Нема јунак за законот за прислушување

Нема јунак за законот за прислушување
Aleksandra
 
И ПОКРАЈ АПЕЛИТЕ НА ЕКСПЕРТИТЕ ДО СОБРАНИЕТО

Нема јунак за законот за прислушување


Јавноста има право да се сомнева дека незаконски се прислушува,
бидејќи тоа го тврдат сите политички партии, вели професорот Камбовски


Непостоењето законска регулатива за следење на комуникациите остава простор незаконски да се прислушува и да се злоупотребуваат специјалните истражни мерки, предупредува Владо Камбовски, професор по кривично право. Тој, како раководител на експертската група што го подготвуваше законот, и Институтот отворено општество упатија јавен апел до Собранието итно да ги донесе законите за специјалните истражни мерки и за следење на комуникациите, бидејќи во спротивно се остава впечаток дека државата го толерира организираниот криминал.

Во јавниот апел објавен во повеќе печатени медиуми се вели дека постојат индиции оти се' уште неовластено се прислушува, бидејќи нема законска граница помеѓу легалното и нелегалното користење на ваквите техники. Меѓународната заедница повеќепати ја прозивала Македонија оти доцни со регулирањето на ова прашање.

- Индициите произлегуваат од информациите што ги објавуваат медиумите и од обвинувањата од самите политички партии. Ние како јавност имаме право да се сомневаме. Од почетокот на годинава работиме на проект за организираниот криминал. Во него учествуваат експерти и практичари од државните институции. Еден од првите заеднички ставови беше дека непостоењето на законот за следење на комуникациите е слаба страна во нашата регулатива, а уште послаба во практиката. Немањето ваква регулатива е спротивно на меѓународните конвенции што Македонија ги потпишала. Затоа апелираме до Собранието да ја забрза постапката. Не е јасно зошто досега тоа не е сторено, ако се знае дека законот е веќе скоро две години е подготвен и е во парламентот. За неговата содржина се усогласија и владејачките и опозициските партии - вели Камбовски.

Во апелот е нагласено дека според светските искуства околу 80 отсто од случаите на организиран криминал се детектираат со помош на технички средства и со примена на специјалните истражни мерки.

Во Собранието никој нема аргументирано образложение зошто законот досега не е усвоен. Во пратеничката група на СДСМ велат дека не е спорна содржината на законот, туку дека тешко може да се соберат доволно пратеници за неговото усвојување. За тоа ја обвинуваат опозицијата.

- Тој закон е клучен за спречување на корупцијата и борбата против организираниот криминал и е во согласност со сите европски препораки. Проблем имаме во кворумот, но за тоа не е виновно само владејачкото мнозинство, туку и опозицијата - изјави Макрадули.

Опозициските партии пак се согласуваат дека законот е неопходен, но велат дека некои одредби треба да се доработат без да прецизираат кои одредби.

И претходната и оваа власт тврдеа дека ова прашање мора итно да се регулира за да се зголеми ефикасноста во борбата против организираниот криминал и корупцијата, но и да се заштитат граѓаните, па и самите политички субјекти. Иницијативата за озаконување на прислушувањето јавно беше обелоденета уште во 1998 година. Ова е втор законски проект, по оној што го подготви владата на Љубчо Георгиевски, кој чмае по бирократските фиоки, бидејќи партиите и него сакаат да го искористат за меѓусебни пазарења. Дури ни аферата „големото уво“ што во самиот почеток на 2001 година ја обелодени тогашниот лидер на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски, кога беа изнесени стенограми од прислушувани телефонски разговори на многу политичари, бизнисмени, странски дипломати и новинари, не придонесе да се забрза и конечно да се реши ова чувствително прашање. Тешко може да се очекува овој толку потребен законски акт ќе биде донесен пред изборите, бидејќи обезбедувањето двотретинско мнозинство кое е потребно за да помине законот, ќе се условува со пред и постизборни политички зделки.

