Германија 2006 |
||||
a-pin-dim | Факт е дека во последно време оваа земја "произведува" се помалку фудбалери од светска класа, што уште повеќе му ја отежнува работата на селекторот Клинсман да ги оправда очекувањата и да обезбеди што подобар пласман на овој мундијал. Во текот на подготвителниот период Клинсман промени неколку различни тактички формации, од кои е очигледно дека Германците ќе играат поотворен о поатрактивен фудбал од вообичаено. Сепак, повредата на Себастијан Дајслер и неефикасноста на Кевин Курањи во последно време стануваат сериозен проблем за Клинсман, кој најверојатно ќе мора да му даде шанса во првиот тим на Џералд Асамоа. И додека нападот на Германците функционира се подобро на секој нов меч, формата на одбраната се движи во надолна линија. Клинсман упорно го форсира Хут, иако овој фудбалер не одигра ни десет средби за Челзи во текот на целата сезона. Очигледното неискуство на дефанзивците го принуди германскиот селектор да почне да размислува за враќање во националниот тим на ветеранот Јенс Новотни, кој штотуку се врати по тешката повреда на коленото. Фактот дека и пред четири години немаа којзнае колку квалитетна селекција, но сепак стигнаа до големото финале, е причина за оптимизам во таборот на "панцирите". Предводени од Балак и Подолски, и со сезонава фантастичниот Јенс Леман на голот, Германците се селекција што може да изненади секого. Тоа на своја кожа за малку ќе го почувствуваа и репрезентативците на Бразил, кои лани се извлекоа на полуфиналниот меч од Купот на Конфедерациите, што го добија со минимални 3:2. Во последно време, а особено по поразот од 4:1 на пријателскиот меч со Италија, се погласни се критиките на адреса на Јирген Клинсман. "Јас, исто како и остатокот од земјава, верувам дека нашата репрезентација е вистинска катастрофа", изјави неодамна генералниот менаџер на Баерн, Ули Хенес. Сепак, и покрај ваквите критики, Клинсман е убеден дека може да направи чудо, па дури и да им ја донесе на Германците четвртата титула светски прваци. Ако успее својот победнички менталитет да го пренесе врз фудбалерите, тогаш се е возможно. И не заборавајте, Германците се најопасни кога ривалите ќе ги отпишат предвреме. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 9.6.2006 (18ч) Минхен Германија - Костарика 14.6.2006 (21ч) Дортмунд Германија - Полска 20.6.2006 (16ч) Берлин Еквадор - Германија ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ Германците се пласираа на Светското Првенство без квалификации, бидејќи се домаќини на ова натпреварување. ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Мундијал Пласман Италија 1934 3. Место Франција 1938 1. Рунда Швајцарија 1954 ШАМПИОН Шведска 1958 4. Место Чиле 1962 Четвртфинале Англија 1966 2. Место Мексико 1970 3. Место Германија 1974 ШАМПИОН Аргентина 1978 2. Рунда Шпанија 1982 2. Место Мексико 1986 2. Место Италија 1990ШАМПИОН САД 1994 Четвртфинале Франција 1998 Четвртфинале Јапонија/Кореа 2002 2. Место ГЕРМАНИЈА Население: 82.4 милиони жители Површина: 230.79км2 Главен град: Берлин Федерација: Герман Фоотбалл Ассоциатион Членка на ФИФА од 1904 година Најмногу настапи: Лотар Матеус (150) Најдобар стрелец: Герд Милер (68) Најубедлива победа: Германија - Русија 16:0 (1.7.1912 год.) Најтежок пораз: Англија - Германија 9:0 (16.3.1909 год.) ИДЕАЛЕН ТИМ Леман Фридрих Мертесакер Хут Лам Балак Фрингс Шнајдер Асамоа Подолски Клосе СЕЛЕКТОР ЈИРГЕН КЛИНСМАН Огромен притисок врз дебитантот Од Јирген Клинсман германската фудбалска јавност очекува да го повтори успехот на Франц Бекенбауер, кој успеа да дојде до светската круна и како играч, и како селектор. Сепак, мал "хендикеп" за екс-голгетерот на "панцирите" е фактот дека тој нема апсолутно никакво тренерско искуство. Работата со германскиот национален тим му е прва во неговата тренерска кариера, поради што Клинсман многу често беше критикуван и поради слабите резултати и игри, но и поради чудните одлуки. Најголема прашина се крена околу ротацијата на голманите, но Клинсман неодамна "пресече" изјавувајќи дека на мундијалот прв голман ќе биде Јенс Леман, пред Оливер Кан. Со оглед на фактот дека Германците се домаќини на ова натпреварување, нормално е што од Клинсман се очекува пласман во самата завршница, па дури и триумф во големото финале. "ЅВЕЗДА" Михаел Балак Општо мислење на светските фудбалски аналитичари е дека Германците во моментов имаат само еден единствен играч од светска класа - Михаел Балак. Најдобриот играч на Баерн Минхен веќе неколку сезони во серија прикажува константно добри игри, но ја шокираше германската фудбалска јавност со одлуката кариерата од ова лето да ја продолжи надвор од татковината. Иако најверојатно ќе потпише договор со Челзи уште пред почетокот на овој мундијал, на Балак нема да му недостига мотивација. Тој поради суспензија го пропушти финалето пред четири години, и сега ќе се обиде да & помогне на својата репрезентација да се најде во завршниот натпревар, па и да дојде до четвртата титула светски шампион. ВНИМАВАЈТЕ НА... Лукас Подолски Во отсуство на класичен голгетер од светска класа, Германците огромни надежи полагаат во Лукас Подолски. Младиот голгетер во последните две сезони прикажува фантастични игри во тимот на Келн, поради што летово се очекува да замине во некој од елитните европски клубови. Овој мундијал е одлична можност за Подолски уште еднаш да ги покаже своите квалитети, и да ја покачи својата цена на фудбалската берза за неколку милиони евра. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Германците немаат загубено во пенал-рулетот на елитните натпреварувања цели 30 години. Последниот пораз го претрпеа во финалето на ЕВРО '76, кога при ударите од белата точка загубија од Чехословачка. Герд Милер има постигнато вкупно 14 гола на Светските Првенства. Со тоа овој фудбалер е најдобриот стрелец во историјата на мундијалите. |
|||
a-pin-dim | КОСТАРИКА Втората рунда, реална желба На свеченото отворање Германија за противник ќе ја има селекцијата на Костарика, која во последно време поради атрактивниот стил на игра добива се повеќе навивачи од целиот свет. Костариканците на последниот мундијал беа елиминирани во првата рунда само поради послабата гол-разлика во однос на Турција и се надеваат дека овој пат ќе имаат повеќе среќа, и ќе успеат да се пласираат меѓу најдобрите 16 селекции на Стариот континент. Сепак, квалификациите не минаа најлесно за оваа репрезентација. Веќе во пред-квалификациите Костариканците се намачија против потпросечната селекција на Куба, која беше елиминирана благодарение на гол повеќе постигнат на гостински терен. По ова следеа серија слаби резултати во финалната квалификациска група. Следеше "рез" од страна на Федерацијата, која го отпушти дотогашниот селектор Луис Пинто, и во април 2005 година на кормилото на националниот тим беше вратен Алехандре Гимараеш. Новиот селектор идентично како и пред четири години, успеа да ја препороди костариканската селекција, која под негово водство ги совлада Гватемала, Панама, Тринидад и Тобаго и САД, за на едно коло до крајот и дефинитивно да си го осигура третото место и пласманот на мундијалот. Костариканските навивачи се надеваат дека нивните миленици ќе успеат да го повторат успехот од 1990 година, кога оваа селекција како дебитант на мундијалите успеа да се пласира во втората рунда. Тогаш Костарика на патот до овој успех ги елиминираше селекциите на Шкотска и Шведска, а фактот дека годинава за противници во групата ги има послабите репрезентации на Еквадор и на Полска им дава за право да се надеваат на нови радосни моменти. Паоло Вончоп повторно ќе биде главен адут на оваа репрезентација, иако во последно време вниманието врз себе го привлекуваат уште неколку млади фудбалери. Селекторот Гимараеш изненади многумина со одлуката да не го повика ветеранот Винстон Паркс ниту на поширокиот список на патници за мундијалот. На овој список се најдоа само деветмина фудбалери што го носеа дресот на Костарика во Јапонија и Јужна Кореја пред четири години, што е најдобра можна потврда дека Гимараеш со млади сили ќе се обиде да го повтори успехот што тој како играч го имаше во Италија во 1990 година. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 9.6.2006 (18ч) Минхен Германија - Костарика 15.6.2006 (15ч) Хамбург Еквадор - Костарика 20.6.2006 (16ч) Хановер Костарика - Полска КВАЛИФИКАЦИИ ЗА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ КОСТАРИКА - Мексико 1:2 КОСТАРИКА - Панама 2:1 Тр. и Тобаго - КОСТАРИКА 0:0 САД - КОСТАРИКА 3:0 КОСТАРИКА - Гватемала 3:2 Мексико - КОСТАРИКА 2:0 Панама - КОСТАРИКА 1:3 КОСТАРИКА - Тр. и Тобаго 2:0 КОСТАРИКА - САД 3:0 Гватемала - КОСТАРИКА 3:1 ТАБЕЛА 1. САД 10 7 1 2 16:6 22 2. Мексико 10 7 1 2 22:9 22 3. КОСТАРИКА 10 5 1 4 15:14 16 4. Тр. и Тобаго 10 4 1 5 10:15 13 5. Гватемала 10 3 2 5 16:18 11 6. Панама 10 0 2 8 4:21 2 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Мундијал Пласман Италија 1990Втора рунда Јапонија/Кореа 2002 Прва Место КОСТАРИКА Население: 3.9 милиони жители Површина: 51.100км2 Главен град: Сан Хозе Федерација: Федерацион Цостарриценсе де Футбол Членка на ФИФА од 1921 година Најмногу настапи: Луис Марин (115) Најдобар стрелец: Паоло Вончоп (43) Најубедлива победа: Костарика - Порторико 12:0 (10.12.1946) Најтежок пораз: Мексико - Костарика 7:0 (23.10.1975) ИДЕАЛЕН ТИМ Порас Марин Драмонд Секуеира Мартинез Сото Фонсека Хернандез Сентено Вончоп Гомез СЕЛЕКТОР АЛЕХАНДРЕ ГИМАРАЕШ Мундијалски џокер на Костариканците Иако е роден во Бразил, Алехандре Гимараеш е најпопуларната фудбалска "фаца" во Костарика. Гимараеш беше еден од најзаслужните фудбалери за фантастичниот успех на Костарика на мундијалот во 1990 година, кога оваа селекција успеа да се пласира и во втората рунда натпревари. Кога ја заврши својата играчка кариера со три титули во првенството на Костарика, Гимараеш реши да остане во фудбалот, но како тренер. Откако работеше со "помалите" тимови Белен и Хередиано, Гимараеш конечно го презеде кормилото на Саприса, екипа со која освои две титули првак на Костарика. Во јануари 2001 година тој го наследи Нуњез на кормилото на националниот тим, и веднаш го обезбеди пласманот на мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја. Истото беше случај и во пресрет на ова Светско првенство. Колумбиецот Луис Пинто имаше очаен старт во квалификациите и беше сменет, на негово место дојде Гимараеш, кој врза неколку одлични резултати во серија и помогна Костарика да обезбеди пласман на своето трето СП. "ЅВЕЗДА" Паоло Вончоп Доколку Костариканците сакаат да се надеваат на успех на овој мундијал, тоа во многу работи ќе зависи од настапите на Паоло Вончоп. Овој фудбалер е со најголемо искуство кога станува збор за настапите во Европа, со оглед на фактот дека веќе веќе девет години настапуваше на Стариот континент, во тимови во Шпанија и во Англија. "Тој е многу подобар играч отколку што мислев во прв момент. Многу е интелигентен, и на противниците им е многу тешко да го запрат", изјави Кевин Киген, кој своевремено му беше тренер во Манчестер Сити. Последните шест месеци ги мина во татковината во тимот на Хередиано подготвувајќи се за да се прикаже во што подобро светло на мундијалот. Вончоп воедно е и најдобар стрелец во историјата на костариканската селекција, со 43 постигнати гола на 67 средби на националниот тим. ВНИМАВАЈТЕ НА... Карлос Хернандез На клучниот натпревар за Костарика во овие квалификации блесна Карлос Хернандез. Овој млад и талентиран плејмејкер постигна два погодоци при победата од 3:0 над САД покажувајќи зошто селекторот Гимараеш во последно време му дава се поголема слобода во играта. Хернандез со голем успех настапуваше за сите младински селекции на својата земја и се надева дека токму на мундијалот во Германија ќе влезе меѓу легендите на костариканскиот фудбал. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Својот прв официјален меч селекцијата на Костарика го одигра на 14 септември 1921 година, кога го декласираше Ел Салвадор со 7:0. Костарика трипати беше повикана да настапи на "Копа Америка" со селекциите од Јужна Америка. Најголемиот успех Костариканците го забележаа во 2004 година, кога стигнаа до четвртфиналето од ова натпреварување. |
|||
a-pin-dim | ГРУПА "Б" АНГЛИЈА Напаѓачка криза кај "Гордиот албион" По се подобрите пласмани на англиската репрезентација на последните две-три елитни натпреварувања, нормално е што очекувањата на фудбалската јавност на Островот се "Гордиот албион" да се вмеша во борбата за шампионската титула на овој мундијал. Свен Горан Ериксон на располагање има голем број елитни фудбалери, за место во одбраната конкурираат Тери, Фердинанд, Кемпбел и Карагер, додека во средниот ред се очекува да доминираат Бекам, Жерард, Лампард и Џо Кол. Единствените проблеми, и тоа доста сериозни, Ериксон ќе ги има со навалната линија. Шансите Вејн Руни да биде способен за настап на ова натпреварување од ден на ден се се помали. Ако на ова се додаде дека и Мајкл Овен нема одиграно ниту еден официјален натпревар во 2006 година, јасно е дека неефикасноста може да биде крајно сериозен проблем за "гордиот албион". Ериксон најверојатно на последните подготвителни натпревари ќе ги испроба Овен и Крауч во навалната линија, но доколку овој првиот не биде способен за настап, тоа ќе значи и целосно менување на формацијата во 4-5-1 (со Жерард како полушпиц и Крауч како единствен напаѓач). Англичаните важат за селекција која игра во стилот топло-ладно. Така, покрај неколку лесни победи во групата, избраниците на Ериксон се посрамотија губејќи со 1:0 против тоталниот аутсајдер Северна Ирска. Ако на ова се додаде и фијаското од 4:1 на пријателскиот натпревар со Данска, јасно е дека Ериксон ќе има тешка задача да ја одржи концентрацијата на своите фудбалери на највисоко можно ниво во текот на ова Светско првенство. Факт е дека Англичаните важат за супер-фаворити во својата група, но евентуален "кикс" на еден од натпреварите во првата фаза би можел да им донесе и осминафинална пресметка со домаќинот Германија. Сепак, "пулените" на Ериксон се максимално мотивирани и решени да покажат дека можат да стигнат многу подалеку отколку пред четири години во Јапонија и Јужна Кореја, кога во четвртфиналето беа поразени од селекцијата на Бразил. Дури и без Вејн Руни "гордиот албион" има сосема реални шанси за вмешување во борбата за највисок пласман. Сепак, доколку и Мајкл Овен не биде во можност да го даде својот максимум во Германија, се чини дека четвртфиналето е максимален дострел на селекцијата што досега освои само една единствена титула светски шампион, и тоа во 1966 година. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 10.6.2006 (15ч) Франкфурт Англија - Парагвај 15.6.2006 (18ч) Нирнберг Англија - Тр. и Тобаго 20.6.2006 (21ч) Шведска - Англија ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Австрија - Англија 2:2 Полска - Англија 1:2 Англија - Велс 2:0 Азербејџан - Англија 0:1 Англија - С. Ирска 4:0 Англија - Азербејџан 2:0 Велс - Англија 0:1 С. Ирска - Англија 1:0 Англија - Австрија 1:0 Англија - Полска 2:1 ТАБЕЛА 1. Англија 10 8 1 1 17:5 25 2. Полска 10 8 0 2 27:9 24 3. Австрија 10 4 3 3 15:12 15 4. С. Ирска 10 2 3 5 10:18 9 5. Велс 10 2 2 6 10:15 8 6. Азербејџан 10 0 3 7 1:21 3 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Мундијал Пласман Бразил 1950 1. Рунда Швајцарија 1954 Четвртфинале Шведска 1958 1. Рунда Чиле 1962 Четвртфинале Англија 1966 ШАМПИОН Мексико 1970 Четвртфинале Шпанија 1982 2. Рунда Мексико 1986 Четвртфинале Италија 1990 Полуфинале Франција 1998 Осминафинале Јапонија/Кореа 2002 Четвртфинале АНГЛИЈА Население: 50.1 милиони жители Површина: 130.422км2 Главен град: Лондон Федерација: Тхе Фоотбалл Ассоциатион Членка на ФИФА: Од 1905 година Најмногу настапи: Питер Шилтон (125) Најдобар стрелец: Боби Чарлтон (49) Најубедлива победа: С. Ирска - Англија 0:13 (18.2.1882) Најтежок пораз: Унгарија - Англија 7:1 (23.5.1954) ИДЕАЛЕН ТИМ Робинсон Невил Тери Фердинанд Е. Кол Бекам Лампард Жерард Џ. Кол Овен Крауч СЕЛЕКТОР Свен Горан Ериксон Збогум со трофеј Кога во 2001 година пристигна Ериксон на кормилото на "Гордиот албион", на Островот постоеше огромен отпор бидејќи се инсистираше на чело на англискиот национален тим да биде домашен стручњак. Сепак, челниците на ФА беа убедени дека Ериксон е стручњакот што може да му донесе трофеј од елитно натпреварување на "Гордиот албион". За жал, тоа не се случи бидејќи Англичаните загубија во четвртфиналето од мундијалот во 2002 година, и во полуфиналето од Европското првенство во Португалија во 2004 година. Во меѓувреме Ериксон беше вмешан во неколку скандали, по што неколкупати се веруваше дека ќе му биде врачен отказ поради "недолично однесување". Сепак, Швеѓанецот "преживеа" на клупата на Англија и доби нова, последна шанса за успех со оваа репрезентација. Ериксон веќе потврди дека по завршувањето на Светското Првенство ќе си замине од Англија, а шампионски трофеј од овој мундијал би бил идеален начин за збогум, и за замолкнување на сите душмани, кои ги има во голем број на Островот. "ЅВЕЗДА" Дејвид Бекам Најсилен дел од англиската репрезентација сигурно е средниот ред. Иако тука настапуваат и Стивен Жерард, и Френк Лампард, лидер на "Гордиот албион" и натаму е Дејвид Бекам. Најпопуларниот светски фудбалер може да настапува и како десно крило, и како централен играч за врска, со што му дава дополнителни опции на селекторот Ериксон. Бекс има долг "пост" без трофеј во дресот на Реал Мадрид, но ќе се обиде да се закити со најзначајниот пехар, оној мундијалскиот. Ако се земе предвид огромниот талент што го поседува оваа генерација англиски фудбалери и лидерските способности на Бекам, сосема реални се очекувањата "гордиот албион" да се вмеша во борбата за највисок пласман на претстојното Светско првенство. ВНИМАВАЈТЕ НА... Џо Кол Англичаните долго време имаа проблеми на позицијата лево крило. Сега тие проблеми се минато бидејќи Џо Кол одговори на предизвикот. Овој фудбалер имаше фантастична сезона во дресот на Челзи, што ја комплетираше и со одлични игри во дресот на националниот тим. Играњето крај Бекам, Жерард и Лампард сигурно ќе значи и многу слободен простор за Кол, нешто што овој млад фудбалер знае како да го искористи. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Мајкл Овен со 35 постигнати гола се наоѓа на четвртото место на вечната листа на стрелци на англискиот национален тим. Овен има постигнато 14 гола помалку од најдобриот стрелец Боби Чарлтон. Френк Лампард е единствениот член на англиската репрезентација кој има завршено приватно училиште. Доколку не успеел во фудбалската кариера, Лампард ќе бил адвокат. |
|||
a-pin-dim | ТРИНИДАД И ТОБАГО "Фудбалските воини", тотални аутсајдери Огромна беше радоста на 1.3 милиони жители на Тринидад и Тобаго кога оваа селекција триумфираше со 0:1 на гостувањето против Бахреин. Овој минимален триумф значеше дека "фудбалските воини" за првпат во својата историја стигнаа до пласман на еден мундијал. Во Германија оваа репрезентација ќе има можност да си ги одмери силите со елитните светски селекции, иако многумина сметаат дека избраниците на Лео Бенхакер летово ќе се вратат дома со три порази, од Англија, Парагвај и Шведска. Иако тактичката способност на Бенхакер не може да биде негирана од никого, се чини дека овој стратег го извади максимумот од својот тим со самиот пласман на овој мундијал. Фудбалските квалитети на репрезентативците на Тринидад и Тобаго се максимално ограничени. Најголемиот дел од првотимците на оваа репрезентација настапуваат по англиските дивизии. Најдобриот напаѓач Стерн Џон е член на Ковентри, првиот голман Келвин Џек брани за шкотскиот второлигаш Данди, додека најдобриот дефанзивец Марвин Ендрјуз е резерва во шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс. Поради слабиот избор на плејмејкери што го имаше Бенхакер, селекторот мораше да го прекомандува одличниот голгетер Двајт Јорк од нападот во средниот ред. Со тоа пак осетно беше ослабена навалната линија, каде сега единствено Стерн Џон ќе биде посериозна закана за противниците. Сепак, јасно е дека селекторите на Англија, Парагвај и Шведска ќе бидат добро запознаени со овој податок, и најверојатно до директен "фластер" чувар на Џон ќе го неутрализираат овој фудбалер, а со тоа и целиот напад на Тринидад и Тобаго. Неикусноста на одбраната исто така ќе биде многу сериозен проблем за Бенхакер. Репрезентативците на Тринидад и Тобаго имаа проблеми и со потпросечните напаѓачи на Бахреин за време на бараж-средбите за пласман на овој мундијал, и јасно е дека тие многу тешко ќе можат да најдат начин да задржат голгетери од калиброт на Мајкл Овен, Хенрик Ларсон, Златан Ибрахимовиќ, па и Роке Санта Круз. Ако се земат предвид сите овие податоци, јасно е дека Лео Бенхакер и неговите фудбалери ќе бидат презадоволни и со освојување на еден единствен бод на ова Светско првенство. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 10.6.2006 (18ч) Дортмунд Тр. и Тобаго - Шведска 15.6.2006 (18ч) Нирнберг Англија - Тр. и Тобаго 20.6.2006 (21ч) Берлин Парагвај - Тр. и Тобаго ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Тр. и Тобаго - САД 1:2 Гватемала - Тр. и Тобаго 5:1 Тр. и Тобаго - Костарика 0:0 Тр. и Тобаго - Панама 2:0 Мексико - Тр. и Тобаго 1:0 САД - Тр. и Тобаго 1:0 Тр. и Тобаго - Гватемала 3:2 Костарика - Тр. и Тобаго 2:0 Панама - Тр. и Тобаго 0:1 Тр. и Тобаго - Мексико 2:1 ТАБЕЛА 1. САД 10 7 1 2 16:6 22 2. Мексико 10 7 1 2 22:9 22 3. Костарика 10 5 1 4 15:14 16 4. Тр. и Тобаго 10 4 1 5 10:15 13 5. Гватемала 10 3 2 5 16:18 11 6. Панама 10 0 2 8 4:21 2 БАРАЖ-СРЕДБИ ТР. И ТОБАГО - Бахреин 1:1 Бахрен - ТР. И ТОБАГО 0:1 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Тринидад и Тобаго е дебитант на Светските Првенства. ТРИНИДАД И ТОБАГО Население: 1.3 милиони жители Површина: 5.128км2 Главен град: Порт од Спеин Федерација: Тринидад анд Тобаго Фоотбалл Федератион Членка на ФИФА: од 1963 година Најмногу настапи: Ангус Еве (118) Најдобар стрелец: Стерн Џон (64) Најубедлива победа: Тр. и Тобаго - Аруба 11:0 (10.6.1989) Најтежок пораз: Мексико - Тр. и Тобаго 7:0 (8.10.2000) ИДЕАЛЕН ТИМ Џек Греј Лоренс Ендрјуз Е. Џон Едвардс Бирчал Витли Јорк С. Џон Џонс СЕЛЕКТОР ЛЕО БЕНХАКЕР "Стариот лисец" ја знае формулата за успех Бенхакер застана на кормилото на оваа селекција кон средината на овој квалификациски циклус, но успеа да го извлече максимумот од своите фудбалери, кои постигнаа историски успех. Иако има 30-годишна тренерска кариера, интересно е што Бенхакер никогаш професионално не играл фудбал. Првиот тренерски ангажман го имаше во 1972 година во тимот на Камбур. Неговите квалитети беа забележани од челниците на Ајакс, кои во 1979 година го ангажираа за кормилар на холандскиот гигант. Во својата прва сезона на кормилото, Бенхакер му донесе на Ајакс титула во холандскиот шампионат. Овој стручњак имаше неуспешно квалификации за мундијалот во 1986 година со селекцијата на Холандија, а една година подоцна беше ангажиран и како тренер на "големиот" Реал Мадрид (тим со кој освои три титули за три години). Во 1990 година доби втора шанса како селектор на "лалињата", но загуби во втората рунда од селекцијата на Англија. Во последните десетина години Бенхакер работеше во Швајцарија, Мексико, Турција и Холандија, пред да ја прифати понудата да стане селектор на Тринидад и Тобаго, селекција со која постигна фантастичен успех со самиот пласман на овој мундијал. "ЅВЕЗДА" Двајт Јорк Иако е сметан за еден од најталентираните фудбалери на сите времиња што дошле од Карибите, Двајт Јорк доби шанса да се докаже на едно елитно натпреварување дури на крајот од својата кариера. Јорк беше откриен од менаџерот на Астон Вила, Грем Тејлор, во 1989 година за отштета од 120.000 фунти. Тој постигна 97 гола на 288 натпревари за Астон Вила до 1998 година, кога премина во редовите на Манчестер Јунајтед за отштета од 12.8 милиони фунти. Во својата дебитантска сезона на Олд Трафорд тој постигна 29 гола и беше избран за "играч на годината во Премиер-лигата". Иако важеше за еден од најдобрите напаѓачи на Јунајтед, Јорк беше продаден по несогласувањата со сер Алекс Фергусон околу неговиот контроверзен стил на живот. По неуспешните авантури во Блекбурн и Бирмингем, Јорк последната сезона ја мина како член на Сиднеј. ВНИМАВАЈТЕ НА... Ортис Витли Плејмејкерот Витли е еден од само двајцата репрезентативци на Тринидад и Тобаго кој настапува во домашниот шампионат. По доаѓањето на Бенхакер на селекторската функција, Витли стана незаменлив член на оваа репрезентација настапувајќи на сите девет квалификациски средби под водство на Холанѓанинот. Витли во јануари беше на проба во Портсмаут и ги задоволи челниците на овој тим, но реши да остане во Тринидад и Тобаго до завршувањето на мундијалот. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Селекцијата на Тринидад и Тобаго дури осумпати има триумфирано во Карипскиот куп. Тринидад и Тобаго беше на прагот да се пласира на едно Светско првенство во 1974 година. Тогаш во клучниот меч оваа селекција загуби со 2:1 од Хаити, но на оваа средба на Тринидад и Тобаго му беа поништени дури четири гола. |
