Стариот проблем на ДПА

Стариот проблем на ДПА
dejan
 
Албанскиот јазик повторно ги скара пратениците

Стариот проблем на ДПА, албанскиот јазик да добие проширена употреба и во собраниските комисии, повторно ги скара пратениците.

Комисијата за труд и социјала не можеше да ги расправа законите за хендикепирани и за еднакви можности на жените и мажите. Немаше кворум, објави на албански претседателот Халими.

Пратениците револтирани ја напуштија седницата. За ВМРО-Народна, доколку владеачкото мнозинство сакало, комисијата ќе била деблокирана.

„Решението беше или да се направи усогласување во деловникот терминолошки со зборовите што се употребени во Уставот на РМ или да се најде решение со замена на претседателот и да може да се води комисијата на нормален начин“, вели Блаже Стојановски, ВМРО-НП.

Претседателот на комисијата, Халими, повикувајќи се на Рамковниот договор, не отстапува од ставот седниците да ги води на албански јазик. Не чувствува вина што во периодот на неговото претседателствување не е одржана ниту една седница.

„Не можам да имам некоја вина, затоа што ги почитувам актите, го почитувам Охридскиот договор, го почитувам Уставот“, рече Илијаз Халими, ДПА.

И пред самиот крај на работата на Собранието, Комисијата за труд и социјала на чело со Халими од ДПА не најде сили да го надмине проблемот и да ги реши поставените задачи и закони во своето четиригодишно постоење.

Zad ne mu e sram na Halimi??
Posle ova i sve drugo, DPMNE bi bile sik za da odat vo koalicija so DPA.
Unreal Маркетинг бе маркетиг, ништо не им остана сеа сем на различни начини да си прават маркетинг демек се борат за големата албанска кауза!
Срамота!