Роднините издејствуваа прием кај премиерот

Роднините издејствуваа прием кај премиерот
dejan
 
Роднините на Македонците киднапирани во војната во 2001 година, кои вчера чекаа пред Владата, издејствуваа ветување од премиерот Владо Бучковски дека ќе ги прими в петок.

Тие бараат да им каже кои се нарачатели и извршители на киднапирањето и насилното усмртување на нивните блиски. Се надеваат дека, по талкањето по правда низ лавиринтите на државните институции, до 23 јули ќе ги најдат барем коските на нивните роднини за да им одбележат петгодишен помен.

- На последната средба Бучковски ни вети дека за еден месец од Хаг ќе бидат вратени предметите „Водство на ОНА“ и „Гробница Непроштено“ за да почне судски процес пред нашите органи. Потоа ја испрати министерката за правда Мери Младеновска во Хаг, која договорила предметите да бидат вратени по една година, а судскиот процес да почне дури во 2008 година. Додека ни чука срцето, нема да се откажеме од потрагата по нашите блиски. Тие не се овци па да лежат по планини и долови. Сакаме барем коските да им ги најдеме за достојно да ги закопаме - вели Вена Димовска, сопруга на киднапиран.

Роднините тврдат дека во кампањата на парламентарните избори во 2002 година сегашната министерка за надворешни работи Илинка Митрева, тогаш носителка на кандидатска листа во шестата изборна единица, им ветувала дека ќе ги најдат и ќе ги казнат сторителите.

- Ни сугерираат да бидеме стрпливи оти правдата ќе биде задоволена преку државните институции. Ако мислат дека ќе ги скријат сторителите и нарачателите, тоа нема да им успее. Или нека ги кажат кои се злосторниците оти ние ќе почнеме да ги кажуваме. Да не си поигруваат со нашите маки штитејќи го Али Ахмети - вели Ангелина Михајловска, чиј сопруг го грабнале пред нејзините очи.

Нивниот правен застапник, адвокатот Ванчо Шехтански, рече дека во изминатите години власта, освен празни ветувања, ништо не направила за откривање на злосторниците.

- Се работи за насилна смрт на дванаесет луѓе и нема по никоја цена да дозволиме злосторството да се заборави - изјави Шехтански.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=304A03C54FB5604EBBCD094814479821

Pobrzo ke se osudi nekoj Makedonec mesto ovie divi kucinja koj sega se vo ministerski pozicii ili gradonacalnici, koj znae kade drugste.

Да не си поигруваат со нашите маки штитејќи го Али Ахмети Normalno ke go stitat sega Ahmeti, toj im e kako sin, so zhivot ke go branat ovie predavnici...zad ne svatila Angelina deka na Makedonecot naj milo mu e koga ke mu pomogne na nekoj tret mesto svoj
nukleus Rodninite na kidnapiranite se izmanipulirani do krajni granici.Tie treba da pokrenat postapka pred sudot vo Strazbur protiv Karla del Ponte za namerno pritajuvanje i stavanje vo zaborav na krivicno delo za koe e nadlezno Hashkoto obvinitelstvo.Vprocem za slucaite na kidnapiranje ima neposredni svedoci a slucajot e cist i dosega sudot vo Hag ili obvinitelstvoto trebashe da se proiznese osven dokolku Karla ne e podkupena ili podmitena namerno da go "izostava" procesot protiv voenoto rakovodstvo na ONA.Seto toa ne go znae edno obicno advokatce kako Vanco Sehtanski koe skoro da nema nikakov uspeh vo advokaturata.Zatoa rodninite na kidnapiranite fino lepo ke si podnesat edna predstavka pred sudot vo Strazbur so obrazlozenie deka ni eden sud vo Makedonija nema madinja da ja obvini Karla del Ponte za primanje podkup ili korupcija i zatoa tie moraat da go baraat "careto" kaj povisoki instanci kako shto e sudot vo Strazbur.
NACIONALIST mozebi sega pred izbori ke go uapsat Ahmeti, ako go napravat toa, jas ke glasam za niv so dvete race
Aleksandra 1998-2002 VMRO beshe na vlast koga ova se desi.Shto ima prevzemeno VMRO za da im se pomogne na lugevo?
јузер Rodninite da izdejstvuvaat kaj Karla Del Ponte nesto pa da diskutirame po ova tema na Dejan avstralijaneco od Brizbejn so e zprazitel tamu sega :)
BorisVM
quote:
Originally posted by nukleus

Rodninite na kidnapiranite se izmanipulirani do krajni granici.Tie treba da pokrenat postapka pred sudot vo Strazbur protiv Karla del Ponte za namerno pritajuvanje i stavanje vo zaborav na krivicno delo za koe e nadlezno Hashkoto obvinitelstvo.Vprocem za slucaite na kidnapiranje ima neposredni svedoci a slucajot e cist i dosega sudot vo Hag ili obvinitelstvoto trebashe da se proiznese osven dokolku Karla ne e podkupena ili podmitena namerno da go "izostava" procesot protiv voenoto rakovodstvo na ONA.Seto toa ne go znae edno obicno advokatce kako Vanco Sehtanski koe skoro da nema nikakov uspeh vo advokaturata.Zatoa rodninite na kidnapiranite fino lepo ke si podnesat edna predstavka pred sudot vo Strazbur so obrazlozenie deka ni eden sud vo Makedonija nema madinja da ja obvini Karla del Ponte za primanje podkup ili korupcija i zatoa tie moraat da go baraat "careto" kaj povisoki instanci kako shto e sudot vo Strazbur.


Nukleus,

Jas vo osnova se slagam so tebe, arno ama za toa treba nekoj advokat da im pomogne. A takov vo Makedonija teshko deka kje najdat.
nukleus Pa ima i drugi advokati od Russia ili Srbija na primer koj bi se nafatile za taa rabota,a ne careto da go baraat preku Vanco Shehtanski koj skoro da ne dobil ni eden slucaj.