трендафил Нормално е дека државата треба да се прислушкува. Не само против организираниот криминал, туку и против шпионирањето. Само што треба да се оневозможи злоупотребата на прислушкувањето и јавно презентирање на прислушкуваното, со исклучок кога се работи за докажување на криминал. Дали знае некој што направи претседателот Црвенковски со 90те проценти од прислушкуваниот материјал што не го објави пред војната и од кого го доби? Зошто ги објави прислушкуваните разговори без дозвола на прислушкуваните? Ако такви работи може да прави Претседателот, што може да очекуваме од „обичните“ службеници.

Josip Broz Секој војсководец знае дека парите потрошени за да се платат добри шпиони се најисплатлива инвестиција.

Отвореното Општество знае кого го плаќа и зошто.

Сепак, во јавниот апел (како што е и нормално да се очекува кога се игра покер со отворени карти), има доволно магла за да не може да се види ништо. Откаде сега на мајсторите што изгласаа илјада закони без око да им трепне што ќе речат “ропаците“, одеднаш почна да им пречи опозицијата? Толку многу, што за да се донесе законот за отворено шпионирање, во игра мора да влезат и отворените шпиони?
Aleksandra utrinski vesnik...сабота, 27 мај 2006
Легализација на прислушувањето, компензација за злоупотребите
Владо Бучковски вели дека СДСМ игра со отворени карти


Законот за следење на комуникациите, со кој фактички ќе се легализира прислушувањето, влезе во заткулисните игри и пазарења за измените на Кривичниот законик кои се однесуваат на службената одговорност. Овој двотретински закон, најверојатно, уште в понеделник со помош на пратениците на ВМРО-Народна ќе добие собраниска верификација. Станува извесно дека токму овој закон ќе биде параванот зад кој потоа парламентот повторно ќе ги изгласа спорните измени на Кривичниот законик поврзани со злоупотребата на службената должност, поради кои шефот на државава, Бранко Црвенковски, првиот пат стави вето.
Премиерот Владо Бучковски вчера потврди дека по реакциите во јавноста СДСМ е во дилема и се преиспитува, но јасно стави до знаење дека имаат приоритети, како што е законот за следење на комуникациите.
Во слична насока размислува и спикерот Љупчо Јордановски, кој за „Утрински“ вели дека доколку овој парламент не бил прагматичен и не правел компромиси, немало да се донесат многу значајни законски проекти. Изразувајќи надеж дека Собранието нема да го смени ставот за службената злоупотреба, в.д. претседателката на ВМРО-Народна, Весна Јаневска, вчера соопшти дека нивните пратеници ќе гласаат за законот за следење на комуникациите. Потврдувајќи дека СДСМ се двоуми за измените во Кривичниот законик, бидејќи постојат различни мислења, Бучковски изјави: „По дефиниција, кој прв ја води играта е во предност. СДСМ беше во дефанзива зашто досега не ги образложи своите гледишта, но с` уште смета дека е подобро опозицијата да даде поддршка за многу побитни закони од измените во кривичната постапка. СДСМ игра со отворени карти. Некој гради илузии дека може да направи реформа во правосудството, која ќе биде една од нашите алатки во борба против корупцијата, и доколку не ги донесеме клучните закони“.
Тој нагласи дека е убеден оти борбата против корупцијата ќе биде многу поуспешна, ако се донесе законот за следење на комуникациите. „Може да ја злоупотребите службената положба со пречекорување на овластувањата и со искористување на службената положба. Досега во Македонија никој не одговарал за искористување на службената положба. Тоа дело мора да се допрецизира. Треба да се додефинираат и уште најмалку осум други“, напомена Бучковски.
Притоа, јасно алудирајќи на ВМРО-ДПМНЕ, додаде: „Тврдам дека сето ова е наметнато пред политичката битка, а го наметна оној што првиот пат гласаше за измените“.
Претседателот на Собранието, Јордановски, вели дека разговарал со повеќе експерти кои не го разубедиле да го смени ставот за измените на Кривичниот законик. „Оние што сметаат дека се прави упад во правниот систем често користат термини од типот ’амнестирање на криминалци‘, многу драматично. Но, мислам дека не е така, туку само се допрецизираат некои работи. Експертите не ме разубедија дека се прават некакви драстични промени со кои криминалците слободно ќе се шетаат низ државата.
Од друга страна, сепак, ова е парламент и политички се договара и се прават приоритети. Доколку овој парламент не правеше одредени договарања и компромиси, немаше да донесеме многу закони. Јасно е дека овој амандман ќе ни овозможи да го донесеме законот за следење на комуникациите, исклучително важен за борба против корупцијата и криминалот. Успехот на овој парламент е во тоа што правевме компромиси и не гледам дека се смени нешто стравотно, фундаментално, во правниот и во уставниот систем на Македонија. А уште помалку во практиката, туку спротивно, добивме признание од Меѓународната заедница во нашето чекорење кон ЕУ“, вели Јордановски.
Шефицата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, пак, уште со поместувањето на спорните измени од дневниот ред на собраниската седница, изрази сомневање дека „пазарот меѓу СДСМ и ВМРО-Народна е направен на законот за следење на комуникациите“. Инаку, и за ВМРО-ДПМНЕ, исто така, неспорна е поддршката за ова законско решение.
Makedon SDSM ocigledno mnogu kradele od budzetot stom tolku se plasat sega od gonenjeto od "nabavkite" sto gi vrsele vo 4 oci.
nukleus Celiot budjet e krzba od narodot.Zamisli 1,7 milijardi evra se 1700 mali predtprijatija so vrednost od 1 milion evra koj mozat da ja napravat Makedonija na prvo mesto po ekonomija vo regionot.
Ovaa zemja ziveeshe dovolno dobro i so budjet od 700 milioni evra.No nekoj treba da si gi obezbedi idnite generacii pa i so zakon koj ke go shtiti od krivicen progon i zatvoranje.
TimeHacker e ne samo SDSM ukradel od budzetot tuka i VMRO koj so kako stignal,toa ti e politika
Makedon
quote:
Originally posted by TimeHacker