|||
a-pin-dim | ПАРАГВАЈ Трета среќа за "дедовците" Репрезентацијата на Парагвај важи за една од "најмалерозните" на последните мундијали. Во Франција во 1998 година Парагвајците во осминафиналето загубија на "златен гол" од домашната репрезентација, а четири години подоцна оваа селекција несреќно загуби од Германија, со гол во самиот финиш на Оливер Нојвил. Парагвајската фудбалска јавност очекува оваа селекција годинава да има повеќе среќа, и конечно да успее да остави историски пласман меѓу најдобрите осум светски репрезентации. Сепак, тоа нема да биде нималку лесно ако се земат во предвид проблемите со кои се соочува селекторот Руиз. Најголеми "главоболки" парагвајскиот кормилар ќе има со одбранбената линија. Главниот дефанзивец Карлос Гамара има 35 полни години, и е премногу бавен за да може да се носи со елитните светски голгетери. Најдобриот стрелец во историјата на парагвајската репрезентација, Хозе Кардозо, ќе биде главен адут на Руиз од клупата иако има 35 години, исто колку и Акуња, кој и натаму е стандарден во средниот ред. "Ние имаме репрезентација на 'дедовци'. Немам ништо лично против Гамара, Кардозо и Акуња, но факт е дека тие се далеку од своите најдобри времиња. Требаше да отпатуваме во Германија со далеку помлада и талентирана селекција, да се гради тим за иднината. Вака, немаме шанси да се надеваме за успех", изјави Хозе Луис Чилаверт, легендарниот парагвајски чувар на мрежата. Целиот притисок на средината на теренот ќе падне врз младиот Дос Сантос, кој поседува фантастичен талент, сепак е недокажан на светската фудбалска сцена. Ако на ова се додаде и неизвесноста околку физичката подготвеност на Санта Круз, јасно е дека на Парагвајците ќе им биде потребно чудо ако сакаат да ја минат првата рунда, особено крај фаворитите Англија и Шведска. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 10.6.2006 (15ч) Франкфурт Англија - Парагвај 15.6.2006 (21ч) Берлин Шведска - Парагвај 20.6.2006 (21ч) Кајзерслаутерн Парагвај - Тр. и Тобаго ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Перу - Парагвај 4:1 Парагвај - Уругвај 4:1 Парагвај - Еквадор 2:1 Чиле - Парагвај 0:1 Парагвај - Бразил 0:0 Боливија - Парагвај 2:1 Аргентина - Парагвај 0:0 Парагвај - Венецуела 1:0 Колумбија - Парагвај 1:1 Парагвај - Перу 1:1 Уругвај - Парагвај 1:0 Еквадор - Парагвај 5:2 Парагвај - Чиле 2:1 Бразил - Парагвај 4:1 Парагвај - Боливија 4:1 Парагвај - Аргентина 1:0 Венецуела - Парагвај 0:1 Парагвај - Колумбија 0:1 ТАБЕЛА 1. Бразил 18 9 7 2 35:17 34 2. Аргентина 18 10 4 4 29:17 34 3. Еквадор 18 8 4 6 23:19 28 4. ПАРАГВАЈ 18 8 4 6 23:23 28 5. Уругвај 18 6 7 5 23:28 25 6. Колумбија 18 6 6 6 24:16 24 7. Чиле 18 5 7 6 18:22 22 8. Венецуела 18 5 3 10 20:28 18 9. Перу 18 4 6 8 20:28 18 10. Боливија 18 4 2 12 20:37 14 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Мундијал Пласман Уругвај 1930 1. Рунда Бразил 1950 1. Рунда Шведска 1958 1. Рунда Мексико 1986 Осминафинале Франција 1998 Осминафинале Јапонија/Кореа 2002 Осминафинале ПАРАГВАЈ Население: 6 милиони жители Површина: 406.750км2 Главен град: Асунсион Федерација: Асоциацион Парагуаѕа де Футбол Членка на ФИФА: Од 1921 година Најмногу настапи: Карлос Гамара (104) Најдобар стрелец: Хозе Кардозо (24) Најубедлива победа: Парагвај - Боливија 7:0 (30.4.1949) Најтежок пораз: Аргентина - Парагвај 8:0 (20.10.1926) ИДЕАЛЕН ТИМ Гомез Каниза Барето Камара Касерес Акуња Нуњез Парадес Дос Сантос Санта Круз Куевас СЕЛЕКТОР АНИБАЛ РУИЗ Уругваец на клупата на Парагвај Откако на кормилото на парагвајскиот национален тим го наследи Чезаре Малдини, Уругваецот Анибал Руиз успеа да одолее на нападите на целокупната фудбалска јавност во оваа земја. Руиз беше најмногу напаѓан од страна на Хозе Луис Чилаверт, откако новиот селектор јасно му даде до знаење на искусниот голман дека нема да смета на неговите услуги. Почетоците на својата тренерска кариера Руиз ги имаше во Колумбија, Венецуела, Перу и Костарика. За свој ментор Руиз го имаше фантастичниот стратег Луис Кубиља, со кого во 1979 година триумфираше во Либертадорес Купот со тимот на Олимпија. Во 1992 година кратко време беше и селектор на Ел Салвадор, по што седум години мина на кормилата на неколку мексикански прволигаши. По мундијалот во 2002 година беше назначен за привремена замена за Чезаре Малдини, а на почетокот од 2003 година му беше понуден и перманентен договор за селектор на Парагвај, што тој без размислување го потпиша. "ЅВЕЗДА" Роке Санта Круз Во 1999 година познатиот стратег Јуп Хејнкес изјави: Роке Санта Круз е новиот Марко ван Бастен. Младиот Парагваец имаше фантастични настапи на младинскиот мундијал, по што беше прекомандуван во "А" селекцијата, а нешто подоцна и си осигура трансфер во германскиот гигант Баерн Минхен. Иако квалитетите на овој фудбалер се несомнени, главната дилема во парагвајската јавност е дали Санта Круз ќе биде доволно физички подготвен за мундијалот. Најдобриот парагвајски фудбалер ги скина лигаментите на коленото во октомври минатата година, и дури пред неколку недели успеа да се врати во првиот тим на Баерн. Селекторот Руиз сигурно ќе ризикува и сите натпревари ќе ги започне со својот најдобар фудбалер во нападот, но останува прашањето дали Санта Круз ќе биде доволно "фит" за да одговори на предизвикот, и да го предводи Парагвај до пласман барем до осминафиналето. ВНИМАВАЈТЕ НА... Жулио Дос Сантос Баерн Минхен во јануарскиот преоден рок го ангажираше Жулио Дос Сантос со најава дека младиот Парагваец ќе биде наследникот на Михаел Балак во дресот на Баварците. Дос Сантос не успеа да го импресионира Феликс Магат во првите пет месеци минати во Германија, но сигурно ќе се обиде да го стори тоа со добри игри на мундијалот. Иако станува збор за плејмејкер, Дос Сантос важи за исклучително ефикасен фудбалер. Во својата последна сезона во Парагвај на 33 натпревари за екипата на Черо Портено тој постигна 15 погодоци. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Репрезентацијата на Парагвај има освоено два трофеи на Копа Америка (во 1953 и 1979 година). Олимписката селекција на Парагвај шокираше многумина на Олимписките Игри во Атина, каде го освои второто место (во финалето загуби од Аргентина со 1:0). |
|||
toni_a | pesnata ili himna na prvenstvoto.na povekjeto vi e sigurno poznata,no mozhebi ima i nekoj shto ne ja znae originalot -> http://www.mytempdir.com/652594 miksche -> http://www.mytempdir.com/652616 |
|||
TimeHacker | brazil ke bide shampion | |||
јузер |
Najgolemi shansi imaat, ama jas ne sakam zasto vo tituli ke im begaat mnogu na ostanatite reprezentacii. Posle ke treba da go brkaat za da go stignat. |
|||
TimeHacker | epa jyzer toa e brat. toa e vistina ako Brazil pak stanit shampion ke izbega so +3 tituli .. togas koj ke brkat .. :) ama tipuvam na brazil ima najgolemi shansi i igracite se .. vo forma site.. samo Ronaldinho.. e car | |||
a-pin-dim | АРГЕНТИНА "Гаучосите" атакуваат на големиот трофеј Иако малкумина надвор од Аргентина веруваат дека "гаучосите" ќе можат да стигнат подалеку од четвртфиналето во Германија, фудбалската јавност во оваа земја е максимално оптимистички расположена во пресрет на ова Светско првенство. Аргентинците важат за многу незгодна селекција, која и покрај делумната смена на генерации ќе може да им ги замрси сметките на најголемите фаворити. Еден од главните фактори за ова сигурно ќе биде (не)играњето на Лионел Меси. Младиот фудбалер на Барса нема одиграно официјален натпревар уште од почетокот на март, но од него се очекува да ги предводи "гаучосите" до третата светска титула. Селекторот Пекерман предизвика доста контроверзи со одлуката во квалификациите да им даде шанса на голем број дебитанти, со кои имаше големи успеси на младинските мундијали. И покрај критиките што ги доби, ваквата одлука на Пекерман се покажа како вистински потег. Карлос Тевез според многумина ќе биде "хит" на првенството, а Естебан Камбиасо во младиот Маскерано доби идеален партнер на средината од теренот. Фактот дека има голем број "универзалци" на располагање му дава шанса на Пекерман да ги менува формациите и во текот на еден натпревар. Така, тој може да го игра Меси како класичен напаѓач со засилен среден ред, но и како полушпиц заедно со Тевез, формација во која овие двајца би делувале веднаш зад Хернан Креспо, кому се чини му е загарантирано местото во нападот на Аргентина. Многу ќе се очекува и од Хуан Роман Рикелме, кому настапите на ова СП ќе му бидат идеална препорака за клубовите што сакаат да го ангажираат во текот на летниот преоден рок (најзаинтересирани се Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид). Токму поради Рикелме селекторот Пекерман воопшто не смета во првиот тим на "генијалецот" Аимар од Валенсија, како и на Андрес Д'Алесандро, кој до пред само една година важеше за најталентираниот аргентински фудбалер. Од Пекерман се очекува многу, можеби и титула, но, сепак, најпрвин ќе мора да се отиде чекор понапред во однос на последниот мундијал, кога Аргентинците доживеаја вистинско фијаско со елиминацијата уште во првата рунда. Тешката група со Холандија, Брегот на Слоновата Коска и СЦГ само уште повеќе им ја отежнува работата на "гаучосите", кои не смеат да си дозволат опуштање ако сакат да се пласираат во осминафиналето. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 10.6.2006 (21ч) Хамбург Аргентина - Бр. на Сл. Коска 16.6.2006 (15ч) Гелзенкирхен Аргентина - СЦГ 21.6.2006 (21ч) Франкфурт Холандија - Аргентина ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Аргентина - Чиле 2:2 Венецуела - Аргентина 0:3 Аргентина - Боливија 3:0 Колумбија - Аргентина 1:1 Аргентина - Еквадор 1:0 Бразил - Аргентина 3:1 Аргентина - Парагвај 0:0 Перу - Аргентина 1:3 Аргентина - Уругвај 4:2 Чиле - Аргентина 0:0 Аргентина - Венецуела 3:2 Боливија - Аргентина 1:2 Аргентина - Колумбија 1:0 Еквадор - Аргентина 2:0 Аргентина - Бразил 3:1 Парагвај - Аргентина 1:0 Аргентина - Перу 1:0 Уругвај - Аргентина 1:0 ТАБЕЛА 1. Бразил 18 9 7 2 35:17 34 2. АРГЕНТИНА 18 10 4 4 29:17 34 3. Еквадор 18 8 4 6 23:19 28 4. Парагвај 18 8 4 6 23:23 28 5. Уругвај 18 6 7 5 23:28 25 6. Колумбија 18 6 6 6 24:16 24 7. Чиле 18 5 7 6 18:22 22 8. Венецуела 18 5 3 10 20:28 18 9. Перу 18 4 6 8 20:28 18 10. Боливија 18 4 2 12 20:37 14 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Мундијал Пласман Уругвај 1930 2. Место Италија 1934 1. Рунда Шведска 1958 1. Рунда Чиле 1962 1. Рунда Англија 1966 Четвртфинале Германија 1974 2. Рунда Аргентина 1978 ШАМПИОН Шпанија 1982 2. Рунда Мексико 1986 ШАМПИОН Италија 1990 2. Место САД 1994 Осминафинале Франција 1998 Четвртфинале Јапонија/Кореа 2002 1. Рунда АРГЕНТИНА Население: 38.7 милиони жители Површина: 2.766.890км2 Главен град: Буенос Аирес Федерација: Аргентине Фоотбалл Ассоциатион Членка на ФИФА: Од 1912 година Најмногу настапи: Диего Симеоне (106) Најдобар стрелец: Габриел Батистута (56) Најубедлива победа: Аргентина - Еквадор 12:0 (22.1.1942) Најтежок пораз: Чехословачка - Аргентина 6:1 (15.6.1958) ИДЕАЛЕН ТИМ Абонданзиери Занети Самуел Ајала Хајнце Камбиасо Маскерано Сорин Рикелме Меси Креспо СЕЛЕКТОР ХОЗЕ ПЕКЕРМАН Прва шанса со сениорите Хозе Пекерман имаше сосема скромна играчка кариера бидејќи без некој поголем успех настапуваше во средниот ред на Аргентинос Јуниорс и Индепедиенте Меделин од Колумбија. Својата тренерска кариера ја почна во младинските категории на Чакарита, по што извесно време мина во Чиле, во тимот на Коло Коло. Кога беше ангажиран за селектор на младинските селекции на Аргентина, голем број "стручњаци" се сомневаа во неговите способности. Сепак, Пекерман успеа со "гаучосите" да стигне до титулата светски првак во 1995, 1997 и 2001 година, што беше одлична препорака за да добие шанса и со сениорската репрезентација. Првата понуда до него пристигна во 1998 година, но тогаш Пекерман самиот го препорача Марсело Биелса решавајќи да продолжи да работи со младинската селекција. Кога во 2004 година на Биелса му беше врачен отказ, Пекерман реши да ја прифати новата понуда и застана на кормилото на "гаучосите". "ЅВЕЗДА" Лионел Меси Иако во последните два месеци поради повреди нема ниту еден настап за тимот на Барселона, сите очекуваат Лионел Меси да биде во топ-форма на ова Светско првенство. Иако има само 18 години, младиот Аргентинец сезонава покажа дека станува збор за вистинско "чудо од дете". Тренинзите со Роналдињо очигледно имаа дадено плод бидејќи Меси не само што има фантастична контрола на топката, туку и неверојатно чувство за гол во противничкиот шеснаесетник. "Мило ми е што можам да кажам дека имам наследник во аргентинската репрезентација. Тоа е Лионел Меси", изјави неодамна Диего Армандо Марадона. Ваквата изјава на легендарниот фудбалер на сите времиња е најдобра можна потврда за вонсериските квалитети на Меси, што младиот Аргентинец сигурно ќе ги покаже и во Германија. ВНИМАВАЈТЕ НА... Карлос Тевез Карлос Тевез изненади многумина со одлуката место да се пресели во Европа, тој реши да ја прифати понудата на Коринтијанс. Ова се покажа како фантастична одлука, бидејќи Тевез две години по ред е избран за најдобар фудбалер во Јужна Америка. Се чини дека летово ќе биде идеално за Тевез да си обезбеди мултимилионски трансфер на Стариот Континент, а настапите и головите на мундијалот ќе му помогнат неговата цена уште повеќе да порасне. Иако најверојатно нема да биде стандарден првотимец во таборот на "гаучосите", Тевез важи за фудбалер кој може да го смени текот на мечот дури и ако влезе во игра во самиот финиш. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Кога ја заврши својата професионална играчка кариера, Хозе Пекерман околу две години работеше како таксист пред да почне со тренерскиот занает. Хернан Креспо беше најдобар стрелец на "гаучосите" во квалификациите со 7 постигнати гола. Попрецизен од него во Јужна Америка беше единствено Роналдо, кој постигна 10 погодоци за "кариоките". |
|||
a-pin-dim | БРЕГ НА СЛОНОВА КОСКА "Слоновите" (не)подготвени за предизвикот Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска со многу среќа успеа да си обезбеди пласман на овој мундијал. "Слоновите" разочараа губејќи на домашен терен од Камерун во мечот што беше окарактеризиран како клучен во нивната квалификациска група. Сепак, Дрогба и соиграчите се пласираа на Светското Првенство благодарение на ремито на Камерунците на домашен терен против Египет, меч на кој Џереми во последната минута не реализираше пенал. Среќата што "слоновите" ја имаа во квалификациите не се пренесе и во ждребот, бидејќи за противници во првата рунда добија три квалитетни селекции, Аргентина, Холандија и Србија и Црна Гора. Главен адут на селекторот Анри Мишел сигурно ќе биде Дидие Дрогба, кој со девет постигнати погодоци беше и најдобар стрелец во квалификациите. Дрогба беше во главна улога и на Купот на Африкански Нации, каде "слоновите" загубија во финалето од Египет. Интересно е што во оваа селекција има огромна конкуренција кога станува збор за место во нападот. Во квалификациите шанса да му биде партнер на Дрогба најчесто добиваше Аруна Диндане, напаѓачот на Ленс кој поради трагична смрт на неговата ќерка го пропушти Купот на Африкански Нации. Диндане најверојатно ќе биде "стартер" на мундијалот, додека шанса во второто полувреме ќе очекуваат Бонавентуре Калу од ПСЖ и Аруне Коне, фудбалерот што имаше одлична сезона во дресот на ПСВ Ајндховен. Главна слабост на "слоновите" е нестабилноста на одбраната, каде Анри Мишел никако не успева да пронајде квалитетен партнер за стандардниот Коло Туре. Сериозен проблем претставува и несигурноста на првиот голман Тизие, кој не е најсигурен ниту при нафрлените топки, ниту при слободните удари од дваесетина метри на противничките фудбалери. Притисокот на средината од теренот воглавно ќе падне врз Дидие Зокора, кој имаше серија одлични настапи во дресот на Сент Етјен. Заинтересирани за услугите на Зокора се Арсенал и Манчестер Јунајтед, па Светското Првенство е одлична можност овој фудбалер да си ја покачи цената на фудбалската берза. Истото важи и за младиот Јаја Туре, член на Олимпијакос за чии услуги во текот на оваа сезона заинтересираност искажаа неколку европски гиганти. Неискуството може да биде клучен фактор за пласманот на Брегот на Слоновата Коска на овој мундијал, особено ако се земат во предвид гигантите кои "слоновите" мораат да ги совладаат доколку сакаат да се пласираат во втората рунда натпревари. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 10.6.2006 (21ч) Хамбург Аргентина - Бр. на Сл. Коска 16.6.2006 (18ч) Штутгарт Холандија - Бр. на Сл. Коска 21.6.2006 (21ч) Минхен Бр. на Сл. Коска - СЦГ ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Бр. на Сл. Коска - Либија 2:0 Египет - Бр. на Сл. Коска 1:2 Камерун - Бр. на Сл. Коска 2:0 Бр. на Сл. Коска - Судан 5:0 Бенин - Бр. на Сл. Коска 0:1 Бр. на Сл. Коска - Бенин 3:0 Либија - Бр. на Сл. Коска 0:0 Бр. на Сл. Коска - Египет 2:0 Бр. на Сл. Коска - Камерун 2:3 Судан - Бр. на Сл. Коска 1:3 ТАБЕЛА 1. Бр. на Сл. Коска 10 7 1 2 20:7 22 2. Камерун 10 6 3 1 18:10 21 3. Египет 10 5 2 3 26:15 17 4. Либија 10 3 3 4 8:10 12 5. Судан 10 1 3 6 6:22 6 6. Бенин 10 1 2 7 9:23 5 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Оваа репрезентација е дебитант на Светските Првенства. БРЕГ НА СЛОНОВА КОСКА Население: 16,96 милиони жители Површина: 322.460км2 Главен град: Јамусукро Федерација: Федератион Ивоириенне де Фоотбалл Членка на ФИФА: Од 1960 година Најмногу настапи: / Најдобар стрелец: / Најубедлива победа: Бр. на Сл. Коска - Мадагаскар 6:0 (1.7.2001) Најтежок пораз: Бр. на Сл. Коска - Гана 2:6 (6.7.1974) ИДЕАЛЕН ТИМ Тизие Ебуе Кусаи К. Туре Бока Фае Зокора Ј. Туре Акале Дрогба Аруна СЕЛЕКТОР АНРИ МИШЕЛ Одличен играч, одличен стручњак Анри Мишел имаше и импресивна кариера како фудбалер. Тој мина 16 сезони во дресот на Нант, екипа со која дојде до три шампионски титули во француското првенство. Одличните настапи за "канаринците" беа забележани од францускиот селектор, па Мишел има и 58 одиграни средби во дресот на "триколорите". Кога ја заврши професионалната кариера во 1980 година, тој започна да работи во Француската Фудбалска Федерација. Во 1984 година ги предводеше "триколорите" до златниот медал на Олимписките Игри во Лос Анџелес. Веднаш потоа тој доби шанса и како селектор на сениорите на Франција, селекција со која на мундијалот во 1986 година стигна до третото место. Во деведесеттите години тој имаше низа авантури на Блискиот Исток и во Африка, седејќи на клупата на Саудиска Арабија, Мароко, Тунис и Обединетите Арапски Емирати. На кормилото на "слоновите" пристигна во март 2004 година, наследувајќи го на селекторската функција Роберт Нузарет. "ЅВЕЗДА" Дидие Дрогба Убедливо најдобар поединец во селекцијата на Брегот на Слоновата Коска сигурно е Дидие Дрогба. Дрогба е единствениот од оваа репрезентација што ниту во еден дел од својата кариера не настапувал за тим од татковината. Фудбалската едукација на Дрогба уште од најрана возраст започна под надзор на неговиот вујко Мишел Гоба, кој како играч настапуваше за неколку француски нисколигаши. Иако на стартот од кариерата беше десен бек, токму на инсистирање на Гоба, Дидие Дрогба беше прекомандуван во навалната линија. На 16-годишна возраст Дрогба потпиша за амтерскиот тим Левалиос, од каде по четири години премина во Ле Ман. На 60 средби за овој тим постигна само 11 гола, по што замина во редовите на Гингамп. Дрогба "експлодираше" во оваа екипа, постигнувајќи 17 погодоци во сезоната 2002/03. Тоа му обезбеди трансфер во Олимпик Марсеј, екипа на која e помогна да стигне и до финалето на Купот на УЕФА. Сепак, Хозе Мурињо не жалеше пари за да го доведе во Челзи, па Дрогба во последните две сезони е дел од шампионскиот тим од Стемфорд Бриџ. ВНИМАВАЈТЕ НА... Емануел Ебуе Емануел Ебуе неколку сезони настапуваше за белгискиот Беверен, од каде доби покана да дојде на проба во Арсенал. Младиот дефанзивец го импресионираше Арсен Венгер, одигра одлично и на престижниот турнир во Амстердам, по што сосема заслужено му беше понуден договор со "топчиите". По повредата на Камерунецот Лоре, Ебуе во последните неколку месеци доби шанса во првиот тим на Арсенал и не разочара. Токму неговите одлични игри против Реал Мадрид (Робињо), Јуве (Муту и Недвед) и Виљареал (Сорин) придонесоа Арсенал да стигне и до големото финале во ЛШ, каде Ебуе го очекуваат дуели со најдобриот фудбалер на денешницата, Роналдињо. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Иако Фудбалската Федерација на оваа земја беше основана во 1960 година, Брегот на Слоновата Коска почна да игра квалификации дури 14 години подоцна. Брегот на Слоновата Коска има само еден триумф на досегашните Купови на Африкански Нации (во 1992 година). Во финалето од ова натпреварување "слоновите" на пенали ја совладаа Гана со резултат 12:11. |
|||
