ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА во вербална битка |
|||||
Aleksandra | понеделник, 15 мај 2006 СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно се обвинуваат за планови за фингирана безбедносна криза во Тетовско Никола Груевски опасно си игра со безбедноста на земјата, користејќи ја како предизборна тема, го обвини премиерот Владо Бучковски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по неговата изјава дека власта подготвува меѓуетничка криза за да ја „стабилизира“ земјата пред изборите. - Морам да признам дека сум огорчен од изјавата на Никола Груевски. Сметам дека неговата несериозна изјава покажува дека Груевски стана крајно опасен тип. Ако некој има погрешни информации, ако некој не сфаќа дека секогаш пред избори дел од разузнавачките структури се обидуваат да им се додворат и на едните и на другите и ако може да му се продаде таква информација и тој да извлече погрешен заклучок, тоа говори дека ние имаме сериозен проблем. Не е тоа проблем само на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е проблем и на државата. Опасно е Груевски да се игра со безбедноста како предизборна тема - изјави премиерот Бучковски. Во ВМРО-ДПМНЕ вчера изјавија дека целта е постигната со тоа што е спречен планот за безбедносна криза. - Не сакаме да му одговараме на премиерот. Изјавата е дадена за да се одвратат од таквата намера и веруваме дека по оваа нервозна реакција на премиерот ја постигнавме целта да ги одвратиме од планот - изјавија вчера во ВМРО-ДПМНЕ. Според сознанијата, плановите за фингирање меѓуетничка криза се однесувале на некои села во Тетовско. Во некое од нив требало да се случи прогласување на „Илирида“, парадржава на Албанците во Македонија, а главната улога му била доделена на Невзат Халили, прв претседател на ПДП. Халили вчера изјави дека станува збор за невистини и за измислици: - Сето она што го кажуваат Никола Груевски и Љубчо Георгиевски за мене не е вистина. Јас немам никаква врска со тоа. За сите други работи поврзани со мојата личност, јас ќе најдам начин јавно да ги соопштам - рече тој. Пред десетина дена до редакцијата на весникот на албански јазик „Факти“, Националното движење за Илирида испати соопштение во кое побара одложување на изборите, смена на Уставот и прогласување Унија, односно, некој вид федерација помеѓу Македонија и Илирида. - Бараме претседателот на државата да знае македонски и албански јазик. Функцијата претседател на државата да биде ротирачка, односно две години шеф на државата да биде Македонец, а две години Албанец. Ротирачки функции треба да имаат и премиерот и претседателот на Собранието. Унијата на Македонија и на Илирида треба да има посебни војски и полиции. Ако не се исполнат овие барања НДИ ќе преземе мерки самата да го реализира тоа. Не се исклучени ниту оружени дејства - се истакнува во соопштението потпишано од Земри Арифи, портпарол на НДИ. Арифи вчера за „Дневник“ одби да потврди или да демантира дека тоа се нивни барања, но негираше дека нивното движење се заканува со дестабилизација на Македонија. - Зад нас стојат сите Албанци. Движењето не е моја приватна работа и наскоро ќе ги кажеме нашите барања. НДИ ќе ја поддржат сите политички партии на Албанците во Македонија - изјави Арифи. Потпретседателот на ДУИ Рафиз Алити вели дека не знае од каде му се сознанијата на Груевски. - Најверојатно тие што ги имаат таквите сознанија се дел од тоа сценарио - изјави Алити. Тој рече дека соопштенија како тоа на Националното движење за Илирида имало и порано, но дека ДУИ нема сознанија оти зад соопштенијата стои сериозна група. Во ДПА велат дека загриженоста на Груевски делумно држи кога се има предвид жешката клима што ја создава ДУИ кај граѓаните со мотото „ако не победиме ние, повторно ќе има војна“. - Апелираме граѓаните да бидат спокојни, бидејќи ДПА знае политички да го држи под контрола теренот. Сонот за дестабилизација може да биде само плод на ДУИ - коментираа во ДПА. |
