ТЕРОРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА

ТЕРОРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА
Kaneo
 
Двајца терористи од една блискоисточна земја дошле во Македонија со намера да ја спроведат "Алаховата казна над македонските неверници." Еве како тоа изгледало:

Недела, 20:47

Стигнуваат во Скопје. Го напуштаат аеродромот Петровец по 8 часа од слетувањето, бидејќи багажот им се изгубил. Нивната авиокомпанија не ја презема одговорноста за багажот, а еден аеродромски службеник им
предложил на терористите да дојдат утредента, па со малку среќа, можеби...

Седнуваат во такси. Само со еден поглед во ретровизорот, таксистот
сфаќа дека се странци па ноќе ги врти во круг едно саат и пол. Откако
терористите не приговориле дури и кога таксиметарот покажал 2.000
денари, таксистот решава да собере уште еден ортак кај Белви. Одма ги
претепуваат и ограбуваат и ги оставаат некаде пред Арачиново.


Понеделник,
10:30

Откако се освестиле, двајцата терористи некако успеваат да дојдат до
Скопје, во хотел. Нарачуваат рент - а- кар. Се упатуваат повторно кон
аеродромот Петровец, но попат се блокирани од штрајковите на просветните работници и земјоделците.


Понеделник,
15:45

Сепак стигнуваат на Петровец, цврсто решени да свртат авион од својата рута и да го срушат врз Собранието на РМ. Но, пилотите и
стјуардесите на МАТ штрајкуваат барајќи поголеми плати а во знак на
солидарност, им се придружуваат и луѓето од контролата на летање.
Единствениот расположлив авион е оној на албанската компанија која има силни врски со функционери во ДУИ. Во меѓувреме доаѓа делегација
од ДПА која сака да лета во Швајцарија. Настанува гужва меѓу нив и
персоналот. Во општата тепачка најмногу страдаат двајцата Арапи.

Понеделник,
19:05

Конечно се смируваат страстите, а МАТ во меѓувреме престанува со штрајкот, откако од министерот за сообраќај и врски добиле уверување
дека нивните барања сериозно ќе бидат разгледани на некоја наредна седница на Владата.
Облиени со крв, терористите доаѓаат до шалтер на кој им продаваат два билета, но им премолчуваат дела летот е одложен.


Понеделник,
20:07

Терористите веќе почнуваат да се расправаат дали да продолжат со планот или не. Во текот на расправата се појавува и прашањето дали
уништувањето на Собранието е терористички чин или акт на милосрдие.

Понеделник,
21:00

Изгладнети, решаваат да каснат нешто во аеродромскиот ресторан. Нарачуваат сендвичи со телешка салата.

Вторник, 08:35

Мајонезот бил тотално расипан па завршуваат во Клинички центар каде
цела ноќ чекале во ходник некој да ги згрижи. Работата би била готова
за неколку дена ако попат не се појавеле сомневања за салмонела.

Недела, 17:20

12 дена подоцна, излегуваат од болница и по мала прошетка доаѓаат до
Градски стадион. Вардар штотуку изгубил од Шкендија па лутите комити
беснеат наоколу. Двајцата Арапи им заличуваат на противнички навивачи и почнуваат да ги каменуваат. Водачот на комитите успева и сексуално
да ги злоупотреби двајцата терористи.

Недела, 19:45

Навивачите конечно заминуваат, а терористите одлучуваат, иако е грев,
првпат во животот да се напијат алкохол. Купуваат ракија од пазар. Им
увалуваат вештачка лозова, полна со метанол па завршуваат во Градска.
Тестирањата покажуваат дека и двајцата се позитивни на ХИВ.

Вторник, 23:42

Двајцата терористи решаваат пешки да заминат на исток, накај дома. Пред да тргнат на долгиот пат, цврсто му се заколнуваат на Алах дека вакво нешто друг пат нема да им падне на памет.


toni_a
quote:
Originally posted by Kaneo

...таксистот решава да собере уште еден ортак кај Белви. Одма ги
претепуваат и ограбуваат и ги оставаат некаде пред Арачиново.
Понеделник,
10:30
Откако се освестиле, двајцата терористи некако успеваат да дојдат до
Скопје, во хотел. Нарачуваат рент - а- кар...


hahaha
glup taksist ,ne gi sobral kreditnite kartichki
i posle nie u evropa ke odime...
Lidija Super Kaneo :)))))))!!! So koj si fatija tetoristite :) rabota, nasiot istok pobilzok od nivniot e izgleda :)))