a-pin-dim | ШВЕДСКА "Викинзите" способни за изненадување Во своето единаесетто учество на Светските Првенства, репрезентативците на Шведска се надеваат на поголем успех отколку пред четири години, кога во осминафиналето загубија од аутсајдерот Сенегал (со "златен гол"). Причина за оптимизам на шведската јавност е големиот број млади и максимално талентирани фудбалери што селекторот Лагербак ќе ги има на располагање за овој мундијал. Голманот Исаксон важи за еден од најталентираните чувари на мрежата во Европа. Тој пристигна во редовите на Рен како замена за Петр Чех по неговиот трансфер во Челзи, и експресно ги оправда очекувањата. Сега заинтересирани за услугите на Исаксон се голем број европски гиганти. Во средниот ред Ким Калстром се наметнува како нов лидер на репрезентацијата. Сепак, одлична вест за Лагербак е што Фреди Љунгберг во последните неколку месеци нема проблеми со повредите и ќе биде максимално "фит" за да може да го даде максимумот на сите натпревари. Најсилен дел од оваа репрезентација сигурно е нападот. Незаменливиот Хенрик Ларсон се согласи да настапува за "викинзите" и на ова елитно натпреварување, и заедно со Златан Ибрахимовиќ сигурно ќе им создава огромни проблеми на противничките дефанзивци. Се чини дека најслаб дел од шведскиот национален тим е одбранбената линија. "Викинзите" веќе подолго време не успеваат да најдат адекватни замени за Патрик Андерсон и Јоаким Бјорклунд. Олаф Мелберг веќе го стигнаа годините и тешко се носи со брзоногите напаѓачи, а и неговиот партнер во одбраната, Теди Лучич, не делува најсигурно во овие квалификации. Швеѓаните се пласираа на овој мундијал како најдобра второпласирана селекција, славејќи на осум од десетте натпревари (двапати загубија од Хрватска). Токму поразите од "коцкастите" покажаа низа слаби точки во таборот на Шведска, кои многу тешко стигнуваат до противничкиот гол кога противникот игра "бункер" (и особено ако има брзи напаѓачи и крилни фудбалери). Доколку Лагербак најде решение за овие проблеми, Шведска може да се надева не изненадување и пласман меѓу осумте најдобри селекции во светот. Доколку тоа не се случи, "викинзите" би можеле да се мачат и против аутсајдерите во групата, селекциите на Парагвај и Тринидад и Тобаго. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 10.6.2006 (18ч) Дортмунд Тр. и Тобаго - Шведска 15.6.2006 (21ч) Берлин Шведска - Парагвај 20.6.2006 (21ч) Келн Шведска - Англија ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Малта - Шведска 0:7 Шведска - Хрватска 0:1 Шведска - Унгарија 3:0 Исланд - Шведска 1:4 Бугарија - Шведска 0:3 Шведска - Малта 6:0 Шведска - Бугарија 3:0 Унгарија - Шведска 0:1 Хрватска - Шведска 1:0 Шведска - Исланд 3:1 ТАБЕЛА 1. Хрватска 10 7 3 0 21:5 24 2. ШВЕДСКА 10 8 0 2 30:4 24 3. Бугарија 10 4 3 3 17:17 15 4. Унгарија 10 4 2 4 13:14 14 5. Исланд 10 1 1 8 14:27 4 6. Малта 10 0 3 7 4:32 3 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Италија 1934 Четвртфинале Франција 1938 4. Место Бразил 1950 3. Место Шведска 1958 2. Место Мексико 1970 1. Рунда Германија 1974 2. Рунда Аргентина 1978 1. Рунда Италија 1990 1. Рунда САД 1994 3. Место Јапонија/Ј. Кореа 2002 Осминафинале ШВЕДСКА Население: 8.88 милиони жители Површина: 449.964км2 Главен град: Стокхолм Федерација: Свенска Фотболлфурбундет Членка на ФИФА: од 1904 година Најмногу настапи: Томас Равели (143) Најдобар стрелец: Свен Ридел (49) Најубедлива победа: Шведска - Летонија 12:0 (29.5.1927) Најтежок пораз: Англија аматери - Шведска 12:1 (20.10.1908) ИДЕАЛЕН ТИМ Исаксон Остлунд Мелберг Лучич Едман Линдерот Калстром Љунгберг Вилхелмсон Ибрахимовиќ Ларсон СЕЛЕКТОР ЛАРС ЛАГЕРБАК Конечно, сам "газда" Ова ќе биде прво елитно натпреварување на кое Ларс Лагербак ќе ја има соло-улогата да биде селектор на Швеѓаните. На последните светски и европски собири Лагербак работеше заедно со Томи Содерберг, кој по ЕВРО 2004 реши да се повлече и му ја остави функцијата на својот "партнер". Лагербак како играч настапуваше за нисколигашите Гимонас и Алби, за да во 1977 година ја започне својата тренерска кариера на кормилото на Килофарс. Овој стручњак започна да работи со националниот тим во 1990 година, кога беше назначен за селектор на јуниорите. Наградата за добрата работа стигна подоцна, кога Лагербак беше назначен за кормилар на "Б" селекцијата, а нешто подоцна и за помошник на селекторот Томи Свенсон. Во октомври 1997 година на Свенсон му беше врачен отказ, и на негово место беше именуван Содерберг. Сепак, Содерберг во 1999 година побара да работи "партнерски" со Лагербак. Следеше разочарување на ЕВРО 2000, па елиминација во осминафиналето од мундијалот во 2002 година (од Сенегал), и пораз во четвртфиналето од ЕВРО 2004 од Холандија на пенали. Сега од Лагербак се очекува да направи чекор понапред, и "викинзите" да се вмешаат во борбата за највисок пласман. "ЅВЕЗДА" Златан Ибрахимовиќ Со своите фантастични игри во последните две сезони Златан Ибрахимовиќ успеа да го преземе од Хенрик Ларсон епитетот "прва ѕвезда" на шведскиот национален тим. Ибрахимовиќ своето деби за "викинзите" го имаше во 2001 година на средбата со Фарските Острови, а се најде и на списокот на Содерберг и Лагербак за мундијалот во Јапонија и Јужна Кореа. Сепак, Златан не доби премногу шанси да импресионира на овој мундијал, па се сконцентрира на настапите во дресот на Ајакс. На ЕВРО 2004 постигна фантастичен погодок на натпреварот против Италија, што беше одлична препорака за неговиот трансфер во Јувентус, што се реализираше во последниот ден од преодниот рок во август 2004 година. Проблемите што ги има со Фабио Капело во последно време ќе бидат само мотив повеќе за Ибрахимовиќ да се докаже на репрезентативен план, и да си осигура трансфер во некој од европските гиганти што ионака се заинтересирани за неговите услуги (пред сe Челзи и Реал Мадрид). ВНИМАВАЈТЕ НА... Ким Калстром Селекторот Лагербак улогата да биде главен организатор на играта на Швеѓаните му ја додели на 23-годишниот Ким Калстром. Станува збор за фантастичен плејмејкер, кој по двете освоени титули со тимот на Дјургарден беше желба на неколку европски гиганти, но сепак реши да ја прифати понудата на Рен, тим каде што имаше можност уште повеќе да напредува во кариерата. Калстром и оваа година е главен играч на Рен, и меѓу најзаслужните што оваа екипа е во трка за учество во ЛШ за идната сезона. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Златан Ибрахимовиќ постигна седум погодоци за шведскиот национален тим во квалификациите за овој мундијал. Во првиот официјален натпревар што го одигра, репрезентацијата на Шведска ја прегази Данска со 11:3. Овој меч се одигра на 12 јули 1908 година. |
|||
a-pin-dim | СРБИЈА И ЦРНА ГОРА Некои нови "сини" момци По заминувањето на Пикси, Савичевиќ, Мијатовиќ и останатите мега-ѕвезди на југословенскиот фудбал во пензија, сосема нормално беше да дојде и до криза во репрезентацијата на Србија и Црна Гора. Сепак, по двата неуспешни квалификациски циклуси (за мундијалот во 2002 и ЕВРО 2004), селекторот Илија Петковиќ е најзаслужен што фудбалските навивачи од оваа земја повторно имаат причина за оптимизам. Малкумина им даваа шанса на "сините" во пресрет на овие квалификации, ако се знае дека за противници во групата ги имаа фаворизираните Шпанци, но и секогаш незгодните Белгијци и Литванци. Сепак, Петковиќ успеа целосно да ја смени фудбалската филозофија на селекцијата на СЦГ, па сега "сините" играат далеку подефанзивно од вообичаено. Селекторот успеа да создаде непробојна одбранбена линија составена од Крстајиќ и Видиќ како централни дефанзивци, и Гавранчиќ и Драгутиновиќ на бековската позиција. Петковиќ изненади многумина и со одлуката да му даде шанса на младиот Огњен Короман на позицијата десно крило. Овој фудбалер токму благодарение на одличните игри во националниот тим зимава си обезбеди трансфер во редовите на Портсмаут, а можно е со добри настапи на мундијалот Короман кариерата да ја продолжи и во дресот на некој од поголемите европски клубови (заинтересирани за неговите услуги беа Бенфика и Ливерпул). За откровение на Петковиќ во овие квалификации важи и Никола Жигиќ. Високиот напаѓач на Црвена Звезда се покажа како идеален партнер во нападот за Матеја Кежман, одлично "спуштајќи" ги високите нафрлени топки за голгетерот на Атлетико Мадрид. Со своите одлични игри Жигиќ успеа да се избори за место во првиот тим пред најдобриот стрелец во историјата на СЦГ, Саво Милошевиќ, како и пред Даниел Љубоја, фудбалер кој важи за "џокер" на Петковиќ во второто полувреме. Единствена слабост на "сините" може да претставува недоволното искуство при одигрувањето на "големи" натпревари, нешто што ќе може да им се одмазди против противници како што се Аргентина и Холандија. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 11.6.2006 (15ч) Лајпциг СЦГ - Холандија 16.6.2006 (15ч) Гелзенкирхен Аргентина - СЦГ 21.6.2006 (21ч) Минхен Бр. на Сл. Коска - СЦГ ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Сан Марино - СЦГ 0:3 БИХ - СЦГ 0:0 СЦГ - Сан Марино 5:0 Белгија - СЦГ 0:2 СЦГ - Шпанија 0:0 СЦГ - Белгија 0:0 СЦГ - Литванија 2:0 Шпанија - СЦГ 1:1 Литванија - СЦГ 0:2 СЦГ - БИХ 1:0 ТАБЕЛА 1. СЦГ 10 6 4 0 16:1 22 2. Шпанија 10 5 5 0 19:3 20 3. БИХ 10 4 4 2 12:9 16 4. Белгија 10 3 3 4 16:11 12 5. Литванија 10 2 4 4 8:9 10 6. Сан Марино 10 0 0 10 2:40 0 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Мундијал Пласман Уругвај 1930 Полуфинале Бразил 1950 1. Рунда Шведска 1958 Четвртфинале Чиле 1962 4. Место Германија 1974 Втора рунда Италија 1990 Четвртфинале Франција 1998 Осминафинале СРБИЈА И ЦРНА ГОРА Население: 10,66 милиони жители Површина: 102.350км2 Главен град: Белград Федерација: Фоотбалл Ассоциатион оф Сербиа анд Монтенегро Членка на ФИФА: Од 1919 година Најмногу настапи: Саво Милошевиќ (97) Најдобар стрелец: Саво Милошевиќ (35) Најубедлива победа: Ф. Острови - Југославија 1:8 (6.10.1996) Најтежок пораз: Холандија - Југославија 6:1 (25.6.2000) ИДЕАЛЕН ТИМ Јевриќ Гавранчиќ Крстајиќ Видиќ Драгутиновиќ Дуљај Станковиќ Ѓорѓевиќ Короман Кежман Жигиќ СЕЛЕКТОР ИЛИЈА ПЕТКОВИЌ Овој мундијал претставува враќање во минатото за Петковиќ, кој беше дел и од последното Светско првенство што се одржа во Германија. Петковиќ имаше пет настапи на мундијалот во 1974 година за селекцијата на Југославија постигнувајќи и еден гол при убедливиот триумф од 9:0 над Заир. Најголемиот дел од својата играчка кариера го мина во дресот на ОФК Београд, екипа за која имаше преку 500 настапи. Токму во ОФК Петковиќ ја започна и тренерската кариера, по што замина во Сервет, тим со кој стигна до титулата во швајцарското првенство. Овој стручњак му беше помошник на Сантрач на мундијалот во 1998 година, а во јули 2000 беше именуван за селектор, на местото на Вујадин Бошков. Сепак, само неколку месеци подоцна Петковиќ замина во Кина на кормилото на Шангај Шенхуа. Три години подоцна, по оставката на Дејан Савичевиќ, Петковиќ повторно прифати да биде селектор на "сините", и приреди големо изненадување со пласманот на првото место во квалификациите, пред фаворизираната селекција на Шпанија. "ЅВЕЗДА" Матеја Кежман Иако играше во доста променлива форма во дресот на Атлетико Мадрид, Матеја Кежман е еден од оние фудбалери кои своите најдобри настапи секогаш ги бележат на репрезентативно ниво. Овој голгетер беше најдобар стрелец на "сините" во квалификациите, и се наметна како нов лидер на репрезентацијата, преземајќи ја таа улога од Дејан Станковиќ. Кежман со својата брзина е способен да им создава огромни проблеми на противничките дефанзивци, особено кога игра крај високиот Никола Жигиќ. Дополнителен мотив на Кежман ќе му биде желбата да се "извади" за фијаското на неговиот настап на последното елитно натпреварување на "сините". На ЕВРО 2000 Кежман беше исклучен само неколку минути по влегувањето во игра на мечот со Норвешка, спомени што овој фудбалер ќе може да ги избрише само со добра игра и голови на претстојниот мундијал. ВНИМАВАЈТЕ НА... Даниел Љубоја Даниел Љубоја имаше доста проблеми во дресот на ПСЖ, но се врати во голгетерска форма по трансферот во Штутгарт во јануарскиот преоден рок. Иако нема да биде стандарден во првиот тим на "сините", Љубоја е тип на фудбалер кому не му е потребно многу време, ниту место за да им создаде проблеми на противничките дефанзивци. Затоа, овој играч сигурно ќе добие шанса од Петковиќ во второто полувреме од речиси сите натпревари во Германија. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Репрезентацијата на Србија и Црна Гора нема загубено ниту еден официјален натпревар под водство на Илија Петковиќ. СЦГ не прими гол на седум натпревари по ред во својата група, што е нов светски рекорд во мундијалските квалификации. |
|||
a-pin-dim | ХОЛАНДИЈА "Лалињата" ќе процветаат во Германија Откако доста несреќно го пропушти последниот мундијал во Јапонија и Јужна Кореја, репрезентацијата на Холандија повторно е дел од елитниот светки фудбалски собир. "Лалињата" обезбедија учество на овој мундијал навистина импресивно, со две победи над силната селекција на Чешка. Интересно е што "лалињата" во првата квалификациска група ги "прегазија" сите противници, освен Македонија. Нашиот национален тим одигра 2:2 на дуелот во Скопје, а ремизираше и во Амстердам, играјќи 0:0. Сепак, на овој меч веќе сe беше познато, а селекторот Марко ван Бастен веќе почна со испробувањето на тактиките за ова Светско првенство. Се чини дека токму Ван Бастен е најзаслужниот за оваа преродба на холандската фудбалска федерација. Легендата на холандскиот фудбал се покажа и како фантастичен стратег враќајќи го офанзивниот менталитет во играта на "лалињата". Вклучувањето на Рафаел ван дер Варт (чиј настап на мундијалот е неизвесен поради повреда), Весли Снајдер, Дирк Кујт и Калид Буларуж внесе свежина во холандскиот национален тим. Особено важен е Кујт, кој подеднакво добро се снаоѓа и како полушпиц зад Ван Нистелрој, но и како крилен фудбалер (и по левата и по денсата страна) во формација со тројца офанзивни играчи. Интересно ќе биде да се види дали Ван Бастен ќе успее во најде тимот за уште еден млад фудбалер. Станува збор за Јан Хунтелар, кој имаше одлична сезона и на 34 натпревари за Херенвен и Ајакс постигна фантастични 33 погодоци. Најголема слабост на "лалињата" е недоволното искуство на одбранбените фудбалери. Марко ван Бастен нема на располагање стабилен дефанзивец како што тоа беше случај со Франк де Бур и Јап Стам во минатото, а прашање е дали максимално талентираниот Буларуж ќе одговори на предизвикот на едно вака големо натпреварување. Партнер во одбраната на Буларуж ќе му биде Матијсен од редовите на АЗ Алкмар, а "лалињата" ќе немаат којзнае каков избор ниту на клупата за резерви, каде Ван Бастен ќе ги има Кромкамп од Ливерпул, Емануелсон и Мадуро од Ајакс, како и Рон Влар, член на Феенорд. Сите овие "анонимуси" јасно потврдуваат дека "лалињата" ќе се мачат да ги запрат противничките напади, па затоа главна цел на Ван Бастен и неговите "пулени" ќе биде да се постигне гол повеќе од противникот, сосема нормално кога на располагање се имаат Робен, Кујт, Ван дер Варт, Ван Нистелрој и уште многу квалитетни напаѓачи. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 11.6.2006 (15ч) Лајпциг СЦГ - Холандија 16.6.2006 (18ч) Штутгарт Холандија - Бр. на Сл. Коска 21.6.2006 (21ч) Франкфурт Холандија - Аргентина ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ ХОЛАНДИЈА - ЧЕШКА 2:0 МАКЕДОНИЈА - ХОЛАНДИЈА 2:2 ХОЛАНДИЈА - ФИНСКА 3:1 АНДОРА - ХОЛАНДИЈА 0:3 РОМАНИЈА - ХОЛАНДИЈА 0:2 ХОЛАНДИЈА - ЕРМЕНИЈА 2:0 ХОЛАНДИЈА - РОМАНИЈА 2:0 ФИНСКА - ХОЛАНДИЈА 0:4 ЕРМЕНИЈА - ХОЛАНДИЈА 0:1 ХОЛАНДИЈА - АНДОРА 4:0 ЧЕШКА - ХОЛАНДИЈА 0:2 ХОЛАНДИЈА - МАКЕДОНИЈА 0:0 ТАБЕЛА 1. ХОЛАНДИЈА 12 10 2 0 27:3 32 2. ЧЕШКА 12 9 0 3 35:12 27 3. РОМАНИЈА 12 8 1 3 20:10 25 4. ФИНСКА 12 5 1 6 21:19 16 5. МАКЕДОНИЈА 12 2 3 7 11:24 9 6. ЕРМЕНИЈА 12 2 1 9 9:25 7 7. АНДОРА 12 1 2 9 4:34 5 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Мундијал Пласман Италија 1934 1. Рунда Франција 1938 1. Рунда Германија 1974 2. Место Аргентина 1978 2. Место Италија 1990 Осминафинале САД 1994 Четвртфинале Франција 1998 4. Место ХОЛАНДИЈА Население: 16,15 милиони жители Површина: 41.526км2 Главен град: Амстердам Федерација: Конинклијке Недерландсе Воетбалбонд Членка на ФИФА: Од 1904 година Најмногу настапи: Франк де Бур (112) Најдобар стрелец: Патрик Клајверт (40) Најубедлива победа: Холандија - Норвешка 9:0 (1.11.1972) Најтежок пораз: Холандија - Англија аматери 2:12 (1.4.1907) ИДЕАЛЕН ТИМ Ван дер Сар Хеитинга Ван Бронкхорст Буларуж Матијсен Ван Бомел Коку Робен Снајдер Кујт Ван Нистелрој СЕЛЕКТОР МАРКО ВАН БАСТЕН Миленик на Холанѓаните За разлика од Јирген Клинсман и проблемите што германскиот селектор ги има со германската фудбалска јавност, Марко ван Бастен може да се пофали дека ја има целосната поддршка на холандските навивачи. Иако нема некое поголемо тренерско искуство (работеше само со младинците на Ајакс), Ван Бастен веднаш ги придоби симпатиите на фудбалската јавност во својата земја. Веднаш по неговото преземање на националниот тим, шанса во таборот на "лалињата" добија неколку млади фудбалери од кои се очекува да ги предводат "лалињата" во Германија. Откажувањето од услугите на Сидорф, Клајверт, Макај и Давидс не предизвика огромна бура реакции како што се очекуваше, најмногу поради фактот дека помладите фудбалери ги оправдаа очекувањата, и предизвикаа оптимизам во пресрет на овој мундијал. Впрочем, Холанѓаните имаат и причина за такво нешто откако не претрпеа ниту еден пораз. "ЅВЕЗДА" Руд ван Нистелрој Во последните неколку месеци Руд ван Нистелрој имаше сериозни проблеми со сер Алекс Фергусон, што кулминираа со негово заминување од Олд Трафорд неколку часа пред одигрувањето на последниот меч против Чарлтон. Сепак, и покрај проблемите на клупски план, Ван Нистелрој и натаму е главен адут на Марко ван Бастен кога станува збор за навалната линија на "лалињата". Искусниот напаѓач во просек постигнува по еден гол на секои два натпревари за националниот тим, а неговите погодоци сигурно ќе бидат драгоцени во борбата не само да се мине првата рунда туку и да се стигне што подалеку на овој мундијал. Во моментов најзаинтересирани за услугите на Ван Нистелрој се просечните тимови на Тотенхем и Њукасл, но ова Светско првенство е одлична можност за голгетерот со добри игри да им се препорача и на некои од европските фудбалски гиганти кои летово ќе бараат да ангажираат елитни напаѓачи. ВНИМАВАЈТЕ НА... Дирк Кујт Дирк Кујт изненади многумина со одлуката што ја донесе во август, кога реши да остане во Феенорд и покрај понудите од неколку европски гиганти. Сепак, тоа се покажа како исправен потег бидејќи капитенот на Феенорд имаше фантастична сезона во холандското првенство, надополнета со одлични настапи и во националниот тим. Кујт се избори за местото стандарден првотимец на Холандија, и одлично се вклопува во формацијата на Ван Бастен, како полушпиц зад Ван Нистелрој. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Холанѓанецот Ерни Брандтс е единствениот фудбалер што на еден ист мундијалски меч успеал да постигне и погодок, и автогол. Тоа му успеа на мечот со Италија во 1978 година, што "лалињата" го добија со 2:1. "Лалињата" воопшто не се пласираа на последниот мундијал во Јапонија и Јужна Кореја, откако завршија само трети во својата квалификациска група, зад Португалија и Република Ирска. |
|||
a-pin-dim | МЕКСИКО Мексиканците сонуваат за четвртфинале Мексико важи за најстабилна и најквалитетна репрезентација во Средна Америка во последните дваесетина години. Оваа селекција е редовен учесник на Светските Првенства, но никако не успева да импресионира на елитните собири, каде во последно време по традиција ги завршува своите настапи во осминафиналето. Во 2002 година Мексиканците загубија со 2:0 од САД, четири години претходно беа поразени од Германија со 2:1, додека настапите на мундијалот во 1994 година ги завршија со пораз на пенали од селекцијата на Бугарија. Оваа репрезентација во својата историја само два пати се има пласирано во четвртфинале на Светските Првенства, во 1970 и 1986 година, кога мундијалите се одржуваа токму во Мексико. Сега од аргентинскиот стратег Рикардо Лаволпе се очекува да ја одведе оваа репрезентација најмалку еден чекор понапред во однос на претходните три мундијали. Најсилен дел од оваа репрезентација сигурно е одбраната. Рафаел Маркез по потреба може да игра и во средниот ред, но Лаволпе инсистира тој да биде предводник на одбранбената линија, знаејќи дека голманот Санчез ќе има многу работа на овој мундијал. Сепак, главен проблем за Мексиканците ќе претставува нападот, каде Лаволпе го има единствено Јаред Боргети како проверен голгетер. Ниту еден од партнерите на Боргети во последните 12 месеци не ја оправда довербата на селекторот, па затоа крајно изненадувачка беше одлуката на Лаволпе на списокот за мундијалот да не го стави Бланко, фудбалер што беше стандарден во националниот тим во последните пет-шест години. "Лаволпе ме мрази бидејќи имавме лични несогласувања на клупски план. Тоа е глупаво, бидејќи тој сега е селектор и треба да мисли на доброто на репрезентацијата. Да се каже дека јас не се вклопувам во неговиот систем е многу глупаво", изјави Бланко, кој според некои шпекулации дури му испраќал и смртни закани на мексиканскиот селектор. Доколку Мексико успее да направи добар резултат на мундијалот, Бланко сигурно многу брзо ќе биде заборавен. Но доколку тоа не се случи, притисокот врз селекторот ќе биде огромен, па Лаволпе ќе биде принуден да си поднесе оставка доколку Мексиканците разочараат и не се пласираат во втората рунда од ова Светско Првенство. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 11.6.2006 (18ч) Нирнберг Мексико - Иран 16.6.2006 (21ч) Штутгарт Мексико - Ангола 21.6.2006 (16ч) Гелзенкирхен Португалија - Мексико ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Костарика - Мексико 1:2 Мексико - САД 2:1 Панама - Мексико 1:1 Гватемала - Мексико 0:2 Мексико - Тр. и Тобаго 2:0 Мексико - Костарика 2:0 САД - Мексико 2:0 Мексико - Панама 5:0 Мексико - Гватемала 5:2 Тр. и Тобаго - Мексико 2:1 ТАБЕЛА 1. САД 10 7 1 2 16:6 22 2. Мексико 10 7 1 2 22:9 22 3. Костарика 10 5 1 4 15:14 16 4. Тр. и Тобаго 10 4 1 5 10:15 13 5. Гватемала 10 3 2 5 16:18 11 6. Панама 10 0 2 8 4:21 2 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Мундијал Пласман Уругвај 1930 1. Рунда Бразил 1950 1. Рунда Швајцарија 1954 1. Рунда Шведска 1958 1. Рунда Чиле 1962 1. Рунда Англија 1966 1. Рунда Мексико 1970 Четвртфинале Аргентина 1978 1. Рунда Мексико 1986 Четвртфинале САД 1994 Осминафинале Франција 1998 Осминафинале Јапонија/Кореа 2002 Осминафинале МЕКСИКО Население: 104,995 милиони жители Површина: 1.972.550км2 Главен град: Мексико Сити Федерација: Федерацион Меџицана де Футбол Асоциацион Членка на ФИФА: Од 1929 година Најмногу настапи: Клаудио Суарез (174) Најдобар стрелец: Јаред Боргети (37) Најубедлива победа: Мексико - Бахами 13:0 (28.4.1987) Најтежок пораз: Англија - Мексико 8:0 (10.5.1961) ИДЕАЛЕН ТИМ Санчез Осорио Маркез Родригез Салсидо Гвардадо Пардо Лозано Перез Боргети Браво СЕЛЕКТОР РИКАРДО ЛАВОЛПЕ И голманите можат да бидат добри тренери Рикардо Лаволпе е најдобар можен примен дека и голманите можат да прераснат во одлични стратези по завршувањето на професионалната кариера. Овој Аргентинец беше еден од тројцата чувари на мрежата што се најдоа во шампионската генерација на "гаучосите" од 1978 година, иако не настапи на ниту еден натпревар на овој мундијал. Откако својата играчка кариера ја заврши во Мексико, Лаволпе реши да остане во оваа земја, каде започна со тренерската професија. Со екипата на Атланте стигна до шампионската титула во 1993 година, по што следеа авантури во тимовите на Гвадалахара, Кверетаро, Америка, Атлас и Толука. Откако Мексиканците загубија од САД во осминафиналето од мундијалот во 2002 година, Лаволпе доби шанса да биде селектор, наследувајќи го на оваа функција Хавиер Агуире. Во своето прво поголемо натпреварување под водство на овој селектор Мексиканците лесно дојдоа до трофеј во Конкакаф Купот, но овој мундијал ќе биде најсериозен испит за Лаволпе во неговата тренерска кариера. "ЅВЕЗДА" Јаред Боргети Иако во националниот тим настапува крај мега-ѕвездата Рафаел Маркез, сепак Јаред Боргети важи за лидер на оваа мексиканска репрезентација. Искусниот голгетер стана првиот Мексиканец што заиграл во англиската Премиер-лига по обезбедувањето на трансферот во Болтон. Иако не добиваше премногу често шанса од Сем Алардајс, Боргети постигна неколку важни голови за својот тим во Купот на УЕФА. Иако своето деби во националниот тим го имаше во 1997 година, Боргети не беше повикан за настап на мундијалот во Франција. Сепак, од 1999 година овој фудбалер е стандарден првотимец во мексиканскиот национален тим, а со голот постигнат на мечот со Костарика во август Боргети стана и најдобар стрелец во историјата на оваа репрезентација. Боргети постигна два гола на мундијалот во 2002 година, но од него се очекува уште повеќе летово во Германија. ВНИМАВАЈТЕ НА... Андрес Гуардадо Овој млад фудбалер до пред 12 месеци настапуваше за резервниот тим на Атлас. Сепак, во изминативе година дена Гуардадо забележа фантастичен напредок во играта, целосно заслужувајќи место и во првиот тим на репрезентацијата. Станува збор за фантастично лево крило, кому многумина му предвидуваат дека ќе биде хит на овој мундијал. "Тој едноставно не знае што е тоа страв. Секогаш оди директно на противничкиот дефанзивец, што е крајно невообичаено", изјави селекторот Лаволпе за Гуардадо. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Мексико е репрезентацијата со најголем број порази на мундијалските натпревари, дури 22. Првиот резервен фудбалер што постигна гол на мундијалски меч беше Мексиканецот Хуан Басагурен, кој беше стрелец во второто полувреме од мечот против Хондурас (4:0) на Светското Првенство во 1970 година. |
