Децата на плажа(36 совети за лето)

Децата на плажа(36 совети за лето)
RaGeAnGeL
 
Што е алергија на сонце, кој период во денот е најдобар за сончање за децата, кои креми за сончање да се користат, што да направите во случај на сончаница и топлотен удар?


1. Најдобро е да патувате со автомобил

За мајките со мали деца тоа сигурно е најдобриот начина за патување. Децата секогаш мора да бидат сместени на задното седиште и до петтата година во посебно седиште за деца кое ќе биде прицврстено со сигуносен појас. Многу лоша појава кај децата е тоа што се склони конврткање во автомобилот, гледање во обратен правец, па центарот за рамнотежа се поремети, што доведува до често повраќање. За да го спречите тоа, пред патувањето, побарајте од својот педијатар лекарства за да го спречите повраќањето. Лекот треба да се даде еден час пред патувањето, ако патувањето трае подолго истото да се повтори по четири часа.

2. Која храна да ја понесете на пат

Во текот на патувањето пожелно е да јадат за време на некој краток одмор. Не се советува во никој случај на пат да понесете разни салами затоа што и самите знаете дека се подложни на расипување при повисоки температути. Полесно ќе излезете на крај со пакувано сирење, јогурт, или слично, посебно ако имате мало фрижидерче, кое ќе спречи храната да биде топла. Ако вашето дете сепак сака месо, а патот е долг, сетете се дека има печено пиле, која е вообичаена храна за долхи патувања.


3. Летни пијалоци.

Разладени овошни сокови, припремени од свежо овошје или индустриски сокови со мала количина на шеќер, се практични за пат како освежување како за децата така и за возрасните. Пазете на амбалажата и квалитетот затоа што сок со оштетена амбалажа може да направи големи проблеми. Газираните пијалоци не се препорачливи за децата, посебно не во поголеми количини, но ниту за трудници затоа што содржат кинин. Сепак водата е најдобар пијалок кој ќе ја угаси жедта.


4. Хигиена

Понесете доволно влажни марамчиња, затоа што на пат сепак треба да се одржува основната хигиена, па ако нема вода децата треба да ги исбришат рацете со марамчињата пред да јадат. Добро е да се има прибор за јадење при рака и неколку пелени доколку некое од децата поврати.


5. Плажа


Пред да одите на летување добро проверете каква е плажата, дали има сенки, каков е песокот, дали има тушеви и слично. Наутро поминете околу два часа на плажа, но никако не подоцна од 10-11часот затоа што сонцето помеѓу 10 и 17 часот е најјако. Попладне, децата можат да си играат на плажа и нема да имаат изгореници, и со малку внимание убаво ќе поцрнат.

6. Нежната детска кожа е многу осетлива на сонце

Детската коже е олетлива на сончевите зраци како на оние топлинските така ина UVA и UVB спектарот од повеќе причини. Површинскиот слој е потенок колку што децата се помали и скоро и да не пружа никаква заштита. Површинскиот слој истотака се состои и од една врста на масна наслага како некоја врста на емулзија односно тенок заштитен филм и вода, и има огромно значење во заштитата. Кај малите деца таа заштита изостанува затоа што лојни жлезди сеуште не се во функција. И на крај, механизмите за создавање на меланин - пигменти која ја даваат бојата сеуште не се зрели. Меланоцитите, која го создаваат меланинот на детска возраст сеуште не се во состојба целосно да ја хранат кожата. Механизмите за терморегулација сеуште се млади и нивната функција е слаба се до шестиот месец. Доенчето не е во можност со потење да ја намали зголемената температура, така што тој период е осетлив на топлотен удар и висока надворешна температура.


