo ovoj svet e daleku od relanosta i si e konstruirana da i odgovara na nekoj treti.
Lidija Carpathian :) ova samo za tebe ako veke go nemas procitano, samo eden mal, mal del od edna kniga. Edno izvini prvo za mozi losiot prevod ama ne e lesno ova :)))



Filozofijata na Che
Noviot covek

“…spored Che najvaznata i krajnata cel so revolucijata bese da se sozadade eden nov covek, eden komunistcki covek, edna sprotivnost od indivdata vo kapitalistickoto opsestvo koe gi pretvoti lugeto predmet ili divi zivotni vo imperalistickata masinerija. Zosto to opsetstvo se sozdava spored zakonot na dzunglata. Samo neuspehot na drugite mozi da sozdade licen uspeh. Objetivno gledeno, neizbezno e i pokraj dobrata volja, hristijani ili ne, da covekot stanuva vo toa opsetstvo neprijatel na covekot.

Radikalnite promeni vo opsetstvoto bara isto taka dlaboki promeni vo mentalnata struktura na individata. Koga veke vlasta e prezemena i ekonomskata strukutra se promenva kako mozime togas da gi unistime starite opsestveni karakterstiki sto ziveat uste vo covekovata svest? Preku direktno i indirektno ucenje, preku zgolemuvanje na kulturnoto nivo, preku propaganda i ideologisko rabotenje: ”Opsetvoto vo celina mora da bidi edno gigantisko uciliste”

No ova ucenje ne e i ne smee da bide cisto pasivno ucenje. Toa mora isto taka, i pred se da bidi samoucenje. Na patot do komunizmot mora lugeto da se skoluvat samite sebe…”

”Che Guevara – Eden humanisticki revolucioner” – Michael Lowy
Carpathian Lord Нешто што кај Македонците (ова големо М е намерно потенцирано), нема да успее никогаш, т.е да го сфатат општествтото како голема училница. Македончето игра како ќе свири некој друг, колку и да не му се допаѓа орото. Историска па и политичка свест кај македончето нема веќе 600 години, па за жал ќе си тупиме в место. Песимист сум? За жал ова е реалноста, песимистичка нели?
Lidija Vidis Carpathian to pogore recenoto/napisanoto od Che e epten pametno i ako recam taka e ke dojdi Kaneo :), ke me kara i ke reci ti mislese poinaku koga zboravme za makedonskiot narod. Zosto na druga tema jas velev i tvrdev deka e dosta i do vlasta, a ne samo do lugeto ili potocno receno poke do vlasta nego lugeto spored mene. Taka jas sum ni vamu ni tamu sega na ova prasanje so Makedonceto mi treba uste vreme.

Zosto isto taka na treto mesto zboravme za Irak i ko so pisev, pisav nesto so odi bas sprotivno od so go velev za Makedonija. Primerot bese deka irackiot narod ima tolku vreme ziveeno pod nekoi uslovi nesto so im e vlezeno vo krvta i samo promena na vlasta ko so e sega situacijata ne e dovolno ko so gledame za podobro opsetstvo kaj niv. Mozi istoto vazi i za nas i za sekoj narod. Perkele :))) ke treba da menvam mislenje... :)))
Lidija Aj uste nesto od istata kniga, ”Che Guevara – Eden humanisticki revolucioner” – Michael Lowy.

”Ernesto Che Guevara ne e voopsto eden mectaecki moralist ili utopist oddelen od realnosta. Negoviot covecki i drugarski ideal za edno vistinsko komunisticko opsestvo doaga od edna jasna, konkretna i realisticna analiza na ekonomskata, socijalistickata, politickata i militarnata situacija vo juzna Amerika i vo drugite od imperijalizmot eksploatirani kontinenti. Negovata stroga i bez kompromis odbrana na naoruzenata borba kako metod doaga tocno od ovaa analiza. Novoto opsestvo moze samo da se sozdade od ruinite na stariot svet, od eden svet so nepravdi i eksploatacija, ugnetuvanje i lagi, generali, milicija…,eden svet od CIA…. ”

”…jas mislam deka nie ili ke go skrsime protivnikot so argumneti ili mora da go ostavime nego da se iskaze. Covek ne moze da unisti edno mislenje so nasilstvo, zosto toa samo go blokira razvivanjeto na slobodnata intelegencija.”