|||
a-pin-dim | ИРАН Третото место, најреално за Иранците Репрезентацијата на Иран неочекувано имаше доста проблеми уште во пред-квалификациите за пласман на ова Светско Првенство. Сепак, по разочарувачкиот пораз од Јордан на домашен терен во 2004 година, Иванковиќ успеа да ги среди своите фудбалери, кои врзаа неколку победи по ред и ја минаа првата пречка на патот до Германија. Ниту стартот на втората рунда натпревари не беше најпријатен за Иранците, кои на премиерниот меч загубија од селекцијата на Јапонија со 2:1. Сепак, тоа беше единствениот пораз што Иран го претрпе во оваа фаза, бидејќи по тоа следеше одлична серија од четири победи по ред. Особено значаен беше триумфот во петтото коло над селекцијата на Јапонија, кога Вахид Хашемиан се врати во националниот тим постигнувајќи два погодоци. Токму од Хашемиан се очекува многу на ова Светско Првенство. По слабата сезона во Баерн Минхен, иранскиот напаѓач постигна неколку значајни голови за тимот на Хановер, што е одлична увертира за иранскиот голгетер во пресрет на мундијалот. Истото важи и за Махдавикија, кој со серијата одлични игри и на бековската и на крилната позиција (беше ротиран од страна на тренерот) е меѓу најзаслужните што Хамбургер сезонава се пласираше на третото место на табелата. Уште од ангажманот на Иванковиќ за селектор на Иран, во оваа земја се појавија низа критичари на хрватскиот стручњак. Најгласен од сите беше Хешмат Мохаџерани, кој го предводеше Иран на мундијалското деби во 1978 година. Премногу дефанзивната тактика на која инсистира Хрватот се смета за неадекватна за иранскиот национален тим, иако се чини дека најважни се резултатите, а тие одат во прилог на Иванковиќ. Иако и самиот пласман на ова Светско Првенство е успех за иранската репрезентација, сепак навивачите потајно се надеваат на пласман во осминафиналето. Иран може да се надева на добар резултат против Ангола, но факт е дека репрезентативците на оваа земја ќе мораат да се надминат ако сакаат да слават против фаворитите Португалија и Мексико. Недоволното искуство на дефанзивните фудбалери е најголем проблем на Иран на овој мундијал, ако се знае дека Каби, Заре и Носрати во своите кариери се немаат сретнато со мега-ѕвезди од калиброт на Кристијано Роналдо и Луис Фиго. Затоа, третото место во групата е најреално за оваа репрезентација. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 11.6.2006 (18ч) Нирнберг Мексико - Иран 17.6.2006 (15ч) Франкфурт Португалија - Иран 21.6.2006 (16ч) Лајпциг Иран - Ангола ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Бахреин - Иран 0:0 Иран - Јапонија 2:1 Кореа - Иран 0:2 Иран - Кореа 1:0 Иран - Бахреин 1:0 Јапонија - Иран 2:1 ТАБЕЛА 1. Јапонија 6 5 0 1 9:4 15 2. Иран 6 4 1 1 7:3 13 3. Бахреин 6 1 1 4 4:7 4 4. ДР Кореа 6 1 0 5 5:11 3 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Мундијал Пласман Аргентина 1978 1. Рунда Франција 1998 1. Рунда ИРАН Население: 68.28 милиони жители Површина: 1.648.000км2 Главен град: Техеран Федерација: И.Р.И.Ф.Ф. Членка на ФИФА: Од 1945 година Најмногу настапи: Али Даеи (147) Најдобар стрелец: Али Даеи (109) Најубедлива победа: Иран - Гуам 19:0 (24.11.200) Најтежок пораз: Турција - Иран 6:1 (28.5.1950) ИДЕАЛЕН ТИМ Мирзапур Каби Заре Носрати Голмох-Мади Занди Некунам Али Карими Махдавикија Али Даеи Хашемијан СЕЛЕКТОР БРАНКО ИВАНКОВИЌ "Ученик" на Мирослав Блажевиќ Иранските медиуми упатија остри критики по одлуката на Иванковиќ да му биде доделена задачата да биде селектор на оваа репрезентација. Сепак, хрватскиот стратег успешно одговори на предизвикот и успеа да го одведе Иран на третиот мундијал во историјата на оваа репрезентација. Иванковиќ својата тренерска кариера ја започна во Вартекс во 1991 година, по што мина по неколку години и на клупите на Сегеста и Риека. Овој стручњак му беше прв помошник на Мирослав Блажевиќ на мундијалот во 1998 година, кога Хрватска постигна фантастичен успех освојувачки го третото место. Тој соработуваше со Блажевиќ и во стручниот штаб на иранската репрезентација, но откако не успеаја да се пласираат на мундијалот во 2002 година, на "Чиро" му беше врачен отказ, и на негово место беше поставен токму Иванковиќ. "ЅВЕЗДА" Али Даеи Али Даеи е единствениот играч во историјата на светскиот фудбал што има постигнато преку 100 голови во дресот на својата репрезентација. Иранецот дебитираше за репрезентацијата во 1993 година, и потребни му беа шест натпревари за да го постигне својот прв гол за националниот тим. На Али Даеи му беа потребни три години за да стане стандарден првотимец во репрезентацијата. Во 1996 година помогна Иран да стигне до третото место на Купот на Азија, по што од локалниот тим Пирузи премина во Бундес-лигата, во тимот на Арминија. Али Даеи имаше фантастична дебитантска сезона во дресот на Арминија, поради што од Франц Бекенбауер експресно беше доведен во Баерн Минхен. Сепак, овој фудбалер не се снајде најдобро во Минхен, по што беше продаден на екипата на Херта. Токму во Берлин овој играч ја заврши својата авантура во Германија, од каде замина во Ал Шабаб, за да се врати во татковината, во тимот на Саба Батери. ВНИМАВАЈТЕ НА... Али Карими Организацијата на играта на иранската репрезентација му е доделена на Али Карими. Сосема оправдано, ако се земат во предвид фантастичните настапи што овој фудбалер ги имаше во дресот на Баерн Минхен оваа сезона. Али Карими може да игра и како последен играч за врска, но и како полу-шпиц, со што му дава дополнителни опции на селекторот Иванковиќ. Единствен проблем може да претставува повредата на зглобот заработена во Март, поради која Карими го пропушти најголемиот дел од финишот од оваа сезона во Бундес-лигата. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Иран е репрезентацијата со најголема поддршка од трибините во овој квалификациски циклус. Натпреварот против Јапонија во март 2005 година во Техеран го следеа 110.000 гледачи. Иран досега има забележано една победа на мундијалите, и тоа над лутиот ривал САД во 1998 година (2:1). |
|||
a-pin-dim | ПОРТУГАЛИЈА Многу оптимизам кај европскиот вицепрвак Со Луис Фелипе Сколари како селектор, и фудбалери од калиброт на Фиго, Роналдо, Деко и Паулета, сосема нормално е што португалската фудбалска јавност очекува нивната репрезентација да забележи добри резултати на ова Светско Првенство. Предводени од Сколари Португалците пред две години стигнаа до големото финале на Европското Првенство што се одржа токму во оваа земја, но сега многумина очекуваат оваа селекција да направи и чекор напред, па дури и да го освои првото место во Германија. Причини за оптимизам сигурно има. Сколари е фантастичен стратег кој е способен да подготви против-игра за било кој противник. На мундијалот пред четири години тој докажа дека знае што е потребно да се победува, кога со Бразил ја освои титулата светски првак. Тој преферира офанзивен фудбал, нешто што сосема им одговара на Португалците и играчкиот кадар со кој што располага оваа нација. Со формацијата 4-5-1 Сколари не само што успеа да го извлече максимумот од Педро Паулета, туку и успеа да најде место за сите "ѕвезди" во средниот ред. Мало изненадување претставува враќањето на Фиго повеќе кон средината, за да може Симао и Кристијано Роналдо да "оперираат" како полу-шпиц играчи зад Педро Паулета. Со враќањето на Фиго поназад осетно е олеснета и работата на Деко, кој сега има фантастичен партнер за организирање на играта на својата репрезентација. Во првиот тим единствено нема место за ветеранот Руи Коста, кој сигурно ќе добива шанса во второто полувреме. Во одбраната најмногу се очекува од Рикардо Карваљо, но и од десниот бек Мигел, кој имаше одлична сезона во дресот на Валенсија. Главен проблем на Португалија инатаму останува голманската позиција. Иако фудбалската јавност смета дека ветеранот Витор Баија заслужува да биде прв голман на репрезентацијата, Сколари продолжува да го игнорира чуварот на мрежата на Порто. Рикардо од Спортинг Лисабон по се изгледа ќе биде прв голман на Португалците на овој мундијал, додека шанса од клупата ќе очекува Квим, кој во меѓувреме го загуби првотимскиот статус во Бенфика од Морето. Со оглед на фијаското што го доживеаја пред четири години на Далечниот Исток, Португалците сигурно прво ќе настојуваат да ја минат фазата по групи, а дури потоа ќе размислуваат и за нешто повеќе, зошто да не и за шампионската титула, со што оваа генерација и официјално би била подобра од онаа фантастичната на Еузебио во 1966 година, која во Англија стигна до 3. место. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 11.6.2006 (21ч) Келн Ангола - Португалија 17.6.2006 (15ч) Франкфурт Португалија - Иран 21.6.2006 (16ч) Гелзенкирхен Португалија - Мексико ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Летонија - Португалија 0:2 Португалија - Естонија 4:0 Лихтенштајн - Португалија 2:2 Португалија - Русија 7:1 Луксембург - Португалија 0:5 Словачка - Португалија 1:1 Португалија - Словачка 2:0 Естонија - Португалија 0:1 Португалија - Луксембург 6:0 Русија - Португалија 0:0 Португалија - Лихтенштајн 2:1 Португалија - Летонија 3:0 ТАБЕЛА 1. Португалија 12 9 3 0 35:5 30 2. Словачка 12 6 5 1 24:8 23 3. Русија 12 6 5 1 23:12 23 4. Естонија 12 5 2 5 16:17 17 5. Летонија 12 4 3 5 18:21 15 6. Лихтенштајн 12 2 2 8 13:23 8 7. Луксембург 12 0 0 12 5:48 0 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Мундијал Пласман Англија 1966 3. Место Мексико 1986 1. Рунда Јапонија/Кореа 2002 1. Рунда ПОРТУГАЛИЈА Население: 10,1 милиони жители Површина: 92.391км2 Главен град: Лисабон Федерација: Португуесе Фоотбалл Федератион Членка на ФИФА: Од 1923 година Најмногу настапи: Луис Фиго (115) Најдобар стрелец: Педро Паулета (42) Најубедлива победа: Португалија - Кувајт 8:0 (9.6.1999) Најтежок пораз: Португалија - Англија 0:10 (25.5.1947) ИДЕАЛЕН ТИМ Рикардо Мигел Карваљо Меира Канеира Маниче Деко Фиго Симао Роналдо Паулета СЕЛЕКТОР ЛУИС ФЕЛИПЕ СКОЛАРИ Бразилецот ја брани круната Откако пред четири години во Јапонија и Јужна Кореа го предводеше Бразил до освојувањето на светската круна, Луис Фелипе Сколари се надева дека ќе стане првиот селектор што ќе слави трофеј на мундијалите со две различни репрезентации. Како фудбалер Сколари важеше за сосема просечен дефанзивец, но тоа не му пречеше да се развие во фантастичен тренер. Тренерската кариера ја започна во Гремио во 1987 година, тим каде се врати и во 1993 година по кратката авантура во Срисиума. Успесите што ги имаше со Гремио (триумф во Либертадорес Купот во 1995 година) и со Палмеираш (го освои истиот пехар во 1999 година), придонесоа во 2001 година Бразилците да го побараат токму Сколари за селектор. Под негово водство "кариоките" излегоа од незавидната ситуација во квалификациите и со триумфот над Венецуела во последното коло се пласираа на мундијалот, каде во голем стил го освоија првото место. По СП 2002 тој ги напушти "кариоките" и седна на клупата на Португалија, селекција со која стигна до второто место на ЕВРО 2004. "ЅВЕЗДА" Кристијано Роналдо Ова Светско Првенство е одлична можност за Кристијано Роналдо да покаже за каков фантастичен фудбалер навистина станува збор. За младиот Португалец подолго време се изјавува дека е еден од најталентираните светски фудбалери, но продолжува со игрите "топло-ладно" во дресот на Манчестер Јунајтед. Роналдо има поголема слобода во играта кога настапува во националниот тим, бидејќи Сколари не му дава премногу дефанзивни задачи, па овој ас може да се сконцентрира само на нападот и приредување шоу за гледачите. Токму Роналдо беше еден од најзаслужните за лесниот пласман на Португалија на овој мундијал, откако постигна дури седум гола во квалификацискиот циклус. ВНИМАВАЈТЕ НА... Педро Паулета Иако беше големо разочарување на ЕВРО 2004 без ниту еден постигнат гол, од Педро Паулета се очекува да биде прв стрелец на Португалија на овој мундијал. Искусниот голгетер со 11 погодоци беше најдобар стрелец во европските квалификации за ова СП, и се очекува во ист стил да продолжи и во Германија. Постигнатиот гол против Летонија во последниот квалификациски меч придонесе Паулета да го мине и легендарниот Еузебио на листата на најдобри стрелци во историјата на португалскиот национален тим. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Голем проблем за Сколари на ова СП ќе претставува отсуството на стандардниот дефанзивец Хорхе Андраде, кој заработи сериозна повреда на коленото. Сколари ја одби понудата да биде тренер на Барселона кога реши да стане селектор на Португалија. Дури откако добија негативен одговор од Бразилецот, челниците на Барса за кормилар го ангажираа ФРанк Рајкард. |
|||
a-pin-dim | АНГОЛА Ново "чудо" од Африка На последните светски шампионати стана нормално некоја селекција од Африка да приредува изненадувања. Во Италија во 1990 година тоа беше селекцијата на Камерун, четири години подоцна блесна Нигерија, а на последниот мундијал таков беше случајот со Сенегал, селекција што на отворањето го шокираше светот со триумфот над актуелниот првак Франција. Многумина веруваат дека хит на ова светско првенство би можела да претставува репрезентација на Ангола, и покрај големиот број "анонимци" што настапуваат за оваа селекција. Дури седуммина репрезентативци на Ангола доаѓаат од првата и втората португалска лига, а интересно е што првиот голман Рикардо и најдобриот стрелец Аква веќе извесен период се без клуб. "Свесни сме дека важиме за еден од најголемите аутсајдери на ова светско првенство. Сепак, тоа нема да нe спречи да го дадеме максимумот на секој натпревар. Се надевам дека ќе успееме да се пласираме во следната рунда, иако ми е јасно дека против себе имаме многу силни селекции", изјави селекторот Гонкалвес при соопштувањето на списокот, на кој поради повреди не се најдоа стандардните Жилберто и Маурито. Својот прв сериозен испит оваа репрезентација ќе го има на 11 јуни, кога на стадионот во Келн ќе се сретне со Португалија, фаворит не само за првото место во групата, туку и за конечен триумф на мундијалот. Сепак, португалската легенда Еузебио ги предупреди своите сонародници никако да не ја потценат Ангола. "За нас секоја средба треба да биде како финале. Не смее да се дозволи потценување на противниците, особено не на Ангола. Без оглед на она што го мислат аналитичарите, станува збор за извонредно талентирана репрезентација. Никој не може да каже дека селекција што на две средби не загубила од Нигерија случајно се нашла на овој мундијал. Тие играат цврсто во одбраната, и се многу брзи во нападот. Ќе може да се совладаат само ако се даде максимумот", изјави Еузебио. И покрај ваквите изјави на еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, останува да се види дали избраниците на Гонкалвес ќе успеат да го надополнат неискуството, што ќе биде нив најголем проблем на мундијалот. Најсериозен проблем селекторот Гонкалвес има на позицијата плејмејкер, каде ниту еден играч досега не успеа да се наметне како добар организатор на играта. Поради ова, многу лесно може да се случи Гонкалвес во Германија да ја смени тактиката и да се врати на формација 4-5-1 со Аква како единствен напаѓач (особено ако Манторас не е "фит" за настап). РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 11.6.2006 (21ч) Келн Ангола - Португалија 16.6.2006 (21ч) Хановер Мексико - Ангола 21.6.2006 (16ч) Лајпциг Иран - Ангола ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Алжир - Ангола 0:0 Ангола - Нигерија 1:0 Габон - Ангола 2:2 Ангола - Руанда 1:0 Ангола - Зимбабве 1:0 Зимбабве - Анбгола 2:0 Ангола - Алжир 2:1 Нигерија - Ангола 1:1 Ангола - Габон 3:0 Руанда - Ангола 0:1 ТАБЕЛА 1. Ангола 10 6 3 1 12:6 21 2. Нигерија 10 6 3 1 21:7 21 3. Зимбабве 10 4 3 3 13:14 15 4. Габон 10 2 4 4 11:13 10 5. Алжир 10 1 5 4 8:15 8 6. Руанда 10 1 2 7 6:16 5 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Оваа репрезентација е дебитант на елитните светски фудбалски собири АНГОЛА Население: 10.77 милиони жители Површина: 1.248.000км2 Главен град: Луанда Федерација: Федерацао Анголана де Футебол Членка на ФИФА: Од 1980 година Најмногу настапи: Фабрис Мајеко "Аква" (68) Најдобар стрелец: Фабрис Мајеко "Аква" (30) Најубедлива победа: Ангола - Свазиленд 7:1 (23.4.2000) Најтежок пораз: Португалија - Ангола 6:0 (23.3.1989) ИДЕАЛЕН ТИМ Рикардо Делгадо Џамба Емануел Јакинто Мендонка Маканга Зе Каланга Фигуерердо Аква Манторас СЕЛЕКТОР ЛУИС ОЛИВЕИРА ГОНКАЛВЕС "Професорот", национален херој Луис Оливеира Гонкалвес важи за национален херој во Ангола откако ја предводеше оваа репрезентација до првиот пласман на Светските Првенства. Ангола беше на прагот на елиминација уште во пред-квалификациите, кога во првиот меч загуби од Чад со 3:1. По ова му беше врачен отказ на Бразилецот Исмаел Курц, и на негово место беше ангажиран Гонкалвес. Со триумфот од 2:0 Ангола прво си обезбеди пласман во квалификациите, а потоа со фантастични игри се пласираа и пред големиот фаворит Нигерија во групата. Гонкалвес, кој го има прекарот "професор", работеше четири години со овие фудбалери уште додека беа членови на младинските селекции на Ангола. Напорната работа се исплатеше дури годинава, кога Ангола го постигна најголемиот успех во фудбалската историја на оваа земја. "ЅВЕЗДА" Педро Манторас Иако има сериозни проблеми со повредите, Педро Манторас без конкуренција е најголема "ѕвезда" во националниот тим на Ангола. Овој голгетер блесна на младинскиот мундијал во 2001 година, по што беше избран и за најдобар млад африкански фудбалер. Од просечниот тим на Алверка следеше трансфер во гигантот Бенфика, каде што беше пречекан со воодушевување. Во првата сезона тој постигна 13 гола за Бенфика предводејќи го тимот до трофеи во лигата и Супер-Купот. Сепак, потоа следеа сериозни повреди на коленото, поради што Манторас многу ретко добива шанса во тимот на Бенфика во последните две сезони. Поради недоволната физичка подготвеност Манторас одигра само 59 минути на Купот на Африкански Нации на почетокот од годинава, но од него се очекува да блесне во најдобро можно светло во Германија. ВНИМАВАЈТЕ НА... Фабрис Аква Со оглед на фактот дека Манторас ги пропушти поголемиот дел од настапите за својата репрезентација во квалификацискиот циклус, во овој период Фабрис Мајеко Аква се промовираше во нов лидер на националниот тим. Искусниот голгетер, кој на 30 мај ќе наполни 29 години, го постигна клучниот гол при победата од 1:0 над Нигерија во квалификациите, и ќе претставува константна опасност за противничките дефанзивци на сите мундијалски средби. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Фабрис Аква, кој е еден од главните играчи на Ангола на овој мундијал, во последните шест месеци е без клуб. Ангола неодамна побара од ФИФА на оваа селекција да & биде дозволено да ги повика Педро Емануел и Чаињо. Сепак, ваквата молба беше одбиена бидејќи двајцата фудбалери своевремено настапувале за португалската младинска селекција. |
|||