7. Доенче и сончање

Доенчето во првите месеци па се до шестиот месец не смее воопшто да се сонча, а престојот на плажа треба да се планира многу внимателно. Детето треба да се облече во памучна облека и да се држи во ладовина или под чадор за сонце, кој дава добра сенка. На главата секогаш треба да му ставите капа со штитник. Дури и кога сте сигурни дека детето е добро заштитено, не заборавајте дека ултравиолетовите зраци се одбиваат од водата и песокот. Тоа најдобро ќе го увидите кога бебето кое добро сте го чувале во сенка, добило боја. Децата до една година треба да се заштитат со креми за сончање со фактор 20-25 ако се со светол тен, а за деца со потемен тен доволен е фактор 10-15. Но, не треба да заборавите дека ниту една заштита не спречува воспаление и оштетување на кожата ако строго не се придржувате на правилата за постепено сончање - првиот ден 10-15мин, вториот ден 20мин., третиот половина час, потоа и до час кога кожата ќе стане најотпорна. Детскиот лосион за заштита од сонце Johnson KIDS, со заштитен фактор 35 дава доготрајна заштита која трае и 80мин, што е двојно повеќе од други креми. Оваа нова крема на Johnson е со убав овошен мирис.


8. Креми и лосион за сончање

Ако земеме дека детето првиот ден треба да биде на сонце 10тина мин. без заштитно средство на кожата, тогаш кремата со заштитен фактор 15 на пример би значела дека може да остане 15 пати подолго односно (15 х 10 = 150мин.). Меѓутоа, теоријата е едно, а реланоста друго - и со најдобрата заштита предолгото сончање е строго забрането! Треба да се знае дека по бањањето голем дел од заштитната крема се губи и потребно е повторно да се нанесе. По правило децата со светол тен и коса им треба поголем фактор на заштита. Престојот на сонце подолго од еден час ја оптеретува и кожата и организмот


RaGeAnGeL 9. Фактори на заштита
На повеќето козметички производи на реномирани фирми, не само на кремите за сончање, се потенцира заштитата од UVA и UVB зраците. Што значат тие ознаки? Сончевата светлина се состои од видлив спектар (од црвено до темновиолетова боја гледано кога прзмата ја прекршува светлината) и од невидлив спектар, од ултравиолетова до инфрацрвена боја, топлински и други зраци. UVB зраците се многу поинтензивни и подиректни од UVA зраците, и предизвикуваат црвенило и изгореници на кожата и стимулираат создавање на меланин. UVA зраците се многу поблаги, но и тие длабоко продираат па дури и 20% поминуваат низ облеката на бебето. Овие зраци на некој начин го довршуваат и зацврстуваат процесот на погментација на кожата. Токму на тие сознанија се произведуваат кремите за заштита од UVA и UVB зраци. На тој начин се постигнува најдобар резултат : спречување на изгореници, а постигнување на убав тен. Најновите производи имаат ознака и IR, што значи заштита и од инфрацрвени зраци. Овие креми се наменети за деца помали од две години, затоа што спречуваат прегрејување и сончаница што полесно се појавува кај деца помали од две години.

10. Бањање

Никогаш не ги присилувајте децата да бидат во море ако тоа тие не го сакаат. Доенчето не го бањајте во море, затоа што може да дојде до непознати иритации на кожата. Детето постаро од една година секогаш треба да има гакички, а ако го прекорачило времето за сончање облечете му и памучна маица. Не заборавајте дека водатата (ниту морска нито слатка) не штити од сонце, уште повеќе сончевите зраци се појачуваат.


11. Водена кожа


Придонесува појава на изгореници затоа што капките вода делуваат како под лупа. Затоа се препорачува туширање и бришење со пешкир и повторно нанесување на крема за заштита. Ако сте на плажа каде што нема тушеви, доволно е само да се пребрише детето и да се намачка со крема.

12. Реакција на детската кожа на сончевите зраци

Најчест одговор секако е црвенилото како последица на ширење на капиларите. Кожата е топла, напната и малку болна. Понекогаш може и да се појават ситни точки кои чешаат, но и понекогаш вистински пликови. Црвенилото кое се појавува по сончањето всушност се и изгореници од прв степен. Ако излужувањето на сонце било и подолго се јавуваат и меури како знак за оштетување на епидермалниот слој (горниот дел на кожата) - односно изгореници од втор степен. Многу важно е да не се изложува детето и понатаму на соце. Кожата треба да се остави да се одмори и заздрави. Доколку е присутно само благо црвенило доволно е кожата да се намачка со крема на база на билни екстракти (камилица и алое). Ако кожата е напната и болна, најдобро е да се менува облога од камилица или физиолошки раствор. Избегнувајте стари рецепти како што се масло, белки од јајце, компири и слично. Компирот помага за воспалението но детската кожа не го поднесува. Антихистаминските креми можат да помогнат, но може и да предизвикаат фотосензибилизација што остава белези на кожата и предизвика преосетливост на кожата на сончеви зраци.


