Се викам Македонија

Се викам Македонија
Kaneo
 
Преземено од Дневник (онлајн издание).
Линк: http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6ECB3EF985947B44AFCF86AEDBC41801


ПРИЈАТЕЛОТ ОД СОСЕДСТВОТО

Се викам Македонија!

Господине претседател Каролос Папулјас, порачувате од Стразбур дека нема никакво македонско малцинство во Грција, проверете ги фактите од не така далечното минато, од времето на Граѓанската војна и погромот и прогонот на оние што се чувствуваа и ќе изустеа дека се Македонци.

Господине Папулјас, деновиве го следев вашето обраќање во Стразбур и искрено се зачудив и се изнервирав па заклучив дека е крајно време лично да се запознаеме за да видите дека постојам. Дека имам и име и презиме, дека и мајка ми и татко ми, како и сите моите предци, за волја на вистината, сите освен една прабаба - замислете - Гркинка, сите други без исклучок се Македонци.

Во моето семејство биле и се Македонци што зборувале и зборуваат на убав и чист македонски јазик. Не знам и не сакам да тврдам што сте вие, оти вие најдобро си знаете дека сте Грк ако така се чувствувате. Затоа го немам правото да ви речам и да наметнам став дека сте Шпанец, Германец или, замислете, Македонец.

Господине претседател Каролос Папулјас, порачувате од Стразбур дека нема никакво македонско малцинство во Грција, проверете ги фактите од не така далечното минато, од времето на Граѓанската војна и погромот и прогонот на оние што се чувствуваа и ќе изустеа дека се Македонци. Тие не зборуваа словенски, туку македонски јазик. Ним, колку и да ги откорнувавте и носевте во некои за нив туѓи земји, туѓи простори, туѓи беспаќа, коренот не успеавте да им го сотрете. Тие беа и останаа Македонци.

Затоа се чудам како да ја сфатам Вашата изјава дека Македонија нема поискрен пријател од Грција. Се чудам и не знам дали да ја разберам како иронија, сарказам, цинизам, шегобијност, што ли. Искрениот пријател не го поставува „пријателот“ во ништожна положба како што некои структури во Грција тоа го прават од осамостојувањето до денес. Искрениот пријател не негира. Не ти вели: ало, не постоиш. Пријателот, па макар бил и неискрен, ако ништо друго, ти го знае името, може да те вика по прекар, ама никако не може да те прекрсти или, чувај Боже, да те смета за бивш, а ти жив па макар и со нарушено здравје.

Но, да нема забуни, не е само Грција виновна за односот што го гради спрема Македонија. Осудата за местото и улогата на Македонија визави грчкото (не)пријателство оди директно на македонските политички елити. Сакале да признаат или не, со години не успеваат да се изборат за тоа дека Македонците и Македонија постојат, без разлика дали тоа некому му се допаѓало или не. Се борат де, ама наместо рамноправен третман на партнерство, имаме поданички однос на прислужништво. Некако, за жал, личи дека во оваа држава сепак нема - што се вели народски - маж што ќе има став и што ставот нема да го менува. И ако треба па и ќе лупне на маса.

Уште во 1991 година, кога прво се подготвуваше референдумското прашање во кое имаше додавка југословенство, кога веќе и на најнеуките во политиката им беше јасно дека од тоа нема да остане ниту „ј“, а уште повеќе кога една година подоцна почна да се тркала предлогот БЈРМ, тој беше и остана апсурдно и неприфатливо решение.

Јас, јас која имам корени од оваа земја од дамнина, јас да бидам безимена, непостојна, бесперспективна. Да бидам воздух, односно една голема празнина. Ниту тогаш ниту денес го прифатив тоа, нели тримесечно, привремено решение. Ниту тогаш ниту денес некој може да ме убеди дека немаше и немало друго решение. Аргументите некако тенки како тенок мраз на мавровсконо езеро па мал чекор и ете си во дупка па смрзнат и мавтајќи со рацете на сите страни можеби ќе успееш да се спасиш.

Дилема речиси нема дека како ќе си постелеш така ќе си имаш. Цврсто, ама не само за пред јавноста, туку навистина непроменливо и со изјави и со однесување, државата да покаже дека таа постои и ќе опстои, во неа живее народ - Македонци, во неа живеат и Албанци, Турци, Роми и други кои ја сакаат, живеат малцинства или заедници или народи, сеедно како ќе се наречат, ама ги има повеќе, како што ги има и во Грција и во Бугарија и во Албанија и во Србија. Оти тоа е колоритот и убавината на Балканот. Тоа дека се сите тука во еден чуден спој на различни мириси на развиени демократии, на мистичните ориенти, на разбурканите истории. И во сите соседни земји, па и во Грција, меѓу другите, живеат и Македонците.