a-pin-dim | ИТАЛИЈА "Азурите" невообичаено офанзивни По големите разочарувања што ги доживеаја на СП 2002 (пораз во осминафиналето од Јужна Кореа) и ЕВРО 2004 (елиминација во првата рунда), Италијаните со право се надеваат на далеку поголем успех на претстојното Светско Првенство. Впрочем, токму затоа за селектор и беше доведен Марчело Липи, тренерот што во последните десетина години на Јувентус му донесе голем број титули. И иако на почетокот на квалификацискиот циклус се појавија доста критичари на тактиката што Липи ја практикуваше, добри резултати придонесоа тие наскоро да замолчат. Факт е дека Италија во последните триесетина години не играла така офанзивен фудбал како под водство на Липи. Постигнатите 17 погодоци на 10-те квалификациски натпревари не го потврдуваат тоа, но тактиката со тројца офанзивни фудбалери на екс-тренерот на Јуве се покажа како вистински погодок во националниот тим. Дури и без повредениот Тоти (многу ретко настапуваше за репрезентацијата во последните година дена), "азурите" создадоа фантастично организирана игра, при која подеднакво се напаѓа и низ средината, но и по крилните позиции. Од ваквата игра најмногу профитираше Лука Тони, кој со одличните настапи во последно време му го одзеде местото во првиот тим на Алберто Џилардино. Сега кога Тоти ќе се врати во тимот, за очекување е Дел Пјеро да игра нешто понапред, веднаш до Тони, што значи дека Џилардино натпреварите ќе ги започнува на клупата за резервни фудбалери, крај својот соиграч од Милан, Пипо Инзаги. Силината на италијанскиот напад на своја кожа најдобро го осетија селекциите на Германија и Холандија, кои на пријателски средби примија четири, односно три гола од "азурите". Нападот очигледно ќе биде главно оружје на Италија на ова СП, но останува прашањето како големиот број офанзивни фудбалери во првиот тим ќе влијае врз играта во одбрана на "азурите". Неста и Канаваро важат за дефанзивци од светска класа, но доколку немаат соодветна помош од средниот ред, тоа ќе значи и многу проблеми за Џиџи Буфон. Во секој случај, со овој играчки кадар што Марчело Липи го има на располагање, "азурите" со право се вбројуваат меѓу најсериозните кандидати за освојување на трофејот ова лето во Германија. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 12.6.2006 (21ч) Хановер Италија - Гана 17.6.2006 (21ч) Кајзерслаутерн Италија - САД 22.6.2006 (16ч) Хамбург Чешка - Италија ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Италија - Норвешка 2:1 Молдавија - Италија 0:1 Словенија - Италија 1:0 Италија - Белорусија 4:3 Италија - Шкотска 2:0 Норвешка - Италија 0:0 Шкотска - Италија 1:1 Белорусија - Италија 1:4 Италија - Словенија 1:0 Италија - Молдавија 2:1 ТАБЕЛА 1. Италија 10 7 2 1 17:8 23 2. Норвешка 10 5 3 2 12:7 18 3. Шкотска 10 3 4 3 9:7 13 4. Словенија 10 3 3 4 10:13 12 5. Белорусија 10 2 4 4 12:14 10 6. Молдавија 10 1 2 7 5:16 5 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Италија 1934 ШАМПИОН Франција 1938 ШАМПИОН Бразил 1950 1. Рунда Швајцарија 1954 1. Рунда Чиле 1962 1. Рунда Англија 1966 1. Рунда Мексико 1970 2. Место Германија 1974 1. Рунда Аргентина 1978 4. Место Шпанија 1982 ШАМПИОН Мексико 1986 Осминафинале Италија 1990 3. Место САД 1994 2. Место Франција 1998 Четвртфинале Јапонија/Кореа Осминафинале ИТАЛИЈА Население: 58 милиони жители Површина: 301.302км2 Главен град: Рим Федерација: Федеразионе Италиана Гиоцо Цалцио) Членка на ФИФА: Од 1905 година Најмногу настапи: Паоло Малдини (126) Најдобар стрелец: Џиџи Рива (35) Најубедлива победа: Италија - САД 9:0 (2.8.1948) Најтежок пораз: Унгарија - Италија 7:1 (6.4.1924) ИДЕАЛЕН ТИМ Буфон Одо Ѕамброта Неста Канаваро Гатусо Пирло Каморанези Тоти Тони Дел Пјеро СЕЛЕКТОР МАРЧЕЛО ЛИПИ "Стариот волк", мајстор за трофеи Марчело Липи немаше поголеми успеси во својата играчка кариера, која ја започна во тимот на Савона. Во 1970 година следеше преселба во Сампдорија, екипа каде што Липи мина дури девет сезони пред да ја заврши кариерата во дресот на Пистоезе. Тренерскиот занает почна да го учи како кормилар на младинците на Сампдорија во 1982 година, по што следеа авантури во Понтедера, Сиена, Пистоезе и Карарезе. Своето деби во Серија "А" го имаше во 1989 година со тимот на Чезена, а по сезоните минати во Лукезе, Аталанта и Наполи, Липи го привлече врз себе вниманието на челниците на Јувентус. Во својата дебитантска сезона на клупата на Јуве Липи успеа да го освои скудетото, а веќе следната сезона триумфираше со овој тим и во Лигата на шампионите. По големиот број освоени трофеи со "старата дама", Липи по ЕВРО 2004 прифати да го наследи Џовани Трапатони на клупата на националниот тим, и со "азурите" без поголеми проблеми обезбеди пласман на овој мундијал. "ЅВЕЗДА" Франческо Тоти Франческо Тоти без сомнение е еден од најталентираните светски фудбалери во последните десетина години. Тој беше член од селекцијата на Чезаре Малдини што во 1996 година славеше на младинското европско првенство, по што во последните пет-шет години се промовираше и во лидер на сениорскиот национален тим. Иако неговите квалитети се несомнени, факт е дека Тоти секогаш потфрлал на елитните натпреварување. Тој заработи црвен картон при поразот во осминафиналето од Јужна Кореа на последниот мундијал. Уште повеќе се посрамоти на ЕВРО 2004, кога на првиот меч против Данска го плукна во лицето Кристијан Поулсен, за што заработи суспензија од три меча и не настапи на ниту еден натпревар на овој шампионат. Сепак, овие разочарувања сигурно ќе бидат само мотив повеќе за Тоти во Германија да го покаже своето вистинско лице. ВНИМАВАЈТЕ НА... Лука Тони Што повеќе може да се каже за Лука Тони од податокот дека тој стана првиот фудбалер што успеа да постигне повеќе од 30 гола во една сезона во Серија "А". Ваквата голгетерска форма не остана незабележана од Марчело Липи, па Тони во последните година дена прерасна во лидер на нападот на националниот тим. Формацијата со Тоти и Дел Пјеро сигурно ќе го извлече максимумот од Лука Тони на овој мундијал. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Покрај трите титули светски прваци, репрезентативците на Италија еднаш биле и шампиони на Европа (на првенството во 1968 година). Со триумфот на финалето над Германија во 1982 година, Дино Ѕоф стана најстариот фудбалер што се радувал на мундијалскиот пехар. |
|||
toni_a | http://www.viega.de/servlet/PB/show/1009286/pm300_allianz_arena1.jpg http://www.viega.de/servlet/PB/show/1009287/pm300_allianz_arena2.jpg |
|||
a-pin-dim | ЈАПОНИЈА Осминафинале е сонот на "самураите" Ова ќе биде само трето учество на репрезентацијата на Јапонија на едно Светско првенство. По фијаското во Франција во 1998 година, јапонските репрезентативци се надеваат дека во Германија ќе го повторат успехот од пред четири години, кога на свој терен успеаја да ја минат првата рунда, но во осминафиналето загубија од Турција со минимални 1:0. Најсилен дел од селекцијата на Јапонија на ова Светско првенство сигурно ќе биде средниот ред. Јуничи Инамото не е најстандарден во неколкуте тима што ги смени за време на својата авантура во Англија, но секогаш игра стандардно за националниот тим. Хидетоши Наката го загуби епитетот лидер на селекцијата од Шунсуке Накамура, но сепак е подготвен да одговори на предизвикот наречен мундијал, идентично како и Шинџи Оно, кој сезонава имаше доста проблеми со повредите. Лидери на одбраната на "самураите" се Мијамото и Наказава. Двајцата фудбалери имаат фантастична соработка и во дресот на Гамба Осака, така што нивната воиграност од клупските настапи ќе биде голем плус и за националниот тим во Германија. Главен проблем на Зико останува навалната линија. Такахара и Јанагисава најчесто беа изоставувани од првиот тим во своите екипи (Хамбургер, односно Кашима Антлерс), но сепак упорно добиваат предност кај селекторот. Токму форсирањето на Такахара предизвика бура од реакции на јапонската фудбалска јавност, која инсистира поголема шанса да добие Масаши Огуро. Напаѓачот на Гренобл имаше одлична сезона во втората француска лига, постигна неколку гола и на Купот на Конфедерациите минатото лето, но никако не успева да го убеди Зико да му даде шанса во првиот тим на "самураите". Недоволното искуство на клучните фудбалери исто така би можело да претставува огромен проблем за Зико на овој мундијал. Ова ќе биде прво елитно натпреварување за Накамура, кој досега се нема соочено со толку голем притисок, ако се земе во предвид дека се смета за лидер на националниот тим на овој мундијал. Слична е ситуацијата и со навалната линија, каде Јапонците сe уште немаат најдено адекватна замена за легендарниот Казу Миура. Со овој играчки кадар, максимум на што Јапонците можат да се надеваат е пласман во втората рунда. Сепак, тоа ќе биде многу, многу тешко, бидејќи за да се оствари оваа цел ќе мора да се заврши во групата пред Хрватска и Австралија (со оглед на фактот дека Бразил е убедливо најсилна селекција во оваа група). РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 12.6.2006 (15ч) Кајзерслаутерн Австралија - Јапонија 18.6.2006 (15ч) Нирнберг Јапонија - Хрватска 22.6.2006 (21ч) Дортмунд Јапонија - Бразил ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Јапонија - ДР Кореа 2:1 Иран - Јапонија 2:1 Јапонија - Бахреин 1:0 Бахреин - Јапонија 0:1 ДР Кореа - Јапонија 0:2 Јапонија - Иран 2:1 ТАБЕЛА 1. Јапонија 6 5 0 1 9:4 15 2. Иран 6 4 1 1 7:3 13 3. Бахреин 6 1 1 4 4:7 4 4. ДР Кореа 6 1 0 5 5:11 3 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Франција 1998 1. Рунда Јапонија/Кореа 2002 Осмнафинале ЈАПОНИЈА Население: 127.2 милиони жители Површина: 377.835км2 Главен град: Токио Федерација: Јапан Фоотбалл Ассоциатион Членка на ФИФА: Од 1929 година Најмногу настапи: Масами Ихара (123) Најдобар стрелец: Кинишиге Камамото (73) Најубедлива победа: Јапонија - Филипини 15:0 (27.9.1967) Најтежок пораз: Јапонија - Филипини 2:15 (10.9.1917) ИДЕАЛЕН ТИМ Кавагучи Тсубои Мијамото Наказава Инамото Огасавара Оно Наката Накамура Такахара Јанагисава СЕЛЕКТОР ЗИКО Сe уште во борба со критичарите Зико важи за еден од најдобрите бразилски фудбалери за врска на сите времиња. Тој ја почна својата кариера во тимот на Фламенго во 1971 година и остана член на оваа екипа и во следните 17 сезони. Своето деби за "кариоките" го имаше во 1976 година, а само 12 месеци подоцна беше избран за фудбалер на годината во Бразил (признание што го добие и во 1981 и 1982 година). Зико постигна четири гола за Бразил на мундијалот во 1982 година, а една година подоцна се решава за трансфер во Италија, во дресот на Удинезе. Во 1983 година ја добива и наградата најдобар светки фудбалер. Својата репрезентативна кариера ја заврши на мундијалот во 1986 година, а неговиот скор во националниот тим е 52 постигнати гола на 72 натпревари. Селектор на Јапонија е од 2002 година, откако на оваа функција го наследи Филип Трусие. Сепак, Зико во текот на последните четири години имаше сериозни проблеми со критичарите на неговата работа, кои тврдат дека Бразилецот не успева да го искористи потенцијалот што го имаат репрезентативците на Јапонија. Се чини дека ако не успее да ги одведе "самураите" до осминафиналето на овој мундијал, на Зико летово ќе му биде врачен отказ од селекторската функција. "ЅВЕЗДА" Шунсуке Накамура Еден од главните адути на Зико на ова Светско првенство сигурно ќе биде Шунсуке Накамура. Јапонскиот плејмејкер имаше серија фантастични настапи во шкотското првенство помагајќи му на Селтик да стигне до титулата и се надева дека во ист стил ќе продолжи и на мундијалот. "Шунсуке е неверојатен кога ќе тргне напред, во продор кон противничкиот гол. Тој има фантастична прегледност на играта, гледа работи што останатите луѓе не можат да ги забележат", изјави менаџерот на Селтик за својот прв плејмејкер. Накамура беше изоставен од тимот што стигна до осминафиналето пред четири години, што ќе биде само мотив повеќе за него летово да покаже дека е дел од светската фудбалска елита. Накамура се покажа во фантастично издание на ланскиот Куп на Конфедерации, и Зико со право токму од него очекува да биде лидер на репрезентацијата и на мундијалот. ВНИМАВАЈТЕ НА... Масаши Огуро Масаши Огуро би можел да биде идеално решение за голгетерските проблеми на Зико, ако се има предвид дека двајцата најдобри напаѓачи, Такахара и Јанагисава, во најголемиот дел од ланската сезона се мачеа со повреди. Огуро беше најдобар напаѓач на "самураите" на Купот на конфедерациите што се одржа минатата година, и сигурно ќе добива шанса во второто полувреме од натпреварите на Јапонија на мундијалот. "Она што ме воодушевува е одличното движење на Огуро, кој знае како да влезе во празен простор. Тоа е нешто што многу ќе ни користи во Германија", изјави Зико за својот резервен напаѓач. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Репрезентацијата на Јапонија досега има три трофеи на азиските првенства (1992, 2000 и 2004 година). Јапонците дебитираа на Светските првенства во 1998 година, откако во квалификациите за последните пет мундијали беа елиминирани од иста селекција, Јужна Кореја. |
|||
a-pin-dim | САД Неоправдан оптимизам кај Американците Селекцијата на САД на најголемиот дел од Светските Првенства на кои настапи, важеше за голем аутсајдер. Сепак, одличните резултати што оваа репрезентација ги бележи во последно време, како и пласманот во четвртфиналето на последниот мундијал, им даваат на Американците причина за оптимизам во пресрет на овој мундијал. Очекувањата се дека Брус Арена напорнатаз работа во последните осум години треба да ја круниса со одличен резултат на едно елитно натпреварување. Минималниот пораз од Германија во четвртфиналето пред четири години не само што не ги задоволи, туку и ги зголеми апетитите на американската фудбалска јавност, која нескромно очекува вмешување и во борбата за медал. Сепак, реалноста е многу поинаква за Американците, особено ако се има во предвид дека оваа селекција за противници во групата ги има фаворитите Италија и Чешка. Одбраната би требало да биде многу силен дел од американскиот национален тим на овој мундијал. Американецот со нигериско потекло Ониеву имаше импресивни настапи во квалификациите, а крај него во одлично светло се покажаа и стандардните Поуп, Луис и Шерундоло. Останува да се види колку капитенот Клаудио Реина ќе биде подготвен за овој предизвик, ако се земат огромните проблеми со повредите што фудбалерот на Манчестер Сити ги имаше во последната сезона од Премиер-лигата. Самиот факт дека Арена на списокот на патници за Германија не го стави одличниот напаѓач Твилман е доволен доказ дека американскиот селектор на овој мундијал ќе инсистира на тактика со МекБрајд како единствен напаѓач и Лендон Донован како полу-шпиц, иако најдобриот американски фудбалери може да даде многу и доколку му се додели улогата на организатор на играта на оваа селекција. Самиот податок дека Американците обезбедија учество на мундијалот на три кола до крајот на квалификациите е доволна потврда за квалитетите на оваа селекција. Сепак, многу тешко е за верување дека со така затворен и еднодимензионален фудбал селекцијата на САД ќе успее да ја изненади Чешка или Италија, и ќе се пласира во натамошните борби. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 12.6.2006 (18ч) Гелзенкирхен САД - Чешка 17.6.2006 (21ч) Кајзерслаутерн Италија - САД 22.6.2006 (16ч) Нирнберг Гана - САД ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Тр. и Тобаго - САД 1:2 Мексико - САД 2:1 САД - Гватемала 2:0 САД - Костарика 3:0 Панама - САД 0:3 САД - Тр. и Тобаго 1:0 САД - Мексико 2:0 Гватемала - САД 0:0 Костарика - САД 3:0 САД - Панама 2:0 ТАБЕЛА 1. САД 10 7 1 2 16:6 22 2. Мексико 10 7 1 2 22:9 22 3. Костарика 10 5 1 4 15:14 16 4. Тр.и Тобаго 10 4 1 5 10:15 13 5. Гватемала 10 3 2 5 16:18 11 6. Панама 10 0 2 8 4:21 2 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Уругвај 1930 Полуфинале Италија 1934 1. Рунда Бразил 1950 1. Рунда Италија 1990 1. Рунда САД 1994 2. Рунда Франција 1998 1. Рунда Јапонија/Кореа 2002 Четвртфинале САД Население: 290 милиони жители Површина: 9.629.091км2 Главен град: Вашингтон Федерација: Унитед Статес Соццер Федератион Членка на ФИФА: Од 1913 година Најмногу настапи: Коби Џонс (164) Најдобар стрелец: Ерик Виналда (34) Најубедлива победа: САД - Барбадос 7:0 (20.8.2000) Најтежок пораз: САД - Англија 0:10 (27.5.1964) ИДЕАЛЕН ТИМ Келер Шерундоло Поуп Ониеву Луис Демпси Реина Мастроени Бисли Донован МекБрајд СЕЛЕКТОР БРУС АРЕНА Осум години на клупата на САД Брус Арена е стратегот со најдолг стаж на кормилото на својата репрезентации од сите селектори што ќе бидат присутни на овој мундијал. Сосема заслужено, ако се знае дека предводени од Арена на клупата, Американците успеаја да се искачат и меѓу најдобрите селекции на ФИФА ранг-листата (во моментов се наоѓаат на 4. позиција). Арена својата тренерска кариера ја започна на универзитетот Вирџинија, со кој освои пет титули по ред. По ова следеше преселба во МЛС лигата на кормилото на Ди-Си Јунајтед, каде Арена за две години освои исто толку титули. Тоа беше одлична препорака за овој стручњак да биде именуван за селектор на САД, како наследник на Стив Семпсон по завршувањето на мундијалот во 1998 година. Во последните осум години Арена успеа да состави стабилен "костур" на репрезентацијата, од кој ќе се очекува да ги предводи Американците до пласман во втората рунда натпревари. "ЅВЕЗДА" Лендон Донован Иако американската селекција е максимално компактен колектив, Лендон Донован со своите одлични игри успеа да се издвои како лидер на Брус Арена на теренот. "Во последните 12 месеци Лендон покажа неверојатна амбициозност на секој тренинг. Мислам дека тој е решен да има фантастичен мундијал, и со нетрпение чекам да видам што има подготвено за ова големо натпреварување", изјави неодамна американскиот селектор за својот најдобар фудбалер. Донован своето деби во националниот тим го имаше само на 17-годишна возраст, во октомври 2000 година, кога на натпреварот против Мексико успеа да се запише во листата на стрелците. Во 1999 година со трансферот во Баер Леверкузен тој стана најмладиот американски фудбалер што заминал на "печалба" во Европа, но откако не успеа да се снајде во таборот на "фармацевтите", се врати во МЛС-лигата каде во дресот на Сан Хозе повторно ја доби наградата за најкорисен фудбалер. ВНИМАВАЈТЕ НА... Огучи Ониеву Одбраната на САД во последните две-три години делува далеку постабилно благодарение на Огучи Ониеву. Ониеву импресионира со својата физичка конституција, со која делува застрашувачки за противничките напаѓачи. Откако не се снајде во тимот на Мец, овој фудбалер ланската сезона ја мина во дресот на Стандард, и е еден од најзаслужните што оваа екипа се пласираше на второто место на табелата во белгиското првенство. Своето деби за националниот тим го имаше во 2004 година, и оттогаш е незаменлив во последната линија на Американците. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Брус Арена има еден настап и како играч за американскиот национален тим, на средбата со Израел што САД ја загуби со 2:0 во ноември 1973 година. Првиот хет-трик на светските првенства е дело на американски репрезентативец. Берт Патенауд постигна три погодоци за САД на средбата со Парагвај (3:0) на мундијалот во Уругвај во 1930 година. |
|||
a-pin-dim | ГАНА Дебитантот, тотален аутсајдер Селекцијата на Гана, која е дебитант на елитните светски фудбалски собири, воопшто немаше среќа при ждребот на групите за мундијалот во Германија. Избраниците на Ратомир Дујковиќ за противници во првата фаза од мундијалот ги добија Италија, САД и Чешка, и тешко може да се надеваат на чудо и пласман во натамошните борби. Најголем "плус" на репрезентацијата на Гана сигурно е одличниот избор на фудбалери што селекторот Дујковиќ го има на средината од теренот. Есиен веќе е докажана мега-ѕвезда во светскиот фудбал, додека младиот Мунтари ќе го искористи овој мундијал за да си замине од Удинезе, доколку успее да го привлече вниманието на некој од европските гиганти. Никако не смее да се заборави ниту одличниот Стефан Апија, екс-фудбалер на Јувентус кој сезонава имаше серија одлични настапи во дресот на Фенербахче. Со ваков среден ред, Гана може да се носи со скоро секој противник. Сепак, само доколку и останатите делови од оваа селекција се подеднакво силни, што апсолутно не е случај. Напаѓачите на оваа репрезентација го немаат потребното искуство на меѓународната сцена. Младиот Амоах ја мина скоро целата сезона како резерва во дресот на Борусија Дортмунд, а од него се очекува да го предводи нападот на Гана на овој мундијал. Партнер на Амоах во нападот би требало да биде Асамоа Гијан, кој оваа сезона ја мина во италијанскиот второлигаш Модена. Големи се проблемите на Дујковиќ и кога станува збор за одбраната. Сами Куфор во 2004 година имаше јавен конфликт со селекторот, по што беше избркан од репрезентацијата. Сепак, овој фудбалер јавно се извини, по што беше вратен во националниот тим. Сега од Куфор се очекува да биде лидер на одбраната на Гана, иако проблем може да претставуваат многуте повреди што овој фудбалер ги заработи во текот на последните 10 месеци. Селекторот Дујковиќ изненади многумина со повикувањето на Илиасу и Пимпонг, кои немаа ниту еден настап за Гана во квалификацискиот циклус. Илиасу е еден од четирите фудбалери на списокот на Дујковиќ што настапуваат во домашното првенство, а својот последен настап во националниот тим го имаше во 1998 година. Пимпонг, напаѓач на данскиот првак ФК Копенхаген, претходно има само еден настап за Гана, и тоа во 2002 година. Со ваков состав, се чини дека и освојување на третото место во групата би бил сосема солиден успех за селекцијата на Гана. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 12.6.2006 (21ч) Хановер Италија - Гана 17.6.2006 (18ч) Келн Чешка - Гана 22.6.2006 (16ч) Нирнберг Гана - САД ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Б. ФАСО - ГАНА 1:0 ГАНА - Ј. АФРИКА 3:0 УГАНДА - ГАНА 1:1 ГАНА - КАПЕ ВЕРДЕ 2:0 ГАНА - КОНГО 0:0 КОНГО - ГАНА 1:1 ГАНА - Б. ФАСО 2:1 Ј. АФРИКА - ГАНА 0:2 ГАНА - УГАНДА 2:0 КАПЕ ВЕРДЕ - ГАНА 0:4 ТАБЕЛА 1. ГАНА 10 6 3 1 17:4 21 2. КОНГО 10 4 4 2 14:10 16 3. Ј. АФРИКА 10 5 1 4 12:14 16 4. Б. ФАСО 10 4 1 5 14:13 13 5. КАПЕ ВЕРДЕ 10 3 1 6 8:15 10 6. УГАНДА 10 2 2 6 6:15 8 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Оваа репрезентација е дебитант на елитните светски фудбалски собири. ГАНА Население: 20.47 милиони жители Површина: 239.460км2 Главен град: Акра Федерација: Гхана Фоотбалл Ассоциатион Членка на ФИФА: Од 1958 година Најмногу настапи: Абеди Пеле (67) Најдобар стрелец: Абеди Пеле (33) Најубедлива победа: Малави - Гана 0:12 (15.10.1962) Најтежок пораз: Бразил - Гана 8:2 (27.3.1996) ИДЕАЛЕН ТИМ Адџеи Сарпеи Куфор Папое Менсах Адо Мунтари Апија Есиен Гијан Амоах СЕЛЕКТОР РАТОМИР ДУЈКОВИЌ Дел од шампионските "црвено-бели" Малкумина очекуваа дека Гана ќе успее да обезбеди пласман на овој мундијал, но најзаслужен за ова чудо сигурно е Ратомир Дујковиќ. Српскиот стручњак пристигна на кормилото на Гана на средината од квалификацискиот циклус, и со победи на последните четири средби успеа да осигура историски успех со оваа репрезентација. Дујковиќ беше еден од помошниците на Љупко Петровиќ во шампионската генерација на Црвена Звезда во 1991 година, по што две години подоцна прифати да биде селектор на Венецуела. Овој стратег направи сензација на почетокот од 2004 година кога со аутсајдерот Руанда обезбеди пласман на Купот на Африкански Нации, во квалификациите успевајќи да ја совлада Гана. Токму на тој меч челниците на Фудбалската Федерација на Гана се уверија во огромните квалитети на овој стручњак и набрзо потоа испратија и понуда до него, што беше прифатена во декември 2004 година. "ЅВЕЗДА" Микаел Есиен Откако поради повреда го пропушти Купот на Африкански Нации на стартот од оваа година, Микаел Есиен ќе има огромни мотиви да ги докаже своите огромни квалитети и на елитната светска фудбалска сцена. Камерунецот Самуел Ето три години по ред ја добива наградата за најдобар африкански фудбалер, но Есиен може да се пофали дека е најслаб играч од "црниот континент", откако Челзи во 2005 година плати 36 милиони евра за неговите услуги. Есиен блесна за младинската селекција на Гана на мундијалот за фудбалери до 17 години во 1999 година, со што си обезбеди проба во тимот на Манчестер Јунајтед. Сепак, проблемите со работната дозвола придонесоа овој фудбалер да се врати во Франција, каде преку Бастија и Лион, минатото лето конечно му се исполни желбата да заигра во Премиер-лигата, во дресот на шампионот Челзи. ВНИМАВАЈТЕ НА... Сали Мунтари Слично како Есиен, и Мунтари со настапите на младинскиот мундијал го привлече вниманието на Манчестер Јунајтед. Сепак, овој фудбалер не ги задоволи вкусовите на Сер Алекс Фергусон и си замина од Олд Трафорд, решавајќи да потпише договор со тимот на Удинезе. Своето деби за сениорската селекција на Гана го имаше во 2004 година на мечот со Буркина Фасо, а веќе на следниот меч, против Јужна Африка, го постигна и својот прв гол во репрезентативниот дрес. Заедно со Есиен, Мунтари е главен организатор на играта на Гана, и ќе мора да се надмине себе си ако оваа селекција сака да се вмеша во борбата за највисок пласман. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Артур Вартон, роден во Гана во 1865 година, е првиот црн професионален фудбалер што заиграл во Англија. Иако имаше англиски пасош, поради расистичките предрасуди на јавноста во тоа време Вартон немаше ниту еден настап за "гордиот албион". |