13. Последици од сончани изгореници

Кожата засегогаш ги „памти“ местата на кои се појавиле изгореници од детството (но се до 15тата година) и црвенилото не е предвесник на убава темна боја, но напротив кожата станува уште поосетлива. Изгорениците кое детето ќе ги добие од сончевите зраци претставува ризик за добивање на томор на кожата подоцна во возрасниот период. Ултра-виолетовите зраци по претерано делување може да предизвикуваат менување на ДНК кои се носители на наследните особини. Оштетувањето на детската кожа ја ослабува одбрабената способност подоцна.


14. Алергија на сонце

Всушност не станува збор за вистинска алергија, ами за појава која претставува фототоксична реакција. Се јавува како реакција на одредени супстанции на кожата, на пример кремите за сончање изложени на сончеви зраци. Кожата е цревна по долгото сончање, но понекогаш се појавуваат и вистински плокови. Некои лекови можат да делуваат на појавата на фотоалергиска реакција. Истотака и некои природни особини можат да предизвикаат абнормална реакција на сонце.


15. Сончаница

Предолго престојување на сонце особено во првите денови, но и подоцна, може да предизвика сончаница. Оваа незгодна појава е честа кај децата од предшколска о школска возраст. Симптомите се : кожата е топла, сува, црвена, температурата зголемена, на детето му се лоши и се жали на главоболка, а често и интензивно повраќа. Родителите прво помислуваат дека се работи за некоја ненадејна инфекција. Сончаницата е честа причина за одење на лекар поради зголемената температура и другите симптоми можат да наведат дека се работи за менингитис.
ПРВА ПОМОШ: Детето треба да се смести во темна свежа просторија, да се соблече, да легне во удобна постела, да му се даде средство за снижување на температурата и да се ладо со облоги од ладна вода. Ако главоболката е јака, треба да му се ставо ладна облога од коцки лед на главата. Мирното лежење и ладење ќе доведе до подобрување. Доколку повраќањето е интензивно, а детето не сака да прими ништо во уста, треба да го однесете на лекар, кој веројатно ќе му препише инфузија. Ако е присутна мачнина, пробајте да му дадете ладна течност. Може да му се даде разладен чај, лесно овошни сокови, НО НЕ МУ ДАВАЈТЕ ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ЛАЖИЦА ОДЕДНАШ. Ако детето не поврати 10-15 минути, пробајте повторно, и продолжете по неколку часа.
Сончаницата може да се појави и кај доенчиња и за многу пократко време и со потешки симптоми затоа што коските на главата се потенки и мозокот помалку заштитен. Потребно е да внимавате ако доенчето заспие во текот на прошетката - секогаш на главата треба да има капа со штитник, најдобро од бело платно.

RaGeAnGeL 16. Топлотен удар

Топлотниот удар не е последица од директно изложување на сончевите зраци, ами делување на многу висока температура на околината врз организмот. На пример доенчето оставено во топол автомобил па дури и кратко време може да доживее топлотен удар. Зголементата надворешна температура лошо делува на сите витални функции. Подобро е да се спречи топлотниот удар отколку да се лечи затоа што состојбата може навистина да биде сериозна. Детето треба да се стави во ладна мрачна просторија, да се соблече, и да се разладува со облоги и да се проветрува. Растопете една лажичка сол во чаша ладна вода и на секои неколку минути дајте му по една лажичка во текот на еден час. Оставете го детето да се одмара во ладна просторија или во ладовина, каде што има малку ветер, а потоа дајте му ладен чај.