Malku za dobrovolnata rabota:

””Okolinata treba da mu pomogne na covekot da ja oseti vnatre taa potreba (ovde se misli za dobrovolno rabotenje), no ako toa doaga samo od okolinata, ako toa e samo eden moralen pritisok sto go tera covekot…togas covekot nema da mozi da ostvari nisto svoe, nisto novo, vo sloboda ”
Vo taa smisla go sodrzi dobrovolnoto rabotenje veke semeto za idnoto komunisticko rabotenje. Vo komunistickoto opsestvo dobiva rabotata eden nov kvalitet: taa prestanuva da bide edna nadvoresna potreba, za da postani vnatresna, zivotno znacajna potreba, eden izraz na covekovata kreativnost. Rabotata ke bide umetnost, igra, nesto sto sozdava zadovolstvo, ”edno postojan i postjano promenliv izvor na novi custva”. Vo komunizmot ”pocnuva covekot da se naoga sebe si vo svoeto delo i pocniva da ja razbira svojata golemina sprema sozdadeniot predmet, i izvrsenata rabota” Toa ja potvrduva tezata na Marks spored koja ”covekot ja postiga svojata celosna covekova sostojba prvo togas koga toj proizvedva bez nekoj fizicki neophoden pritisok da se prodade sebe si kako predmet. ””


Ima uste dosta ama za drug pat to :)

Edno nesto sega ko go citam ova pogore nekoj 5-6 pat si mislam deka Guevara imase za cel edno perfektno opsestvo, utopija. Koj ne bi sakal nesto takvo, i nie poketo ne prajme nisto za barem malku da se pomrdnime vo toj pravec, toj napraj eden cel del ama vredi li to?!?
So znam dali e podobro da bidi coek realen i da prifati kako so e, potocno da se predaj na nekoj nacin i postavi realni celi vo zivotot ili da bidi coek ko nego, ednostavno da verva i da zivee i bori so cel da go napraj svetot ne podobro mesto tuku perfektno!?!? Neznam...

Kaneo
quote:
Originally posted by Lidija

Vidis Carpathian to pogore recenoto/napisanoto od Che e epten pametno i ako recam taka e ke dojdi Kaneo :), ke me kara i ke reci ti mislese poinaku koga zboravme za makedonskiot narod. Zosto na druga tema jas velev i tvrdev deka e dosta i do vlasta, a ne samo do lugeto ili potocno receno poke do vlasta nego lugeto spored mene. Taka jas sum ni vamu ni tamu sega na ova prasanje so Makedonceto mi treba uste vreme.

Zosto isto taka na treto mesto zboravme za Irak i ko so pisev, pisav nesto so odi bas sprotivno od so go velev za Makedonija. Primerot bese deka irackiot narod ima tolku vreme ziveeno pod nekoi uslovi nesto so im e vlezeno vo krvta i samo promena na vlasta ko so e sega situacijata ne e dovolno ko so gledame za podobro opsetstvo kaj niv. Mozi istoto vazi i za nas i za sekoj narod. Perkele :))) ke treba da menvam mislenje... :)))


Lide, me iznasmea. Gledas, jas ne ni znaev deka sum bila istomislenik so Che. Sega vidov. Mozebi e utopisticki, no jas sepak veruvam vo ova (citiram od tvojot post):
"Radikalnite promeni vo opsetstvoto bara isto taka dlaboki promeni vo mentalnata struktura na individata. Koga veke vlasta e prezemena i ekonomskata strukutra se promenva kako mozime togas da gi unistime starite opsestveni karakterstiki sto ziveat uste vo covekovata svest? Preku direktno i indirektno ucenje, preku zgolemuvanje na kulturnoto nivo, preku propaganda i ideologisko rabotenje: ”Opsetvoto vo celina mora da bidi edno gigantisko uciliste”
A vremeto ke pokaze dali i mene ke mi gi isecat racete zatoa sto sum bila idealist.
Lidija Hahaha da be Kaneo cupe istomislenik si so nego, nema tuka diskusija :) I ne beri gajle nema race secenje, teraj si samo, ubo e to so go imas :)

