ШАНГАЈ - Град на Море

ШАНГАЈ - Град на Море
Mara
 
Шангај во превод значи Град на Море.....а се нарекува и Париз на Ориентот или Бисер на Кина!



Шангај од заспано рибарско гратче прераснал во најголемиот град во Кина и денес е најзначаен културен, трговски, финансиски, индустриски и комункикационионен центар. Шангај е прогласен за најголемо пристаниште во 2005 година во светот.



Голем поздрав до МИНГ ЈУ....иако ми е лут до безсвест!



Економскиот бум на Шангај е од 1992 година и тоа благодарение на укинувањето на данокот на профит....истата страгегија ја користеше и Келтискиот Тигар – ИРСКА!



Според Пописот од 2000 година во Шангај живеат дури 16,5 милиони луѓе!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Замислете само во еден град колкава концентрација на луѓе! И мора да кажам дека 51,4% се мажи, а 48,6% се жени! Средниот, просечен животен век е 79 години за мажи и 82 години за жени!

Најголемо ривалство во моментот постои помеѓу Шангај и Хонг Конг за тоа кој да биде економски центар во Кина.

Инаку во Шангај се применува модерна архитектура со единствен стил- се градат облакодери и на највисоките спратови има ресторани. Високи згради со апартмани се градат, со различни бои и дизајни за да се остави повеќе простор за паркови.









Shikumen - Шикумени

Едни од најзначајните културни елементи се т.н shikumen резиденции, кои се дво- или тро-спратни куќички во градот, со предниот дел (дворот) заштитен со висок ѕид од тула. Секоја куќичка е поврзана со таа до неа и многу личи на куќите-тераси во Лондон, со таа разлика значи што имаат тешки ѕиглени ѕидови пред секоја куќичка. "Шикумен" и всушност значи камена надворешна врата, која води кон внатрешниот рај!!!!

Овие куќички многу убаво можете да ги видите во Mission Immposible III....кога Том Круз ќе заглави во Шангај.





МОДА

Друга карактеристика на Шангај е модернизацијата на нивната традиционална кинеско-манчуриска носија qipao (на Шангајски gibo) во новата мода cheongsam(на Шангајски: zansae).Ова е облека со висок врат, без ракави, уз тело...инаку секој ден има барем по една модна ревија во Шангај. Сега се носи и многу западна, американска облека. ШТЕТА!




КУЛТУРНИ СПОМЕНИЦИ

Еве што да гледате во Шангај.........

THE BUND – е најпрометниот бакнарски и трговски центар со сите најпопуларни банки и продавници.









МУЗЕЈОТ НА ШАНГАЈ – е музеј на старата кинеска уметност и е стварно амеизинг градба. Еве ја и познатата статуа-Западен тип на камила и шангајска жена!






ШАНГАЈСКИ ГОЛЕМ ТЕАТАР




YUYUAN ГРАДИНИТЕ – биле приватни градини на царот за време на Минг Династијата, а денес се туристички атракции и за домашните и за странските љубители на природа. Се третираат за национален споменик на Државата од 1982 година.









JINGAN TEMPLE & LONGHUA TEMPLE– се храмови на мир и смиреност....Будистички храмови, многу, многу познати во Шангај.




Во овој вториот храм, Лонгхуа кој е НАЈГОЛЕМ во Кина сместени се многу статуи на Буда, но видете ги прекрасните 500 статуи на Луохани.






КАТЕДРАЛАТА СВ. ИГНАЦИУС или популарната Xujiahui Cathedral е Католичка Катедрала од 1906 година и се смета за НАЈГОЛЕМА на Далечниот Исток, која собира до 2500 верници. Сте ја виделе во сцени од филмот на Спилберг ИМПЕРИЈА НА СОНЦЕТО!





ДРУГИ ФОТОГРАФИИ ОД ШАНГАЈ (Пудонг-највисоката зграда, традиционален пазар, микс на традиционално и модерно, што може за деца да се најде на пазар, паркови)


















За сите што сакаат да одат на Светската Изложба во Шангај во 2010 година....собирајте пари отсега!

Инаку да....во Хонг Конг и Шангај...претежно е напишано на Кинески...така да учите кинески!!!!




ZooGraf Navistina izgleda impresivno. Kina ke bide najmokjna drzava za nekolku deceniji.
ozonce Kolku se sexy devojkite do Shangaj...
BorisVM Mara,

Ne prestanuvash znachi da me iznenaduvash so ovie prekrasni temi.
Aleksandra Mare,

Vo Shangaj ne sum bila.Ova iskreno mora da se vidi. Bravo za temava.
Mara Да бе стварно! Супер се! Како подвижни кукли се...а и многу чисти се!

Еве едни теткички од таму....



Mara фала Борис, Фала Сашка, фала на СИТЕ што ги сакаат моите репортажи ....

Шангај е прекрасен и МОРА да се види.....сосема различен....благодарение на мојот пријател Минг Ју....знам МНОГУ, МНОГУ за Шангај

за романтичните души....на Кинески ТЕ САКАМ се вика WU AI NI.....
Mara Шангај, но и воопшто Кина има можност да стане водечка сила....многу луѓе, брзи стапки на раст, брза трансформација во модерно општество, едуцирани млади луѓе.....Изгледа кога се сака и си вреден СЕ СЕ МОЖЕ!