17. Очила за сонце

И на детските очи им треба заштита од премногу светло, но и од воспаленијата се честа појава по престој на сонце како последица на делувањето на ултравиолетовите зраци. Слатките детски слики со очила за соце кои се квалитетни и прилагодени на нивната возраст излегдаат многу симпатично. По втората година децата можат да ги носат, но сепак не треба да купувате пазар и на места каде што не се квалитетни затоа што повеќе штетат таквите очила отколку што помагаат. Бојата на стаклата е најдобро да се зелени или смеѓи.



Летни опасности
18. Каснувања од пчели, оси и стршлени

Каснувањата од инсекти содржат отров кој предизвикува болка на кожата, отекување и чешање, а понекогаш и мала рана. Осетливо ткиво како што е очните капаци, усни по каснувањето отекуваат многу повеќе. На прв поглед безопасните каснувања во некои случаи можат да бидат многу опасни, посебно кај деца кои се осетливи на каснување или ако отекувањето ги затвори дишните патишта.
Важно! Пчелите и осите ги привлекува слатко, како на пример овошје, чоколадо, крема, мед или мармалад, така што може лесно да се најдат на намачан леб јој го јаде детето. Пчелата се задржува на или во чаша, особено со овошен сок. Заиграните деца често не гледаат кога го каснуваат од лебот, и тука за несреќа, може да се најде пчела или оса која реагира со каснување на усната или што може да биде уште поопасно на слузницата од внатрешноста на устата. По каснувањето се појавува отекување кое се спушта кон дишните органи и душникот може да се затвори. Поради тоа е потребно внимание кога децата јадат на отворено, особено слатка храна. Обрнете им внимание на таква опасност и не им дозволувајте да си играат и да шетаат додека јадат. Поучете го детето како се однесува исплашена пчела или оса.
Локално по касањето се чувствува пецкање, па болно чешање и отекување. Можат да се појават и други општи знаци на труење особено ако каснувањето е од повеќе инсекти. Тогаш се појавува нагон за повраќање, а кај некои поосетливи лица дури и анафилактичен шок.

Како да се помогне во случај на каснување од инсекти?
Локално треба да се стави облога од ладна вода или лед. Ако имате при рака добро е да се стави крема или маст која содржи кортикостероиди. Боцката треба да се извади внимателно, но не со истиснување. Кај деца кои се преосетливи на каснување потребна е итна медицинска помош. Обично тие деца, кои се преосетливи, имаат кај себе неопходни лекови и прибор за спречување на шокот. Ако приметите дека вашето дете реагира повеќе на вакви каснувања советувајте се со лекарот, зато ашто со секое каснување осетливоста се зголемува.


19. Каснување од комарец

Обично каснувањето поминува со благи и краткотрајни симптоми на болка и црвенило, како и чешање. Кај преосетливи луѓе може реакцијата да премине во оток или во облик на меури. Со чешањето може да дојде и до гнојни воспаленија. Леќењето обично се состои во ставање на ладни облоги, а кај појаки реакции може да се даде и антихистамински масти - локално СИНОПЕН.
Внимателно треба да се користат и средствата против комарци, кои се ставаат на кожата. Такви средства можат да ја иритираат кожата на бебињата и малите деца. Добра и безопасна заштита нудат мрежите против комарци како и апарат со таблети против комарци чии мирис ги одбива комарците.


20. Каснување од крлеж
Крлежите се најактивни во пролет и есен, а ги има во тревата и малите грмушки. Кога крлежот ќе дојде до кожата некое време се движи, а по неколку часа се засадува со главичката во кожата. Поради тоа корисно е по доажање од престој на трева и од места за кои се претпоставува дека може да има крлежи, добро е детето да се прегледа и да се отстранат сите крлежи ако ги има пред да се засадат со главичката. Подоцна ако крлежот веќе се засадил, неговото отранување или самостојно отпаѓање може да предизвика оток кој чеша и кој може да се инфицира.
Мора да се напомене дека по каснување од крлеж постои и мал ризик за генерална инфекција со вирус. Имено, крлежот е преносител и на некои болести (најчесто на вирусен крлежен менингитис), но само во заразени подрачја. Дури и во тие подрчја само еден од 10 000 се инфицирани со вирусот енецефалитис. Имунолошката заштита, ако е потребно, може успешно да се примени и четири дена по каснувањето.

