Изворот на сите македонски проблеми!

Изворот на сите македонски проблеми!
Makedon
 
Иван Камениат, солунчанец кој себеси се декларирал како Македонец, ја има напишано историјата за Солун во 904 г., при неговата опсада од страна на Арапите. Имено, Арапите во 904 г. го зазеле Солун, сите солунчани што ги затекле во градот ги испоубиле или продале како робје, додека најголем број од солунчаните претходно пребегнале по македонските кнежевства, по планините: струмјаните, ринхините и драговитите. Тој го опишува и карактерот на Македонците и македонските власти од 10 век, па пишува:

...На запад (од Солун) се простира една рамнина, која завршува до едни други планини, каде се издига еден град, нарекуван Вероја (Бер), град познат како по жителите, така и по сите особини, со кои може да се пофали еден град по конструкција. Во средното пространство на таа рамнина, се наоѓаат некои распрснати села, од кои едни близу до градов (Солун), нарекувани со име драговите и сагудати, потчинети на градов, други пак плаќаат данок на соседниот бугарски народ, кој не е далеку. Инаку селата живеат по соседство едни со други, па како и бидува, неретко влегуваат во сродство едни меѓу себе и со солунчаните, а тргуваат со бугарите....[79. Joannes Cameniata, De excidio Thessalonicensi, cap. 6, в изданието на Theophanis Contin., ed. Bon., p. 498. T. Tafel, De Thessalonica eiusque argo, Berolini, 1839, p. LXXVII — LXXVIII, et p. 252. ].

Гледајки дека Солун ќе биде заземен од Арапите, солунчаните решиле да побараат помош од околните Македонци т.е. од македонските кнежевства, пред се од Стримионската тема (денеска пиринска Македонија и источна егејска Македонија). Но, Македонците од околината не се одзвале на повикот на помош на солунчани, а Камениат пишува: "тоа стана поради тоа што некои од нив се прости, а кнезовите им се многу лоши; тие (кнезовите) си ја ставаат сопствената корист над општото добро, имаат обичај да прават зло на соседите, да се залагаат да добиваат подароци и не се занимаваат со ништо друго освен со сопствениот имот....
...На Војводата (струмјански-стримионски) не му беше гајле за загунувањето на еден таков град и не се погрижи тој, ниту некој од неговите потчинети да дојде и да помогне во таквата беда на нас опсадените, но како не залажуваше сите со надеж дека ќе пристигне на помош, дури до последниот ден на војната тајно го постигна злото намислено против нас и многу се потсмеваше на несреќата која не измачуваше
[J. Cameniata, ibid., p. 5152–19].


Е така, властите тогашни наши си го глеале џебот, не помагале на другите Македонци, не ги интересирало ништо освен нивниот имот, а кога ќе ја погледнеме реалноста, сега после 1102 години, состојбата со нас Македонците е иста.

Јужните Македонци биле разделени меѓу Бугарите и Византијците, но тоа ропство не било класично, ами под ропство се подразбирало плаќање данок на Бугарите и Византијците, за да не бидат напаѓани (типично македонче, не смее да се бори!). На Византија плаќале данок Драговитите и Сагудатите, додека северно од нив била Стримионската тема каде Ронхините, Смолјаните и дел од Струмјаните (пиринска Македонија) плаќале Данок на Бугарите. Македонците си имале целосна автономија, со свои кнезови и војводи на жело на кнежествата, а Буагрите и Византијците не им се мешале во уредувањето на кнежествата, ниту имале свои војски таму [81. L. Niederle, 425—428].
(Ете сега нека јадат трици бугарите дека сме биле бугари).
Makedon Abe ova recenica na coekot od pred 1102 godini, epten ubavo go opisuva makedonskiot narav i zatoa vi go prezentiram, oti navistina e realno mislenje:

Камениат пишува: "тоа стана поради тоа што некои од нив се прости, а кнезовите им се многу лоши; тие (кнезовите) си ја ставаат сопствената корист над општото добро, имаат обичај да прават зло на соседите, да се залагаат да добиваат подароци и не се занимаваат со ништо друго освен со сопствениот имот....
Kaneo Како не се изморивте од плукање по сопствената нација, не ми е јасно. Добро, знаеме дека и ова е еден од проблемите на нашиот народ. Меѓутоа, ништо не е апсолутно и неменливо. Кога сме веќе свесни за тоа, не ли е подобро да почнеме да се менуваме ние самите во друга насока и да влијаеме колку што можеме на другите околу нас да го прават тоа, отколку само да лелекаме дека сме за никаде и со скрстени раце да седиме заглавени во минатото?

Луѓето се секаде исти и насекаде во светот ги има секакви, ама ретко која нација толку се понижува самата себе како нашата. Малку попозитивен став не е на одмет. Умот има чудесно голема моќ: како ќе го наштимаме да размислува, така ќе функционира и така ќе не’ насочува да се однесуваме. Се’ е во нашите раце. :)
Makedon Kaneo, prvo treba da ja dijagnosticirame bolesta, pa setne da odreduvame terapija. Ocigledno, Makedoncive gledame za sopstveniot dzep i svojot interes, a drzavniot interes nikoj ne go gleda. Sega e lociran problemot i treba da se leci, so stapovi, sekako
Kaneo Се сложувам дека треба да ја дијагностицираме болеста и да одредиме терапија, Македон. :) Но исто така сметам и дека секојдневното пласирање на вакви информации во јавноста многу придонесува кон зголемување на чувството на резигнираност и немоќ кај Македонците, чувство со кое се бориме веќе втора деценија. Наместо постојано да си ги бараме грешките и лошите страни, ајде за промена да почнеме да ги бараме позитивните работи и на нив да ставиме акцент и да ги повторуваме. Лично мислам дека тоа ќе ни биде од поголема корист и со време ќе ни помогне да почнеме да се цениме и почитуваме и себеси и својот народ. Доста ширевме негативна пропаганда за самите себе. Ако ние самите не се почитуваме, како да го очекуваме тоа од другите? ;)
intel Mh, sega.Kaj moze Makedon seto toa da go razbere.Poleka malku.
Kaneo
quote:
Originally posted by intel

Mh, sega.Kaj moze Makedon seto toa da go razbere.Poleka malku.


Intelce, Intelce... Nemoj taka, sekoj covek moze da se smeni na podobro ako saka.

A ti sto mislis za ova?
Makedon Nema nisto pozitivno za makedonskive vlasti momentalno, pa da gi pofalam za nesto. Kazete mi nesto vie pozitivno, moze jas ne sum primetil nesto pozitivno!
nukleus Makedoncite vo vremeto na Aleksandar se borele za 1000 pokolenija i otogash navamu ne se borat zatoa shto znaat deka borbata za teritorii e bescelna i vodi samo vo propast.Okolnite nacii toa ne go naucile pa seushte se borat za teritorii a nam ni preostanuva strplivo da cekame kako ovie 2000 i kusur godini za nashite sosedi ja uvidat vistinata deka so vojna nishto ne se reshava osven shto se gubi sopstveniot identitet.