Dan Brown

Dan Brown
dada Sani
 
Dan Brown e avtor na edna od najprodavanite knigi na denesnicava "The Da Vinci Code". Na forumov imase topic za knigava i ako sakate mozete da go najdete vo arhivite. Filmot baziran na ovaa kniga, vo koj glavna uloga e Tom Henks, izleguva 19 maj. "Angels and Demons" e druga negova kniga koja e publikuvana pred "The Da Vinci Code", no popularnosta ja dobi blagodarenie na uspehot na "The da Vinci Code". Vo pocetokot na 2007 treba da izleze i negovata najnova kniga "The Solomon Key" koja kje bide treta negova kniga so likot na Robert Langdon. Gi nemam citano "Digital Fortress" i "Deception Point".
Enigma Ne mi e jasno, kako smeat i mozhat, lichnosti koi se narekuvaat pravoslavni hristijani, pritoa inteligentni i obrazavovani, da ja
chitaat i prifatat eretichkata kniga "Kodot na Da Vinchi"?
Administratore, odgovorete Ve molam, kakva vsrka ima MPC ili POA, koga
tie imaat edna ista pravoslavna vera, a za Vas iskrivenite i lazhni
uchenja se dobri?!
Kaneo
quote:
Originally posted by Thief

Навистина двете книги ги проголтав во еден здив, зашто се лесни за читање и интересни, небаре излегле од холивудската филмска комерцијална школа. Интересен заплет, површинско еротизирање помеѓу главните ликови (очекуваме филмски да му падне во прегратка главната актерка на нашиот истражувач и сл.). Но, книжевната вредност е лимес кој теженее кон нула, додека литературната е таа која може да не` подизлаже дека авторот истражувал и дошол до нови сознанија кои ќе ги просветлат народните маси. Наведов во погорниот пост дека токму таа желба на авторот доаѓа до израз низ целото четиво (и тој, преку наведените извори и податоци, сака да не` доведе во заблуда дека ја открил конечната вистина), но не смее тие „податоци“ (сега е времето за наводници околу овој збор) да се земат здраво за готово. Едноставно, не сум склон да верувам дека Браун го открил Светиот грал, напротив склон сум да верувам дека ова е уште една антихристијанска и еврејска пропаганда.


Thief, и јас мислам исто така.
И ќе додадам дека не е за занемарување фактот што Масоните се прикажани во многу позитивно светло. Зошто одеднаш се крева велот на нивната мистериозност? Дали и зошто им треба ЕПП? И сметам дека воопшто не е случајно што веднаш откако Ден Браун го доби судскиот процес, книжарниците во Канада (а сигурно и пошироко) преку ноќ се наполнија со ефтини изданија на сите негови книги и на „Света крв, Свети грал“ од Хенри Линколн, Мајкл Бејџент и Ричард Ли. (Наеднаш сите тие дела станаа лесно достапни за секој џеб.)
Во исто време, Мајкл Беџент издава нова книга во која тврди дека Исус воопшто не умрел на крстот. Насловот е повторно многу сензационалистички: Jesus Papers: Exposing the Greatest Cover-Up in History
(линк за повеќе информации за ова дело:
http://www.chapters.indigo.ca/books/item/books-978006082713/0060827130/Jesus+Papers+Exposing+the+Greatest+CoverUp+in+History )

Сето погоре заедно многу наликува на организирана и агресивна кампања против христијанството. Кој и зошто ја води - тоа е друго прашање.
Enigma Ne e drugo prashanje, zashto sekoj, koj se smeta za pravoslaven hristijanin treba da gi odfrli site eretichki i antihristijanski uchenja, i vo nikoj sluchaj ne smee da im pravi reklama. Vo sprotivno,
toj ne potvrduva nishto drugo osven svoeto antihristijanstvo.
Kaneo Iako ja imam procitano samo "The Da Vinci Code" i mi go privlece vnimanieto, ne sum voodusevena od negoviot stil. Kako scenario za film e napisana, imam vpecatok deka so predumisla ja napisal taka, za da napravi pari i so filmot sto sega e vekje snimen.