Како да му се помогне на дете?
Крлежот треба што поскоро да се отстрани и кожата да ка покриеме со масло, нафта, лак за нокти и полека да се извлекува, вртејќи го околу осовината, спротивно на сказалките од часовникот. Така најлесно се совладуваат издатоците на главата, кои се издадени како жица од чадор и со внимателно извлекување главицата не се одвојува од телото. Заостаната главица во кожата потешко се вади и лесно се инфицира.

RaGeAnGeL 21. Каснување од пајак

Од отровните пајаци во нашата средина е познат само црна вдовица. Големината е до три сантиметри. На грбот има карактеристични 13 црвени точки, поради кои и го носи латинското име Latrodectus. Отровот јако делува на целиот нервен систем.
Пајакот престојува во стари и мрачни простории, подруми и во полињата и шумите. Кај каснувањето доаѓа до моментална остра болка, апо кратко време грлевити болки кои се шират низ телото. Притоа се појавува мачнина, повраќање, потење, главоболка, покачена температура, голема вознемиреност и отежнато дишење. Каснувањето е особено опасно кај малите деца, уште повеќе бидејќи тешко се оценува од што е каснувањето. Болките и грчевите постепено се јавуваат во слаби интервали што може да трае и неколку дена.
Како да му се помогне на дете?
Секако треба итно да се побара лекарска помош. Олеснување може да дојде во жешка купка, анагетиците можат да ја намалат болката, но конечното лечење може да дојде со давање на соодветен антисерум. Каснувањата од други видови на пајаци во нашата средина не се опасни по живот и се манифестираат со локална болка, чешање и отекувања. Многу ретки се општите знаци на труење, треска, мачнина температура и друго.

22. Касувања од шкорпија

Шкорпиите живеат во топли и суви предели, а излегуваат ноќе. Отровот делува локално, но и генерално на нервниот систем. Симптомите се различни што делумно зависи и од големината на шкорпијата, местото на каснувањето и староста на детето. Малите деца се многу осетливи и со изразени општи знаци на труење. Симптомите се од поспаност, потење, повраќање, солзење, мачнина, голема вознемиреност па се до грчеви.
Како да му се помогне на дете?
Локално треба да му се стави ладна облага од вода или лед. Да се стави преврска и тоа пет до десет сантиметри над местото на каснување и има цел за спречување на ширењето на отрвот преку лимфата, но истата не треба да го спречи циркулирањето на крвта. Најдобро е ставена ако низ преврската може да се стави прст и поврмено да се попушта. Ако се појави поголем отокпод преврската треба да се извади и да се премести малку погоре. На местото на каснувањето може да се направи мала расекотина која има за цел да го дренира отровот. Потребно е да се посети лекар што порано за да се примени општа терапија, а првенствено давање на спицифичен антитоксичен серум.

23. Каснување од змија

Каснувањето од отровна змија секако е најопасно во нашите предели. Кај нас се познати два вида отровни змии, поскок и ридовка. Каснувањата најчесто се случуваат на лето и во рана есен, а јачината на отровот зависи од количината на отровот, местото на каснувањето и возраста на детето.
КАснувањето се препознава по две дупчиња од двата отровни заба на змијата, а на местото на каснувањето има јака болка, оток и модовиолетови пеги. Општите симптоми се јавуваат по половина до еден час во облик на жед, потење, главоболка, мачнина, убрзано дишење и пулс. Отровот делува разорувајќи ја крвта и крвните жили. Кај каснувањето од змија потребен е итен транспорт до лекар затоа што симптомите можат да се спречат само со одредени лекови и серуми.
Како мерки на прва помош се препорачува:
- стегање со преврска над местото на каснувањето, не прејако, така да може да се провлече прст. Целта е да се спречи ширењето на отровот.
- поради преврската добро е да се имобилизира одреден дел од телото.
- со оштар нож или жилет стерилизиран на оган, да се расече местото на каснувањето плитко и околу еден сантиметар двете места на каснувањето, а истотака помага и исцицување на отровот со пупица или потполно здрава уста.
- локално ладење со облоги од вода или лед
- може да се даваат и средства против болки.