Tuku so mislev posle od ko go napisav to pogore, jas pak malku inaetcivka, priznavam :))), da se ubo to promena kaj narodot ama ne treba isto taka da ima nekoi takvi lideri, lideri ko Guevara, nekoj so kolku tolku ke posej malku seme vamu, tamu? Ova ne za protivenje ili taka cisto prasanje CESEN ZBOR, ova samo jas mislam glasno, za da dojdam negde :) Neznam uste ne sum resena dali ta promena so ja barame kaj lugeto, kaj nas, mozi da dojdi od samoto sebe, zosto ne se raboti za dvajca, trojca, jas i ti, se raboti za cel eden narod, i mozi treba da ima nekoj, primer ko Guevara koj kolku tolku i na nekoj nacin bi im gi otvoril ocite na lugeto. Ama pa posle pak nazad na prasanjeto ako nekoj tret im gi otvara ocite na lugeto togas nema da bidi nivno to!??! AAAAAAAAAAAAAA neznam, neznam ova :)
Kaneo Lideri sekako deka treba da ima, no liderite izleguvaat od narodot. ;) Taka da, dodeka da se najde nekoj lider ko sto treba, sekoj od nas moze (ako saka) kolku-tolku da deluva na mikro-plan. I kolektivnata svest postepeno ke se menuva. ;)
Lidija Razumem druze kapetane! :)))
Definitivno si vo pravo, mnogu podobro e da praj coek nesto otkolku nisto, da pocni od negde nego da ne pocni ic, definitvno! I tie liderite isto taka treba da se zedni i se borat & "borat" za edno podobro opsestvo, a ne zedni za kradenje. Od druga strana imame slucai nekoj lider bese zeden za to prvoto ama ko ke se namesti na mesto, se zarazi i toj/ta od drugata zednost i pak na pocetok. Ednostavno receno toj liderot/liderite treba da se perfektno luge, otporni na mnogu, na se.

Vo slucajot so Guevara za da se vratam malku na tema, neznam dali negovata zamisla bese ostvarliva i ke bidi nekogas, ne mi se verva za zal, ama mozi tie luge ko nego morat do odat do krajnost, mozi kaj niv nema i ne treba da ima nekoja sredina tuku samo ili-ili situacija. Zosto mozi samo taka negovite zboroj mozat da se vsadat vo lugeto i pred se lugeto da uvidat deka se semokni i mozat da postignat mnogu ako se samo svesni i sakat.
Carpathian Lord Хм, имаме голема среќа што постоеле (и се надевам дека ќе постојат) луѓе како Che. Moжеби нивната замисла е преутопистичка, но имаа(т) СОН!
С О Н!
Lidija Son!?! E vidis M bas to jas si mislam, baram nekoj zaklucok, dali son treba da ima coek ili jave? Ova ne za da odam protiv tebe tuku jas samata samo probvam da najdam nekoj odgovor na ova prasanje, dali i so postiga coek ako ima son kako cel, nesto so nemozi nikogas da se dostigni, da se ispolni? Dali poke bi postignal coek ako ima realna cel, ama pa od druga strana za Guevara mozi negoviot plan bese realn vo negoviot svet, vo negoviot nacin da go gleda svetot i lugeto. Za zal mi se cini ako toj ostanese ziv, ke bese na drug nacin pregazan, zosto na ova mesto so go vikame zemja nema mesto za takvi sonoj, a uste pomalku za nivno ostvaruvanje.
Carpathian Lord EXECUTED BY CHE IN THE SIERRA MAESTRA MOUNTAINS
ARUSTIDIO
MANUEL CAPITAN
JUAN CHANG
EUTIMIO GUERRA
DIONISIO LEBRIGIO
JUAN LEBRIGIO
"EL NEGRO" NAPOLES
CHICHO OSORIO
TWO "UNIDENTIFIED'' ON APRIL 1957

EXECUTED BY CHE IN SANTA CLARA CITY
RAMON ALBA
JOSE BARROSO
JOAQUIN CASILLAS LUMPUY
FELIX CRUZ
HECTOR MIRABAL
J. MIRABAL
FELIX MONTANO
CORNELIO ROJAS
ALEJANDRO GARCIA OLAYON
ALEJANDRO ROJAS
VILALLA

