Ohrid by StormAngel

Ohrid by StormAngel
BorisVM
 
(c) 2005 StormAngel

Ова е сторија за Охрид, градот кој што го чувствувам како втор роден град, град во кој што успеав да најдам тишина каде што никаде друго ја нема, градот на историјата и сегашноста, градот на езерото.
Со поглед прикован во плодниот крајпатен пејсаж, постепено откривав една нова земја, земја која сметав дека ја познавам. Автобусот не истовари речиси сите на самиот брег. Застанав на крајбрежната улица, беспомошен од воодушевување. Од усните ми излегуваа само восклици, умот не можеше да ми најде соодветни зборови. Толку убавина не очекував.

Се уште лесно замајан од првиот впечаток, тргнав право кон романтичен ресторан на самиот езерски брег. Вечерта беше ладна и терасата, жеелен пристан во летните жештини, остана празна. Но скопското пиво и рибата белвица беа вкусни и внатре. Нејасната силуета на кајче исчезнува во хоризонтот. На блискиот рид се простираше градпт. Охрид ме плени од прв поглед, бев заљубен бо него од првиот состанок, заслепен од убавините и искреноста на воздухот кој што струеше насекаде. Го засакав тоа место.

Кој не бил во Охрид, тој не може да замисли каков е тој град навистина. Приказните на екскурзијантите очевидци не можат да му помогнат. Та зарем може една бледа репродукција да се мери со пурпурната моќ на оригиналот?
И кој би можел со зборови да пресоздаде една оживеана приказна, излезена не под потезите на сликарска четка, туку од ненадминатата имагинација на природата, од трудот на човекот и пластовите на историјата?

Охрид не може да биде раскажан, Охрид треба да биде доживеан.

…Утрото исплива ведро и полно со ветувања. Штотуку си излегол од пријатниот хотел и длабоко си го вдишал кристално чистиот воздух, сфаќаш дека си се нашол во вистински момент во вистинско место. Мајското сонце грее, без да пече. Зеленилото е младо и сочно. Околните планини се уште не ги тргнале своите снежни капчиња. Градот трепери во облека од убавина.
Секој кој дошол во Охрид минува по определена маршрута. Не затоа што така стои во програмата, туку оти така повела историјата. И, така, тргнуваш по стрмните улички на “Варош”. Одеднаш, во ушите ти одекнуваат чекори. По овие калдрми младите охридски невести се симнувале претпазливо, извивајќи ги стапалата навнатре, за да не паднат. Се спуштале до езерото да нацрпат пресна вода и да ја однесат со ведра нагоре, по угорницата. Таму, во старовремски куќи, ја раѓале својата многубројна челад (неретко над десет деца), се грижеле за маж, свекор и свекрва. Но насмевката не слегувала од нивните лица. Од овие испакнати нагоре прозорци со по осум мали стакла, тие грациозно ги покажувале своите убави лица; во оние мали внатрешни дворови мажите бистреле животни прашања и отпивале од ракијата.

Лека-полека се искачуваш до врвот на ридот и влегуваш во просторијата каде што се наоѓа гробот на Григор Прличев, се поклонуваш во знак на почит и нозете те водат сами кон друга дестинација. Знаеш дека таму ќе биде подобро, секое друго место кое што ќе го посетиш ќе биде помаѓепсно од претходното. Ја чувствуваш вечноста. Продолжуваш. Ја забележуваш Самоиловата тврдина, која го кити градот како камена круна. Свртуваш низ малата жумичка, минуваш покрај историски места, и запираш пред универзитетот на Свети Климент и стигнуваш до оној волшебен рид, на чиј раб застануваш со премалени нозе. Под тебе, црквата Свети Јован Богослов-Канео, пред тебе-распуканата синевина на езерото, над тебе-небесниот свод.
Тука, разговараш само со Господ.

По ручекот, тргнуваш кон Свети Наум. Тоа е полуостров на 30 километри од градот, близу албанската граница-со стар манастир, изграден во 905 година од Наум, нов хотел и три горди пауни, кои каприциозно позираат пред очите на туристите. Уште едно свето место.
Охрид некогаш го нарекувале “балкански Ерусалим”-не се прашуваш зошто. Посебно откако ќе дознаеш дека овој град, со педесетина иљади жители (или повеќе), има најмногу цркви (40!) на квадратен метар во Европа, а можеби и во светот.

...Ноќта бавно се спушта над новите бели куќи. По натежнатиот од впечатоци ден, влетуваш во една од многубројните кафичи, кои неодоливо мамат-на охридска пастрмка, бело вино и... на слатка музика. Во Охрид многу се свири и пее.
Охрид се разликува од другите градови во Македонија, не само по својата географска положба. Но токму таа му ја дава исклучителната маѓепсност. Распослан по еден прекрасен рид на северното крајбрежје на Охридското Езеро. градот спаѓа кон базенот на Јадранското Море. Ете зошто Охрид(со старото име Лихнидос, што значи светлина), не е типичен Балкански град. Охрид е скапоцениот плод на едно вековно вкрстување меѓу Истокот и Западот. Една природна мешавина меѓу ориенталното спокојство, средоземното сакање на животот и европската етикеција. Во Охрид не е мека само климата. Една маѓосна аура на мекост и топлина ги обвиткува и луѓето, кои имале среќа да бидат родени и да живеат во овој мал голем град.
Охрид е мал град според бројот на жители, и никогаш немал претензии да биде некој друг, но тој е голем со својата историја.

За на крај, сувенири! Најдоброто нешто што би можел да избереш е Охридскиот бисер.

...Автобусот заканувачки бревта. Секој миг ќе тргне назад. Јас сум удобно сместен на своето седиште. Зад очилата за сонце молчаливо ги нижам спомените. Еднаш некој рекол-”Види го Неапол и умри!”.
Меѓутоа, за Охрид дури и помислата на смрт-па м
Lidija Ova Storm, Storm e ili nekoj drug StormAngel??? Interesno da go procitas ova posle topikot na Tomislav so cistenjeto na ezeroto :) Epten ubo ova napisano, romanticno ama ko i sekoja romantika malku ili malku poke razlicno od relanosta. Ama nema gajle vazno Ohrid si e ubav, belki ke se zadrzi taka!
Kaneo Prekrasno napisano! StormAngel - sekoja cest!