mwah

mwah
RaGeAnGeL
 
Бакнеж – лесен допир со усните, нежност со која ја искажуваме својата наклоност кон некого. А како започнало со сето тоа? Еве ја приказната...




Антрополозите и психолозите сметаат дека корените на обичајот на бакнување се наоѓаат уште од примитивно време. Има неколку различни теории. Според една, тогаш, баш како и денес, мајките со бакнеж ја изразувале блискоста што ја чувствуваат кон децата. Некои автори сметаат дека љубењето започанало со тоа што предисториските мајки ја џвакале храната во својата уста, а потоа ја пренесувале во устенцата на нивните бебиња. Други пак велат дека сето тоа се должи на сличноста со животните и нивните ритуали на меѓусебно мирисање, кои луѓето, наспроти процесот на еволуција, ги зачувале во изменета форма. Одредени антрополози сметаат дека извесни примитивни народи верувале дека човечкиот здив ја носи душата, па сакале да си ги зближат душите со своите блиски и сакани преку тоа што ќе го вдишуваат воздухот од нивната уста. Антропологот Дејвид Темплтон истакнува дека овие теории се толку бизарни што може да се сметаат за веродостоен приказ на еволуцијата на бакнежот (David Templeton, North Bay Bohemian, February 2000 issue, издание на Metro Publishing Inc.).

Бакнежот долго време бил најинтимно чуван само за најблиските родници, но со време излегол од таа рамка. Се смета дека бакнувањето почнало да го прифаќаат како израз на приврзаност помеѓу возрасните некаде во шестиот век од нашата ера.

Французите меѓу првите го промовирале јавното бакнување, во текот на додворувањето (ви текнува, дечки?) и при љубовта. Првиот спорт во кој почнало да се применува овој обичај било уметничкото лизгање – крајот на секој настап се крунисува со бакнеж помеѓу партнерите.





Бакнувањето понатаму се ширело низ Европа, а одушевено го прифатиле и Русите, кои и без тоа уживале во имитирањето на француската аристократија. Во XVI век во Англија дури се играла и игра со љубење, наречена „игра со јаболко, каранфилче и целување“ (apple and clove kissing game). Имено, ова игра била исклучително популарна на панаѓурите во времето на кралицата Елизабета. Личноста што ја игра играта би одела низ панаѓурот во потрага по партнер, носејќи во раката јаболко избодено со каранфилче (кое во тоа време било многу ценет и скап зачин). Кога таквото момче или девојка би нашле партнер за бакнеж, прво би му понудиле малку каранфилче, а потоа и своите усни. По бакнежот јаболкото го менува сопственикот и повторно тргнува во потрага по бакнежи. Со време бакнежот станал и дел на церемонијата на венчавање, и таа пракса останала до денешни дни.

Од друга страна, низ Европа се ширела и пуританска реакција, па, според истражувањата на Темплтон, едно време во Неапол било забрането јавно бакнување. Казната за оние кои ја прекршувале оваа забрана била смрт! Извесни древни фински племиња сметале дека бакнувањето пред други е исклучително понижувачки и срамотен чин, иако (апсурдно) често истите тие Финци практикувале колективни капења во корита, на отворено и како од мајка родени. Ваквиот тренд преживува дури и денес во некои локални (и формално важечки) закони во САД: во колку носите брада, не смеете да јавно да бакнувате други човечки суштества во државата Индијана, а во Хартфорд (Конетикат) сопругот не смее да си ја бакнува жена си во недела. (?!?)

Покрај за искажување на најинтимни чувства, бакнежот често се користел и како општествена конвенција за укажување на статусот на оној кој што бакнува и на оној што е бакнуван. Така, уште старите Римјани меѓусебно се бакнувале во уста или во око во зависност од нивниот меѓусебен однос. Еден римски император ја вовел праксата на бацување на следниот начин: оние кои најмногу ги ценел смееле да го бакнат во устата, оние со понизок статус смееле да го бацат в рака, а оние кои најмалку ги ценел му ги целувале стапалата. Обичаите на древниот исток биле поразлични. Старите Индуси сметале дека токму стапалата се најсветиот дел и се натпреварувале за правото да се бакнат стапалата на локалниот гуру. Кај африканските племиња, во овој контекст, помалку било застапено бакнувањето меѓу луѓето, за сметка на бакнувањето на земјата по која што одел поглаварот. Во царска Русија, најголемото признание што можело да го добиете е да ве бакне царот.
Многу луѓе го истражувале феноменот на бакнување. Едно од првите научни истражувања резултирало со Волтеровиот заклучок дека тоа е еден од најстарите човечки обичаи (Voltaire, The Philosophical Dictionary, издаден во New York 1924). Во поново време се појавуваат и прирачници со цел да научиме нови техники на бакнување, кои што ги откриваат нивните физички и психички ефекти. Колумнистката Лин Сноуден ги подучува мажите како и зошто е битно со првиот бакнеж да се импресионира жената (Lyn Snowden, "How To Kiss A Woman", колумна објавена во Esquire Gentleman, 1995), а професорот Вилијам Кејн настапува со својата мултимедијална презентација по америчките училишта, прикажувајќи различни начини на љубење, со цел да им помогне на младите да го надминат стравот од првиот бакнеж. Тој е автор на книгите Книга на бакнежите (William Cane, Book of Kisses. St. Martin’s Press 1993) и Уметноста на бакнувањето (William Cane, The Art of Kissing. St. Martin’s Press 1995).

Во модерното општество бакнежот е начин на кој искажуваме наклоност кон некого. Тој постои дури и во сајбер светот, каде што нема директен контакт и комуникација ( :* - прим. а.). Секојпат кога ќе бакнете некого или некој ве бакне вас, токму вие лично придонесувате овој обичај да живее и понатаму. И не само тоа! Светското здружение на нутриционисти истакнува дека со едноминутно бакнување согорувате 26 калории. А и да не се лажеме, без оглед на обичајот и здравјето, бакнежот е вид на контакт кој ни овозможува задоволство и неговото спиритуално значење за севкупната човекова состојба е непроценливо.

PS
Џејн Вајман и Регис Туми се љубеле 185 (сто осумдесет и пет) секунди во филмот „Сега си во Армијата“, снимен 1940 година (Jane Wyman, Regis Toomey, “You're in the Army Now”). Обидете се да бидете подобри од нив во вистинскиот живот!

tincheto abe sekako sakam i vo obraz i na uste sekade nogu sakam bacvenje
mEnEmA_ Poleka mor.. ke bides mnogu izligavena :)
Наталија mwah do maca i ivana :P
Aleksandra Me chudi kako Unreal, Wolf, Dark i Donvito ne komentirale na temava.
wolf_pack Вината ќе ја бараме кај оној што не ја префрлил на Еротика:)))
TimeHacker nice kisses
Natasa Mnogu uba tema prosto ostanav bez zboroj!
LaWhim
quote:
Originally posted by TimeHacker

nice kisses
tincheto lelel kolku sakam nekoj da me bacvit i da bacvam koj e za bacvenje ajde kazite:))
Nina87
quote:
Originally posted by tincheto

lelel kolku sakam nekoj da me bacvit i da bacvam koj e za bacvenje ajde kazite:))
eve jas te baciv ama vo obraz
mEnEmA_ Lol mwah i do tebe :) skapana ehehe