Drzavjanstvo |
||||
The_Crow | 1.Jus Sangunis (spored krvta na roditelite -deteto se steknuva so drzavjanstvoto koe go imale negovite roditeli) 2.Jus Soli (spored mestoto kade sto s rodilo -deteto go dobiva drzavjanstvoto na drzavata vo koe se rodilo. 3.Jus domicili (ovoj nacin se odnesuva na lica koi podocna apliciraat za drzavjansto so ispolnuvanje na uslovite za stekunavnje na drzavjanstvo na soodvetnata drzava) uste moze da se sretne pod nazivot NATURALIZACIJA nesto slicno kako nasive drzavjani koi steknuvaat drzavjanstvo da receme na FRancija, Bugarija, Germanija, SAD i drugi drzavi 4.Steknuvanje na drzavjanstvo spored megunaroden dogovor. Ovoj nacin e pomalku zastapen megutoa niz istorijata postoel osobeno e poznat sporot pomegu SFRJ i Fasisticka Italija megutoa nema potreba da se objasnuva ne e interesno za citatelite. Sobranieto na Republika Makedonija vo 1992 godina go donese Zakonot za drzavjanstvo vo koj se objasneti nekoi od poznacajnite prasanja okolu ovaa tema eve sto moze da se izdvoi kako posebno vazno II. СТЕКНУВАЊЕ НА ДРЖАВЈАНСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Член 3 Државјанството на Република Македонија се стекнува со: 1. потекло, 2. раѓање на територијата на Република Македонија, 3. природување и 4. меѓународни договори. 1. Со потекло Член 4 Со потекло стекнува државјанство на Република Македонија дете на кое: 1) во моментот на раѓањето двата родители се државјани на Република Македонија; 2) во моментот на раѓањето едниот родител е државјанин на Република Македонија, а детето е родено во Република Македонија, доколку родителите спогодбено не определат детето да го добие државјанството на другиот родител 3) во моментот на раѓањето едниот родител е државјанин на Република Македонија, а другиот родител е непознат или со непознато државјанство, односно без државјанство, а детето е родено во странство. Државјанство на Република Македонија со потекло стекнува и посвоеник при потполно посвојување на кој двата или едниот посвоител е државјанин на Република Македонија. Член 5 Дете родено во странство на кое едниот родител во моментот на раѓањето е државјанин на Република Македонија, а другиот странски државјанин, со потекло стекнува државјанство на Република Македонија ако до наполнети 18 години живот биде пријавено за запишување како државјанин на Република Македонија или ако до наполнети 18 години живот постојано се насели во Република Македонија со родителот кој е државјанин на Република Македонија. Во случај на судски спор за доделување на дете, државјанството се стекнува по правосилноста на судската одлука. Под условите од став 1 на овој член државјанство на Република Македонија може да стекне и лице кое не е пријавено од двајцата родители, со наполнети 18 години живот, ако поднесе пријава за упис во државјанство на Република Македонија до навршени 23 години живот. Пријавата од ставовите 1 и 2 на овој член се поднесува до органот надлежен за водење на матичните книги во кои се врши дополнителен упис на раѓањето на детето или до дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија во странство. Детето кое стекнува државјанство на Република Македонија во смисла на член 4 од овој закон и ставовите 1 и 2 на овој член се смета за државјанин на Република Македонија од моментот на раѓањето. 2. Со раѓање на територијата на Република Македонија Член 6 Државјанство на Република Македонија стекнува дете кое е најдено на територијата на Република Македонија на кое родителите му се непознати. На детето од став 1 на овој член ќе му престане државјанството на Република Македонија ако до наполнети 15 години живот се утврди дека родителите му се странски државјани. 3. Со природување Член7 Државјанство на Република Македонија со природување може да стекне странец кој поднесол барање за прием во државјанство на Република Македонија, ако ги исполнува следниве услови: 1) да наполнил 18 години живот; 2) до поднесувањето на барањето законски да претстојувал на територијата на Република Македонија непрекинато најмалку 15 години; 3) да е психофизички здрав; 4) да има обезбедено стан и постојан извор на средства; 5) против него да не се води кривична постапка во државата чиј државјанин е или во Република Македонија; 6) да го владее македонскиот јазик; 7) неговото примање во државјанство на Република Македонија да не ја загрозува безбедноста и одбраната на Република Македонија и 8) да има отпуст од странско државјанство, односно доказ дека ќе добие отпуст ако биде примен во државјанство на Република Македонија. Исполнувањето на условот од став 1 точка 6 на овој член го утврдува посебна комисија образувана од Владата на Република Македонија. Ќе се смета дека условот од став 1 точка 8 на овој член е исполнет и доколку лицето кое поднело барање е без државјанство. По исклучок од став 1 точка 8 на овој член лицето може да стекне државјанство на Република Македонија ако даде изјава дека се откажува од странското