НОВ СКАНДАЛ СО ЦИГАРИТЕ |
||||
toni_a | Управата за јавни приходи, пазарната инспекција и МВР не можат да се договорат кој е надлежен да ги гони фалсификаторите Тутунскиот комбинат Скопје (ТКС) поднесе кривична пријава против непознат сторител за фалсификување цигарите од марките „бос“ и „родео лајт“ во меко пакување, кои се дел од производствената палета на тој комбинат. Утврдено е дека освен цигарите, се фалсификувани и акцизните маркички, кои имаат ист сериски број. Со детални анализи било утврдено дека тутунот во фалсификуваните цигари бил многу стар и исклучително опасен за животот на консументите. Овие фалсификувани цигари на зелените пазари во земјава се продаваат по многу пониски цени отколку оригиналните „бос“ и „родео“. За случајот биле известени и сопствениците на ТКС, британската компанија „Империјал тобако“, која планира да испрати свои експерти што треба да помогнат во расветлувањето на случајот. Во МВР велат дека истрагата е во тек, а другите надлежни институции меѓусебно си ги префрлаат одговорноста и надлежноста за гонење на фалсификаторите. Фалсификатот го откриле вработените во ТКС на 21 април, на скопски Бит-пазар, од каде што за анализа купиле големо количество вакви цигари. Веднаш потоа ТКС ги известил сите надлежни државни институции - Царината, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и МВР, поточно Одделот за организиран криминал. До вчера, како што потврдија во Комбинатот, освен од Царината, не добиле повратен одговор од другите надлежни институции. Во Управата за јавни приходи велат дека не се надлежни за тој случај. - Инспекторите на УЈП се надлежни за ТКС и за другите регистрирани даночни обврзници. Бидејќи цигарите се продаваат на улица, тоа е надлежност на други институции - велат во УЈП. Во Државната пазарна инспекција (ДПИ) исто така се прогласија за ненадлежни, зашто станувало збор за акцизни стоки, за кои била надлежна само УЈП. Во МВР велат дека работат на случајот, но вчера не сакаа да коментираат затоа што истрагата била во тек. Сепак, во МВР појаснија дека на терен можат да излезат само како асистенција на инспекторите на УЈП или на ДПИ. Познавачите на печатарскиот бизнис велат дека воопшто не е тешко да се открие печатарот на кутиите и на бандеролите, затоа што со таа дејност во земјава професионално се занимаваат само неколку претпријатија. Дознаваме и дека анализата утврдила оти фалсификуваните цигари не се од странство, туку се произведени во земјава. Со ова се совпаѓа и одговорот од Царината, од каде што потврдија дека во земјава не влегле вакви марки на цигари. Во меѓувреме, отпаднале и првичните сомнежи дека фалсификуваните „родео лајт“ и „бос“ тајно се произведени во Арачиново, бидејќи било утврдено дека таму повеќе не функционира технолошката линија на која во минатото се фалсификувале цигари. Упатените во тутунскиот бизнис велат дека старите шаблони за печатење на цигарите „родео“ и „бос“ во земјава ги имаат само уште во тутунските комбинати во Прилеп и во Куманово. Неофицијално дознаваме дека полицијата пред десетина дена го посетила Тутунски комбинат во Прилеп, од каде што биле одземени неколку компјутери. Но, таа информација вчера во МВР не ја потврдија. ----------------- nikoj ne e zadolzhen... duri i zdravjeto na potroshuvachite ne e vazhno! vo germanija za vakvi raboti bi se aktiviral celiot drzhaven aparat,pa duri i sosema drugi sluzhbi.vinovnicite bi dobile pogolemi kazni otkolku za izvrsheno ubistvo...videno koga stanuva zbor za danochen kriminal. (chesto prviot chekor za izrazuvanje revolt mi e prekinuvanje na finansiska poddrzhka...edna prichina poradi koja se otkazhav od cigarite) |
|||