||||
Pana |
...laze,laze kako cigan...ne znae sto zbori bidejki site TV dueli im bea prifateni i bea zgaznati kako sleper zaba...na TV duelite....neka pogleda stari snimki na TV.... |
||||
трендафил | Ако партиите зборуваат за фингирана криза во тетовско, можеме да очекуване вистинска во Липковско. |
||||
lav |
Затоа и другарот томислав запишал оти имаме: Цитирам Ефикасна, професионална Армија по НАТО стандарди Па нека повелат качаците...нели??? |
||||
NACIONALIST |
A kadee armijata, i dali postoi nasa armija poveke, jas mislam deka i armijata e unisti KACAKOT UCKovksi |
||||
Pana |
Izvini NACKE da te prasam,ne sakam da bidam indiskreten ama me interesira, zasto Komunizmot go pisuvas so golema bukva k.....dali od pocit ili nemas pojma od pravopis covece.... |
||||
vancom18 | терористичките групи под команда на бУЧКо и ахмети ќе дивеат за време на изборите | ||||
nukleus | Glavno Bucko si go poseti denovive sopstveniot dedo vo Tetovsko za da moze "rajat" da organizira ili fingira edno konfliktce.:) | ||||
lav |
„Играње„ на војна е (м)ногу неизвесна работа...како што некои милуваат да викаат ...од ИГРАЧКА може лесно да (по)стане ПЛАЧКА. Со оглед на изјавата на другарот (форумски , разбира се) Томислав околу организираноста и спремностаа на нашата мала но ефикасна армија...кроена според НАТО стандардите а која СДСМ си ја стави на свое „конто„ во малиот и од џебен формат испечатен памфлет од бедни (само) 11 страници!?. |
||||
Pana |
..sto e ova, sto znaci i do koga ke stoi.....i ovoj znakov od "Makedonijapat".... |
||||
Aleksandra | Da ne otvaram nov topic ova go postiram tuka... ИНТЕРВЈУ: НИКОЛА ГРУЕВСКИ, ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ Нејќам утре да се срамам поради неостварени ветувања Не сум нов на политичката сцена, не сум неиспробан или непознат. Напротив, бев четири години во владата и излегов од неа со мошне висок кредибилитет кога станува збор за реализираните реформи и проекти. Сакам да ве убедам дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ не постои ниту еден проект ниту едно ветување или констатација што не е втемелена во реалноста Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не се сомнева во победата на претстојните избори. Себеси се гледа како иден премиер, но и како човек што ќе ја прероди македонската економија. Се' уште не ги објавува тимот и коалициските партнери со кои планира да ја оствари таа цел, но е убеден дека гласачите пред да ја заокружат листата за која ќе се определат, ќе се сетат на реформите и проектите што тој ги има во својот бекграунд како министер за финансии и за трговија. Неодамна ја промовира изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ „Преродба во 100 чекори“ во која има долг список со проекти и рокови. Иако граѓаните досега се изнагледаа убаво напишани програми на сите изминати избори, квалитетот на живеењето не им се подобри многу. Зошто Груевски смета дека оваа програма е различна од сите претходни и дека ќе доведе до преродба на Македонија? - Би можел да се согласам дека на нашите граѓани во изминатите 15 години, повеќепати им беа ветувани политички и економски проекти, кои не соодветствуваа со реалноста. Знам дека ваквото негативно искуство, во одредена мера ќе предизвика сомнеж кај избирачите и за програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, јас сум убеден дека овој програмата на ВМРО-ДПМНЕ е реално остварлива од неколку суштински причини. Прво, сметам дека јас имам кредибилитет да зборувам и да дадам прецизни ветувања кога станува збор за реформи и проекти затоа што јас реализирав конкретни реформи и проекти во периодот додека бев министер за финансии и претходно министер за трговија. Значи, јас не сум нов на политичката сцена, не сум неиспробан или непознат. Напротив. Јас бев четири години во Владата и излегов од неа со мошне висок кредибилитет кога станува