државјанство. Во решението со кое се одбива барањето за стекнување на државјанство на Република Македонија со природување според став 1 точка 7 на овој член не мора да се наведат причините според кои се раководел надлежниот државен орган при донесувањето на решението. Член 8 Иселеник од Република Македонија, како и негов потомок до прво колено, може со природување да стекне државјанство на Република Македонија иако не ги исполнува условите од член 7 став 1 точка 2 и 8 на овој закон. Член 9 Странец кој е во брак со државјанин на Република Македонија најмалку три години и до поднесувањето на барањето законски престојува најмалку една година непрекинато на територијата на Република Македонија може со природување да стекне државјанство на Република Македонија иако не ги исполнува условите од член 7 став 1 точка 2, 6 и 8 на овој закон. Член10 Барањето за прием во државјанство на Република Македонија во смисла на член 8 од овој закон ќе се одбие ако од престанувањето на државјанството на Република Македонија со отпуст или со откажување, па до поднесувањето на барањето за повторен прием во државјанство на Република Македонија, не поминало најмалку три години. Член 11 По исклучок од член 7 на овој закон, странец кој наполнил 18 години живот може со природување да стекне државјанство на Република Македонија ако тоа претставува посебен научен, економски, културен и национален интерес, а посебно за сите Македонци по потекло кои живеат надвор од границите на Република Македонија. Владата на Република Македонија дава претходно мислење за постоење на посебниот интерес во смисла на став 1 на овој член. Покрај странецот од став 1 на овој член со природување може да стекне државјанство на Република Македонија и неговиот брачен другар под услови од член 9 на овој закон. Член 12 Ако двата родители со природувањето стекнале државјанство на Република Македонија, државјанство на Република Македонија стекнува и нивното дете помало од 18 години. Ако со природување еден од родителите стекнал државјанство на Република Македонија, државјанство на Република Македонија стекнува и неговото дете помладо од 18 години ако тоа го бара овој родител, а детето живее во Република Македонија или ако тоа го бараат двата родители, без оглед каде живее детето. Во случај на потполно посвојување, ако со природување стекнал државјанство на Република Македонија барем еден од посвоителите, со природување стекнува државјанство на Република Македонија и посвоеникот кој нема наполнето 18 години живот и кој со посвоителот живее во Република Македонија. Ако детето наполнило 15 години живот за стекнување на државјанство на Република Македонија во смисла на ставовите 1, 2 и 3 на овој член потребна е и согласност на детето. Член 13 Лицето со природување стекнува државјанство на Република Македонија со денот на врачувањето на решението за прием во државјанството на Република Македонија. Член 14 Решението за прием во државјанство на Република Македонија може да се поништи по врачувањето, ако се утврди дека странецот при поднесување на барањето за прием на државјанство со природување дал невистинити или неточни податоци, односно се користел со лажни исправи. Решението од став 1 се поништува во рокот предвиден за застареност на кривичното гонење за кривично дело од став 1 на овој член. Во случајот од став 1 на овој член се поништува и решението за прием во државјанство на Република Македонија на малолетните деца кои стекнале државјанство истовремено со нивните родители, согласно со одредбите на овој закон. Член 15 Лицето на кое како малолетно му престанало државјанството на Република Македонија со отпуст, може повторно да го стекне ако до наполнети 25 години живот законски престојува најмалку три години непрекинато во Република Македонија и поднесе барање за повторно стекнување на државјанството на Република Македонија. III. ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ДРЖАВЈАНСТВОТО Член 16 Државјанство на Република Македонија престанува: 1. со отпуст и 2. според меѓународни договори. Член 17 Државјанство на Република Македонија престанува со отпуст ако лицето кое поднесло барање за отпуст ги исполнува следниве услови: 1) да наполнило 18 години живот; 2) да нема пречки во поглед на воената обврска; 3) да ги намирило имотно-правните и другите законски обврски спрема државните органи, организациите, претпријатијата и другите правни и физички лица; 4) да ги регулирало имотно-правните и другите законски обврски од брачниот однос и од односот на родители и деца спрема лицата кои живеат во Република Македонија; 5) против него во Република Македонија да не се води кривична постапка поради кривично дело за кое се гони по службена должност или ако е осудено на казна затвор, казната да ја издржало 6) ако има странско државјанство или да докажало дека ќе биде примено во странско државјанство. Согласност дека се исполнети условите од став 1 точка 2 на овој член дава Министерството