Увозот на струја зголемен

Увозот на струја зголемен
toni_a
 
ОД 2000 ДО 2006 ГОДИНА

Увозот на струја зголемен осум пати

Македонија е зависна од увоз на електрична енергија. Овој факт завчера го потврди и Владата, која ја прифати информацијата за потребата од инвестициски активности во енергетскиот сектор бидејќи потрошувачката на струја бележи континуиран пораст.

„Во енергетскиот биланс на Македонија, во периодот од 2000 до 2005 година е присутен перманентен пораст на увозот на електричната енергија. Во 2000 година увозот изнесува 287 милиони киловат-часови (4,4 отсто). Процените за годинава се увоз на 2.994 милиони киловат-часови (33,53 отсто)“, соопшти Владата.

За да се задоволат зголемените потреби од струја, во наредниот период се планира изградба на големи и мали хидроцентрали, интерконективни врски, комбинирани гасни електрани и магистрални и дистрибутивни мрежи на гас во повеќе населени места во земјава.

За таа цел Владата го задолжи Министерството за економија со другите надлежни институции да се ангажира за привлекување странски инвестиции за реализација на планираните енергетски проекти, а МЕПСО има обврска да ги забрза активностите за подготвување и реализација на интерконективните врски за поврзување со електроенергетските системи на соседните земји.
toni_a Цената на струјата на големо ќе се зголеми за 12,8%.

Ова се првичните проценки по изборот на најповолни понуди за увоз на струја на меѓународниот тендер што го распиша „МЕПСО„. Причината за зголемувањето на цената е повисоката цена на увезената струја за 40% во однос на минатата година.
Годинава „МЕПСО„ за еден мегават час ќе плати 50,46 евра. Истата количина минатата година чинеше 36 евра. Увозот ќе ја чини државата 55 милиони евра. Комисијата која ги разгледуваше понудите одлучи да увезе 1094 гигават часови што е 47% од барањата на тендерот. Со оваа количина ќе се покријат потребите за цела 2006 година. За првите четири месеци од 2007 година ќе се прави нов увоз на струја, а дел од потребите ќе се покријат со домашното производство. На тендерот се јавија девет компании. Струја ќе се купува од сите компании во различен процент. Намногу ќе увезува „ЕФТ„ 22%, „НЕК„, 20,3%, „Енергу холдинг„ 13,7%, „Остелектрика„ 11,3%, „ЕПС„ 9,7%,
„Семпра„ 7,3%, „Еспада„ 6,1% „ППЦ„, 5,5% и „Ател„ 4,0%.
(Тотал 28.04.2006)
toni_a Повисока цена ќе добие и „ЕСМ„ како здружен потрошувач. Заради неочекувано високата цена на струјата од увоз менаџметот на „МЕПСО„ деновиве бара кредити од банките за да ја плати струјата, дознаваме неофицијално. Банкарски извори за „Тотал„ тврдат дека кредитите ќе бидат одобрени експресно.
Просечната цена по која компаниите ја продаваат струјата се движи од 39 до 69 евра за еден мегават час за дневна и ноќна тарифа. Во споредба со минатата година цената на еден мегават е за два пати повисока. Тогаш за еден мегават час просечната цена изнесуваше околу 30 евра. Зголемувањето на цената на струјата на големо, директно ќе влијае и на зголемувањето на малопродажната цена. Од „МЕПСО„ објаснуваат дека цената на големо зависи од производната цена на струјата, цената на увезената струја и утврдениот процент на „МЕПСО„. „ЕЛЕМ„ веќе најави дека до крајот на годината ќе бара зголемување на производната цена на струјата. На меѓународниот тендер за увоз на струја понуди дадоа швајцарските компании „АТЕЛ„ и „ЕФТ„, бугарски „НЕК„, романската „Енерџи Холдинг„, германската „ПСС и „Остелектрика„, романската „Семпра„, чешката „Еспада„ и српската „ЕПС„. Компаниите понудија за 30% помалку струја од количините што ги бара „МЕПСО„. Тендерот беше распишан за увоз на 2,696 мегават часови.
(Тотал 20.04.2006)
The_Crow Ova pred nekoj den i jas go slusnav slusajki vesti. Makedonija imala uvezeno struja do krajot na godinata a so ogled na povisokite ceni na uvozot cenata ke se zgolemela za kompaniite tokmu za 13 procenti. Ne ni se pisuva dobro ako ne go resime problemot so strujata, bidejki albanija veke ima restrikcii od nekoj si 5 casa vo tekot na denot, zarem i nie ke vleguvame vo toj klub tragicno.
toni_a СВЕТСКАТА БАНКА ЈА ПРЕДУПРЕДИ ВЛАДАТА