збор за реализираните реформи и проекти. Најголем дел од она што го ветував, го исполнив. Како министер со оглас во весник ја објавував нашата годишна програма и ги реализирав најголемиот дел од тие јавни ветувања. Тоа може да се провери. Конкретно, ветив дека ДДВ ќе го воведам за три месеци по моето доаѓање на позиција министер за финансии и го направив тоа за три месеци. Може да се земат и примерите со денационализацијата, враќањето на старите заробени девизи, реформата на платниот промет, трезорскиот систем за кој добивме највисоки оценки во регионот, проектите и реформите кои ја раздвижија берзата, намалувањето на царините, намалувањето на персоналниот данок на доход и на акцизите, банкарските реформи... *И ветувањето на СДСМ во 2002 година за вработување на еден член од секое семејство беше конкретно, но се покажа дека било само предизборен рекламен трик. Колку такви трикови има во вашата програма? - Јас сум свесен сум дека на овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и без ваква програма. Можевме да излеземе и со поопшта програма со порелаксирани рокови. Но, не е поентата само да победиме. Сакам да ве убедам дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ не постои ниту еден проект, ниту едно ветување или констатација, која не е втемелена на реалноста. Се што е напишано е реално остварливо, бидејќи веќе некој пред нас, во некоја друга држава, слична на нашата, успеал тоа да го реализира. Во таа смисла, не можам да се сетам на ниту една објективна причина зошто во Македонија, на пример, не може да се реализира проектот „Тим Македонија“, чија цел би била агресивна промоција на македонските инвестициски и извозни можности или проектот „Инвест Македонија“, кој, по примерот на Ирска треба да ја претстави Македонија, како посакувана дестинација за инвестирање. Потребна е само силна волја, политичка чесност и силна посветеност. Имаме токму такви кадри. Од друга страна, свесен сум дека ако не ги исполниме овие ветувања, јас и сите ние во партијата ќе ја загубиме довербата, ќе го загубиме образот. А народот покажа дека знае да казни, и тоа сурово, кога ќе биде измамен. Јас немам намера некогаш да се срамам од неостварени ветувања. даноците може да се намалат *Предлагате намалување на даноците, и тоа драстично. Од друга страна, најавувате изградба на автопатишта, технолошки развојни зони, силиконски долини... Како очекувате да реализирате такви проекти со драстично намалени даноци? - Намалувањето на даноците е неминовно за да му се помогне на бизнисот. Јас верувам дека само така може да се реши невработеноста. И да се стане поконкурентен за странските инвеститори, кои во овие години ја заобиколуваат Македонија, практично бегаат од земјата, од корупцијата, од високите давачки, бирократијата, неспроведувањето на правото и двојните стандарди, итн. Кратењето на даноците е можно и изводливо. Тоа ќе оди во две фази. На сметка на тоа ќе бидат потребни нови заштеди во буџетот. Има простор за тоа. Постојат многу непродуктивни расходи кои може да се скратат. Ветивме дека во првата година комплетно ќе се откажеме од купување на нов мебел и автомобили, а по првата година, таквите набавки ќе ги сведеме на 30 отсто помалку отколку сега. Покрај кратењата на расходите, мала помош ќе биде и намалувањето на сивата економија. Помалите даноци ќе го направат прескапо и преризично прикривањето плаќање даноци за многу фирми, или со други зборови поисплатливо ќе им е да плаќаат наместо да прикриваат. Посебно што законските казни за тие што прикриваат данок ќе станат драконски, а судските реформи што ги предвидуваме нема да им даваат комоција како што чувствуваа досега. Ќе се стегне обрачот околу криминалците. Автопатиштата и многу други капитални објекти како брани и слично, во програмата ги најавуваме со модел концесија, при што, трошоците се помали и се сведуваат практично на трошоци за експропријации на земјиштето каде