за одбрана. Надлежниот државен орган ќе го одбие барањето за отпуст од државјанство на Република Македонија и кога се исполнети условите од став 1 на овој член ако тоа го налагаат причините на заштитата на безбедноста и одбраната на Република Македонија или причините на реципроцитет или други причини од односот со странска држава. Во решението со кое се одбива барањето за отпуст од државјанство на Република Македонија во смисла на став 3 на овој член, не мора да се наведат причините според кои се раководел надлежниот државен орган при донесување на решението. На лицето му престанува државјанството на Република Македонија со денот на врачувањето на решението за отпуст од државјанство на Република Македонија. Член 18 Решението за отпуст од државјанство на Република Македонија ќе се поништи ако лицето кое добило отпуст продолжи да живее во Република Македонија, односно се иселило во странство и во рок од една година од денот на врачувањето на решението за отпуст не стекне странско државјанство. Лицето кое добило отпуст од државјанство на Република Македонија, барањето за поништување на решението го доставува до дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија во странство или до надлежниот државен орган на Република Македонија. Член 19 На дете до наполнети 18 години живот му престанува државјанство на Република Македонија на барање на двата родители на кои државјанството на Република Македонија им престанало со отпуст или ако државјанството на Република Македонија му престанало на тој начин на еден од родителите, а другиот родител кој нема државјанство на Република Македонија, со тоа се согласил. Ако родителите на детето живеат одвоено, на детето му престанува државјанството на Република Македонија со отпуст на барање на родителот со кого живее детето, односно на кого му е дадено на воспитување и чување, а кој и самиот поднел барање за отпуст од државјанство на Република Македонија или во случај кога родителот кај кого детето живее е странец. Во двата случаи потребна е согласност на другиот родител. Одредбите на ставовите 1 и 2 на овој член се однесуваат и на малолетниот посвоеник. Ако другиот родител не се согласи со отпуст на детето од државјанство на Република Македонија, детето добива отпуст ако заради интересите на детето согласност за неговиот отпуст даде надлежниот орган за старателство. Ако детето наполнило 15 години живот за престанок на државјанството во смисла на ставовите 1, 2 и 3 на овој член потребна е и согласност на детето. Член 20 На малолетен посвоеник-државјанин на Република Македонија во случај на потполно посвојување кога посвоителите се странски државјани, државјанството на Република Македонија ќе му престане со отпуст на барање на посвоителите. Ако посвоеникот наполнил 15 години живот за престанок на државјанството, во смисла на став 1 на овој член, потребна е и согласност на посвоеникот. IV. НАДЛЕЖЕН ДРЖАВЕН ОРГАН ЗА РЕШАВАЊЕ, ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈА И ДОКАЖУВАЊЕ НА ДРЖАВЈАНСТВОТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Член 21 Барање за стекнување, престанување или утврдување на државјанство на Република Македонија се поднесува до Министерството за внатрешни работи според живеалиштето на лицето или ако лицето живее во странство, до дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија во странство. Решение за стекнување, престанување или утврдување на државјанството на Република Македонија, донесува министерот за внатрешни работи. Решението од став 2 на овој член се доставува според прописите за задолжително лично доставување. Член 22 Евиденција за државјаните на Република Македонија и за странските државјани кои се родени на територијата на Република Македонија се води во Министерството за внатрешни работи. Евиденција за стекнување и престанок на државјанство на Република Македонија води Министерството за внатрешни рабори, според пропишаните стандарди и во согласност со закон. Член 23 Државјанството на Република Македонија се докажува со важечка лична карта или патна исправа.Државјанството на Република Македонија се докажува и со уверение за државјанство на Република Македонија кое врз основа на евиденцијата во смисла на член 22 став 1 од овој закон го издава Министерството за внатрешни работи. Член 24 Ако лицето не е запишано во евиденцијата за државјани на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи ќе го утврди државјанството на Република Македонија и податокот за тоа дополнително ќе се запише во евиденцијата на државјаните на Република Македонија. Доколку раѓањето на лицето не е запишано, податокот за раѓањето и за државјанството ќе се запише истовремено согласно со одредбите на Законот за матичните книги. Mislam deka so ova gi razresiv dilemite okolu ova prasanje. |
|||
toni_a | stvarno Crow...redno e da se educiraat nekoi. Krajno vreme e da razberat shto e drzhavjanstvo. se obiduvav na vremeto...neka progovori prvoto! |