Imam nekoj cuden otpor sprema celata propaganda okolu negovite dela. Nekako se' mi lici mnogu poveke na dobar marketing i advertising otkolku na vistinski kvalitetna literatura. Aj da se zaprasame: dali i posle 200 godini romanite na Dan Brown ke bidat interesni za citanje?? Vprocem, i stripovite i ljubovnite vikend-romancinja se citaat vo eden zdiv, pa nikoj ne gi smeta za kvalitet.
dada Sani Nitu edno romance ne se prodalo vo nad 50 000 primeroci za taka relativno kratok period. Nitu edno romance ne predizvikalo nikakvi kontraverzii voopsto, a kamo li kontraverzii od tipot na onie sto "The Da Vinci Code" gi predizvika.
BorisVM I Digital Fortress i Deception Point se dobri. Jas gi progoltav i dvete za tri dena. :)
:
Kaneo Во ред е тоа, дада Сани. Примерот што го дадов е малку искарикиран, јас само си кажав свое мислење. Бидејќи сум јазичар по струка, цел живот се мафтам со литература и нејзините вредности. Моето мислење погоре за „Кодот на Да Винчи“ е мислење за романот како литературна вредност. Не порекнувам дека е сензација. ;)
Sirius Феноменално
"Кодот на Да Винчи"
ЌЕРКАТА И ВНУЦИТЕ НА ЕВРЕЈСКИОТ ЦАР ИСУС
Нов баук кружи низ Европа - баукот на романот "Кодот на Да Винчи". Последниве години ретко која книга кренала толку прав како овој хипербестселер на американскиот турбо-писател Ден Браун. А како и не би, кога Браун тврди дека неговиот главен јунак успева да го пронајде Светиот грал и да ја открие најголемата тајна на сите времиња! Би-би-си јавува дека локациите од крими-новелата - галеријата Лувр и париската црква Сен-Силпис - се преплавени од туристи, кои со книгата в раце, самите се обидуваат да го најдат запретаното богатство. Меѓутоа, Брауновиот "Да Винчи" има еден нерешлив проблем. Сето она што во него е сметано за новитет, на многу поубедлив начин е објавено уште пред 22 години, во една друга книига: Holy Blood Holy Greal.

Ако се исклучи драмското и белетристичкото во овој роман, како и дневнополитичките алузии, неговата срцевина - а тоа е превреднувањето на историјата на христијанството - е веќе објавена, најмалку во уште една книга, која се вика "Света крв, Свети грал". Ова ремек-дело на модерната историографија е објавено во 1982 (во Скопје стигна пет-шест години подоцна виа Белград), а негови автори се Хенри Линколн, Мајкл Бејџент и Ричард Ли. Оваа тројка пред извесно време го тужеше Брауна за плагијат!
цитат од Форум
Thief Пред 5-6 месеца, во врска со „Кодот на Да Винчи“ напишав:

„Како и ’Ангели и демони‘ и ’Кодот...‘ е книга која е интересна за мас-популацијата која се` повеќе ја создаваме и која ги прима ваквите работи, но не е податлива. Значи, од неа нема што да се научи, туку треба да и` се пристапи како на четиво, како на кој било друг роман. Ако го земеме предвид сврејското потекло на авторот, сигурно ќе ни стане појасно зошто така безочно го напаѓа христијанството.

Ах, да... не заборавајте дека авторите на книгата ’Света крв, свети грал‘ го тужат Браун за плагијат. ;) Дури и некои имиња во ’Кодот...‘ се идентични со имињата во ’Света крв...‘.“
OooOo presudata za taa tuzhba odamna e donesena
Sirius Сомнежите за плагијаторство не се единствената болка на "Кодот на Да Винчи". Во напорот на писателот да ја направи приказната што попривлечна за консументот, се провлекле и редица други противречности. На пример, првин се тврди дека крстоносните војни се воделе со цел Меровинзите да си ја повратат дедовината во арапски окупираната Палестина, за потоа да се каже дека тие биле водени за да се уништат доказите за "потомците на Христа".

