Vladata predizvikuva verska netrpelivost

Vladata predizvikuva verska netrpelivost
QBox
 
Најновата одлука на владата, верскиот објект Свети Илија во Штип да биде доделен на ИВЗ како Хусамедина џамија, само ќе ги наруши меѓуверските односи во градот, во кој проблеми на овој план до сега немаше. Владината одлука сега создава верска нетрпеливост и голем револт кај православните верници кои со векови го користат овој објект и го нарекуваат како Свети Илија, црква која уште во 17. век кога дошле Турците на овие простори била срушена и на тоа место се градел верскиот објект од Хусамедин Паша, вели претседателот на општина Штип Илчо Захариев, кој нагласува дека ова прашање ќе биде поставено и на дневен ред на штипскиот совет, а во меѓувреме ќе се упати и официјален протест до Владата.
- Долги години овој објект го користи Брегалничката епархија, а во 2001 година и официјално ни беше доделен со решение од Министерството за транспорт и врски, велат старешини на епархијата кои најновата одлука на Владата ја толкуваат како сосема погрешна. Официјално, Епархијата ќе го соопшти својот став откако претходно ќе оствари контакти со Владата.
(Ј. Т.)

Prevzemeno od VEST
vancom18 Epa neka glasaat pak za sds, pa cel grad ke im bide dzamii

PS. off topic:
Mi treba mapa, ili pak site mesta koi se vo izborna edinica 5, nekoj da znae sajt?