Денови на Јустинијан I

Денови на Јустинијан I
dejan
 
Со свечено отворање на научниот симпозиум "Скопје меѓу античкото и модерното време", денес во 14 часот во Градската библиотека "Браќа Миладиновци" ќе започне тридневната манифестација "Денови на Јустинијан И". Манифестацијата е во организација на Културно-информативниот центар, во соработка со Институтот Евро-Балкан, а финансиски е поддржана од Градот Скопје. Од плоштадот "Македонија" до тврдината Кале, во 19 часот ќе тргне т.н. "Јустинијанова поворка" составена од ученици и граѓани, а манифестацијата свечено во 20 часот ќе ја отвори градоначалникот Трифун Костовски. Мотив за организирање на манифестацијата е годишнината од раѓањето на еден од најголемите императори на Византија, Јустинијан И, кој е роден во малото место Таорисиум, денешно село Таор во околината на Скопје.
dejan Eve sliki http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=27779