|||
a-pin-dim | ЧЕШКА Последна шанса на генерацијата Иако Бразил, Аргентина, Италија и Англија важат за најголеми фаворити на ова Светско Првенство, сите се едногласни во прогнозите дека многу лесно може да се случи во трката за првото место може да се вклучи и селекцијата на Чешка. Чесите дури по бараж-натпреварите успеаја да си го обезбедат пласманот на ова Светско Првенство, но тоа никако не го менува фактот дека избраниците на Карел Брикнер можат да се носат со било која елитна селекција. Со оглед на фактот дека поголемиот дел од репрезентативците на Чешка се наоѓаат на залезот на своите кариери, ова е последна шанса за оваа генерација чешки фудбалери да стигнат до трофеј на едно елитно натпреварување. Павел Недвед реши да се врати во националниот тим само за да помогне Чешка да се пласира на мундијалот, и јасно е дека по ова СП најдобриот чешки фудбалер и официјално ќе ги заврши своите репрезентативни настапи. Ако на ова се додаде дека Јан Колер, Карел Поборски и Владимир Шмицер сите имаат преку 30 години, јасно е дека ова е последна можност за овие играчи да се закитат со некое елитно одличје на репрезентативен план. "На сите ни е јасно дека мора да одиме на што повисок пласман во Германија. Формата на оваа селекција беше темпирана за ЕВРО 2004, но сепак ќе имаме што да кажеме и на овој мундијал. На располагање имаме одлични фудбалери, способни да обезбедат и пласман во големото финале", изјави Брикнер при соопштувањето на списокот на патници за Германија. Ова најверојатно ќе биде и последно големо натпреварување на кое Брикнер ќе биде селектор на Чесите. Искусниот стратег е свесен дека новата генерација чешки фудбалери предводена од Плашил, Јаролим и Розенхал со квалитетот се далеку зад своите поискусни репрезентативни колеги, па задачата од Чешка повторно да создаде европски гигант ќе му ја остави на некој друг. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 12.6.2006 (18ч) Гелзенкирхен САД - Чешка 17.6.2006 (18ч) Келн Чешка - Гана 22.6.2006 (16ч) Хамбург Чешка - Италија ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ ХОЛАНДИЈА - ЧЕШКА 2:0 ЧЕШКА - РОМАНИЈА 1:0 ЕРМЕНИЈА - ЧЕШКА 0:3 МАКЕДОНИЈА - ЧЕШКА 0:2 ЧЕШКА - ФИНСКА 4:3 АНДОРА - ЧЕШКА 0:4 ЧЕШКА - АНДОРА 8:1 ЧЕШКА - МАКЕДОНИЈА 6:1 РОМАНИЈА - ЧЕШКА 2:0 ЧЕШКА - ЕРМЕНИЈА 4:1 ЧЕШКА - ХОЛАНДИЈА 0:2 ФИНСКА - ЧЕШКА 0:3 БАРАЖ-СРЕДБИ НОРВЕШКА - ЧЕШКА 0:1 ЧЕШКА - НОРВЕШКА 1:0 ТАБЕЛА 1. ХОЛАНДИЈА 12 10 2 0 27:3 32 2. ЧЕШКА 12 9 0 3 35:12 27 3. РОМАНИЈА 12 8 1 3 20:10 25 4. ФИНСКА 12 5 1 6 21:19 16 5. МАКЕДОНИЈА 12 2 3 7 11:24 9 6. ЕРМЕНИЈА 12 2 1 9 9:25 7 7. АНДОРА 12 1 2 9 4:34 5 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Италија 1934 2. Место Франција 1938 Четвртфинале Швајцарија 1954 1. Рунда Шведска 1958 1. Рунда Чиле 1962 2. Место Мексико 1970 1. Рунда Шпанија 1982 1. Рунда Италија 1990 Четвртфинале Ова е прв самостоен настап на Чешка на мундијалите, по распаѓањето на Чехословачка ЧЕШКА Население: 10.25 милиони жители Површина: 78.866км2 Главен град: Прага Федерација: Фоотбалл Ассоциатион оф тхе Цзецх Републиц Членка на ФИФА: Од 1907 година Најмногу настапи: Карел Поборски (110) Најдобар стрелец: Јан Колер (40) Најубедлива победа: Чешка - Андора 8:1 (4.6.2005) Најтежок пораз: Швајцарија - Чешка 3:0 (20.4.1994) ИДЕАЛЕН ТИМ Чех Григера Розенхал Ујфалуши Јанкуловски Галашек Росицки Недвед Поборски Колер Барош СЕЛЕКТОР КАРЕЛ БРИКНЕР "Офанзивен" стратег Токму Карел Брикнер е најзаслужен што Чешка во последните неколку години стана страв и трепет за сите противници на европската фудбалска сцена. Иако немаше некоја позабележителна кариера како играч, тоа не му пречеше на Брикнер да импресионира како стручњак. Својата тренерска кариера ја започна во Сигма Оломук, по што следеа авантури во Дрновице и Интер Братислава. Реши да се врати во Сигма во 1995 година, но дваесетина месеци подоцна беше ангажиран од националната Федерација. Воглавно беше одговорен за селекцијата до 21 година, со која беше поразен во финалето од ЕП во Италија во 2000 година. По неуспехот во квалификациите за СП 2002, Чесите решија да му врачат отказ на селекторот Чованец, и на негово место го ангажираа токму Брикнер, кој внесе сериозна промена инсистирајќи оваа репрезентација да започне да игра офанзивен фудбал. Брикнер немаше претрпено пораз на првите 20 натпревари како селектор на Чешка, но оваа репрезентација претрпе несреен пораз во полуфиналето од ЕВРО 2004 во Португалија. "ЅВЕЗДА" Павел Недвед Павел Недвед со фантастичните настапи на ЕВРО '96 најави дека станува збор за играч што заслужува да биде дел од светската фудбалска елита. Својата професионална кариера ја започна во Дукла Прага, од каде замина во редовите на градскиот ривал Спарта. Со одличните игри на ЕП во Англија си обезбеди милионски трансфер во калчолигашот Лацио, тим со кој стигна и до шампионската титула на Апенинскиот Полуостров. По ова следеше трансфер во најтрофејниот италијански клуб Јувентус, каде Недвед пристигна како замена за Зинедин Зидан (по трансферот на Французинот во Реал Мадрид). По големото разочарување при поразот од Грција во полуфиналето од ЕВРО 2004, од Недвед сега се очекува да ги одведе Чесите чекор понапред, во големото финале од овој мундијал. ВНИМАВАЈТЕ НА... Милан Барош По очајната сезона што ја имаше во дресот на Астон Вила, Милан Барош е под огромен притисок повторно да се докаже на меѓународната фудбалска сцена. Чешкиот голгетер беше најдобар стрелец на ЕВРО 2004, но ќе мора да ги повтори добрите игри од Португалија и во Германија доколку сака да го привлече вниманието на некој од европските гиганти. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Првиот официјален натпревар селекцијата на Чешка го одигра на 23 февруари 1994 година, кога во Истанбул ја совлада Турција со убедливи 1:4. Јан Колер со девет постигнати гола беше втор стрелец во квалификациите во европската зона (зад Португалецот Паулета). |
|||
a-pin-dim | БРАЗИЛ "Кариоките" во одбрана на тронот Откако пред четири години триумфираа во финалето против Германија и стигнаа до својата петта светска круна, "кариоките" летово важат за супер-фаворити за освојување на пехарот во Германија. Карлос Алберто Пареира пред 12 години покажа дека знае што е потребно за со "кариоките" да се искачи на тронот на светскиот фудбал. Сепак, општо познат е фактот дека е многу полесно да се освои титула, отколку истата да се одбрани. Токму затоа Пареира е свесен за тешката задача на Бразилците да им ја донесе шестата титула светски прваци. Најголема главоболка бразилскиот селектор ќе има со изборот на напаѓачи, каде за три места конкурираат Роналдињо, Робињо, Роналдо и Адриано. Поради можноста да играат и нешто поповлечено, Роналдињо и Робињо најверојатно ќе се изборат за место меѓу првите единаесетмина. Ова значи дека за местото "централен напаѓач" ќе се борат Адриано и Роналдо, двајца фудбалери кои немаа којзнае колку добри сезони во своите тимови во минатата сезона. Неофицијалните информации од Бразил говорат дека предност на мундијалот би требало да добие Роналдо, не толку поради "будењето" во финишот од сезоната во Примера, колку поради огромниот придонес што "феноменот" го имаше во титулата освоена пред четири години. Впрочем, Роналдо имаше одличен настап и во квалификациите, каде со 10 постигнати гола беше најдобар стрелец во "латино-зоната". Интересно ќе биде да се види и кој ќе му прави друштво на Лусио во срцето на одбраната на "кариоките". Пареира изненади многумина со одлуката да не го повика Роке Жуниор од Баер Леверкузен, па шанса во првиот тим би требало да добие Крис од Лион, иако можна опција е и вториот Бразилец од Баер Леверкузен, Хуан. Фактот дека се наоѓаат во група со Хрватска, Австралија и Јапонија значи дека "кариоките" не би требало да имаат никакви проблеми да стигнат во натамошните борби. Вистинскиот предизвик за "кариоките" ќе започне во осминафиналето, но предводени од Роналдињо, Кака и останатите "мега-ѕвезди", се чини дека избраниците на Пареира ќе нема кој да ги сопре во Германија ова лето. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 13.6.2006 (21ч) Берлин Бразил - Хрватска 18.6.2006 (18ч) Минхен Бразил - Австралија 22.6.2006 (21ч) Дортмунд Јапонија - Бразил ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Колумбија - Бразил 1:2 Бразил - Еквадор 1:0 Перу - Бразил 1:1 Бразил - Уругвај 3:3 Парагвај - Бразил 0:0 Бразил - Аргентина 3:1 Чиле - Бразил 1:1 Бразил - Боливија 3:1 Венецуела - Бразил 2:5 Бразил - Колумбија 0:0 Еквадор - Бразил 1:0 Бразил - Перу 1:0 Уругвај - Бразил 1:1 Бразил - Парагвај 4:1 Аргентина - Бразил 3:1 Бразил - Чиле 5:0 Боливија - Бразил 1:1 Бразил - Венецуела 3:0 ТАБЕЛА 1. БРАЗИЛ 18 9 7 2 35:17 34 2. Аргентина 18 10 4 4 29:17 34 3. Еквадор 18 8 4 6 23:19 28 4. Парагвај 18 8 4 6 23:23 28 5. Уругвај 18 6 7 5 23:28 25 6. Колумбија 18 6 6 6 24:16 24 7. Чиле 18 5 7 6 18:22 22 8. Венецуела 18 5 3 10 20:28 18 9. Перу 18 4 6 8 20:28 18 10. Боливија 18 4 2 12 20:37 14 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Уругвај 1930 1. Рунда Италија 1934 1. Рунда Франција 1938 3. Место Бразил 1950 2. Место Швајцарија 1954 Четвртфинале Шведска 1958 ШАМПИОН Чиле 1962 ШАМПИОН Англија 1966 1. Рунда Мексико 1970 ШАМПИОН Германија 1974 4. Место Аргентина 1978 3. Место Шпанија 1982 2. Рунда Мексико 1986 Четвртфинале Италија 1990 2. Рунда САД 1994 ШАМПИОН Франција 1998 2. Место Јапонија/Кореа 2002 ШАМПИОН БРАЗИЛ Население: 182 милиони жители Површина: 8.511.965км2 Главен град: Бразилија Федерација: Бразилиан Фоотбалл Цонфедератион Членка на ФИФА: Од 1923 година Најмногу настапи: Кафу (141) Најдобар стрелец: Пеле (77) Најубедлива победа: Бразил - Боливија 10:1 (10.4.1949) Најтежок пораз: Уругвај - Бразил 6:0 (18.9.1920) ИДЕАЛЕН ТИМ Дида Кафу Лусио Крис Р. Карлос Емерсон Зе Роберто Кака Робињо Роналдињо Роналдо СЕЛЕКТОР КАРЛОС АЛБЕРТО ПАРЕИРА Во потрага по втора круна Пареира немаше поголеми успеси како фудбалер, а првата позначајна тренерска функција ја доби во 1960 година, кога беше именуван за селектор на Гана. Во 1970 година Пареира беше тренер за физичка подготвеност на фудбалерите во стручниот штаб на Марио Загало, стручњак со кој бразилскиот селектор има одлични односи и до ден денеска. Своето "самостојно деби" на СП овој стратег го имаше во 1982 година, кога успеа да го однесе Кувајт на мундијалот, освојувајќи еден бод со оваа селекција на мечот со Чехословачка. Веќе следната година Пареира за првпат беше поставен за селектор на Бразил, но поради слаби резултати си поднесе оставка само 12 месеци подоцна. Во 1990 година Пареира беше именуван за селектор на Обединетите Арапски Емирати, наследувајќи го на оваа функција Марио Загало. Во 1991 година тој се врати на кормилото на "кариоките", и со Загало како негов помошник го врати Бразил на светскиот фудбалски трон. По мундијалот во САД Пареира ги напушти "кариоките" и се посвети на клупскиот фудбал - работеше во Валенсија, Фенербахче, Њу Јорк/Њу Џерси МетроСтарс, за да во 1998 година биде именуван за селектор на Саудиска Арабија. Ова ќе биде петти мундијал на кој што Пареира ќе биде селектор на една селекција, а овој стратег ќе се обиде да дојде до својата втора титула. "ЅВЕЗДА" Роналдињо "Навистина е глупаво да се споредуваат Роналдињо и Марадона. Па Роналдињо е многу подобар играч отколку што Аргентинецот некогаш бил". Ваквата изјава на најдобриот фудбалер на сите времиња, Пеле, на најдобар можен начин ги отсликува квалитетите на Роналдињо. Бразилскиот генијалец ги одбележа последните две години во светскиот фудбал, заслужено добивајќи ги наградите на ФИФА за најдобар светски играч. Роналдињо беше дел од бразилската селекција што триумфираше пред четири години во Јапонија и Јужна Кореа, но овојпат притисокот е уште поголем, бидејќи од него се очекува да ги предводи "кариоките" до одбрана на титулата. ВНИМАВАЈТЕ НА... Робињо Овој млад фудбалер го очекува напорна борба за место во првиот тим. Сепак, брзината на Робињо ќе биде негов главен адут во однос на Роналдо и Адриано, така што младиот напаѓач на Реал Мадрид скоро сигурно ќе добие шанса од Карлос Алберто Пареира меѓу првите единаесетмина на "кариоките". Откако имаше импресивни настапи на Купот на Конфедерации минатата година, Робињо со нептрение очекува да се докаже и на најголемиот светски фудбалски собир. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? На првите четири Светски Првенства "кариоките" настапуваа во бели дресови. Бразилците се решија на промена на боите по поразот на домашен терен од Уругвај во 1950 година. |
|||
a-pin-dim | АВСТРАЛИЈА Хидинк, и сЕ е можно Главен адут на Австралија на ова светско првенство сигурно ќе биде селекторот Гус Хидинк. Холандскиот стратег беше ангажиран за да им го донесе на "кенгурите" првиот пласман на мундијалите по пауза од цели 32 години и сосема одговори на предизвикот. Сепак, по елиминацијата на Уругвај во бараж-дуелот сега се зголемија и апетитите на австралиската фудбалска јавност. Сега многумина очекуваат од Хидинк не само да ги предводи Австралијците до нивната прва победа на мундијалите туку и да ја одведе оваа селекција до осминафиналето. На своето прво мундијалско учество, исто така во Германија, но во 1974 година, Австралија сосема разочара не постигнувајќи гол на трите одиграни натпревари. Сепак, со Хидинк на клупата и неколку одлични фудбалери што Холанѓанецот ќе ги има на располагање, се чини дека "кенгурите" ќе можат да им парираат и на Хрватите, и на Јапонците во борбата за второто место во оваа група каде што неприкосновен е светскиот првак Бразил. Најтешкиот дел од задачата ќе падне врз средниот ред. Сепак, Кејхил и Брешано имаа извонредни сезони во своите тимови и ќе се обидат да ги повторат одличните игри и на репрезентативен план. Ако на нив им се додадат и секогаш извонредниот Марк Видука, како и "универзалецот" Хари Кјуел, јасно е дека Хидинк може да биде задоволен од изборот на фудбалери во средниот ред и во навалната линија. Кјуел му дава дополнителни опции на селекторот бидејќи може да игра како полушпиц (веднаш зад Видука), но одлично се снаоѓа и како лево и како десно крило, со што сигурно ќе им создаде многу проблеми на противничките дефанзивци. Најголем проблем на австралиската репрезентација сигурно ќе биде одбраната. Хидинк нема вистински лидер на последната "четворка" пред Марк Шварцер, а Нил и Поповиќ секогаш имаат проблеми кога против себе имаат "ситни" и брзи напаѓачи. Сепак, знаејќи ги квалитетите на холандскиот стратег, за очекување е Хидинк да состави беспрекорна тактика, со која Австралија ќе има сосема солидни шанси да се избори за пласман во втората рунда на ова Светско првенство. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 12.6.2006 (15ч) Кајзерслаутерн Австралија - Јапонија 18.6.2006 (18ч) Минхен Бразил - Австралија 22.6.2006 (21ч) Штутгарт Хрватска - Австралија ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Австралија - Нов Зеланд 1:0 Австралија - Тахити 9:0 Австралија - Фиџи 6:1 Вануату - Австралија 0:3 Сол. Острови - Австралија 2:2 ПЛЕЈ-ОФ Австралија - Сол. Острови 7:0 Сол. Острови - Австралија 1:2 БАРАЖ-СРЕДБИ Уругвај - Австралија 1:0 Австралија - Уругвај 1:0 (5:4 на пен.) ТАБЕЛА 1. Австралија 5 4 1 0 21:3 13 2. Сол. Острови 5 3 1 1 9:6 10 3. Нов Зеланд 5 3 0 2 17:5 9 4. Фиџи 5 1 1 3 3:10 4 5. Тахити 5 1 1 3 2:24 4 6. Вануату 5 1 0 4 5:9 3 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Германија 1974 1. Рунда АВСТРАЛИЈА Население: 19.73 милиони жители Површина: 7.692.000км2 Главен град: Канбера Федерација: Фоотбалл Федератион Аустралиа Членка на ФИФА: Од 1963 година Најмногу настапи: Алекс Тобин (87) Најдобар стрелец: Демијан Мори (29) Најубедлива победа: Австралија - Ам. Самоа 31:0 (11.4.2001) Најтежок пораз: Австралија - Ј. Африка 0:8 (17.9.1955) ИДЕАЛЕН ТИМ Шварцер Нил Поповиќ Мур Грела Брешано Кејхил Емертон Чиперфилд Кјуел Видука СЕЛЕКТОР ГУС ХИДИНК Тренерот наречен успех Гус Хидинк важи за еден од најдобрите европски стручњаци во последните десетина години. Пред четири години со селекцијата на Јужна Кореја тој успеа да се пласира во мундијалското полуфинале, а во 2005 со тимот на ПСВ Ајндховен се пласираше меѓу најдобрите четири екипи во Европа, и само секунди го делеа од елиминација на Милан. Хидинк важеше за одличен плејмејкер за време на неговата играчка кариера. Десет сезони мина во дресот на Де Графшап, а една година беше член и на ПСВ Ајндховен. Откако мина неколку сезони и во САД како фудбалер на Вашингтон Дипломатс и Сан Хозе, Хидинк се врати во Де Графшап прифаќајќи ја улогата играч - помошник тренер. Во 1983 година замина во ПСВ Ајндховен, каде беше помошник тренер сe до 1987 година, кога конечно стана шеф на стручниот штаб на холандскиот гигант. Со ПСВ освои три титули во домашното првенство, но оствари и фантастичен успех со триумфот во Купот на европските шампиони. По ова Хидинк седеше на клупите на Фенербахче, Валенсија, и на холандската селекција, од каде си замина по поразот од Бразил на мундијалот во 1998 година. "ЅВЕЗДА" Марк Видука "Единствен проблем на Марк Видука се повредите. Кога е здрав, тој е еден од најдобрите напаѓачи во Премиер-лигата". Ова е изјавата што за најдобриот австралиски голгетер ја даде неговиот тренер од Мидлсброу, Стив Мек Кларен. МекК ларен не кажа ништо ново, Видука дефинитивно важи за еден од најопасните голгетери на Островот кога не се мачи со повредите. Проблем е што во последните две сезони Австралиецот имаше премногу проблеми на ова поле и никако не можеше да влезе во толку посакуваната топ-форма. Поради ова тој не беше најстандарден ниту во првиот тим на Мидлсброу, но се надева дека своето вистинско лице ќе го покаже токму на претстојниот мундијал. Интересен е фактот дека Видука и покрај своите извонредни квалитети, има постигнато само шест погодоци во репрезентативниот дрес, скор што ќе се обиде да го подобри во Германија. ВНИМАВАЈТЕ НА... Хари Кјуел Иако во последните две сезони премногу се мачеше со повредите, Хари Кјуел сигурно ќе биде еден од главните адути на Хидинк на ова Светско првенство. Причина за ова се фантастичните настапи што Кјуел ги имаше во дресот на Ливерпул во последните шест месеци, со што овој фудбалер потсети на своите најдобри денови. Со оглед на фактот дека првотимскиот статус во Ливерпул за следната сезона не му е загарантиран, Кјуел ќе се обиде со добри игри на мундијалот да го убеди Рафа Бенитез дека е подобра опција од Марк Гонзалез, кој ќе пристигне на Енфилд од редовите на Реал Сосиедад. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Плејмејкерот Тим Кејхил има настапувано за селекцијата на Самоа на турнир за фудбалери до 20 години на шампионатот што се одржа во 1994 година. Сепак, бидејќи Кејхил тогаш имаше само 14 години, ФИФА му даде дозвола да настапува за австралиската репрезентација. |
|||
a-pin-dim | ФРАНЦИЈА Последно УРА на Зизу Репрезентацијата на Франција стигна до титулата светски првак на мундијалот што во 1998 година "триколорите" го одиграа на свој терен. Оваа селекција важеше меѓу најсериозните кандидати за триумф и четири години подоцна, но "триколорите" се посрамотија во Јапонија и Јужна Кореја, каде беа елиминирани веќе во првата рунда откако не успеаја да постигнат ниту еден гол на натпреварите против Сенегал, Уругвај и Данска. Токму поради ова фијаско, како и поради разочарувачката елиминација во четвртфиналето од ЕВРО 2004, очекувањата на француската фудбалска јавност не се толку високи како порано. Еден од најмотивираните во таборот на "триколорите" во Германија сигурно ќе биде Зинедин Зидан. Овој фудбалски генијалец веќе најави дека со мундијалските настапи ќе ја заврши својата богата кариера и сигурно нема да сака со разочарување да се прости од најубавата споредна работа на светот. Впрочем, Франција долго се мачеше во квалификацискиот циклус, поради што селекторот Доменеш беше принуден да го моли Зидан да се врати во националниот тим, заедно со Лилијан Турам и Клод Макелеле. Токму овие тројца фудбалери беа најзаслужни за успешната серија во финишот од квалификациите, со која "триколорите" успеаја да стигнат до првото место во својата група. Покрај Зидан, најмногу во овие квалификации ќе се очекува од напаѓачите Тиери Анри и Давид Трезеге. Овие двајца фудбалери беа големо разочарување пред четири години во Јапонија и Кореја (Анри заработи црвен картон на вториот тим меч, против Уругвај), за што сигурно ќе се обидат да надоместат со голови во Јапонија. На првите девет квалификациски натпревари "триколорите" постигнаа само десет гола и Доменеш со право се надева на поголема ефикасност од неговите напаѓачи на Светското првенство. Впрочем, токму поради ова и беше повикан младиот Франк Рибери, кој заедно со Сисе му дава многу повеќе опции на францускиот селектор, особено во второто полувреме кога противничките дефанзивци ќе бидат малку изморени. Интересно е што токму Сисе со четири постигнати гола беше најдобар стрелец на "триколорите" во квалификациите, податок што сигурно ќе биде само мотив повеќе за Анри и Трезеге во Германија да покажат кој е кој во нападот на оваа репрезентација. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 13.6.2006 (18ч) Штутгарт Франција - Швајцарија 18.6.2006 (21ч) Лајпциг Франција - Ј. Кореа 23.6.2006 (21ч) Келн Того - Франција ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Франција - Израел 0:0 Ф. Острови - Франција 0:2 Франција - Р. Ирска 0:0 Кипар - Франција 0:2 Франција - Швајцарија 0:0 Израел - Франција 1:1 Франција - Ф. Острови 3:0 Р. Ирска - Франција 0:1 Швајцарија - Франција 1:1 Франција - Кипар 4:0 ТАБЕЛА 1. Франција 10 5 5 0 14:2 20 2. Швајцарија 10 4 6 0 18:7 18 3. Израел 10 4 6 0 15:10 18 4. Р. Ирска 10 4 5 1 12:5 17 5. Кипар 10 1 1 8 8:20 4 6. Ф. Острови 10 0 1 9 4:27 1 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Уругвај 1930 1. Рунда Италија 1934 1. Рунда Франција 1938 Четвртфинале Швајцарија 1954 1. Рунда Шведска 1958 3. Место Англија 1966 1. Рунда Аргентина 1978 1. Рунда Шпанија 1982 4. Место Мексико 1986 3. Место Франција 1998 ШАМПИОН Јапонија/Кореа 2002 1. Рунда ФРАНЦИЈА Население: 60.18 милиони жители Површина: 212.935км2 Главен град: Париз Федерација: Федератион Францаисе де Фоотбалл Членка на ФИФА: Најмногу настапи: Марсел Десаи (116) Најдобар стрелец: Мишел Платини (41) Најубедлива победа: Франција - Азербејџан 10:0 (6.9.1995) Најтежок пораз: Данска - Франција 17:1 (19.10.1908) ИДЕАЛЕН ТИМ Бартез Сањол Турам Гала Абидал Макелеле Виеира Зидан Малуда Анри Трезеге СЕЛЕКТОР РЕЈМОНД ДОМЕНЕШ Одличен со младинци, непроверен со сениори Одлуката на Француската фудбалска федерација да го именува Рејмонд Доменеш за селектор по ЕВРО 2004 наиде на скептицизам во фудбалската јавност во оваа земја. Сосема оправдано, ако се земе предвид дека овој стручњак имаше успеси со младинската селекција на "триколорите", но беше без поголемо искуство кога станува збор за работа со елитни фудбалери. За време на својата играчка кариера Доменеш настапуваше на позицијата последен играч за врска, при што се избори и за осум настапи во националниот тим. Својата тренерска кариера ја почна во аматерскиот тим на Мулхаус во 1985 година, каде три сезони ја извршуваше функцијата тренер-играч. Во 1988 година замина во Лион и веднаш успеа да ја внесе оваа екипа во првата француска лига. По пет просечни сезони на кормилото на Лион, Доменеш прифати да биде селектор на младинската репрезентација на Франција, функција што ја извршуваше цели 11 години. Кога на Жак Сантини му беше врачен отказ по ЕВРО 2004, челниците на Француската федерација се решија да му дадат можност токму нему, пред неколку екс-француски репрезентативци (Тигана, Дешамп...). "ЅВЕЗДА" Зинедин Зидан Натпреварите што ќе ги одигра на ова Светско првенство ќе бидат последни во кариерата на францускиот генијалец кој во својата кариера освои сe што можеше да се освои. Со "триколорите" беше светски првак во 1998 и европски шампион две години подоцна, додека со Јувентус и Реал Мадрид освои сe што можеше да се освои на клупски план. На "триколорите" не им одеше најдобро на стартот од овие квалификации, па Зидан реши да се врати во репрезентацијата за да им помогне да обезбедат пласман на мундијалот. Зизу ќе биде главна фигура во таборот на "триколорите" и на ова Светско првенство помагајќи им да стигнат што подалеку во обид да заборават на фијаското од пред четири години во Јапонија и Кореја, кога тој настапуваше повреден. ВНИМАВАЈТЕ НА... Франк Рибери За многумина беше изненадување што Рејмонд Доменеш го повика Рибери во националниот тим за мундијалот, со оглед на фактот дека овој фудбалер досега нема ниту еден настап за "триколорите". Сепак, Рибери со своите настапи во дресот на Олимпик Марсеј во последните шест месеци сосема заслужи да биде дел од националниот тим во Германија. Офанзивниот фудбалер одлично се снаоѓа и како лево и десно крило, но и како полушпиц, со што сигурно ќе ги зголеми опциите на Доменеш во навалната линија. Иако нема да добие првотимец на овој мундијал, за очекување е Рибери да добие шанса во вторите полувремиња од дуелите на "триколорите". ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Французинот Жист Фонтен е рекордер според бројот на постигнати голови на едно Светско првенство. На мундијалот во Шведска во 1958 година Фонтен постигна дури 13 погодоци. Лилијан Турам е фудбалерот со најмногу настапи од активните француски репрезентативци (112). Ако Франција се пласира во четвртфиналето на мундијалот, Турам ќе го престигне Марсел Десаи како играч со најмногу настапи во дресот на "триколорите". |