Неубедливи се и демек-слабите или никакви информации на криптологот Неве за темпларските теми, како и нејзиното искажување по повод првото и единствено спомнување на "Света крв Свети грал" во "Да Винчи код": -"Меѓународен бестселер? Никогаш не сум чула за неа" (стр 265). О, камон... А има и сегменти кога размислувањата на главниот јунак - читај: писателот - се безмалку накарадни. Во глава 61 тој тврди дека митемата за Магдалена се наоѓа како во делата на гениите Да Винчи, Ботичели, Бернини, Виктор Иго и Жан Кокто, така и во филмовите на Волт Дизни, кој според Браун бил сметан за современ Леонардо!?! Тој го гледа Светиот грал и во "цртаниот" Мики Маус, потоа во анимираните бајки Пепелашка, Заспаната убавица и Снежана, а посочува и на негов студент кој, гледајќи го DVD-то Кралот на лавовите, нашол делче каде што јасно било испишано SEX!

Па сепак, добронамерниот читател, со малку добра волја, би можел да му прогледа низ прсти на сево ова. И покрај сe, во прашање е една турбо-динамична хепиенд-драма, која - без оглед на мааните - ќе ја рашири дилемата околу збиднувањата во текот на раното христијанство кај милиони читатели.
Но, она што е тешко простливо е обидот целиот овој проект да се исполитизира, на тој начин што Браун го насочил против Католичката црква. Во другата книга, онаа на британскиот тим истражувачи, во предговорот се укажува на следново: "Речиси сите високи црковни официози кои нe нападнаа беа протестанти. Всушност, повеќето беа англиканци, како бискупот бирмингамски, додека Римокатоличката црква главно ја премолча целата таа работа. Еден значаен бивш достоинственик на Католичката црква лично ни се довери дека горните слоеви на неговата хиерархија приватно ја признаваат уверливоста, ако не и веродостојноста на нашите заклучоци (макар што никогаш не би дале јавна изјава за тоа)."
Наспроти оваа констатира на полу-благонаклоност на Римската црква кон согледувањата на Британците, уште пред почетокот на "Кодот", во прологот под назив Факти, Браун атакува врз Ватиканската прелатура Опус Деи, како "католичка секта којашто спроведува 'миење мозоци', принуда и т.н. корпорална мортификација". Зад егзекуциите на Великиот мајстор и тројцата негови помошници-сенешали стојат католички великодостојници. Хероината Неве во еден миг невино ќе праша: "Мислите ли дека Црквата го убила дедо ми?" А малку подолу на истата страница ќе биде потсетено на сексуалната злоупотреба на деца регистрирана во некои католички средини, како и на раширените муабети за хомосексуализмот меѓу опатите и ѓаконите. А токму неодамна, во Канада еден протестантски бишоп (владика) јавно се изјасни дека е педер. Дури на крајот авторот се обидува да го одвои Ватикан и католицизмот од Опус Деи и делумно да ги амнестира од гревот поврзан со манипулациите околу Христовата вистинска природа.
Ако ваквите наши претпоставки имаат основа, тогаш побудите на контроверзниот Ден Браун не ќе да биле највозвишени.
Како и да е, прашањето што го загатнуваат и "Кодот" и "Света крв Свети грал" ќе продолжи да рие по христијанската свест: Добога, кој и што бил Исус од Назарет - Рексот Јудејски? Јали човек, јали Бог!?Форум