toni_a | Експерти од британската компанија „Империјал тобако“,сопственици на „Тутунскиот комбинат“ - Скопје доаѓаат во земјава, откако утврдија дека нивните цигари, „Роде“ и „Бос“ се фалсификуваат. Освен цигарите, фалсификувани се и акцизните маркички. Случајот го откриле вработени во ТКС, цигарите се продавале на скопски Бит пазар. Од ТКС велат: „По направените анализи, утврдено е оти тутунот на фалсификуваните цигари е со многу лош квалитет и опасен за животот на оние кои ги користат. За ова се известени надлежните институции. Од МВР велат: „Засега нема коментар, детали ќе се соопштат ако се утврди криминал“. Првиот човек на Пазарната инспекција, Колевски, денеска не беше достапен за да даде одговор за случајот. За ненадлежна се прогласи и Управата за јавни приходи и Царината, но оттаму потврдуваат дека вакви цигари не влегле во земјава што практично би значело дека се произведени кај нас. Годинава, цигарите поскапеа два пати. Новите и повисоки цени се опасност за зголемување на шверцот на цигари. На ова предупреди и поранешниот прв човек на Царината, Иљоски на заминување од функцијата. „Се очекува покачување на шверциот поради воведување на новите давачки“, изјави Илија Иљоски, поранешен директор на Царинска Управа (на 01.04.2006 година). Аферата „шверц на цигари“, неодамна беше причина за препукувања меѓу власта и опозицијата, меѓусебно префрлајќи си ја топката кој повеќе шверцувал. (prevzemeno od A1) -------------------------- interesni signali pushta MK za idni investitori!!! a koga ke se zapochne "zhongliranje" na odgovornost se znae koj stoi zad celata rabota. |
|||
slasa | Zosto da e skandal ? Ovde Vi Svedska Carinata zaplenuva sekoj den po nekoj kamion so cigari pa nikoj ne rejkokl deka e skandal |
|||
toni_a | Slasa,skandal e poshto toa samata "drzhava" go pravi.prihodite ne idat na opshta tuku na privatna smetka. inaku eve kolku se grizhat nashite za zdravjeto na pushachite.leb nema,ama cigareto dimi ЕПТЕН ПИШМАН ВЛАДА Цигарите сепак не поевтинуваат За да не сфатат ЕУ и САД дека пропагираме пушење, Владата се откажува од најавеното поевтинување на цигарите... http://www.vest.com.mk/default.asp?id=117095&idg=6&idb=1767&rubrika=Makedonija |
|||
slasa | abe toni nemozam da se nacudam kao reagirate dali voopsto podlaboko razmisluvate , ima sverc i vo germanija mislis deka go nema . i ovde Carionata *veli deka nemaat pojma so toa i deka e sverc isto od stranstvo . A gi imaat Zapleneto . I vo Pravo se . i ovde i dolu . od kade znae Carinata deka vo nekoj kamnion ima 100 ili 100 000 steki so cigari .. |
|||
slasa | toni znaci cigarite sto se svercuvaat vo Svedska isto Svedskata Vlada gi svercuva isto Vodka i drugi alholholni pijaloci sto se svercuvaat ovde se e kriva Svedskata Vlada . a ako ne gi zaplene carinata tie stvari ke se pravat ogromni pari i ovde na crno . znaci koje e vinovnikk mafijasite i#246;li vladata . Sto nie imame novinarstvo za GZ da brisis so vesnikot zs pred da se ispita nesto direktno vo Stampa ,, |
|||
toni_a | mislam deka vo sluchajov ne e taka poshto se znae za "shvercot" na cigari."kapak" na situacijata e reagiranjeto na sopstvenicite koi go kupile brendot.za zdravjeto na potroshuvachite (koi nemozhat da si pozvolat,a kupuvaat na pazar) da ne govorime. "ne-poeftinuvanjeto",ne priemanje na odgovornost,falsifikati na markici itn... dovolno e samo ona "nie ne sme nadlezni"! toa kazhuva se`! ps-isto i zjavata na CARINA deka nemaat vrska so rabotava!ne se od stranstvo shvercani cigarite... |
|||
GiTaRiSt | Sfegde ima i shferc i korupcija sfegde ima ali tie se pametni ne go pravat golemo so da prajme deka nie se tepame sekoj den ovde i cekame sto po brzo nekoj da gresi za da im kazeme..na lugjevo..mislam politicarive nasi.. | |||
toni_a | produkcija na crno sose markici kade ima? | |||
slasa |
100 % vo germanija . mislis deka nem,a proizvodstvo na markici i sverc , i Javni kujki sega za Fudbalov ke se napolnat gernmancite so svercovani cigatri i so k*rvickiu |
|||
toni_a | abe vo DE i dvata biznisa si se legalni dokolku se plakjaat davachkite kon drzhavata.pa taka ednoto vekje ne e shverc,a drugoto e usluzhna dejnost | |||
slasa |
mozda i jas ke se usluzam na nekoj nacin za fudbalskovo prvenstvo |
|||
TimeHacker | slusham ke poeftinac cigarite,dali e to vistina ? | |||
otkacalkaMK | ke poskapnat ne da poevtinat |