e ne samo SDSM ukradel od budzetot tuka i VMRO koj so kako stignal,toa ti e politika


Normalno. Zatoa Narodna zaedno so SDSM ke go izglasa ovoj zakon.

Razlikata e sto VMRO dodeka bese na vlast "frlase" troski i za narodot. Ovie od SDSM samo za sebe mislat i nisto ne davaat na narodot.
nukleus Aramija si e aramija,bez razlika dali "frla troshki" ili ne.I Gvujo "kupuvashe" 4 stanovi pod nerazjasneti okolnosti pa sega "go drzat za muce" oti mnogu mu ja "mislel" za narodot.
TimeHacker bash taka e Makedon, i VMRO koga idet na vlasta taka prajt istoto,zs taka e politika.dur idet na vlast a posle. sve gleat za sebe,zato ne sakam politika
Makedon
quote:
Originally posted by nukleus

Aramija si e aramija,bez razlika dali "frla troshki" ili ne.I Gvujo "kupuvashe" 4 stanovi pod nerazjasneti okolnosti pa sega "go drzat za muce" oti mnogu mu ja "mislel" za narodot.


Emi neame druga opscija, sho da praeme. Poarno za nekoj sho torshki ka mi frlat ka glasa, otkolku nekoj sho nishcho ne davat .
nukleus Znaci treba da se glasa za onoj shto saka da ja prodolzi agonijata so "frlanje troshki" spored tebe?
Makedon
quote:
Originally posted by nukleus

Znaci treba da se glasa za onoj shto saka da ja prodolzi agonijata so "frlanje troshki" spored tebe?


Поарно нешчо одошчо нишчо

Барем работите ќа тргнет малу, ќа почнеме и ние да живуваме како треба.

Сега одиме само надоле и надоле.
Hektor koj bilo da dojdi, ke bidi podobar od sdsm
nukleus E aj togash da "zivneme" malku od ovaa belja shto ne snajde nashite zemjodelci da go frlaat rodot od "maloumnite" ceni shto im se nudat.