што ќе се градат. *Но, тоа значи дека треба да има заинтересиран концесионер, кој ќе изгради одредена делница од автопатот, на пример. Што ако не се јави таков концесионер? Дали проектот автоматски ви пропаѓа или имате некакви алтернативни решенија? - Со добра анимација на потенцијалните концесионери, со ангажирање реномирана консултантска куќа која ќе работи на тоа, со нудење поволни услови на концесионерите, со силни активности, и транспарентен меѓународен тендер, сигурно дека за поголемиот дел од проектите ќе има заинтересирани концесионери. Досега проблемот е што безмалку воопшто немало обиди за тоа. Во светот постои многу слободен капитал што бара место да се пласира и оплодува. Потребно е да се најде и примени вистинската технологија за да се привлече тој капитал, и вистинските луѓе за да ја организираат работата. Се разбира дека никој не сака да дојде ако во секоја канцеларија каде што ќе влезе му зборуваат за проценти, мито и за рекетирања. Покрај ова, за одредени случаи, можно е да се размислува и за други форми на затворање на финансиската конструкција. *Што ако ја добиете власта, а не успеете да ја реализирате програмата? Дали едно од ветувањата што ќе им ги дадете на граѓаните ќе биде дека ќе си заминете ако реализацијата не оди според роковите што самите сте си ги предвиделе? - Јас сум убеден дека најголем дел од ветеното ќе го реализираме. Знам дека ќе се соочуваме со многу предизвици, меѓутоа, друга алтернатива не постои. Мораме да успееме. Не исклучувам дека од 10 ветувања, во едно или две ќе се задоцни некој месец, но најголемиот дел од нив ќе ги завршиме навреме. Камо среќа СДСМ да реализираше се што вети во 2002 година, па макар и со една година доцнење, каде ли ќе беше сега Македонија! Наспроти тоа гледаме само потпишување празни меморандуми, писма за намери, писма за разбирање, а со ниеден инвеститор досега не се разбраа. Никој не инвестираше од најавените. Ниту „Сименс“, ниту банката „ИНГ“, ниту Дојче банк, Аустриан банк, ниту „Марк и Спенсер“, ниту „Сузуки“, ниту ги видовме 40 бензински пумпи на „Лукоил“, па ни оние помалите, како „Туш“ или „Меркатор“. Сега ќе удрат потпишувања писма за намери, разбирања, меморандуми и слично со „Џонсон контролс“. Одговорно тврдам дека оваа компанија што и да каже и потпише сега, како што потпишаа многу пред неа, нема да инвестира ниту долар додека е оваа Влада на власт. И УСПЕХОТ НА ЕЛЕНА ЛИ Е ЗАСЛУГА НА СДСМ? *СДСМ објави брошура со своите 50 најголеми достигања. Како ги коментирате достигањата на вашите конкуренти? - Брошурата на СДСМ јас ја толкувам како неоспорна потврда на сето она што ВМРО-ДПМНЕ го зборува изминатите четири години. Ако за овој период, тие не успеаја да наведат 50 успеси што се само нивни, поголем доказ дека оваа власт е неспособна не можам да пронајдам. Замислете, компјутерите што Македонија ги доби во 2002 година од НР Кина, по посетата на претседателот Борис Трајковски на таа земја, тие ги ставаат како достигнување на оваа Влада. Или едно достигнување за кое се изнасмеав: почната либерализација на визниот режим. Абер нема од либерализација на визниот режим, а тие веќе го ставиле во успесите на СДСМ. Или просечен раст на БДП од 4,1 процент. Таа стапка досега ниту еднаш не се достигна, а камоли уште и да е просечна. Освен ако не ја земале 1999 и 2000 година во просекот. Или успешна приватизација на ЕСМ за 225 милиони евра, а во договорот со купувачот стои отворена можност дека можеби државата ќе враќа 22.5 милиони евра. Настрана што поскапувањата на струјата по изборите, како резултат на оваа ептен успешна приватизација, ќе не удрат како чекан во главата. Или, проектите на УСАИД за мрежно компјутерско поврзување со Интернет на училиштата, го ставиле во владини постигнувања. Недостасува уште пласманот на Елена на Евровизија да го претстават како достигнување на Владата. *Не сметате ли дека со промоциите што ги направивте и вие и СДСМ, ја почнавте изборната кампања пред законски предвидениот рок? - Во политичката теорија, претседателот на САД Џорџ Кенеди важи за личноста која прва го воведе концептот на т.