Тендерот за малите хидроцентрали пред избори е избрзан

Експертите на банката биле шокирани од сознанието дека лица од министерствата за земјоделство и за економија не знаеле да стасаат до локациите што ги подготвуваат во првиот тендер


Светската банка ја предупреди Владата дека не треба да брза со тендерот за давање концесии за изградба на мали хидроцентрали пред избори бидејќи не се завршени сите подготовки. Експерти од британската консултантска куќа „Нури“ и од австриската КВИ, по анализата на документацијата со која располага Министерството за економија и по увидот на локациите на кои треба да се градат малите хидроцентрали, утврдиле недостатоци и неусогласености....

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FDCD744D1148254BA655654478D336B1

toni_a Еден од најголемите неплаќачи на електрична енергија, „Силмак„ од Јегуновце, доби повластена цена за струјата од 2,2 евро центи за еден киловатчас. Оваа цена „Силмак„ ќе ја плаќа до септември годинава.
Вака одлучи Владата на својата вчерашна седница, со што практично се продолжува договорот од 2002 година чија важност заврши пред неколку месеци. Со договорот, „Силмак„ доби исклучително ниска цена на струјата во однос на другите големи потрошувачи.
Ваквата владина одлука следувала по инвестициите што ги направил „Силмак„ за зголемување на енергетската ефикасност. Како поткрепа на одлуката се додаваат и бројот на вработените во фабриката, активностите на компанијата за нови инвестиции и нејзиното значење во баланс на енергетскиот системот во земјава.
Освен на „Силмак„, Владата му го продолжи договорот и на „Фени индастри„, Оваа компанија ќе плаќа просечна цена од 3,1 евроцент за еден киловатчас. „Фени Индустри„ со новиот договор доби повисока цена на струјата, бидејќи досега плаќаше 2,7 евроценти за еден киловатчас. На ваквата Владина одлука остро реагираат менаџерите на другите компании. „Државата не треба да субвенционира неколку компании за сметка на други, бидејќи вака тие профитираат за сметка на другите компании“, велат од компаниите.
Експертите велат дека државата со вакви мерки наместо да ја стимулира либерализацијата на пазарот предизвикува обратен ефект: „Се додека државата им дава повластени цени и флексибилни рокови за наплата на потрошената струја, овие компании нема да излезат на пазарот и сами да набавуваат струја бидејќи така ќе им се зголемат трошоците за набавка на овој енергенс“.
Во изминатиот период „Силмак„ и покрај ниската цена за струја направи долг од повеќе од девет милиони евра. Од „Електрани на Македонија (ЕЛЕМ)„ и „ЕСМ дистрибуција и снабдување„ велат дека „Силмак„ сега редовно ги подмирува своите месечни рати за старите долгови.
Од почетокот на годинава „Македонскиот преносен систем оператор (МЕПСО)„ ги презема големите потрошувачи чија годишна потрошувачка на струја е поголема од 20 гигаватчасови. Овие потрошувачи можат и сами да набавуваат струја на домашниот и странскиот пазар.
(Тотал)

--------------------
->Годинава „МЕПСО„ за еден мегават час ќе плати 50,46 евра.
->Еден од најголемите неплаќачи на електрична енергија, „Силмак„ од Јегуновце, доби повластена цена за струјата од 2,2 евро центи за еден киловатчас.
TimeHacker i po pojce ke se poskapi sea otkako se prodade ESM. teshko nas