Избори 2006 - организација

Избори 2006 - организација
трендафил
 
Оваа тема ја отварам за да дискутираме окулу организацијата на парламентарните избори. За почеток нешто позитивно. Од денес веќе можете да проверите дали ве има вас или некој друг што знаете како се вика и неговиот матичен број на избирачкиот список или дали има некој што не треба да го има на www.izbirackispisok.gov.mk

http://www.sec.mk/ е интернет адресата на државната изборна комисија.



Други интересни адреси се
http://www.izbori.gov.mk/ официјалната страна за избори

http://www.most.org.mk/ на граѓанската асоцијација МОСТ која ги набљудува изборите

трендафил Да напишам и нешто негативно. На интернет страната на изборната комисија нема линкови кон избирачкиот список ниту број на телефон на кој може да се изврши проверката. Исто така со мобилен (праќање на СМС) може да се изврши проверка само на Мобимак, при што се наплатува 10 денари од повик (двојно повеќе од нормалната цена за порака), односно на Мобимак му се дава можност за екстра профит. Но бројот не е објавен никаде на интернет. Барем не на страните што ги наведов. Да се надеваме на брза исправка.


lav Со ова се ...ај да не речам се исполни мојата давнешна желба за современ пристаап до ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК како ЈАВЕН и СЕКОМУ ДОСТАПЕН ДОКУМЕНТ...за кој кај мене и денес сеуште постои сомнеж дека целосно е исчистен од „падобранци„ , љисици не косова и други orphans во него.
ЗАШТО прашувам ЦЕЛИОТ СПИСОК НЕ Е ДОСТАПЕН за да може да се прочита и спореди за мене и вам познати лица???.
Ако оваа аномалија не се исправи СОМНЕЖОТ дека сеуште „опероираат„ мртви души ОСТАНУВА.
пс
И зашто мораат да заработуваат и на SMS ...кога и онака плаќаме поерез за правење и одржуање на овој ЈАВЕН и секому ДОСТАПЕН (во цивилизирани земји) ДОКУМЕНТ???.
GiTaRiSt Sekogas koga ima izbori se nerviram poso gledam lugjevo se tepat mn i ne znam so kje bidne ali znam deka ovie denovi koga kje pocnaat so izborive.. kje ima nekoja tepacka..100% i za toa ne gi sakam ovie raboti..
lav
quote:
Originally posted by GiTaRiSt

Sekogas koga ima izbori se nerviram poso gledam lugjevo se tepat mn i ne znam so kje bidne ali znam deka ovie denovi koga kje pocnaat so izborive.. kje ima nekoja tepacka..100% i za toa ne gi sakam ovie raboti..


Оти ле колега така...
Па кога се ИЗБОРИ се се испревртува и генерално се „чисти„...слично како и кречење на стан.
Се се вади надвор на „луфтирација„ и тоа сите го „мирисаат„ и гледаат.
Нешто како ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ.....на државата.
tomislav1978 Bravo za vladava i ministerstvoto za pravda, nie sakame posteno da pobedime, i ke pobedime.

p.s. Lav w/b, znaci sepak ne bile vistini glasinite(na forumov) za tebe
Makedon Pak mirisa na mestenka. Izbirackiot spisok ne e iscisten od onie 200.000 famozni nepostoecki glasaci. Makedonija imala po Min. za Pravda 1.7 mil. glasaci, a sme drzavice od 2 mil. ziteli samo!
nukleus Taka e vo zemjite kade "mrtvite" se onie koj ke im ja krojat sudbinata na "zivite" ako ovie voopshto se racunaat za zivi.
NACIONALIST
quote:
Originally posted by tomislav1978

Bravo za vladava i ministerstvoto za pravda, nie sakame posteno da pobedime, i ke pobedime.







ka pobedite ako pak glasaat tie 200 000 sipci od Kosovo
трендафил Јахиу избран за член на ОИК во ЛипковоИако е осуден од Кумановскиот суд за изборен прекршок, Јахи Јахиу е избран за член на општинската изборна комисија во Липково.

Јахиу за време на локалните избори во село Оризаре беше сниман со мобилен телефон како полни гласачки кутии со десетина ливчиња.

Основниот суд Куманово го осуди Јахиу на 20 глоби или приближно 500 евра за изборен прекршок. Меѓутоа, првостепената пресуда не ја спречи ДИК да го одбере за член на општинската изборна комисија во Липково.

Според членот 3 од Правилникот за избор на членови на изборни органи, член на изборна комисија не може да биде лице осудено за казниво дело поврзано со изборите.

Портпаролот на ДИК, Зоран Таневски, вели дека името на Јахиу е случаен компјутерски избор направен по списокот доставен до Агенцијата за државни службеници.

На списокот било запишано и името на Јахиу, но без забелешка дека против него се води судски процес за изборен прекршок.

Види повеќе на А1