|||
a-pin-dim | ЈУЖНА КОРЕЈА Адвокат по стапките на Хидинк Во последните неколку години на челниците на Фудбалската федерација на Јужна Кореја им стана навика да ангажираат стратези од Холандија за селектори на оваа репрезентација. Најголем "виновник" за тоа сигурно е Гус Хидинк, кој пред четири години приреди вистинска сензација кога со оваа селекција стигна до 4. место на мундијалот што се одржа на Далечниот Исток. Кога Хидинк реши да го напушти кормилото на оваа селекција, на негово место беше ангажиран уште еден Холанѓанец, Џо Бонафрере. Иако успеа да осигура пласман на Светското првенство во Германија, Бонафрере заработи отказ откако Корејците загубија на домашен терен од Саудиска Арабија. По отказот на Бонафрере, за селектор беше ангажиран нов Холанѓанец. Овој пат далеку поискусниот Дик Адвокат, кој може да се пофали со пласман во четвртфиналето на мундијалот во САД во 1994 година (како селектор на Холандија). Од Адвокат многумина ќе очекуваат да го повтори успехот на Хидинк, иако е јасно дека тоа нема да биде возможно. Корејците направија сензација пред четири години на свој терен, но овој пат противниците ќе ги сфатат многу посериозно, и Адвокат сигурно нема да може да смета на факторот изненадување како што тоа беше случај на последниот мундијал со Хидинк. Токму затоа новиот селектор инсистира на што поофанзивна игра, со дури тројца напаѓачи меѓу првите единаесетмина. Брзите кратки додавања се главна одлика на оваа селекција. Сепак, главните проблеми Дик Адвокат ги има со составувањето на одбранбениот бедем. Најдобрите дефанзивци ја завршија својата репрезентативна кариера по мундијалот пред четири години. Ниту Бонафрере, ниту Адвокат не успеаја да најдат адекватна замена за Мјунг Бо-Хонг, кој е рекордер според бројот на настапи за корејската репрезентација. Токму затоа се смета дека ако Кореја успее да ги запре противничките напади, ќе може да се надева на пласман во втората рунда. Доколку тоа не се случи, на Корејците им се заканува фијаско како на сите претходни мундијал освен оној последниот, на кои оваа селекција својот настап редовно го завршуваше во првата фаза. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 13.6.2006 (15ч) Франкфурт Ј. Кореа - Того 18.6.2006 (21ч) Лајпциг Франција - Ј. Кореа 23.6.2006 (21ч) Хановер Швајцарија - Ј. Кореа ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Ј. Кореа - Кувајт 2:0 С. Арабија - Ј. Кореа 2:0 Ј. Кореа - Узбекистан 2:1 Узбекистан - Ј. Кореа 1:1 Кувајт - Ј. Кореа 0:4 Ј. Кореа - С. Арабија 0:1 ТАБЕЛА 1. С. Арабија 6 4 2 0 10:1 14 2. Ј. Кореа 6 3 1 2 9:5 10 3. Узбекистан 6 1 2 3 7:11 5 4. Кувајт 6 1 1 4 4:13 4 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Швајцарија 1954 1. Рунда Мексико 1986 1. Рунда Италија 1990 1. Рунда САД 1994 1. Рунда Франција 1998 1. Рунда Јапонија/Кореја 2002 4. Место Ј. КОРЕЈА Население: 48.29 милиони жители Површина: 99.313км2 Главен град: Сеул Федерација: Кореа Фоотбалл Ассоциатион Членка на ФИФА: 1948 Најмногу настапи: Хонг Мјунг-Бо (135) Најдобар стрелец: Ча Бум-Кун (55) Најубедлива победа: Ј. Кореја - Непал 16:0 (29.9.2003) Најтежок пораз: Шведска - Ј. Кореја 12:0 (5.8.1948) ИДЕАЛЕН ТИМ Вон Јае Јунг-Пјо Ји-Чул Јунг-Чул Донг-Јин Џи-Сунг Нам Ил Еул Јонг Чун Со Јунг Хван Чу Јунг СЕЛЕКТОР ДИК АДВОКАТ По мундијалот, во Русија Ова Светско првенство ќе биде последна авантура на Дик Адвокат како селектор на Јужна Кореја бидејќи искусниот стратег веќе се договори по мундијалот да го преземе кормилото на рускиот прволигаш Зенит. Дик Адвокат важеше за сосема солиден плејмејкер во неговата играчка кариера, во која го носеше дресот на Ден Хаг, Рода, Спарта Ротердам, Утрехт и Чикаго Стинг. Својата тренерска кариера ја почна во аматерскиот тим на ДСВП, од каде на големо изненадување на јавноста беше повикан да му биде помошник на Ринус Михелс во националниот тим. По ова во периодот од 1987 до 1990 работеше со екипите на Харлем и Дордрехт, а во 1991 година Михелс го врати во стручниот штаб на "лалињата". Адвокат стана селектор на Холандија во 1992 година, а две години подоцна ја одведе оваа селекција до четвртфиналето на мундијалот во САД, каде загуби од шампионот Бразил. Во 1996 година ги напушти "лалињата" и го презеде тимот на ПСВ Ајндховен, со кого освои една титула пред да замине на кормилото на Глазгов Ренџерс. Во 2002 година се врати во националниот тим, но не успеа да обезбеди добар резултат и по ЕВРО 2004 си поднесе оставка. По ова следеа авантури во Борусија Менхенгладбах и селекцијата на Обединети Арапски Емирати, по што во октомври 2005 година стана селектор на Јужна Кореја. "ЅВЕЗДА" Парк Џи-Сунг Парк Џи-Сунг веќе подолго време важи за најдобар фудбалер на оваа земја, кој уште повеќе си ја зголеми популарноста по трансферот од ПСВ Ајндховен во Манчестер Јунајтед минатото лето. "Парк е навистина неверојатен фудбалер. Тој му дава огромна енергија на тимот и ги инспирира сите околу себе", изјави сер Алекс Фергусон, кој не го крие своето задоволство од настапите на Кореецот за "Црвените ѓаволи". Интересно е што Парк својата професионална кариера ја почна во јапонската лига, во тимот на Кјото, кој потпиша договор со него веднаш по завршувањето на средното училиште. Со тоа тој стана првиот Кореец што настапувал јапонскиот шампионат без претходно да има настапено во домашното првенство. Своето деби во националниот тим го имаше во 2000 година, кога настапуваше на позицијата последен играч за врска. Сепак, Гус Хидинк во 2001 година го префрли на поофанзивна позиција, што се покажа како вистински потег. Парк беше еден од најзаслужните за фантастичниот успех на последниот мундијал, а беше во главна улога и при пласманот на ПСВ Ајндховен во полуфиналето од Лигата на шампионите пред две сезони. ВНИМАВАЈТЕ НА... Парк Чу-Јунг Дик Адвокат во Германија многу ќе очекува од 20-годишниот Парк Чу-Јунг. Иако станува збор за многу млад фудбалер, Чу-Јунг во последните 12 месеци се промовираше во лидер на нападот на Јужна Кореа. Тој постигна шест од 11-те гола за младинската селекција на Кореа на азискиот шампионат, и оттогаш е незаменлив и во нападот на сениорите. Станува збор за играч што има солидна котрола над топката, одличен преглед на играта, и е особено опасен при прекините бидејќи одлично се снаоѓа во воздушните дуели во противничкиот шеснаесетник. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Јунг-Хван Ан беше херој на Кореја на осминафиналниот меч со Италија на мундијалот во 2002 година постигнувајќи "златен гол" за елиминација на "азурите". Ан тогаш беше член на калчолигашот Перуџа, чиј претседал Лучијано Гаучи веднаш му порача дека договорот му е раскинат и нема шанси да се врати во Италија. |
|||
a-pin-dim | ТОГО Осминафиналето недостижно за дебитантите Репрезентацијата на Того важи за еден од најголемите аутсајдери на ова Светско првенство. Главен адут на Того сигурно ќе биде Емануел Адебајор. Овој 22-годишен напаѓач имаше неколку фантастични настапи во дресот на Арсенал по трансферот на Хајбери реализиран во јануари годинава. Сепак, пред младиот Адебајор е тешка задача да биде лидер на оваа репрезентација против реално гледано посилни противници од калиброт на Франција, Швајцарија и Јужна Кореја. Адебајор ќе мора да се види и поради конфликтот што го имаше со тогашниот селектор Кеши на Купот на Африканските нации на почетокот од годинава. Тогаш Адебајор поради караницата со Кеши воопшто не беше во составот на првиот меч на Того на ова натпреварување, што беше увертира за слабите настапи на оваа селекција во Египет. Веднаш по фијаското на Купот на африкански нации на Кеши му беше врачен отказ, а на негово место беше ангажиран искусниот Германец Ото Фистер. Фактот дека Фистер немаше доволно време за да ги осознае квалитетите на своите "пулени" (дојде на кормилото на Того во февруари годинава), ниту, пак, време за пронаоѓање на нови таленти од оваа земја само уште повеќе му ја отежнува работата на овој стратег во пресрет на стартот од Светското првенство. Главен проблем на Фистер сигурно ќе биде неискуството на неговите избраници. Освен Адебајор, ниту еден од останатите репрезентативци на Того не се натпреварува во некоја од елитните европски лиги. Иако мотивацијата да се биде дел од елитните собири понекогаш може да се покаже пресудна на вакви натпреварувања, факт е дека Того во своите редови нема доволно квалитетни играчи за да приреди сензација. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 13.6.2006 (15ч) Франкфурт Ј. Кореа - Того 19.6.2006 (15ч) Дортмунд Того - Швајцарија 23.6.2006 (21ч) Келн Того - Франција ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ ЗАМБИЈА - ТОГО 1:0 ТОГО - СЕНЕГАЛ 3:1 ЛИБЕРИЈА - ТОГО 0:0 ТОГО - КОНГО 2:0 ТОГО - МАЛИ 1:0 МАЛИ - ТОГО 1:2 ТОГО - ЗАМБИЈА 4:1 СЕНЕГАЛ - ТОГО 2:2 ТОГО - ЛИБЕРИЈ 3:0 КОНГО - ТОГО 2:3 ТАБЕЛА 1. Того 10 7 2 1 20:8 23 2. Сенегал 10 6 3 1 21:8 21 3. Замбија 10 6 1 3 16:10 19 4. Конго 10 3 1 6 10:14 10 5. Мали 10 2 2 6 11:14 8 6. Либерија 10 1 1 8 3:27 4 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Оваа репрезентација е дебитант на елитните светски фудбалски собири ТОГО Население: 5.43 милиони жители Површина: 56.785км2 Главен град: Ломе Федерација: Федератион Тоголаисе де Фоотбалл Членка на ФИФА: 1961 Најмногу настапи: Масамасо Чангаи (90) Најдобар стрелец: Мохамед Кадер (51) Најубедлива победа: Того - Замбија 4:1 (5.6.2005) Најтежок пораз: Мароко - Того 7:0 (7.1.2000) ИДЕАЛЕН ТИМ Агаса Абало Асимиу Акото Асемоаса Салифу Ромао Азиавону Туре Сенаја Адебајор СЕЛЕКТОР ОТО ФИСТЕР Одличен познавач на африканскиот фудбал Ото Фистер има пред себе тешка задача, да му обезбеди на Того пласман во втората рунда од мундијалот. Овој стратег немаше доволно време за подготовки бидејќи го презеде кормилото на Того пред само четири месеци наследувајќи го на оваа функција Стивен Кеши. Фистер важи за многу искусен стратег, кој во последните триесетина години имаше тренерски авантури низ целиот свет. Својата тренерска кариера ја почна во Швајцарија, по што следеше преселба во Африка. На "Црниот континент" Фистер работеше во дури 14 земји предводејќи 17 различни тимови. На стартот од кариерата беше селектор на Руанда, Буркина Фасо и Сенегал, по што следеа авантури во Заир и Брегот на Слоновата Коска. Најголемиот успех го забележа со младинската селекција на Гана со која во 1991 година дојде до титулата на мундијалот за фудбалери до 17 години. Во 1998 година успеа со селекцијата на Саудиска Арабија да обезбеди пласман за Светското првенство во Франција, но Арапите непосредно пред почетокот на мундијалот го сменија со Карлос Алберто Пареира. Последниот поголем успех го имаше на клупски план во 2001 година, кога со египетскиот Замалек триумфира на Африканскиот куп на победниците на куповите. "ЅВЕЗДА" Емануел Адебајор Доколку репрезентативците на Того сакаат да се надеваат на пласман во втората рунда, Емануел Адебајор ќе мора да ги повтори фантастичните игри од квалификациите. Високиот голгетер беше најдобар стрелец во африканските селекции со дури 11 постигнати погодоци, поради што заедно со Дрогба и Ето беше номиниран за наградата "најдобар африкански фудбалер" (на крајот го освои третото место). Адебајор имаше доста проблеми на стартот од минатата сезона, кога беше во немилост на тренерот на Монако, Франческо Гвидолин. Следеше трансфер во редовите на Арсенал, каде младиот голгетер веднаш успеа да го импресионира Арсен Венгер и фановите на "топчиите" постигнувајќи гол веќе на дебито во Премиер-лигата. ВНИМАВАЈТЕ НА... Јао Жуниор Сенаја Младиот Јао Жуниор Сенаја важи за идеален партнер во нападот за Адебајор. Станува збор за низок (167 см), но многу брз фудбалер, кој одлично знае да го искористи просторот што го отвора најдобриот напаѓач на Того. Овој напаѓач настапува со голем успех во швајцарскиот второлигаш Јувентус Цирих, а беше еден од најдобрите репрезентативци на оваа земја и на Купот на африкански нации што се одржа на почетокот на годинава. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Сe до Првата светска војна Того беше германска колонија. Коефициентот за триумф на Того на ова Светско првенство е фантастични 1-500. Того претрпе порази на сите натпревари во квалификациите за мундијалот во САД во 1994 година. |
|||
a-pin-dim | ШВАЈЦАРИЈА Увертира за ЕВРО 2008 Швајцарија полека, но сигурно се враќа во горниот дел од светскиот фудбал. Откако успеа да обезбеди пласман на ЕВРО 2004, Швајцарија и сезонава ќе биде дел од еден елитен фудбалски собир. Најголемиот дел од заслугите сигурно му припаѓаат на селекторот Коби Кун, кој од групата млади и прилично неискусни фудбалери успеа да состави еден силен колектив. За цврстината на Швајцарите најдобра потврда е фактот дека на десетте квалификациски средби оваа репрезентација не претрпе ниту еден единствен пораз, вклучувајќи ги тука и двата натпревари против Франција. Овој податок е многу важен за "пулените" на Кун, особено ако се земе предвид дека и во првата рунда од овој мундијал против себе ќе ги имаат репрезентативците на Франција, кои не делуваат така застрашувачки како пред шест години. Она што најмногу импресионира кај Кун е фактот дека швајцарскиот селектор успеа да состави одлична репрезентација без ниту една единствена "ѕвезда". Александар Фреи е најзвучното име во овој национален тим, иако останува фактот дека голгетерот на Рен е крајно непроверен кога станува збор за елитните натпреварувања. Тоа може да биде само мотив повеќе за Фреи да блесне во вистинско светло на најголемата фудбалска сцена, иако секогаш постои опасност фудбалерот да се "изгори" од преголемата желба за докажување. Во отсуство на повредениот Фонлантен, партнер во нападот на Фреи ќе му биде искусниот Стрелер, кој сезонава настапуваше во германската Бундес-лига, за екипите на Штутгарт и Келн. Одбраната на Швајцарија е одличен склоп на младоста и искуството. Филип Сендерос имаше одлични настапи во дресот на Арсенал во ЛШ, додека неговиот партнер во последната линија, Патрик Милер, зимава се врати во Лион, екипата со која стигна до четвртфиналето од Лигата на шампионите. Одбраната на Швајцарците има голема помош од Јохан Вогел и Рафаел Вики, кои одлично го затвораат просторот пред својата последна линија. Крај Вогел и Вики во средниот ред играат брзоногите Барнета и Кабанас, кои многу лесно отвораат противнапади кога противникот ќе ја отвори својата игра. Се чини дека воигрувањето на тимот ќе биде пред резултатите и пласманот на овој мундијал за швајцарскиот селектор. За Кун во преден план ќе биде што подобро да ги подготви своите фудбалери за настап на едно елитно натпреварување, со оглед на фактот дека Швајцарија заедно со Австрија е домаќин на Европското првенство во 2008 година. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 13.6.2006 (18ч) Штутгарт Франција - Швајцарија 19.6.2006 (15ч) Дортмунд Того - Швајцарија 23.6.2006 (21ч) Хановер Швајцарија - Ј. Кореа ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Швајцарија - Ф. Острови 6:0 Швајцарија - Р. Ирска 1:1 Израел - Швајцарија 2:2 Франција - Швајцарија 0:0 Швајцарија - Кипар 1:0 Ф. Острови - Швајцарија 1:3 Швајцарија - Израел 1:1 Кипар - Швајцарија 1:3 Швајцарија - Франција 1:1 Р. Ирска - Швајцарија 0:0 БАРАЖ-СРЕДБИ ШВАЈЦАРИЈА - ТУРЦИЈА 2:0 ТУРЦИЈА - ШВАЈЦАРИЈА 4:2 ТАБЕЛА 1. Франција 10 5 5 0 14:2 20 2. ШВАЈЦАРИЈА 10 4 6 0 18:7 18 3. Израел 10 4 6 0 15:10 18 4. Р. Ирска 10 4 5 1 12:5 17 5. Кипар 10 1 1 8 8:20 4 6. Ф. Острови 10 0 1 9 4:27 1 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Италија 1934 Четвртфинале Франција 1938 Четвртфинале Бразил 1950 1. Рунда Швајцарија 1954 Четвртфинале Чиле 1962 1. Рунда Англија 1966 1. Рунда САД 1994 Осминафинале ШВАЈЦАРИЈА Население: 7.32 милиони жители Површина: 41.290км2 Главен град: Берн Федерација: Сњисс Фоотбалл Ассоциатион Членка на ФИФА: 1904 Најмногу настапи: Хајнц Херман (117) Најдобар стрелец: Макс Абеглен, Кубилај Туркилмаз (34) Најубедлива победа: Швајцарија - Сан Марино 7:0 Најтежок пораз: Швајцарија - Англија 0:9 (20.5.1909) ИДЕАЛЕН ТИМ Зубербухлер Деген Милер Сендерос Мањин Вики Вогел Кабанас Барнета Фреи Штрелер СЕЛЕКТОР КОБИ КУН Легенда на швајцарскиот фудбал Коби Кун со својот авторитет важи за идеален селектор на оваа млада генерација швајцарски фудбалери. Скоро целиот дел од својата професионална кариера ја мина во Цирих, екипа за која настапуваше цели 17 години уште од својата 17-годишна возраст. Токму Кун беше главен фудбалер на тимот на Цирих, кој освои шест титули во швајцарското првенство и пет во националниот куп. Кун беше дел од селекцијата што обезбеди настап на мундијалот во 1966 година, но заедно со уште двајца соигражи беше суспендиран од репрезентацијата поради 45-минутно задоцнување при враќањето во хотелот. Иако важеше за одличен фудбалер во своето време, многумина беа изненадени кога во 2001 година му беше дадена шанса да биде селектор на Швајцарија. Иако никогаш не беше прв тренер на некоја екипа, Кун веднаш ги покажа своите стручни квалитети обезбедувајќи ги пласманот на оваа селекција на ЕВРО 2004. "ЅВЕЗДА" Александар Фреи Швајцарската фудбалска јавност има огромни очекувања од Александар Фреи, кој во просек постигнува по еден гол на секој два натпревари за националниот тим. Голгетерот на Рен имаше проблеми со повреди на последните неколку месеци, но успеа да се рехабилитира навреме за да биде "фит" за мундијалот. Фреи многумина го нарекуваат "швајцарскиот Пипо Инзаги", поради фактот дека најголемиот дел од своите погодоци ги постигнува по одбиени топки во противничкиот шеснаесетник. Овој мундијал ќе биде одлична можност за Швајцарецот да блесне на меѓународна сцена, со оглед на фактот дека очекува трансфер во некој од европските гиганти. Се шпекулира дека Фреи е многу близу до трансфер во Борусија Дортмунд, но лесно би можел да се премисли доколку некој од "поголемите" европски клубови испрати понуда за неговите услуги. ВНИМАВАЈТЕ НА... Валон Бехрами Валон Бехрами е роден во Косово, но реши да си замине во Швајцарија за време на војната во овој дел од Балканот. Станува збор за крајно талентиран 22-годишен играч за врска, кој подеднакво добро се снаоѓа и како плејмејкер, и како лево крило. Одигра три натпревари за Швајцарија во текот на квалификациите во групата, а постигна и еден гол, на првиот бараж-натпревар против Турција. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Џозеф Хуеги е еден од најдобрите швајцарски фудбалери на сите времиња. Тој постигна шест гола на мундијалот во 1954 година, вклучувајќи го тука и хет-трикот на средбата од четвртфиналето против Австрија. |
|||