Spored mene knigata ne e na odmet da se prochita, iako na prv pogled deluva nekako znachajno...no kako shto ja chitash gledash deka prviot vpechatok slabee i vo sekoj sluchaj nema literaturno-knizhevna tezhina .... sepak ne sum prochitanl kniga koja e napishana celata vo reshavanje na rebusi, poveketo bea stvarno originalni...
Thief Навистина двете книги ги проголтав во еден здив, зашто се лесни за читање и интересни, небаре излегле од холивудската филмска комерцијална школа. Интересен заплет, површинско еротизирање помеѓу главните ликови (очекуваме филмски да му падне во прегратка главната актерка на нашиот истражувач и сл.). Но, книжевната вредност е лимес кој теженее кон нула, додека литературната е таа која може да не` подизлаже дека авторот истражувал и дошол до нови сознанија кои ќе ги просветлат народните маси. Наведов во погорниот пост дека токму таа желба на авторот доаѓа до израз низ целото четиво (и тој, преку наведените извори и податоци, сака да не` доведе во заблуда дека ја открил конечната вистина), но не смее тие „податоци“ (сега е времето за наводници околу овој збор) да се земат здраво за готово. Едноставно, не сум склон да верувам дека Браун го открил Светиот грал, напротив склон сум да верувам дека ова е уште една антихристијанска и еврејска пропаганда.
Kaneo АКТУЕЛНИ НЕДОРАЗБИРАЊА
„Кодот на Да Винчи е литерарен а не политички код“
од Данило Коцевски

Подобро би било кога „проблемот“ со „Кодот на Да Винчи“ на Ден Браун би се поставил на друга основа. Дали се работи за вредно уметничко дело или не?


Голема врева се крена за романот „Кодот на Да Винчи“ од Ден Браун, а сега и за неговата екранизација. Откако постои „светот и векот“ се случувале вакви недоразбирања, а се чини ќе се случуваат и во иднина. За „поуки“ е тешко да се зборува, зашто кога ќе се „запалат страстите“ од меморијата се брише целокупното претходно искуство. Современата литература, гледано во светски рамки, од ден во ден се' повеќе станува забава, а се' помалку четиво што им се остава во аманет на генерациите. Класиката си е класика, забавата си е забава. Не очекувајте од „Кодот на да Винчи“ да биде „Војна и мир“, зашто таквите споредби се беспредметни. Не очекувајте од денешниве светски бестселери да ги решаваат денешните човекови метафизички проблеми или прашања на индивидуата, општеството или религијата. Сепак, забавата нема право да повредува ничии чувства, а најмалку религиозните. Се чини дека тоа не била целта и на овој роман, бидејќи невозможно е во еден уметнички или литерарен код, директно да ја препознаваме стварноста. Ако е така, уште би владеела теоријата на одразот, која во литературата и во филозофијата на уметноста веќе одамна е надмината. Која е таа „стварност“ која Ден Браун директно ја одразил во романот и ние треба да ја прифатиме за беспоговорна вистина? Зар треба да се плашиме од неа бидејќи е неприкосновена? Не, тоа е сосема погрешно толкување на уметноста и на нејзините вредности или промашувања.