н. постојана или трајна кампања во политиката. Тоа во својата основа подразбира постојан контакт со граѓаните, постојана работа и афирмирање нови проекти и визии. ВМРО-ДПМНЕ, изминатите години е во постојан контакт со избирачите, на терен и посредно преку прес-конференциите, трибините, настапите во собранието, активностите на локалната самоуправа. Во таа смисла, за мене промоцијата на програмата за преродба на Македонија, на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, претставува само логично заокружување на еден период, исполнет со постојана активност и работа. Не гледам тука ништо спорно. *Впечатокот е дека, и покрај најавите за позитивна кампања од сите политички опоненти, пред изборите ќе има многу валкани игри. - Кога велиме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе води позитивна кампања, навистина го мислиме тоа. Концентрирани сме на контактот со избирачите и имаме намера, во секој дом, на секој наш граѓанин да му ја доближиме нашата визија за Македонија. Меѓутоа, не можеме, а да не се сосредоточиме и на лошите страни од работењето на владата на СДСМ изминатите четири години. Впрочем, во ниту една демократска држава работите не се поинаку поставени. Во САД или во Германија, на пример, околу две третини од активностите на партиите на изборите се вбројуваат во групата на негативни политички пораки, насочени против политичките конкуренти. Сепак, повторувам дека за ВМРО-ДПМНЕ најважни се граѓаните. Сакаме да ја добиеме нивната доверба и само ним им одговараме. Нема да наседнуваме на ниту една провокација, смислена во нечиј штаб, канцеларија или „фабрика“. ЛИСТИТЕ НА 30 МАЈ *Кога ќе ги објавите имињата на носителите на изборните листи од Здружената опозиција? - Сега сме во фаза на договарања со нашите коалициски партнери. Кога ќе заврши овој период, ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави списокот на партиите што ќе бидат дел од здружената опозиција. Носителите на листите и кандидатите ќе бидат познати вечерта на 30 мај. Ни порано ни подоцна. *Ако биде Груевски премиер, кој ќе биде вашиот тим за клучните министерства? Најавувате и вклучување непартиски експерти и луѓе со македонско потекло што се успешни бизнисмени во странство. Ќе и' ги презентирате ли на јавноста имињата на овие потенцијални кадровски решенија? - Ќе ги презентирам кога ќе дојде време за тоа. Освен некои кои се во актуелното раководство на партијата, сметам и на повеќе експерти кои во моментов не се во раководството или дури не се ни членови на партијата, а се способни професионалци и врвни експерти во својата област. Можно е да ангажираме некого и од дијаспората. Некои од овие луѓе работат во меѓународни институции во земјата, а некои во странство. Некои, пак, работат внатре во државните институции, други во приватниот сектор. Така што, ќе има кадри од партијата, но ќе има и нови млади способни талентирани кадри кои ќе бидат вистинско освежување. Најважно е на вистинските места да застанат вистински луѓе. *Би имало ли место во вашата влада за ВМРО-Народна партија? - За ВМРО-ДПМНЕ, апсолутен приоритет е освојувањето доволен број пратенички места, кои ќе ни овозможат сами да формираме влада. *Ако победите на изборите, што ќе преовлада во изборот на партнер од албанскиот политички блок - традиционалното партнерство или многубројноста на пратеничката група? Можна ли е коалиција со ДУИ? - ВМРО-ДПМНЕ стои на позициите дека наш традиционален коалициски партнер е ДПА. Сакаме да го задржиме на тој став. ТВ-дуелот нема да е сламка за спас за давеникот Бучковски *Долго размислувавте дали да излезете на ТВ-дуел со премиерот Владо Бучковски? - Ќе излезам на ТВ-дуел со Бучковски. За разлика од СДСМ кога во 2002 година не прифатија ниту една понуда за ТВ-дуел, јас во кампањата со задоволство ќе го направам тоа. Иако Бучковски нема со што да се пофали од она што го вети, веројатно гледајќи дека ги губи изборите, последниот спас го гледа во ТВ-дуелот на кој инсистира како давеник за сламка. А досега сламката не спасила ниту еден давеник. Ама, надежта последна умира... |