a-pin-dim | ШПАНИЈА Многу експерименти на Луис Арагонес Една од најголемите "непознати" на ова Светско првенство сигурно ќе биде репрезентацијата на Шпанија. На последните неколку елитни натпреварувања Шпанците редовно беа вбројувани меѓу фаворитите за највисок пласман, но ниту еднаш не успеаја да го оправдаат ваквиот епитет. "Црвената фурија" досега учествувала на дури 11 мундијали, но ниту еднаш не успеала да се пласира ниту во полуфиналето од елитните светски фудбалски собири, а камоли да се бори за пехарот "Жил Риме". Од Луис Арагонес се очекува да стави крај на оваа непријатна традиција и да ги одведе Шпанците меѓу најдобрите четири светски селекции, иако селекторот на "Црвената фурија" предизвика доста контроверзии со ротациите на тимот во текот на квалификациите и подготовките. Жоакин беше стандарден на стартот од овој квалификациски циклус, но како што одминуваше времето, тој сe поретко добиваше шанса од Арагонес. Селекторот направи низа рокади и во одбраната, каде стандарден беше единствено Карлес Пујол. Хуанито, Рамос и Маркена се сменија како партнери на капитенот на Барса во последната линија на Шпанците, иако е најавено дека на овој мундијал предност пред овие тројца ќе добие Пабло Ибањез од Атлетико Мадрид. Единствена позитивна работа во квалификациите беше огромната доверба што Арагонес ја имаше во Фернандо Торес. Напаѓачот на Атлетико имаше големи проблеми со ефикасноста во текот на овие квалификации, но редовно добиваше шанса во првиот тим. Тоа на крај се покажа како вистински потег бидејќи Торес ги постигна клучните два гола на гостувањето против Белгија на решавачкиот меч од квалификациите осигурувајќи го второто место на Шпанците во групата. Арагонес предизвика бура од реакции со одлуката во мундијалскиот состав да не го повика Рубен Бараха, иако капитенот на Валенсија беше еден од најстандардните шпански фудбалери за време на квалификациите. Ако на ова се додаде дека меѓу 23-те патници за Германија Арагонес не најде место ниту за Фернандо Мориентес, кој е втор на листата на стрелци на шпанскиот национален тим од активните фудбалери, јасно е дека селекторот презеде преголем ризик врз себе со одлуката надежите да ги положи во млади, наместо во проверени играчи. Овој мундијал ќе покаже дали Арагонес бил во право. Ако не, ова Светско Првенство ќе биде последно елитно натпреварување на кое искусниот стратег ќе седи на клупата на "Црвената фурија". РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 14.6.2006 (15ч) Лајпциг Шпанија - Украина 19.6.2006 (21ч) Штутгарт Шпанија - Тунис 23.6.2006 (16ч) Кајзерслаутерн С. Арабија - Шпанија ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ БИХ - ШПАНИЈА 1:1 ШПАНИЈА - БЕЛГИЈА 2:0 ЛИТВАНИЈА - ШПАНИЈА 0:0 ШПАНИЈА - САН МАРИНО 5:0 СЦГ - ШПАНИЈА 0:0 ШПАНИЈА - ЛИТВАНИЈА 1:0 ШПАНИЈА - БИХ 1:1 ШПАНИЈА - СЦГ 1:1 БЕЛГИЈА - ШПАНИЈА 0:2 САН МАРИНО - ШПАНИЈА 0:6 БАРАЖ-СРЕДБИ ШПАНИЈА - СЛОВАЧКА 5:1 СЛОВАЧКА - ШПАНИЈА 1:1 ТАБЕЛА 1. СЦГ 10 6 4 0 16:1 22 2. ШПАНИЈА 10 5 5 0 19:3 20 3. БиХ 10 4 4 2 12:9 16 4. Белгија 10 3 3 4 16:11 12 5. Литванија 10 2 4 4 8:9 10 6. Сан Марино 10 0 0 10 2:40 0 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Италија 1934 Четвртфинале Бразил 1950 4. Место Чиле 1962 1. Рунда Англија 1966 1. Рунда Аргентина 1978 1. Рунда Шпанија 1982 2. Рунда Мексико 1986 Четвртфинале Италија 1990 Осминафинале САД 1994 Четвртфинале Франција 1998 1. Рунда Јапонија/Кореа 2002 Четвртфинале ШПАНИЈА Население: 40.22 милиони жители Површина: 504.782км2 Главен град: Мадрид Федерација: Реал Федерацион Еспанола де Футбол Членка на ФИФА: 1904 Најмногу настапи: Андони Зубизарета (126) Најдобар стрелец: Раул (42) Најубедлива победа: Шпанија - Бугарија 13:0 (21.5.1933) "Најтежок пораз: Италија - Шпанија 7:1 (4.6.1928) ИДЕАЛЕН ТИМ Касиљас Салгадо Пујол Ибањез А. Лопез Чави Чаби Алонсо Албелда Луис Гарсија Торес Раул СЕЛЕКТОР ЛУИС АРАГОНЕС Од "стариот лисец" се бара медал Луис Арагонес важеше за одличен напаѓач за време на својата играчка кариера успевајќи да се избори и за 11 настапи во шпанската репрезентација. Дури десет години мина во дресот на Атлетико Мадрид, а во сезоната 1969/70 беше најдобар стрелец во Примера дивизион. На почетокот од тренерската кариера тој двапати седеше на клупата на Атлетико, а имаше и кратки авантури во Бетис и Овиедо. Кон средината на осумдесеттите години тој го наследи Тери Венејблс на клупата на Барселона, по што работеше и на кормилата на Еспањол, Севиља, Валенсија и Мајорка. Откако Шпанците доживеаја вистинско фијаско на ЕВРО 2004, челниците на Федерацијата му врачија отказ на Инаке Саез и "селекторската палка" му ја доделија на Арагонес. Тој се најде во центарот на вниманието во март 2005 година, кога со камера беше фатен како расистички го навредува Тиери Анри. Арагонес се "вадеше" дека тоа го правел за да го мотивира Рејес, кој е клупски соиграч на Анри, но во секој случај мораше да плати казна. Шпанската јавност од Арагонес очекува медал од овој мундијал, иако останува прашањето дали овој "стар лисец" е способен да постигне таков успех. "ЅВЕЗДА" Раул Со оглед на фактот дека веќе има 29 полни години, овој мундијал е можеби последна можност за капитенот на Реал Мадрид да остави траен печат врз елитните светски фудбалски собири. Најдобриот шпански фудбалер во последната деценија редовно бележеше добри игри на мундијалите, но неговата селекција никако не успеваше да забележи некој позначаен успех. Сега Раул конечно има крај себе фантастични соиграчи подготвени да блеснат на едно елитно натпреварување, но тој има сериозни проблеми со повредите. Најдобриот стрелец во историјата на "црвената фурија" (има постигнато 13 гола повеќе од второпласираниот на оваа листа, Фернандо Јеро) имаше сериозна повреда на коленото, поради која го пропушти поголемиот дел од оваа сезона. Сепак, за очекување е селекторот Арагонес да му даде предност пред Давид Виља како партнер на незаменливиот Фернандо Торес во нападот на "фуријата". ВНИМАВАЈТЕ НА... Цеск Фабрегас Малкумина очекуваа Луис Арагонес да му даде шанса на Фабрегас на овој мундијал. Сепак, овој 19-годишен фудбалер сосема ја заслужи довербата на шпанскиот селектор со фантастичните игри во дресот на Арсенал. Младиот Шпанец беше меѓу најзаслужните што "топчиите" се пласираа во големото финале од Лигата на шампионите, и сигурно уште на овој мундијал ќе се обиде да се наметне за место во првиот тим на Шпанија, откако имаше фантастични настапи за селекцијата до 17 и до 19 години. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Емилио Бутрагењо на мундијалот во Мексико во 1986 година постигна четири гола на мечот со Данска (5:1). Претходно тоа му појде од рака на Португалецот Еузебио на СП 1966 во Англија. Екс-голманот на Шпанија, Андони Зубизарета, настапи на четири мундијали за "Црвената фурија" (1986, 1990, 1994 и 1998). |
|||
a-pin-dim | ТУНИС Има надеж за четвртфинале Ако се земе во предвид фудбалското педигре што селекцијата на Тунис го има во светски рамки, слобожно може да се каже дека оваа селекција е меѓу најголемите аутсајдери на овој мундијал. Сепак, позитивниот тренд на фудбалот во оваа земја во последните три-четири години придонесе јавноста во оваа земја да има право да се надева на прв пласман во осминафиналето од Светското Првенство. Еден од најзаслужните за фудбалската "револуција" во оваа земја сигурно е Роже Лемер. Францускиот стратег пристигна во Тунис по фијаското што го имаше со "триколорите" на СП 2002, и успеа да се врати во колосек. На фантастичен начин успеа да го извлече максимумот од своите фудбалери, а успешните преговори со Бразилецот Сантос придонесоа Тунис да добие екстра-засилување во нападот, позицијата каде оваа селекција отсекогаш имала огромни проблеми. Причина за оптимизам на Тунижните им дава и фактот дека клучните фудбалери на оваа селекција го собраа потребното искуство играјќи по елитните шампионати во Европа. Хатем Трабелси веќе пет-шест сезони е член на холандскиот Ајакс, додека најдобриот дефанзивец Жаиди имаше фантастична сезона во дресот на Болтон. Иако не е најталентиран на технички план, Буазизи е лидер на Тунис на средината од теренот. Овој фудбалер веќе десет години е член на националниот тим, и мундијалот во Германија најверојатно ќе биде негово последно елитно натпреварување во репрезентативниот дрес. Она за што најмногу му се честита на Лемер е начинот на кој што овој стручњак успеа од просечната туниска репрезентација да создаде многу силен колектив. Така, Сантос многу често знае да се врати и да им помогне на дефанзивците, исто како што офанзивните бекови Трабелси и Саиди знаат да истрчаат во напад за да отворат простор за напаѓачите, но и за офанзивниот играч за врска Намуши, кој сигурно ќе биде "џокер" на Лемер на овој мундијал. Токму затоа, многу лесно може да се случи Тунис да ја изненади Шпанија или Украина, и за првпат од своето постоење оваа селекција да обезбеди учество во втората рунда од едно СП. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 14.6.2006 (18ч) Минхен Тунис - С. Арабија 19.6.2006 (21ч) Штутгарт Шпанија - Тунис 23.6.2006 (16ч) Берлин Украина - Тунис ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Тунис - Боцвана 4:1 Гвинеа - Тунис 2:1 Мароко - Тунис 1:1 Малави - Тунис 2:2 Тунис - Малави 7:0 Боцвана - Тунис 1:3 Тунис - Гвинеа 2:0 Тунис - Кенија 1:0 Кенија - Тунис 0:2 Тунис - Мароко 2:2 ТАБЕЛА 1. ТУНИС 10 6 3 1 25:9 21 2. Мароко 10 5 5 0 17:7 20 3. Гвинеа 10 5 2 3 15:10 17 4. Кенија 10 3 1 6 8:17 10 5. Боцвана 10 3 0 7 10:18 9 6. Малави 10 1 3 6 12:26 6 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Аргентина 1978 1. Рунда Франција 1998 1. Рунда Јапонија/Кореа 2002 1. Рунда ТУНИС Население: 9.92 милиони жители Површина: 164.150км2 Главен град: Тунис Федерација: Федератион Тунисиенне де Фоотбалл Членка на ФИФА: 1960 Најмногу настапи: Кајес Годбане (88) Најдобар стрелец: Сантос (18) Најубедлива победа: Тунис - Малави 7:0 (26.3.2005) Најтежок пораз: Унгарија - Тунис 10:1 (24.7.1960) ИДЕАЛЕН ТИМ Бумниџел Трабелси Жаиди Ајари Саиди Мелити Буазизи Годбане Намуши Жазири Сантос СЕЛЕКТОР РОЖЕ ЛЕМЕР Дел од шампионските "триколори" Роже Лемер може да се пофали дека знае што е потребно за да се триумфира на едно Светско првенство. Овој стручњак му беше помошник на Еме Жаке на клупата на шампионската селекција на Франција на мундијалот во 1998 година. По оставката на Жаке, токму Лемер го наследи овој стратег на кормилото на "триколорите", и со оваа репрезентација успеа да триумфира на ЕВРО 2000. Како фудбалер Лемер важеше за просечен играч во француското првенство, каде го носеше дресот на Седан, Нант, Нанси и Ленс, пред да ја заврши својата професионална кариера во 1975 година. Тренерската кариера ја почна во францускиот тим Црвена Звезда, по што следеа авантури и во Ленс, Стразбур и Есперанца Тунис. Во 1986 година почнува со работа во Француската фудбалска федерација, а во 1995 со "воената селекција на Франција" станува светски првак во оваа категорија. Во јануари 1998 прифаќа да му биде помошник на Жаке во сениорскиот тим, а во август и официјално е именуван за нов селектор на "триколорите". Откако седна на клупата на Тунис, ја предводеше оваа репрезентација до триумф на Купот на африкански нации во 2004 година. "ЅВЕЗДА" Сантос Во конкуренција на Хатем Трабелси и Жаиди, сепак, Сантос е најпопулариот туниски фудбалер во моментов. Натурализираниот Бразилец беше вистинско откровение во тунискиот шампионат во 1998 година, кога на 50 натпревари за Етуал Спортив постигна 32 гола помагајќи му на овој тим да стане африкански шампион. Тренерот Жан Фернандез реши да го земе Сантос со себе во Франција, каде во дресот на Сошо овој фудбалер успеа да стигне и до трофеј во националниот куп. Свесен дека не може да добие шанса да настапува за Бразил, во декември 2003 година тој реши да ја прифати понудата за туниско државјанство за да заигра за оваа репрезентација. Токму Сантос беше најзаслужен за триумфот на Купот на африканските нации на кој Тунис славеше пред две години на свој терен, и од него ќе се очекуваат голови и на ова Светско првенство. ВНИМАВАЈТЕ НА... Хамед Намуши Летово во 2003 години за услугите на Хамед Намуши заинтересиран беше и Челзи, но овој фудбалер изненади многумина со одлуката да ги одбие "сините" и да потпише договор со Глазгов Ренџерс. Сепак, ова се покажа како вистински потег бидејќи Намуши во последните две сезони е незаменлив играч во првиот тим на Ренџерси. "Она што е најимпресивно кај него е огромната самодоверба што ја има. Никогаш не се плаши од противникот и оди директно кон него, без разлика за кого станува збор", изјави за Тунижанецот екс-менаџерот на Ренџерси, Елск МекЛиш. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Сантос постигна четири гола за Тунис на квалификацискиот натпревар со Малави на кој оваа селекција славеше со 7:0. Со ова тунискиот напаѓач го израмни рекордот во африканските квалификации кој беше сопственост на Роже Мила. Тунис е единствената африканска селекција што настапи и на минатиот, а ќе биде дел и од овој мундијал. Сенегал, Нигерија, Јужна Африка и Камерун не успеаја да ги минат квалификациите за ова СП. |
|||
a-pin-dim | САУДИСКА АРАБИЈА Средниот ред, главен проблем Саудиска Арабија се вбројува меѓу петте најголеми аутсајдери на овој мундијал. Иако селекторот Маркос Пакета важи за стручњак што секогаш знае да го извлече максимумот од своите фудбалери, реалноста е дека оваа репрезентација нема квалитет за да се вмеша во борбата за пласман во осминафиналето. Лидерот на репрезентацијата Ал Џабер веќе има 33 години и прашање е дали ќе може да одговори на предизвикот да го одведе националниот тим меѓу 16-те најдобри светски селекции, како што тоа беше случај пред 12 години на мундијалот во САД. Саудиска Арабија доживеа вистинско фијаско на последното Светско првенство во Јапонија и Јужна Кореја, каде што претрпе три порази на исто толку натпревари, без притоа да постигне ниту еден единствен гол. Особено засрамувачки беше поразот од 8:0 што Саудијците го претрпеа на натпреварот со Германија. Најсилен дел од оваа селекција сигурно е одбраната. Голманот Зајед бранеше во фантастична форма во текот на квалификациите примајќи само еден гол на шест натпревари. Одбраната е предводена од секогаш стандардниот Хамад Ал Монташари, кој лани ја доби контроверзната награда за најдобар азиски фудбалер (двајцата фудбалери што беа пред него во гласањето не ја добија наградата бидејќи не беа во можност да присуствуваат на гала-церемонијата). Сепак, главен проблем на оваа селекција останува средниот ред. Пакета не располагање нема ниту еден квалитетен фудбалер способен да ја задржи топката, да направи соло-пробив и да ги проигра Ал Џабер и Ал Кахтани, кои ќе претставуваат опасност за голманите на Шпанија, Украина и Тунис. Сепак, во отсуство на вистински плејмејкер, се чини дека оваа репрезентација не може да се надева на пласман во втората рунда. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 14.6.2006 (18ч) Минхен Тунис - С. Арабија 19.6.2006 (18ч) Хамбург С. Арабија - Украина 23.6.2006 (16ч) Кајзерслаутерн С. Арабија - Шпанија ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Узбекистан - Ј. Кореа 1:1 С. Арабија - Ј. Кореа 2:0 Кувајт - С. Арабија 0:0 С. Арабија - Кувајт 3:0 С. Арабија - Узбекистан 3:0 Ј. Кореа - С. Арабија 0:1 ТАБЕЛА 1. С. Арабија 6 4 2 0 10:1 14 2. Ј. Кореа 6 3 1 2 9:5 10 3. Узбекистан 6 1 2 3 7:11 5 4. Кувајт 6 1 1 4 4:13 4 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП САД 1994 Осминафинале Франција 1998 1. Рунда Јапонија/Кореа 2002 1. Рунда С. АРАБИЈА Население: 24.3 милиони жители Површина: 1.960.582км2 Главен град: Ријад Федерација: Сауди Арабиан Фоотбалл Федератион Членка на ФИФА: 1959 Најмногу настапи: Мохамед Ал-Деајеа (173) Најдобар стрелец: Маџед Абдулах (67) Најубедлива победа: С. Арабија - Макао 8:0 (14.5.1993) Најтежок пораз: Германија - С. Арабија 8:0 (1.6.2002) ИДЕАЛЕН ТИМ Заид Дукхи Тукар Монташари Сулајмани Карири Нор Азиз Ал Шлоуб Ал Џабер Ал Кахтани СЕЛЕКТОР МАРКОС ПАКЕТА Трофеи при секој ангажман Маркос Пакета важи за фантастичен стручњак, особено кога станува збор за работа со млади фудбалери. Овој бразилски стратег се најде во центарот на вниманието во 2003 година, кога во рок од три месеци освои две титули светски шампион, со селекциите до 17 и до 20 години на "кариоките". Ваквите резултати на Пакета беа забележани на Блискиот Исток, па Бразилецот доби понуда да го преземе кормилото на екипата на Ал Хилал летото 2004 година. За време на 18-те месеци минати на кормилото на овој тим, Пакета му донесе на Ал Хилал дури четири трофеи. Затоа, сосема логичен беше изборот токму овој стратег да биде именуван за нов селектор на Саудиска Арабија кога Арапите решија да го заменат Габриел Калдерон по неуспехот на Азиските Игри минатиот декември. Бразилецот потпиша договор до 2007 година, што значи дека без оглед на резулатите на овој мундијал, "газдите" имаат доверба во овој стратег, кој ќе ја води репрезентацијата и на Гулф купот и Азиските игри кои ќе се одржат во следните 12 месеци. "ЅВЕЗДА" Сами Ал Џабер Сами Ал Џабер важи најдобриот фудбалер од оваа земја на сите времиња. Иако има 33 години, тој и натаму е лидер на националниот тим. "Тој не само што е фудбалер од топ-класа, туку е и многу смирен, и секогаш е тука за да им помогне на соиграчите. Во светот нема многу играчи како Ал Џабер", изјави за него селекторот Пакета. Станува збор за единствениот фудбалер од Саудиска Арабија што некогаш играл во некоја европска екипа. Во 2000 година тој реши да ја прифати понудата на Вулверхемптон. Сепак, откако не се снајде во овој англиски клуб, реши да се врати во редовите на Ал Хилал, екипа со која освои голем број трофеи во последните шест години. Во 1994 година токму неговиот хет-трик против Иран им помогна на Саудијците да го обезбедат пласманот на првиот мундијал во својата историја. Тој ја заврши својата репрезентативна кариера во 2002 година, но реши да се врати во националниот тим по молбата на екс-селекторот Калдерон, за да & помогне на својата селекција да го осигура пласманот на ова СП. ВНИМАВАЈТЕ НА... Јасер Ал-Кахтани Многу работи во нападот на Саудиска Арабија зависат од настапите на Јасер Ал Кахтани. Овој 23-годишен фудбалер имаше фантастична сезона во дресот на Ал Хилал откако оваа екипа плати рекордна сума од три милиони евра за неговиот трансфер од Ал Кадасија. Информациите од Блискиот Исток говорат дека ако Ал-Кахтани ги оправда очекувањата на мундијалот, неколку германски тимови се подготвени да испратат интересни понуди за овој фудбалер. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Кралското семејство во Саудиска Арабија до 1951 година со закон го забранило играњето фудбал во оваа држава. Саудиска Арабија е трикратен азиски првак (1984, 1988 1996 година). |
|||
a-pin-dim | УКРАИНА Шанса за блесок на светската сцена Украина чекаше, и дочека да биде дел од елитните светски фудбалски натпреварувања. По несреќните обиди за пласман на СП 1998 и СП 2002, Украинците во голем стил ја освоија првата позиција во својата група, пред Данска и европскиот првак Грција, осигурувајќи директен пласман на претстојниот мундијал. Еден од најзаслужните за напредокот на овој национален тим сигурно е селекторот Олег Блохин. Тој се реши за подмладување на селекцијата, особено на одбраната, што даде плод во текот на овие квалификации. На 12-те натпревари од овој квалификациски циклус оваа селекција прими само седум гола успевајќи да слави и со минимални 0:1 среде Атина против фаворитот Грција. Иако има само 23 години, Русол се промовираше во нов лидер на одбраната на Украинците. Во недостиг на брзи фудбалери за врска Блохин реши да го прекомандува Андреј Воронин во средниот ред. Тој имаше одлична сезона во нападот на Баер Леверкузен, но успеа да одговори и на барањата на селекторот кога станува збор за играта по крилната позиција. Токму лесното приклучување на Воронин на навалната линија им создаде огромни проблеми на противниците на Украина во текот на квалификациите за ова Светско првенство. Главен проблем за Блохин сигурно е повредата на Андриј Шевченко. Најдобриот украински фудбалер заработи незгодна повреда пред дваесетина дена и иако сигурно ќе настапи за Украина, останува прашањето дали ќе биде во можност да го даде својот максимум на овој мундијал. Со оглед на фактот дека Украина е во група со Шпанија, Тунис и Саудиска Арабија, пласман во осминафиналето е реален дострел за Украинците. Доколку Шева биде во елемент, избраниците на Олег Блохин може да се надеваат и на сензационален пласман меѓу осумте најдобри селекции во светот. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Дата Град Меч 14.6.2006 (15ч) Лајпциг Шпанија - Украина 19.6.2006 (18ч) Хамбург С. Арабија - Украина 23.6.2006 (16ч) Берлин Украина - Тунис ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ РЕЗУЛТАТИ Данска - Украина 1:1 Казакстан - Украина 1:2 Украина - Грција 1:1 Украина - Грузија 2:0 Турција - Украина 0:3 Албанија - Украина 0:2 Украина - Данска 1:0 Украина - Казакстан 2:0 Грција - Украина 0:1 Грузија - Украина 1:1 Украина - Турција 0:1 Украина - Албанија 2:2 ТАБЕЛА 1. УКРАИНА 12 7 4 1 18:7 25 2. Турција 12 6 5 1 23:9 23 3. Данска 12 6 4 2 24:12 22 4. Грција 12 6 3 3 15:9 21 5. Албанија 12 4 1 7 11:20 13 6. Грузија 12 2 4 6 14:25 10 7. Казакстан 12 0 1 11 6:29 1 ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП Оваа репрезентација е дебитант на елитните светски фудбалски натпреварувања. УКРАИНА Население: 48.06 милиони жители Површина: 603.700км2 Главен град: Киев Федерација: Фоотбалл Федератион оф Украине Членка на ФИФА: 1992 Најмногу настапи: Сергеј Ребров (69) Најдобар стрелец: Андриј Шевченко (28) Најубедлива победа: Украина - Костарика 4:0 (28.5.2006) Најтежок пораз: Хрватска - Украина 4:0 (25.6.1993) ИДЕАЛЕН ТИМ Шовковски Гусев Вашчук Русол Несмашни Воронин Тимошчук Гушин Ротан Шевченко Воробеј СЕЛЕКТОР ОЛЕГ БЛОХИН Легенда на Украина Олег Блохин важи за еден од најдобрите украински фудбалери на сите времиња. Овој фудбалер настапуваше во голема форма во дресот на СССР и Динамо Киев и важеше за еден од најдобрите напаѓачи на своето време. За своите фантастични настапи за Динамо Киев беше награден со признанието "Најдобар европски фудбалер во 1975 година", откако со својот тим триумфираше во Купот на победниците на куповите. Тој освои осум титули во советската лига и трипати беше избиран за најдобар фудбалер во оваа земја. Си замина од Динамо Киев во 1987 година и по кратки авантури во Ворвартс и Арис Лимасол стави крај на својата кариера. Својата тренерска кариера ја почна во Олимпијакос, по што во се пресели во ПАОК и Јоникос. Селектор на Украина стана во октомври 2003 и експресно постигна историски успех со овој национален тим. "ЅВЕЗДА" Андриј Шевченко Еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните десет години, Андриј Шевченко годинава, конечно, ќе добие шанса да настапи со својата репрезентација на едно елитно натпреварување. Со шест постигнати погодоци токму Шева беше најзаслужниот што Украинците завршија на првото место во втората квалификациска група и успеаја да обезбедат историски пласман на мундијалите. Одлична најава за фантастичната професионална кариера сигурно беше настапот на младиот Шева на "Јан Раш купот" во 1990 година, каде Украинецот беше најдобар стрелец, за што доби награда копачки потпишани од легендата на Ливерпул. Шевченко продолжи да се развива како играч и четири години подоцна дебитираше во првиот тим на Динамо Киев. Тој ја предводеше екипата на Динамо Киев до пет титули во украинското првенство, по што во 1999 година следеше трансфер во гигантот Милан. Со "росоњерите" Шева освои титула во домашното првенство и во Лигата на шампионите, по што пред неколку дена потпиша договор со Челзи "во потрага по нови предизвици". ВНИМАВАЈТЕ НА... Андреј Русол Кариерата на Андреј Русол забрзано се движи во нагорна линија, па така овој фудбалер на само 23 години стана столб на одбраната на украинскиот национален тим. "На првите две средби Русол беше премногу нервозен. Сепак, малку му требаше да влезе во ритам и сега тој покажува зошто имам толкава доверба во неговите квалитети", изјави украинскиот селектор Олег Блохин за својот млад дефанзивец. Интересно е што овој фудбалер дебитираше за Украина токму на гостувањето во Скопје против Македонија и оттогаш е стандарден во последната линија на националниот тим. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Украинците не успеваа да обезбедат пласман на последните два мундијали откако беа поразени во бараж-пресметките. Тие загубија од Хрватска во баражот за СП 1998, и од Германија во баражите за Светското првенство што се одржа во Јапонија и Јужна Кореја. Својот прв официјален натпревар селекцијата на Украина го одигра на 29 април 1992 година, кога ремизираше со Унгарија (2:2). |
|||
TimeHacker | a be Dime Historija imas pishano,nema da uspeva edna Ukraina da se meshat za 1 mesto:) | |||
a-pin-dim |
Гледај убаво нема пишано само за Украина туку имам пишано за сите репезентации кој се дел од мундијалот. |
|||
TimeHacker | uzhivaj be znam | |||
MeGaSTaR | ama deneska Shpanija mnogu jako igrase cestitam svakamu cast.. | |||
Xapqbep | Im Cestitam na Italija za VLezot u FINALE ama se nadevam i deka SAMPIONI da bidat dosta im bese na FRANCIJA so vlecnenje rezultati od 1-0 neka si odat domai neka bidat zadovolni i do 2 mesto da stasaat |