Литературата и уметноста отсекогаш ја „искривувале“ стварноста. Никогаш не оделе по нејзините стапки, тие создавале еден свој нов свет. Платон не ги сакал уметниците бидејќи со своите чувства и страсти внесувале неред. Биле неоригинални, обични кописти. Аристотеловото „подражавање“ во уметноста е сосема поинакво, бидејќи творештвото не е обично копирање, туку автентично создавање. Од тоа, како се' уметниците „искривувале“ и создавале свои светови кои не можат директно да се поврзат со стварноста, може да се состави една (бескрајна) антологија. Да посочиме примери што помалку и' се познати на пошироката јавност. Го спомнавме Толстој. Што мислите, сите современици на писателот биле задоволни од неговиот познат роман? Не биле, се разбира. Се јавиле жестоки критики, па и карикатури. Генијот од Јасна Полјана едноставно ја „искривил“ вистината за војната од 1812 година, иако тој се повикувал на факти, се покажало дека некои од нив едноставно - не постоеле. Од друга страна, големиот маг на латиноамериканската книжевност, Карлос Фуентес, во познатиот роман „Тера Ностра“ прескокнал цел еден значаен период - откривањето на Америка. Имено, во настаните што тој ги опишува Америка веќе била откриена, но тој едноставно го „прескокнал“ тој факт од името на творечкиот контекст и метафората што сакал да ја долови. Треба ли да го обвиниме дека е „незнајко“, и дека имал задни намери? Не. Познатиот Грк Зорба од романот на Казанџакис е опишан како јунак од Крит, иако тој на Крит никогаш не стапнал. Вистинскиот Зорба бил роден во селото Катерини на север, и никогаш не бил рибар. Писателот Басара во својот нов роман „го шета Ниче“ каде што филозофот никогаш не бил, одредувајќи му „пород“ кој никогаш го немал. Да не зборуваме за Умберто Еко, кој намерно ја „симулира стварноста“, но само како литерарен ефект кој има свои законитости. И сега, што да се прави?

Подобро би било кога „проблемот“ со „Кодот на Да Винчи“ на Ден Браун би се поставил на друга основа. Дали се работи за вредно уметничко дело или не? Вреди ли за него толку да се „кршат копјата“ и да се покажува толку жолчност? Одговорот на овие прашања задира во спецификите на времето во кое живееме и на литературата што денес се пишува. Преокупирани сме со т.н. волшебна наратологија, со магичното, окултното, чудесното, фантастичното. Иако „Кодот на Да Винчи“ го користи трилерот, тој сепак не го одбегнува кодот на окултното и чудесното. Колку нешто е побизарно и почудесно, толку подобро. Зар е случајно повторното враќање на „Господарот на прстените“, зар е случаен големиот успех на „Хари Потер“? Во „Хари Потер“ се трага по каменот на мудроста, а во „Кодот на Да Винчи“ по темелниот камен. Критичарите речиси и не забележаа дека и во романот на Ден Браун се зборува за Хари Потер „Фокмен ги отвори очите. Немој да ми речеш дека во Хари Потер всушност се работи за Светиот грал“ (цитат според македонското издание на „Кодот на Да Винчи“). Таа „треска“ по волшебното не го одминува ниту овој трилер, во кој се мешаат жанровите. Ден Браун настојува да оствари еден литерарен код, во кој не може и не треба да се воспоставува директна врска меѓу литерарното и стварноста. Во оваа смисла, црквата е употребена и „злоупотребена“, но во една литерарна игра, за која не може да се рече дека остварува врвни литерарни вредности. Да, тоа е трилер кој може со задоволство да се чита, кој повлекува милионски тиражи и читатели, и тоа не е за потценување. Такво е времето во кое живееме, такви се вкусовите. Но, од литерарен аспект, има во него многу недостатоци, неиздржани места, па и наивности. Како што ги има во многуте бестселери што ни се нудат. Првата објавена реакција на критиката за филмот кој веќе се прикажува е дека таа е „ладна и воздржана“. Критиката е „ладна и воздржана“, не заради политичките или религиозните импликации, туку заради (не)вредностите на проектот. Затоа, не возбудувајте се. Нема потреба. Литературата и уметноста никогаш ништо не урнале, ниту тоа им била целта.

Преземено од Дневник:
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B7178E5BD84D7144950305D08FDAE896
Anna_Black
quote:
Originally posted by BorisVM

I Digital Fortress i Deception Point se dobri. Jas gi progoltav i dvete za tri dena. :)
:


neznam bas za Digital Fortress. Ja procitav i ne mi se svigase mnogu, a za Deception Point ne znam oti ne sum ja procitala.

Inace za Den Broun mislam deka e genijalec. Ne znam dali da veruvam vo toa sto go ima napisano vo Codot, ali bez razlika, knigata e fenomenalen triler.