EXECUTED BY CHE AT LA CABA#209;A PRISON IN HAVANA
VILAU ABREU
HUMBERTO AGUIAR
GERMAN AGUIRRE
PELAYO ALAYON
JOSE LUIS ALFARO
PEDRO ALFARO
MARIANO ALONSO
JOSE ALVARO
ANIELLA
MARIO ARES POLO
JOSE RAMON BACALLAO
CEVERINO BARRIOS
EUGENIO BECKER
FRANCISCO BECKER
RAMON BISCET
ROBERTO CALZADILLA
EUFEMIO CANO
JUAN CAPOTE FIALLO
ANTONIO CARRALERO
GERTRUDIS CASTELLANOS
JOSE CASTA#209;O QUEVEDO
RAUL CASTA#209;O
EUFEMIO CHALA
JOSE CHAMACE
JOSE CHAMIZO
RAUL CLAUSELL
ANGEL CLAUSELL
DEMETRIO CLAUSELL
JOSE CLAUSELL
ELOY CONTRERAS
ROBERTO CORBO
EMILIO CRUZ
JUAN FELIPE CRUZ
ORESTES CRUZ
HUMBERTO CUEVAS
GERARDO CUNI ARANA
ANTONIO DE BECHE
MATEO DELGADO
ARMANDO DELGADO
RAMON DESPAIGNE
JOSE DIAZ CABEZAS
ANTONIO DUARTE
RAMON FERNANDEZ OJEDA
RUDY FERNANDEZ
FERRAN ALFONSO
SALVADOR FERRERO
VICTOR FIGUEREDO
EDUARDO FORTE
UGARDE GALAN
RAFAEL GARCIA MU#209;IZ
ADALBERTO GARCIA
ALBERTO GARCIA
JACINTO GARCIA
EVELIO GASPAR
ARMADO GIL
JOSE GONZALEZ MALAGON
EVARISTO GONZALEZ
EZEQUIEL GONZALEZ
SECUNDINO GONZALEZ
RICARDO LUIS GRAU
OSCAR GUERRA
JULIAN HERNANDEZ
FRANCISCO HERNANDEZ LEYVA (father of Pepe Hernandez)
ANTONIO HERNANDEZ
GERARDO HERNANDEZ
OLEGARIO HERNANDEZ
SECUNDINO HERNANDEZ
JESUS INSUA
ENRIQUE IZQUIERDO
OSMIN JORRIN
SILVINO JUNCO
ENRIQUE LAROSA
IGNACIO LAAAPARRA
JESUS LAZO
ARIEL LIMA LAGO
RAUL LOPEZ VIDAL
ARMANDO MAS
ENERLIO MATA
ELPIDIO MEDEROS
JOSE MEDINAS
JOSE MESA
FIDEL MESQUIA
JUAN MILIAN
FRANCISCO MIRABAL
LUIS MIRABAL
ERNESTO MORALES
PEDRO MOREJON
DR. CARLOS MUI#209;O
CESAR NECOLARDES ROJAS
VICTOR NECOLARDES ROJAS
JOSE NU#209;EZ
VITERBO O'RREILLY
FELIX OVIEDO
MANUEL PANEQUE
PEDRO PEDROSO
RAFAEL PEDROSO
DIEGO PEREZ CUESTA
JUAN PEREZ
DIEGO PEREZ CRELA
JOSE POZO
EMILIO PUEBLA
ALFREDO PUPO
SECUNDINO RAMIREZ
RAMON RAMOS
PABLO RAVELO
RUBEN REY
MARIO RISQUELME
FERNANDO RIVERA
PABLO RIVERA
MANUEL RODRIGUEZ
MARCOS RODRIGUEZ
NEMESIO RODRIGUEZ
PABLO RODRIGUEZ
RICARDO RODRIGUEZ
JOSE SALDARA
PEDRO SANTANA
SERGIO SIERRA
JUAN SILVA
FAUSTO SILVA
ELPIDIO SOLER
JESUS SOSA BLANCO
RENATO SOSA
SERGIO SOSA
PEDRO SOTO
OSCAR SUAREZ
RAFAEL TARRAGO
TEODORO TELLEZ
FRANCISCO TELLEZ
JOSE TIN
FRANCISCO TRAVIESO
LEONARDO TRUJILLO
TRUJILLO
LUPE VALDES
MARCELINO VALDES
ANTONIO VALENTIN
MANUEL VAZQUEZ
VERDECIA
DAMASO ZAYAS