24. Каснување од морски животни

РИБИ : На Јадранско море живеат неколкуи врсти на риби кои на своите боцки или шкрги имаат отров. Децата ретко доаѓаат во допир со овие риби чие боцкање предивикува оток и локална болка, бледило а во потешки случаи и општи симптоми како мачнина, повраќање, потење.
Како да му се помогне на дете? Местото на боцкање треба да се потопи во топла вода затоа што отровот е термобилен, така што голем дел од отровот може да се инактивира. Лекарот ќе даде соодветна терапија со потребни лекови.

МЕДУЗИ: Медузите, коралите и др. имаат карактеристичен орган исполнет со отров. Во контакт со кожата предизвикуваат локална иритација, црвенило. Симптомите обично не се јаки и се решаваат со ладни облози. Потребно е да се напомене дека ако се појават медузи на плажите каде се бањате, треба да го забраните бањањето на своите деца, особено е важно е да спречите детето да ја пие водата, затоа што може да дојде до отекување на устата, и загрозување на животот на детето.


RaGeAnGeL 25. Летување

Здрава бремена жена може да се однесува исто како и кога не бола бремена. Спред тоа, ако на прегледот вашиот лекар ви каже дека може да го планирате летувањето со тоа што ќе водите сметка за некои ситници поради вашата бременост. Секако уште еднаш пред да патувате појдете на лекар, бидејќи во меѓувреме можеби нешто се променило. Лекарот ќе го прегледа грлото на матката и ќе види да ли е затворено, ќе ја прегледа матката, ќе го потврди нормалниот развој на детето, уреден притисок, раст тежина и наод од урината. По овој преглед можете мирно да патувате. Ако лекерот примети некаков ризик, а тоа најчесто е предвремено породување, подобро останете дома и чувајте го своето дете. Подобро пропуштете едно летување и идната година да одите со здраво дете, отколку да ви се случи нето поради што ќе се каете подоцна.

26. Избор на место за летување

Внимателно одберете го местото за летување. Важно е да одите на море каде што патот е копнен, а уште подобро на место каде што лесно ќе дојдете до гинеколог и болница. Подобро одберете место побилку , отколку многу оддалечено, до кое лето многу тешко се доаѓа. Избегнувајте острови, кои само бродски се поврзани со копното, затоа што никогаш не се знае кога ќе ви затреба лекарска помош, а и за вас е подобро на плажата да има природна сенка, така што е добро и за вас дабидетет во борова шума каде што поголемиот дел од денот ќе го поминувате одмарајќи се. Пожелно е плажата да биде блиску до апартманот, затоа што на бремена жена и е тешко да пешачи по сонце и голема горештина.
Ако сте одлучиле за планинско место, не треба да одите на голема висина, затоа што висината и малата концентрација на кислород ќе ви прави проблеми. Инаку истото важи и за планински место како и за море, односно добра комуникација со некое поголемо место. Планинскиот воздух и температурата ќе ви одговараат, а прошетките низ шумата ќе ви претставува задоволство и добра рекреација.
Одење на крстарење со брод оставете го за некое друго време по породувањето. Иако бродовите се добро опремени и имаат лекар, амбуланта па и мала сала за операции, ризикот е поголем и подобро е да го избегнете. Ако одите во друга држава, распрашајте се за какви права имате како пациент, затоа што тоа не е исто во сите земји. Морате да рачунате дека ќе морате да платите за болничките трошоци, а во некои места ќе треба да дадете и аванс пред да ве примат. Поради тоа паметно е планирање на летувањето во сопствената држава отколку во друга.