Оттаму дилемата од каде господинот Папулјас си зема за право да ни вели дека не постоиме, дека за да постоиме треба да се преименуваме, прекрстиме, доразнебитиме и уништиме. Дали тоа господинот Папулјас знае нешто за што ние поим немаме, дали знае дека некој ќе се осмели да го направи тој ерес и да го смени името, да одбере едно по принципот на рускиот рулет од многуте досега предложени варијанти, дури повеќе од триесет предлози во игра. Па кому иде, да попуштиме и да исчезнеме, и како народ и како име и како идентитет.

Ние, Македонците, сме биле некоја измислена категорија која говори словенски, што тоа и да значи. Очигледно господинот Папулјас знае нешто за што граѓаните на Македонија немаат поим. Знае човекот дека со некого во оваа држава може да се пазари за се', па и за името. Ама може ли и кому и зошто тоа би му било потребно сега, кога на силното препелкање ни се гледа крајот. Кога веќе ступидно влетавме во стапицата наречена БЈРМ, а сепак јуначки издржавме се' и сешто, од блокади до навреди, скандали. Кога прво Турција, па Русија, па Кина, па дури и неприкосновената и моќна Америка не' призна како Република Македонија. Зар сега некому ќе му падне на ум да ни го смени името. Деновиве и на отворањето на новата британска амбасада во Скопје, во присуство на принцот Едвард, третиот син на британската кралица Елизабета, чиј маж попатно е Грк по потекло, се слушаше само Република Македонија и никако поинаку. Сега, кога речиси целиот свет не' вика така како што ни е име, да потклекнеме на грчката арогантна и неразбирлива политика, што би било тоа ако не кукавичко самоубиство. Кому тоа му е потребно и зошто. Сакам да верувам - никому. Никому, ниту во земјава ниту во соседството, а рака на срце, што интерес од тоа би имала Грција. Затоа, многу е едноставно - да се запознаеме, да си веруваме, да се почитуваме и, ако сме пријатели, да не си ги забораваме имињата - се викам Македонија!

Јасмина Миронски (Авторот е новинар и публицист)
tane komita И јас имам исто мислење.
Поздрав до авторот.
Kaneo Вест објавена во „Дневник“ од 25 мај, 2006:

за одбрана на уставното име

Емил Илиќ ќе помине 11.000 километри

Познатиот македонски спортист Емил Илиќ, со уште тројца сопатници, утре ќе почне нов потфат

Познатиот македонски спортист Емил Илиќ, со уште тројца сопатници, утре ќе почне нов потфат. Тие планираат да поминат 11.000 километри за да придонесат за приемот на Република Македонија под уставното име во ОН и во НАТО. На исцрпувачкиот маратон тие планираат да поминат низ четиринаесет држави, комбинирајќи ги пешачкиот, пливачкиот и велосипедскиот маратон.

Почетокот на овој несекојдневен потфат е закажан за утре во 9 часот, пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што македонскиот спортист ќе го испратат поглаварот на МПЦ, архиепископот Стефан и претставници на македонската државна власт и на дипломатскиот кор. Дознаваме дека амбасадорот на ЕУ, Ерван Фуере и премиерот Владо Бучковски ќе ги придружуваат учесниците во еден дел од правата етапа.

- На генералниот секретар на НАТО сакам да му врачам писмено барање за побрза интеграција на Република Македонија во оваа организација, а во Обединетите нации писмена порака до земјите-членки официјално да ја признаат нашата земја со уставното име - изјави вчера Илиќ.
Makedon-666 овие глупавите грци стварно се упорни во намерите.цел свет знае дека егејска пиринска и вардарска мекедонија се наши и дека мнозинство има македонци а пак упорни се и велат не.нема надеж и правдина во овој глуп свет.
tomislav1978
quote:
Originally posted by Kaneo
за одбрана на уставното име

Емил Илиќ ќе помине 11.000 километри


Makedon, vidi go Emil, prezimeto mu zavrsuva na иќ! Za tebe site so иќ bea neprijateli na Makedonija, gledaj i zasrami se..
nukleus Abe trgnavme "peshki" za EU i NATO,ke stigneme tocno nekade okulu 2016ta so bastum kako rekvizit koj babami go koristeshe kako dalecinsko za gasnenje na televizorot.:)