„Виножито“ побара ЕУ да го укине грчкиот апартхејд |
||||
dejan | Транспарент со натпис „Укинете го апартхејдот во Грција“ истакнаа вчера членови на партијата на Македонците во Грција „Виножито“ на свечената седница на Европскиот парламент во Брисел. Парламентот ја одржа седницата во централната сала, каде што се одбележуваше 25-годишнината од основањето на Европската слободна алијанса (ЕФА), чиј член е „Виножито“. - Покрај тој транспарент, истакнавме уште еден со порака „Критериумите од Копенхаген да важат и за старите членки на ЕУ“ - изјави вчера за „Дневник“ еден од членовите на „Виножито“. За време на свечената седница, активистите на партијата на Македонците поделиле и политички материјал во кој се критикуваат двојните стандарди на Европа по прашањето за правата на малцинствата. „Виножито“ истакнува дека „иронично и крајна хипокризија е тоа што во рамките на ЕУ педантно се проверуваат нејзините нови и идните членки во спроведувањето на Копенхагенските критериуми по прашањата за малцинствата, а не сака да го направи тоа за старите членки“. Златка Гилер, потпретседателка на Федералната унија за етничките малцинства, која неодамна го посети Леринско, утврди дека „Грција и Франција се типични примери на држави, кои никогаш не ги следеле принципите на ЕУ за заштита на етничките и јазичните различности и продолжуваат да ги дискриминираат нивните малцинства“. На вчерашната седница на Европскиот парламент ОМО Илинден „Пирин“, партија на Македонците во Бугарија, која наскоро треба да се регистрира, беше примена за посматрач во Европската слободна алијанса. Тој статус партијата ќе го има една година, по што ќе стане рамноправне членка на ЕФА. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E6920AECAE70CE46A9A638E39C3101F3 BRAVO! |