27. Облека и обувки

Облеката прилагодете ја на местото а летување. Ако одите на море земете комотна, широка облека која нигде нема да ве стега, и не е припиена за телото. Мајдобро е да се избере облека од памук која лесно се пере, која е мека и нема да ве нервира кога ќе се потите. Секако земете и шешир или капа кој ќе ве штити од сонце. Ако сакате пантолани нека бидат од мек лесен матерјал. Ако останувате цел месец или повеќе сметајте на растење на стомакот и купете соодветна облека пред да одите на летување. Не заборавајте папучи за море кои ќе ви овозможат полеснува одење на плажа. Костимот за капење треба исто да биде обичен, платнете не од ластекс, кој ќе ве стега околу стомак. Уште подобро земете дводелен костим за капење во кој ќе се чувствувате удобно. По капењето симнете го водениот костим, не треба предолго да останувате во него, и што поскоро облечете сув.
Ако одите на планина секако земете си долги панталони кои што ќе ги носите за време на прошетките и удобни обувки во кои ќе можете да „планинарите“.

28. Прирачна аптека

Секако понесете си со себе крема, масло или лосион за сончање како и средтсво со кое ќе се намачкате по сончањето. Не треба да заборавите и средство против комарци, како и креми против каснувања (Синопен, Камагел и слично). Межете да земете и аналгетици против болки. Истотака не ги заборавајте и своите витамини и железо, како и ханзапласт, алкохол и завој. Со себе имајте и Апаурин од 2мг кој може да ви затреба поради чукање на срцето или благи повремени контракции на матката..


29. Патување

Здрава бремена жена може да патува. Изберете го најбрзиот и најудобен начин на патување. За годишен одмор обично изборот паѓа на автомобил, затоа што возењето може да се прилагоди на жената и нејзините потреби. Не треба сами да возите затоа што многу често и ненадејно да добеите вртоглавица и да изгубите контрола над автомобилот. Ако сте во втората половина од бременоста мора да пазите на својот стомак и тоа е голема причина да не возите. Најдобро е да седите на задното седиште без појас. НЕ заборавајте да си понесете и пијалок, кој постајано ќе ја надополнува течноста, а некое овошје или бонбони добро ќе ви дојдат за решавање а хипогликемија. Ако патувањето сепак трае неколку часа правете паузи секои 2-3 часа пат, прошетајте за да ја подобрите циркулацијата. Седењето и притисокот на седиштето го оневозможува враќањето на крвта и лимфата од нозете и брзо се јавуваат отоци.
Патувањето со брод и воз, обично е истотака е удобно затоа што овозможува движење. Таблетите против мачнина и повраќање може да ги земете ако ви се потребни. Автобус е најлош избор затоа што не можете да се движите како што сакате и ќе го чувствувате патот, често нема клима, и нема да се чувствувате убаво.
Ако идете некаде далеку и имате авионска линија, изберете авион затоа што брзо и удобно ќе стигнете на местото. Во раната бременост, особено ако имате мачнина и повраќање може патувањето со авион да не ви одговара. Некои сметаат дека разликата во притисокот се причина за крварење, што сепак не е докажано. Денес многу се зборува за космичките зрачења на кои бремената жена е изложена при патување со авион. Кај чести патувања со авион тоа може да има влијание на жената, но кај едно патување не може да предизвика негативни последици.



RaGeAnGeL 30. Депилација

Денес депилацијата е во мода, особено кај младите е постојана навика која се продолжува и во бременоста. Поради тоа се почести се и прашањата за штетноста на депилацијата и влијанието на детето. Зборувајќи општо, нема податок за штетноста на депилацијата врз детето и поради тоа не е забранета за време на бременоста. Но, треба да се води сметка за неколку детали. Со оглед на делувањето на хормонот простероген и притисокот на мактака, крвните жили се проширени и создавањето на проширени вени и честа појава. Во тој случај подобро е користење на ладен восок, отколку топол. Инаку може да се користи и топол восок, затоа што нема штетни материи кои би влијаеле на детето. Од искуство знам дека жените често сами се депилираат. Во тој случај мора да знаат што употребуваат. Восокот мора да биде квалитетен и затоа е подобро да се остави на квалификувана личност. Освен тоа, поголемиот стомак пречи и потешко може да се контролира постапката.
Денес има различни креми за депилација. Составот е различен и не може да се зборува за секој посебно. Повеќето не се штетни, но подобро е ако се консултирате со својот лекар.
Механичката депилација не е штетна и може да се примени. Внимавајте дали апаратот односно жилетот е чист и пред употреба дезинфицирајте го како и секогаш. Со оглед дека претходната постапка е подолготрајна можеби е полош избор механичката депилација. Бремената жена е подложна на инфекции поради што морате да внимавате многу при оваа постапка, но сепак тоа не значи дека за време на бременоста не смеете да се депилирате.

