Браво за Он.Нет

Браво за Он.Нет
Kaneo
 
Македонија - IT Excellence
"Повеќе од 300.000 студенти и наставници имаат своја електронска пошта, секое училиште има своја веб страница и неограничен пристап на Интернет. Една од спецификите на достигнувањата на овој проект е тоа што мрежата е изградена целосно од македонски Интернет провајдер -Он.нет за помалку од 3 месеци".

Министерот за образование и наука д-р Азиз Положани вчера во Остин, Тексас, во име на Република Македонија, ја прими наградата за IT EXCELLENCE за 2006 година што ја доделува Светската алијанса за информатичка технологија и услуги (WITSA) со седиште во САД. Наградата, која беше доделена на Светскиот конгрес за информатичка технологија во Остин, Тексас, добиена е во категоријата ДИГИТАЛНА ПЕРСПЕКТИВА (Digital Opportunity) и тоа за проектот “Македонија - прва безжична земја“.


Искажувајќи посебна благодарност до американскиот народ за поддршката и финансирањето на развојот на мрежните сервиси, за време на церемонијата за доделување на наградите министерот Положани рече: “Македонија е сега земја со безжичен пристап на Интернет, сите 500 основни и средни училишта, студентски домови, факултети и други институции се поврзани во безжичната мрежа која ја покрива целата земја, вклучувајќи ги и повеќето рурални средини. Повеќе од 300.000 студенти и наставници имаат своја електронска пошта, секое училиште има своја веб страница и неограничен пристап на Интернет. Една од спецификите на достигнувањата на овој проект е тоа што мрежата е изградена целосно од македонски Интернет провајдер -Он.нет за помалку од 3 месеци. Успешниот проект е резултат на посебното јавно и приватно партнерство: Република Кина донираше 53.000 персонални компјутери за основните и средните училишта во Македонија, Микрософт донираше 6.000 десктоп образовни лиценци. Проектот на УСАИД “Е-школа“ ги вмрежи компјутерите во повеќе од 460 училници и обучува повеќе од 6.000 наставници во базичната технологија и интегрирање на информационата технологија во образовниот процес. И на крајот проектот на УСАИД “Macedonia Connect“, кој обезбеди слободен Интернет пристап за сите училишта за период од најмалку две години“.


Претседателот на WITSA Џорџ Њустром истакна дека Македонија вложи максимални напори да стане прва безжична нација. “Мрежата распространета на три илјади квадратни километри, која е финансирана и изградена од УСАИД и македонскиот провајдер Он.нет имаат за цел единствена таргетирана безжична мрежа во светот и на тој начин обезбедување на високо брзински податоци, звук и видео можности за целата популација од над два милиони луѓе“, нагласи Њустром при доделувањето на наградата.
TimeHacker e to e super
deni znachi cela povrshina na makedonia e WIFI Hotspot ?

i sekoj so wifi adapter moze da se konektira na mrezata od bilo deka?

taka jas go svativ ova .

Iz det rajt ?
Kaneo
quote:
Originally posted by deni

znachi cela povrshina na makedonia e WIFI Hotspot ?

i sekoj so wifi adapter moze da se konektira na mrezata od bilo deka?

taka jas go svativ ova .

Iz det rajt ?


Дени, не можам со сигурност да тврдам, но мислам дека дет из рајт.
Ако те интересираат повеќе детали, можеш да го посетиш нивниот сајт:
http://biz.on.net.mk/index.html
BorisVM Ne e bash taka poshto ushte ne se dogovoreni medju sebe koja firma koj kanal kje go drzhi za Wifi. Iako teoretski celata povrshina e pokriena, pristapot ne e bash takov.
Лорд и Лорд оваа вест е од неодамна, го имаше и на ббц... види линк
http://news.bbc.co.uk/2/hi/programmes/click_online/4427960.stm
nukleus Abe ushte ve lazat komunistite a?Kakov pristap na internet pa wi-fi pa shto ti jas znam,vrska nema toa reklamata vo praktika od centarot na Skopje nemaat mrdnato a zgora na toa se uzasno skapi i nekvalitetni pa i spori kako internet od pred 10 godini.