||||
Makedon |
Nejkese SDSM duel so DPMNE, bidejki DPMNE napravi nesto za Makedonija, SDSM se razrusi prethodno. I sega se rusi SDSM pred sebe- se` propadna vo drzavava |
||||
NACIONALIST |
dali se sekavas koga SRANKO prifati duel so GEORGIEVSKI, i na kraj ne znaese da ja najdi vratata da izlezi, LJUBCO partal go napravi, i od togas gnasata nesakase da prifati duel ni za ziva glava. |
||||
Pana |
..kako ne be NACKE,se sekavam kako mu kaza gospodinot Branko Crvenkovski deka nekoj dovaga na TV duel nakljukan so sedativi,deka nekoj na zenamu i go skinal uvoto,deka nekoj go ispokrsil kabinetot...se sekavam,mnogu ubavo se sekavam...se sekavam i na avionot sto kruzel nad Skopje bidejki vojvodata se soblekol gol.... |
||||
NACIONALIST | a koj se pijani so wiski, a se trezni so kokain? | ||||
Pana | ..so viski se pijanat mazi... a so kokain se treznat Dzek Nikolson i Arnold Svarceneger.... | ||||
NACIONALIST | NE NE ZNAES TI KOJ SE TREZNI SO KOKAIN, SE SEKAVAS NA ISCEZNATIOT KOKEIN OD MVR? | ||||
Pana | ...kako ne be ...toj sto go ukrade inspektorot Filip Filipov i go stopija so Petrit Ame na Kosovo...pa posle ovoj vtoriov za da go zamacka tragot go napravija deka go ubile na Kosovo..... ...slobodno prasaj Pana znae se.... |
||||
NACIONALIST | ama ne kazuvas se kako sto e! od toj kokein najgolem profit imase Brane i toj tvojot Frcko, tie go poebaa, a to drugoto e samo farba | ||||
Pana | Ne NACKE ,ne gresi dusa...od kokainot Filip napravi trospratna kuka i si kupi dve koli a Petrit Ame napravi celo bogatstvo....veruvaj mi,ja znam rabotata izvorno.... | ||||
NACIONALIST | ama za Petrit Ame da go dobie kokeinot, nekoj trebase da gi izvadi od MVR | ||||
Pana | .. e pa da de,Filip go izvadi a Petrit go stopi na Kosovo...i site srekni i veseli | ||||
NACIONALIST | da ne samo tie dvajca, tuku i Frcko izleze sreken od toj plen, a mislam i Brane, i toj zamesa prsti vo toj pusti kokain | ||||
Pana | ne..sto pati ne.....nemaat vrska ni Frcko ni Brane so kokainot..zimi se.... | ||||
slasa |
sto jadis sto si tolku pameten , da ne porucuvas trici i koprii koj kokain pa toa vi e VMROVCI so lupco Norkomanot go imatyeod vreme |
||||
tomislav1978 |
Ubavo mu go plesna u faca majstore..toj cital neso po DPNE-ovski vesnici i se preprava ko da covek na UDBA.. |
||||
Pana | ..za toa e tuka Pana ,da mu objasni,da go prosvetli..... | ||||
spekssss | So ste se fatile za toj kokain, mislish toa e najvazno. Dajte poglednete malku kon pobliskoto minato. Zasto se otkaza Harcho od premierskata fotelja? Dali nekoi konstrukcii sto gi vide i oseti go nateraa?...mislite li deka so vakvo prepukuvanje ke se postigne nesto (ova za VMRO vs. SDSM vazi). Ako ima nesto konstruktivno sto nekoj od ovie partii dosega napravil kazete go....Jas mislam deka sve sto bese politika na vladeachkite partii vo nezavisna Makedonija se svede na odrzuvanje vo zivot na rabot od egzistencijata . Kako simpatizer na VMRO mi e krivo sto narodot e zaslepen od ubavite zborovi na SDSM i pak ke nasedne na nivnite lazni vetuvanja i ostvaruvanja. Plus zapadot saka da se zadrzi status kvo-to vo Makedonija a za toa nema podobri beskichmenjaci od ovie sto upravuvaat vo momentov. Ima nadez za Makedonija, ali otkako ke se smenat site metuzalemi so ideolosko-komunjarski vizii od foteljite. Iskreno, ne go gledam toa vo narednive izbori. P.S. I koj stava izbori u leto, toa e apsurd neviden. |
||||
NACIONALIST |
objasnimu na TOMCE, toj zaostanuva so pametot, ali neznam dali ke te razberi |
||||
Pana |
...taka sakase Gvujo..zapna kako bik u p****a...izbori pa izbori.... |