31. Сончање и капење

Сончајте се умерено и тоа во претпладневните часови ( до 11 часот) и попладне (од 16 часот). Избегнувајте долго изложување на сонце. Некои лекари не препорачуваат сончање во првите три месеци на бременоста, но не се докажани објективни причини за штетното делување на сонцето во тој период од бременоста. Пливањето истотака е дозволено, додека скокање во вода и нуркање не се препорачливи. Маслата и кремите за сончање слободно користете ги. По капењето пресоблечете се во сув костим за капење.

32. Физички активности

Освен пливањето се препорачуваат и прошетки. Но сепак избегнувајте прошетки по горештина. Возењето со брод или чамец не е штетно, но оние со глисер, едрење и слични активности треба да се избегнуваат. Ова лето пропуштете и скијање на вода поради можни повреди. Откажете се од тенис и ограничете се на помалку напорни спортови.

33. Одмор

Иако сте на годишен омор и немате исти задолженија како дома, водете сметка за моменти на потполно одмарање. И сега добро ќе ви дојде попладневниот одмор во кревет, така што по два до три часа повторно ќе се чувствувате свежи, а најтоплиот дел од денот ќе го поминете дома, со што полесно ќе ја поднесете горештината.


34. Храна и пијалок

Летето ни овозможува поздраво да се храниме. Богатата понуда на овошје и зеленчук треба да се искористи. Спремајте лесни оброци, бидејќи и така тешката храна нема да ви одговара: варен зеленчук и месо, или месо печено на жар. Не заборавајте риба која што е многу корисна во исхраната. Избегнувајте свежи и неварени школки, додека во останатите плодови можете да уживате. Особено пазете на количината на грозје, круши и банани поради зголемената количина на шеќер и калории. Предност дајте на воденасто овошје: лубеницам диња, праски, црешни, јагоди (без шеќер или шлаг). Пијте многу течности, но не заборавајте дека густите сокови имаат повеќе калории од ретките. Со обична минерална вода изберете пијалок како Cedevita, сокови без шеќер, лимонади, а остатокот од слатко надополнете со сахарин. Умерено уживајте во сладолед, затоа што неколку топки дневно може многу да ги зголеми калориите внесено во организмот.

35. Одмор во планина

Ако сте љубител на планински воздух и на тоа поднебје сакате да го поминете вашиот годишен одмор, сте направиле добар избор затоа што полесно ќе ги поминете летните горештини. Таа промена на клима добро ќе ви дојде и вам и на вашето дете. Прошетките се неограничени, може да шетате додека тоа ви одговара. Качувањето по скали треба да го одбегнувате затоа што тоа е физички напор, а можни се и повреди.

36. Лето дома

Ако сте одлучиле да останете дома, потешко ќе ги поднесете летните горештини во градот, на асфалт. Поради тоа не претерувајте со физички напор, затоа што многу брзо ќе се заморувате, а ќе се појават и отоци на рацете и нозете. Организирајте ја својата работа така што повеќе ќе завршите од обврските наутро во поладните часови, а продолжете по попладневниот одмор. Шетајте рано наутро и доцна навечер, кога тоа нема да ви претставува напор. Дома имате предност што се ви при рака, и што има помалку шанси за изненадување. Лекарите најмногу сакаат нивните бремени жени/пациенти бидат цело време дома и да не мораат да мислат дали нешто ќе им се случи. Но објективно нема причина за здрава жена да не појде на море, планина или слично, затоа што промената на клима, релаксацијата и помалите обврски ќе и користат. Но, ако постои било каква компликација во бременоста, не треба да го форсирате одењето на одмор затоа што нема да се исплати. Ако сте крвареле, ако грлото на матката не е затворено сосема, имате контракции, зголемен притисок или слично, посебно ако лекарот ви советувал да мирувате, најпаметно е да го поминете одморот дома, па идната година да одите на заслужен одмор со вовиот член на семејството.